Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Извори на CBS: Нападот врз Каракас се разгледувал и за Божиќ, Трамп дал зелено светло денови претходно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Претседателот Доналд Трамп ѝ дал зелено светло на американската војска за спроведување воздушни удари врз Венецуела неколку дена пред самата операција, тврдат двајца американски функционери кои за CBS News зборувале под услов на анонимност.

— реклама —

Според нивните наводи, воени претставници дури разгледувале можност нападот врз Каракас да се изведе за време на Божиќ. Сепак, приоритет во тој период имале американските воздушни напади во Нигерија, насочени кон цели на Исламската држава.

— реклама —

Како што потсетија изворите, токму на Божиќ Трамп објави дека САД извршиле воздушни удари врз милитанти на Исламската држава во северозападна Нигерија, поради напади врз христијанското население во регионот. Американската команда за Африка тогаш соопшти дека операцијата била изведена на барање на нигериските власти и дека биле убиени повеќе припадници на екстремистичката група.

— реклама —

По Божиќ, според CBS, се појавиле повеќе потенцијални можности за напад врз Каракас, но операцијата била одложена поради неповолни временски услови. Истите извори нагласуваат дека американската војска инсистира на временски услови кои ќе обезбедат максимален успех и безбедност на мисијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 17 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања