Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Истражителите чекаат – нецелосно изгаснатиот пожар во „Винчини“ го блокира увидот

објавено пред 6 месеци -

Македонија
pozar-vincini2

Увидот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница сè уште не може да започне, бидејќи пожарот што избувна вчеравечер не е целосно изгаснат. Според информациите од Државното јавно обвинителство, на терен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани, кој издава наредби и насоки за преземање на други дејствија со цел целосно испитување на настанот.

— реклама —

Повредени 18 лица, меѓу нив и пожарникари. Пожарот избувна околу 18 часот во магацинските и производствените погони на фабриката. Во гаснењето беа вклучени противпожарни екипи од Виница и од повеќе соседни општини. Според официјалните податоци, повредени се 18 лица, од кои 13 се хоспитализирани, но сите се во стабилна здравствена состојба.

— реклама —

Осуммина вработени во фабриката добиле медицинска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица пожарникари биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка е хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.

— реклама —

Формиран кризен штаб за справување со последиците. Стопанската комора на Северна Македонија, чија членка е „Макпрогрес“, најави формирање кризен штаб заедно со сопственикот на фабриката. Целта е целосно нормализирање на состојбата и координација на понатамошните чекори.

„Екипа на Стопанската комора е присутна на местото на настанот од првиот момент и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите,“ информираа од таму.

„Макпрогрес“, основана пред 35 години, е една од водечките домашни компании во прехранбената индустрија, а според официјалните податоци, околу 75 проценти од производството е наменето за извоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 16 часа

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања