Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: „Софија го блокира Акциониот план за малцинства затоа што е напишан на македонски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Иако Акциониот план за заштита на малцинствата беше изготвен како дел од европскиот интеграциски процес на Македонија, Бугарија поднесе забелешка на документот – не поради неговата содржина, туку поради тоа што е напишан на македонски јазик, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека токму на вакво сценарио предупредувал во разговорите во Брисел: дури и најдобро подготвен план, развиен во консултација со експерти и со учество на јавноста, ќе наиде на отпор од Софија. „Ниту една земја членка не реагираше, ниту едно малцинство во Македонија не се спротивстави. Единствениот проблем бил – јазикот,“ рече Мицкоски, нагласувајќи дека македонскиот е мајчин и официјален јазик на државата и во меѓународната комуникација.

— реклама —

Премиерот наведе дека сите технички и политички барања биле испочитувани. Во разработката на документот биле вградени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел планот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок – како гест на добра волја.

„Ова повторно покажува дека спорот нема врска со малцинствата, ниту со нивната заштита. Станува збор за нешто многу подлабоко,“ изјави Мицкоски, сугерирајќи дека бугарските реакции се движат надвор од рамката на уставните измени и правата на заедниците.

— реклама —

Тој исто така додаде дека во моментов нема директни контакти меѓу двете влади, но Скопје останува подготвено за разговори „во секое време, на секое место и во било која организација“, со цел аргументите на Македонија да бидат јасно презентирани.

Акциониот план за малцинствата е еден од чекорите што Македонија ги реализира во текот на пристапните преговори со Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Свет | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања