Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манолева донесе наредба операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително садови со компримиран воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
447551288_825499882336125_208381924886024519_n

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска одржа состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден, заменик министерката д-р Манолева донесе наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.

— реклама —

Во наредбата до УК за урологија, за ТОАРИЛУЦ, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична и реконструктивна хирургија, за торако-васкуларна хирургија, за детска хирургија реализирањето на оперативниот програм да се организира по принцип работа во две смени (прва и втора), а оперативниот план и редослед на пациентите да се реализира согласно Одлука и утврден распоред од страна на стручниот колегиум на секоја јавна здравствена установа.

— реклама —

Дополнително, Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники при Клинички центар кои е потребно да се достават до Министерството за здравство.

Наредбата предвидува секоја од клиниките да стапи во контакт со Клиниката „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ за потребата од дополнителен персонал кој ќе биде пратен на работа како помош за одреден временски период, а врз основа на склучена спогодба за меѓусебна соработка помеѓу јавните здравствени установи.

„Оваа одлука се носи со цел изнаоѓање на преодно решение во насока на функционирање на оперативниот програм. Со цел обезбедување на пружање соодветна и квалитетна здравствена заштита на пациентите се укажа потребата од реорганизирање на начинот на функционирање и обезбедување на компримиран воздух со надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух како преодно решение до надминување на состојбата“, истакнува заменичката Манолева.

На следната владина седница, заменичката Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања