Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мандатот на Жељазков траеше еден ден, денеска му го врати на претседателот Радев, Бугарија е повторно пред избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr
ФБ

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада на ГЕРБ-СДС, а кандидатот за премиер Росен Жељазков веднаш го врати, оценувајќи го како неуспешен и предлагајќи предвремени парламентарни избори да се одржат што е можно побрзо, при што како конкретен датум го посочи 29 март.

— реклама —

Жељазков изјави дека пратеничката група на ГЕРБ-СДС донела одлука мандатот формално да го преземе, но да го врати за да продолжи уставната постапка. Според него, острата политичка реторика дополнително ќе ги подели граѓаните и затоа е потребно што поскоро да се оди на избори.

— реклама —

Овој развој следува по оставката на владата предводена од Жељазков, формирана со мандат на ГЕРБ-СДС во коалиција со „БСП – Обединета левица“ и „Постои таков народ“, а првично поддржана и од „Алијансата за права и слободи“. Владата се повлече по масовни протести, кои почнаа околу параметрите на нацрт-буџетот за 2026 година, а потоа прераснаа во пошироки антивладини демонстрации.

— реклама —

Уставната процедура за доделување мандат започна по консултациите што Радев ги одржа со парламентарните партии од 15 до 19 декември 2025 година. По тие разговори, во политичките кругови доминира оценката дека предвремени избори се неизбежни, а дел од опозицијата побара и промени во изборното законодавство, меѓу кои и целосно машинско гласање.

По неуспешниот прв мандат, следен на потег е второпласираната политичка сила – коалицијата ПП-ДБ, од која се очекува исто така да не се обиде да формира влада. Неизвесно останува кој ќе го добие третиот мандат и колку време ќе трае таа фаза од постапката.

Ако не се формира влада и се оди кон привремена, според новите уставни правила Радев треба да избере премиер од т.н. „куќна книга“ – листа на функционери меѓу кои се претседателката на парламентот Раја Назарјан, гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев, како и претседателот на Судот за сметки Димитар Главчев. Во јавноста веќе се појавија информации дека Раја Назарјан и Димитар Радев нема да ја прифатат функцијата привремен премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 15 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања