Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мерц го нарече Путин „најтешкиот воен злосторник“, Кремљ вели неговите ставови се „неважни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
merc

Кремљ денеска порача дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировни преговори околу Украина треба да се игнорираат, откако тој изјави дека Владимир Путин е „можеби најтешкиот воен злосторник на нашето време“.

„Речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави,“ изјави портпаролот Дмитриј Песков за време на посетата на Кина, реагирајќи на предлогот мировните преговори да се одржат во Женева.

— реклама —

Мерц вчера во интервју нагласи дека за луѓе како Путин „нема место за попустливост“. Тој и претходно ја обвинуваше Русија за „сериозни воени злосторства“ и за „терор врз цивилното население“, но ова е првпат директно да го означи рускиот претседател како потенцијално најтежок воен злосторник на денешницата.

Изјавите на германскиот канцелар доаѓаат во момент кога меѓународните правни постапки против Путин се уште се во тек. Потсетуваме, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под сомнение за незаконска депортација на украински деца.

— реклама —

Налот за апсење значително ги усложни дипломатските напори. Австриското министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија, но нагласи дека би се консултирала со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне ситуација во која Путин би морал да биде уапсен за време на евентуална посета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Пукање во училиште во Украина: ученик ранил соученик

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања