Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Макрон со критика до Трамп: „Европа барем е предвидлива“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Францускиот претседател Емануел Макрон упати индиректна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека Европа, за разлика од некои други партнери, нуди стабилност и предвидливост.

Говорејќи пред бизнисмени и инвеститори во Токио, Макрон истакна дека Европа можеби делува побавно, но останува сигурен и конзистентен партнер.

— реклама —

„Свесен сум дека Европа понекогаш може да се доживува како континент кој е побавен од другите“, изјави Макрон.

Тој потенцираше дека токму таа предвидливост е клучна вредност во меѓународните односи.

— реклама —

„Но предвидливоста има своја вредност и тоа го покажавме сите овие години, а би се осмелил да кажам и во последните недели: ние сме таму каде што знаете дека ќе бидеме“, изјави Макрон.

Францускиот претседател во своето обраќање предупреди и на ризиците од соработка со партнери кои, како што рече, не се доследни во своите одлуки.

„Не знаете дали и задутре ќе бидат на таа позиција и дали веќе утре ќе донесат одлука што може да ви наштети, а притоа ни да ве известат“, изјави Макрон.

Изјавите доаѓаат во контекст на актуелните тензии поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и критиките што претходно ги упати Трамп кон Франција, оценувајќи дека Париз бил „многу некорисен“ во текот на војната со Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања