Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Москва остро до Западот: Секој војник во Украина е цел за уништување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin-vojna

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.

— реклама —

„Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток.

— реклама —

„А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на украинска територија, точка,“ додаде тој.

— реклама —

Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во Париз соопшти дека 26 земји се обврзале да ѝ дадат на Украина посвоени безбедносни гаранции по завршувањето на војната, меѓу кои и меѓународни сили на копно, море и воздух.

Иако Макрон не откри кои држави конкретно се понудиле да испратат свои трупи, познато е дека Франција и Велика Британија се меѓу нив. Во исто време, Германија најави зголемување на поддршката преку обука и вооружување на украинските сили, но остана воздржана за можноста да испрати војници. Италија и Полска, пак, јасно соопштија дека нема да распоредат свои трупи во Украина.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така потврди дека хрватски војници нема да бидат испратени во Украина, нагласувајќи дека таква опција никогаш не била разгледувана, иако земјата е дел од Коалицијата на волни, која вклучува околу триесетина држави, меѓу кои и Канада и Австралија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 9 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања