Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Љубљана прогласена за најдобра креативна туристичка дестинација за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-librarybg0ocdun6ghfc7sK55z
фото: unsplash

Словенечката престолнина Љубљана е добитник на престижната награда на Creative Tourism Awards, каде што е избрана за „најдобра креативна градска дестинација“ за 2026 година.

Градот е пофален за интегрирањето на креативноста во својот идентитет, туристичка стратегија и долгорочен урбан развој, како и за богатата понуда на креативни настани и соработка со локални уметници, пренесува Euronews.

— реклама —

Наградите, организирани од непрофитната мрежа Creative Tourism Network, оваа година ги оценија 223 кандидати од 28 земји, а победата ѝ припадна на Љубљана.

Градовите, како што наведува Time Out, се незамисливи без креативност – низ Европа сѐ почесто напуштени објекти се претвораат во културни центри, јавни простори стануваат сцени за уметнички инсталации, а парковите оживуваат со летни фестивали.

— реклама —

Љубљана нуди повеќе културни квартови, меѓу кои се издвојуваат Сотеска, каде што се одржува Open Resilience Festival, како и Шишка, позната по малите галерии, музеи и уметнички ателјеа.

Меѓу најпосетуваните атракции е и Музејот на современа уметност Метелкова, сместен во поранешни воени касарни, со колекција што опфаќа дела од 1960-тите до денес. За пошироката публика интерес предизвикува и Куќата на илузии, која нуди интерактивни содржини со холограми и оптички илузии.

Градот нуди и богата фестивалска програма, меѓу кои се издвојува LUV фестивалот, со опера, танц, работилници и бројни изложби и концерти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Свет | пред 2 седмици

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања