СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвикал материјална штета од 200.000 денари.
„На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена", велат од МВР.
Кривична пријава против пироман од Скопје, со запаливо средство опожарил патничко возило во Скопје, одреден притвор
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 6 месеци -
Македонија
Поврзани содржини
Обука во Идризово: Полицијата се подготвува за модерни воздухопловни операции
Македонија | пред 47 минути
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“
Македонија | пред 3 часа
(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдени оружје, муниција и сомнителни материи
Македонија | пред 4 часа
Уапсени 12 возачи, еден со 3,95 промили алкохол и 11 без возачка дозвола
Македонија | пред 4 часа