Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје.Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје. Програмата е осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола.Во рамки на овој проект, покрај трензините во спортската сала, предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни искачувања на планината Водно.Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“ двапати неделно – секој понеделник и среда од 21 до 22 часот.Пријавувањето започнува од денеска (24 март) на следниов телефонски број 070/358-398.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

БРТ за Скопје доби зелено светло: Владата го одобри договорот, следува реализација на терен

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Владата на Република Македонија официјално го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, отворајќи нова ера на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Проектот, финансиран со заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, предвидува изградба на посебни ленти, висока фреквенција на возила и интеграција со останатите транспортни системи во градот, со цел намалување на сообраќајните гужви и загадувањето.„Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност! Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град. БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје.Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот.Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето наЕдиницата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови.Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите.Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој.Ова ќе овозможи започнување со конкретни активности на терен - од јавни набавки и техничка подготовка, до реализација на инфраструктурните работи. Со ова, институциите ја потврдуваат заедничката заложба за современ, ефикасен и одржлив јавен превоз во Скопје, систем кој ќе донесе побрзо движење, подобар квалитет на живот и почиста животна средина за сите граѓани. Почитувани, свесен сум за предизвиците со кои секојдневно се соочувате во јавниот превоз, проблем што не е од вчера, туку е наследен и со години наталожуван.Но денес, конечно, се преземаат конкретни и одлучни чекори за негово надминување. Со силната поддршка и јасната заложба на Владата и Премиерот Hristijan Mickoski, за што сакам посебно да му се заблагодарам, како и со процесот на набавка на 100 нови еколошки автобуси, поставуваме темели за суштинска промена. Сакам искрено да изразам благодарност за оваа поддршка и на министерот за транспорт Aleksandar Nikoloski, за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што токму ваквите одлуки значат вистинска грижа за граѓаните и нивното секојдневие.Ова е инвестиција во квалитетен живот, во почист воздух и во достоинствен јавен превоз.Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува. Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Четворица возеле без возачка дозвола, еден малолетник меѓу нив: Уапсени седум возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово возал под дејстов на алкохол, еден возач во Гостивар возел и покрај тоашто имал активна забрана, а еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана з ауправување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.„Еднс од најфрапантните констатации коишто ги имав во мојот живот генерално, е процентот на боледувања на секој месец во рамки на Министерството за внатрешни работи кога седнав на таа позиција во рамки на техничка влада. Значи, тој процент на боледувања се движи отприлика негде околу 10% во континуитет. И сега, тоа вака ми беше како трн во око, на мое барање, беше отворена истрага во рамки на внатрешна контрола во Министерството, на мое барање лично беше вклучен и ФЗО во рамки на проверките коишто треба да се извршат кај докторите. Поради тоа, беше отворена истрага во рамки на Одделот за внатрешна контрола којашто сè уште не е затворена.По случаен избор биле одбрани одреден број на случаи, каде што, согласно она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа вака, како процент, ако сме реални. Ова коешто беше констатирано од страна на фондот, се пропусти коишто ги вршеле лекарите. Во рамки на процесуирањето на барањата за боледување на, во конкретниот случај, полициските службеници“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Кривичниот суд одлучи да му ја продолжи мерката куќен притвор за осомничениот Артан Груби. Надлежен јавен обвинител побарал од судот продолжување на истата мерка во следните 30 дена.Груби беше уапсен минатиот месец на граничниот премин Блаце при влез од Косово. Ексвицепремиерот е осомничен за проневера тешка осум милиони евра во Државна лотарија. Полицијата го однесе во затворот Шутка, но ЈО предложи притворот да му се замени со куќен притвор, поради индиции дека му е загрозена личната безбедност и безбедноста на неговото семејство. Кривичниот суд го прифати предлогот, дополнително со 24-часовен надзор што ќе го спроведува МВР.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Владата со остра реакција за односот на новинар кој министерката Јаневска: Слободата не е изговор за некултура

Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор.„Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет.Во таа насока, изразуваме сериозна загриженост и остра реакција на неодамнешниот настан на јавен медиумски настан, при кој новинарот Невриј Адеми, со очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обрати кон Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Особено не загрижува фактот што ваквиот непримерен однос не претставува изолиран инцидент, туку повторување на веќе забележано однесување кон истата носителка на јавна функција. Ова отвора сериозни прашања за почитувањето на основните професионални стандарди, етички норми и принципи на комуникација во јавниот простор.Воедно, Владата јасно им укажува на сите носители на јавни функции, дека од нив се очекува највисоко ниво на почит и коректност кон медиумите и новинарите. Но, исто така, со еднаква сериозност очекуваме и новинарите да возвратат со ист степен на професионализам, почит и одговорност. Почитта е, и мора да остане, двонасочна вредност во секое демократско општество.Оттука, апелираме до Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикатот на новинари и медиумски работници, како релевантни организации, јавно и недвосмислено да го осудат ваквиот чин на однесување. Очекуваме нивна активна улога во зајакнување на професионалните стандарди, како и упатување на јасен повик до сите медиумски работници за доследно почитување на етичките принципи, достоинството на личноста и културата на јавен дијалог. Ваквите ситуации, кога јавната комуникација се одвива надвор од рамките на пристојноста и меѓусебната почит не смеат да останат без соодветна институционална реакција, имајќи ја предвид нивната поширока импликација врз квалитетот на јавниот дијалог и довербата во институциите.Како Влада изразуваме и искрена благодарност до сите новинари и медиуми кои со своите јавни реакции веќе јасно, принципиелно и недвосмислено го осудија ваквиот чин, демонстрирајќи високо ниво на професионална зрелост и посветеност кон етичките стандарди. Само преку заемна почит, одговорност и придржување кон високите професионални стандарди може да се гради здрав, демократски и кредибилен медиумски амбиент, кој ќе биде во служба на јавниот интерес“, велат од Владата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
brt-brz-transport-sskopje

Проектот за БРТ во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.„Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз - БРТ.На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година.Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз", објави Николоски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library1eevjf2mk5q5dnJvj9Q

Милановиќ со порака до Сиљановска: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, престојува во официјална посета на Хрватска, каде на Пантовчак се сретна со претседателот Зоран Милановиќ.На заедничката средба, Милановиќ се осврна на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон Европската унија, оценувајќи дека пред земјата се поставуваат премногу услови и барања. Тој нагласи дека Македонија самостојно треба да одлучи по кој пат ќе се движи.„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере. Претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокој на граѓаните. ЕУ и НАТО се надградба, но куќата се гради одвнатре. Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, изјави Милановиќ.Од своја страна, Силјановска-Давкова истакна дека Македонија се соочува со силен притисок од Европската унија за уставни измени, при што побара еднаков третман и укинување на двојните стандарди.„Како држава, скромно бараме да нема двојни стандарди и нашите постигнувања да се вреднуваат како и на сите други“, нагласи претседателката.Таа предупреди и на поширокиот контекст на меѓународната политика, оценувајќи дека во светот има сè помалку владеење на правото.„Денес живееме во свет каде силните прават што сакаат, а слабите она што мораат“, рече Силјановска-Давкова.Претседателката потенцира дека проширувањето на ЕУ денес не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање, особено за Балканот кој често е погоден од глобалните турбуленции.И покрај предизвиците, таа изрази надеж дека Македонија ќе добие фер шанса за членство и ќе може рамноправно да се натпреварува во исполнување на европските критериуми.Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а преговорите официјално ги започна во 2022 година. Сепак, процесот е забавен поради билатерални спорови, особено со Бугарија.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше фатен со 50 илјади евра поткуп, е јасен доказ за неселективната борба против корупцијата. Тој нагласи дека осомничениот бил фатен на лице место со претходно обележани пари, во координирана акција со Јавното обвинителство.„Ова е еден од случаевите коишто ја потврдува неселективната борба на Министерството за внатрешни работи посебно против оние коишто го срамат својот народ од позиција на директор којшто му била дадено функција од страна на народот преку собрание, влада итн. Истиот е фатен во рамки на постапка како рекетира наводно, еве да го употребам и тој термин, заради тоа што нели немаме правосилна пресуда, но од позиција на министер за внатрешни работи слободно можам да кажам дека на лице место е фатен со одредена сума на пари коишто претходно беа соодветно обработени обележани итн. во соработка со јавното обвинителство при што ова не е прв предмет ваков тип имавме повеќе во изминатиот период и покажавме дека навистина кога обвинителството и министерството за внатрешни работи бирото за јавна безбедност одделот за организиран криминал заеднички функционираат координирано резултатите може да бидат навистина поразлични од она што биле претходно. Со ова упатуваме една многу силна порака а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи секој којшто ќе се огреши особено на штета на македонските граѓани со рекетирање и корупција ќе одговара“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryidtc6b7co3or5FZOucP

Тошковски: Ќе следи целосна ревизија на законите за насилство врз жени и деца

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање денес одговори дека изминатиот период во полициските билтени има голем број на пријави за семејно насилство поради тоа што жртвите се охрабриле да пријавуваат.„Во последните 30-ина години имаме зголемен број случаи коишто се поврзани со семејно насилство, согласно она коешто го добивам како информација во рамки на последните неколку недели, каде што интензивно сум посветен на оваа тема. Согласно информациите коишто ги добивам од Бирото за јавна безбедност, ако претходно сме имале еден до два случаи неделно, сега имаме по неколку случаеви дневно. Со тоа што само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции, не само во делот на Бирото за јавна безбедност и секторите за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, тука и во рамки на останатите институции.Таму каде што институциите направиле пропусти, треба да се изврши ревизија на институционалните чекори коишто се превземени, да се утврди конкретна одговорност со име и презиме на оние коишто потфрлиле во рамки на постапувањето. Од една страна, а од друга страна да се увидат системски подобрувања коишто ите како ќе треба да ги направиме во иднина, не само од аспект на промена на законска легислатива којашто констатиравме на оние состаноци кои ги имаме со Министерството за труд, невладините организации и луѓето коишто работат долги години и се професионалци во оваа област, во рамки на институциите, но и надвор од нив, констатиравме во суштина два две фази на чекори коишто ќе треба да следат. Први, итни измени, на законските прописи, таму каде што имаме детектирано директна колизија на законските одредби и неможност да ефективно се делува од страна на институциите. Пример беше ситуацијата со укинувањето на одлуките на основните судии од страна на апелационите судови заради тоа што жртвата не била заедно со сторителот соочени во рамки на една парнична постапка којашто се води по подигнување на итни мерки од страна на. Или институциите или од страна на самата жртва. Таквиот процес дополнително ја виктимизира жртвата а притоа апелација укинува одлуки заради тоа што жртвата не била на рочиштето заедно со насилникот. Ова е само еден пример на одредби коишто наместо да решаваат проблеми, тие мултиплицираат проблеми и заради тоа оценивме дека се потребни итни измени на делот законската легислатива на којшто интензивно се работи, од страна на групата којашто беше формирана и ќе се влезе во чекор на на измена во рамки на оваа прва фаза.Втора фаза, ќе следи со целосна ревизија на целокупната законска легислатива којашто се однесува на семејно насилство. Особено на насилство спрема жени и насилство спрема деца“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Петмина приведени за семејно насилство – 10 пријави за едно деноноќие

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка.На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.А..На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син.На 23.03.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, на нејзината 17-годишна ќерка ѝ биле упатени закани од нејзиниот поранешен партнер В.Б.(20), а откако истата излегла од објектот ѝ покажал дека носи огнено оружје. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и ја присилувал да биде со него.На 24.03.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека на 23.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзината ќерка А.М.К.(21) од Скопје, која претходно агресивно се однесувала и растурила дел од покуќнината.На 23.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 21.03.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(42) од Скопје, кој ѝ го одзел мобилниот телефон.На 23.03.2026 во 21:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:40 часот во домот се заканувал на неговата 66-годишна мајка, откако не му го дала мобилниот телефон. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата мајка, а ѝ оштетил и неколку телефони.На 23.03.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.М.(51) од Скопје затоа што на 22.03.2026 во домот во скопско упатил закани на неговата 47-годишна сопруга и нејзините родители. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал на сопругата.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата.Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи.На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.Претседателката нагласи дека државата доследно се водела од Копенхашките критериуми, со цел да изгради функционален и демократски систем компатибилен со европските стандарди. Според неа, евроинтегративниот процес мора да остане заснован на заслуги, реформи и исполнување на европските критериуми, а не да биде оптоварен со билатерални историски, културни, јазични и идентитетски прашања. Таа порача дека очекуваме еднаков третман и примена на исти стандарди како и за другите земји кандидати, со уверување дека во европските институции сè уште постои слух за аргументите, за правото и за достоинствено место на секој европски народ во Унијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје.„Кога училишната средина е мирна и хармонична, фокусот на учениците е насочен кон резултати од учењето. Младите го развиваат натпреварувачкиот карактер преку употреба на знаења, вештини, креативност и иновативност, а не преку примена на физичка сила или оружје. Во спротивно, вниманието го одвлекуваат инциденти кои не смеат да се случуваат ниту во училиштата, ниту надвор од училишните клупи. Затоа, ја поздравувам иницијативата на ОБСЕ и посакувам успех во спроведувањето“, рече Јаневска.Министерката посочи дека во справувањето со овој предизвик, важна улога имаат училиштата, но сепак, основата на културата се стекнува во семејството - воспитанието почнува од дома и од најрана возраст.„Сите ние веруваме дека ги учиме децата на вистинските вредности и дека не е можно да направат исклучок од правилата кои сме должни да им ги посочиме. Но, младите години се и полни со жар, енергија, понекогаш и мисли кои не се баш бистри, поради разни причини што можат да предизвикаат изблик на ментална и физичка реакција. Затоа, ценам дека повремена проверка на ранецот на детето од страна на родителите, на излез од домот кон училиште, не е на одмет“, рече Јаневска, додавајќи дека секое забележано невообичаено однесување или ранец во кој нема само учебници, тетратки и прибор е аларм за акција која треба да започне со разговор со детето, а по потреба да се побара и помош од други страни.Министерката изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и општините за посветеноста кон подигнување на безбедноста на учениците, како и до ОБСЕ како долгогодишен државен партнер во чувањето на редот и мирот во општеството и особено во училиштата и затоа што, како што посочи – заедно сме изградиле многу мостови во минатото и продолжуваме да градиме во иднина. На настанот се обрати и шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.Во рамки на кампањата се предвидени посети по училишта, запознавање на учениците со ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје преку презентации од претставници од секторот за внатрешни работи, прикажување промотивно видео, дигитален квизи и поделување летоци.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу: Успешно реализирани трансплантации на рожница, нашите пациенти добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка.-Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно е што кај 6 пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот Алиу.Тој посочи дека пациентите добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди во нашата држава, што претставува показател дека инвестицијата во знаење и меѓународна соработка носи директна корист за граѓаните.-Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани - органодарителството е чин на хуманост кој спасува животи. Без донори, нема трансплантации. Токму затоа, работиме и на законски измени со кои ќе овозможиме секој граѓанин, додека е жив, да може да се изјасни дали сака да биде донор. Нашата цел е таа волја да биде примарна и целосно почитувана, а системот да биде транспарентен и доверлив, додаде Алиу.Воедно, тој ги поздрави напорите и ангажманот на одговорните лица за трансплантација, националната координаторка проф. д-р Билјана Кузмановска и нејзината заменичка, д-р Гавриловска, кои заедно со директорката на Клиниката за очни болести, д-р Наташа Шекеринов и експертите од Duke универзитетот од Америка, проф. д-р Вилијамс Лојд и д-р Шина Сонг, со нашите домашни тимови од Клиниката за очни болести воспоставија успешна соработка.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8f0ehn0niadhdqrxCHJ

Јаневска: Родителите да обрнат внимание што носат децата во нивните ранци

Министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваше на настан за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје. Таа изјави дека родителите треба да внимаваат што носат нивните деца во ранците, но и дека наставниците треба да препознаат агресивно однесување.„Училишната средина треба да биде безбедна и да преставува средина каде што учениците ќе се натпреваруваат во знаење и компетенции и каде нема да се случуваат немили настани кои ќе го одвлекуваат нивното внимание кон непожелно однесување и непожелни однесувања. Штетните последици од употребата на оружјето се општо познати на сите но на младите може да не им се доволно јасни. Апелирам до родителите да обрнат внимание што носат децата во нивните ранци, а секако и на наставниците да го препознаат агресивното однесување“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarysg14ft93kh8ma0Caetl

(Фото) Близначиња лемури родени во Скопје ЗОО – нова радост за посетителите

Во Зоолошка градина Скопје се родија две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност.Од Скопје ЗОО во објава на Фејсбук посочуваат дека овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот во Скопската зоолошка градина.Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе.Кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена.Како што информираа денеска од таму, донесено било второ Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кое требало да издржува казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, казната во траење од 1 година ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Решението било донесено од страна на Основниот суд во Охрид.Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација.„Пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид како за претходниот случај така и за овој е во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерката, а Одделението за електронски надзор 24/7 ќе го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор“, информираа од Управата за извршување на санкции.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
taksi

Разбојништво во Прилеп: Нападнат таксист, му ги одзеле парите од прометот

На 24.03.2026 во 03>25 часот во СВР Битола, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле  парите од  прометот.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Уапсен 48-годишник од Долнени за сексуално вознемирување на прилепчанка

На 23.03.2026 во 16:20 часот во село во општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиja од слобода Џ.Р.(48) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишна прилепчанка дека истиот ден полово ја вознемирувал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Министерството за транспорт предлага измени за побрза урбанизација и нови инвестиции

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.„Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.Имено, со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку  Министерството за транспорт.Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика,  државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови.  Исто така со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките.Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни.Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на решенија кои создаваат брз економски развој и поквалитетни услови за живот за граѓаните“, информираат од Министерството за транспорт

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
toskovski-sednica

Ромите кои протестираа за да возат без возачки добија кривични: Му се заканувале на Тошковски и блокирале сообраќај

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

58-годишен маж нападнал дете со тврд предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против У.Б.(58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 10.03.2026 во Дебар, пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, при што употребил и тврд предмет.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
uapsen

Кумановец крадел делови од возило, полицијата го уапси

На 23.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(34) од Куманово затоа што на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се обидел да одземе делови од паркирано патничко возило.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfvs3ko4ojui4eDcDRAJ

Уапсени шест лица за организирање борба на кучиња во Куманово

На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

23-годишник со повреди од нож донесен во ГОБ „8 Септември“

На 23.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Ф.Љ.(23) од с.Кондово, скопско, со повреди нанесени од остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања