Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Клиника Жан Митрев се залага за еднакво бубрежно здравје за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Клиника Жан Митрев се приклучува на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста и грижата за бубрежно здравје и за рамноправен пристап до нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните, со намалени цени за нефролошки преглед во текот на месец март. Нефролошките прегледи ќе ги изведува д-р Катерина Ристоска, специјалист по нефрологија, а заинтересираните треба само да закажат термин за преглед на телефонскиот број 02 3091-484.

— реклама —

За сериозноста на бубрежната болест укажуваат и статистиките дека секој десетти возрасен во светот има одреден степен на бубрежна слабост. Во нашата држава, секоја година околу 400 нови пациенти започнуваат лекување со хронична дијализа, која што претставува доживотен третман.

— реклама —

Хроничната бубрежна болест може да се развие на која било возраст, но е почеста со зголемувањето на возраста. Дијабетесот и високиот крвен притисок се најчести причинители на бубрежни заболувања. Во раните стадиуми на хронична бубрежна болест нема никакви симптоми и знаци. Може да е загубена и повеќе од 90% од бубрежната функција без да се почувствуваат какви било симптоми.

— реклама —

Најновите откритија во терапевтскиот пристап нудат огромни можности за спречување, одложување на болеста и ублажување на компликациите. Новите терапии и терапевтски пристапи би требале да бидат подеднакво достапни за сите пациенти, но недоволната свест за хроничната бубрежна болест, недоволното познавање и довербата во новите терапевтски можности и стратегии, како и недостигот на соодветен професионален кадар придонесуваат за појава на големи разлики во пристапот до лекување.

Она што треба да се направи за да се намали ризикот од развој на бубрежна болест е секако:

· Да бидете активни и да вежбате;

· Да јадете здрава храна, да ја контролирате телесната тежина;

· Редовно да го проверувате и контролирате шеќерот во крвта;

· Барем еднаш годишно да го проверувате нивото на протеини во урина;

· Редовно да го проверувате и контролирате вашиот крвен притисок;

· Да земате соодветен внес на течности;

· Да прекинете со пушење;

· Да не користите лекови без препорака на вашиот доктор;

Проверете ја вашата бубрежна функција ако имате еден или повеќе ризик фактори како што се дијабет, хипертензија, обезност или доколку имате семејна историја на бубрежна болест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања