Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манолева: Република Македонија едногласно прифатена како 12-та членка на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3372

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денеска се обрати на 10-от Состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа кој се одржува во Лимасол, Кипар.

— реклама —

Таа потенцираше дека пристапувањето кон Европската Унија е главен двигател на земјата, која полека, но стабилно прави чекори во усвојувањето на реформите на ЕУ.

— реклама —

„Република Северна Македонија е цврста во својата посветеност на заедничките напори на Иницијативата за мали земји при СЗО во европскиот регион. Со здружување на силите со нашите ценети партнери, имаме за цел да ја искористиме споделената експертиза и ресурси за да го зајакнеме нашиот капацитет за промоција на здравјето, превенција на болести и испорака на квалитетна здравствена заштита. Уверена сум дека приклучувањето на Република Северна Македонија во Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа не само што ќе ги унапреди напорите за здравствена заштита на нашата нација, туку и ќе поттикне колективен стремеж кон постигнување на универзална здравствена заштита и подобри здравствени резултати за сите“, истакна Манолева.

— реклама —

На денешниот состанок со 11 министри на земјите членки на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, Република Северна Македонија беше едногласно прифатена како 12-та членка на оваа Платформа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања