Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лишени од слобода двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит – возилата одземени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Двајца возачи од Куманово и Скопје биле лишени од слобода откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит, а нивните возила биле одземени, соопшти полицијата.

— реклама —

На 3 февруари 2026 година во 12:40 часот, на патниот правец Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Ш.А. (31) од Куманово. При извршена сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал возило без положен возачки испит за Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.

— реклама —

Истиот ден, во 13:00 часот на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од истата мобилна единица го лишиле од слобода И.Џ. (20) од Скопје. При контрола на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, било утврдено дека и тој управувал без положен возачки испит за Б категорија. И ова лице било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.

— реклама —

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Уапсени лица кои избегале од затвор

Македонија | пред 6 минути

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 2 часа

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 17 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања