Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Со длабока тага, од политичката партија Левица утрово соопштија дека починал нивниот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, на 28 години.Тој беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, а од партијата велат дека неговото значење ја надминувало формалната функција, нагласувајќи дека станувало збор за човек кој политиката ја разбирал како одговорност кон луѓето.„Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми“, се наведува во соопштението.Од Левица истакнуваат дека Слезенковски бил препознатлив по чесноста, солидарноста и посветеноста кон заедницата, додавајќи дека секојдневно ги живеел вредностите што ги застапувал.„Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа. Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“, додаваат од партијата.Во неговиот ангажман како советник, како што посочуваат, бил гласен застапник на јавниот интерес.„Како советник во Илинден, беше глас на граѓаните – аргументиран, јасен и бескомпромисен кога стануваше збор за јавниот интерес. Како член на ЦК, беше еден од оние на кои можеше да се потпреш – со идеи, знаење, карактер, посветеност. Брилијантен во размислувањето, борбен во духот и исклучително човечен во односот кон луѓето, Кирил остави трага што не може да се избрише“, стои во реакцијата.Од Левица нагласуваат дека станува збор за голема загуба, особено поради тоа што се работи за млад човек со потенцијал и визија.„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија“, наведуваат од партијата.Во пораката се истакнува дека Слезенковски ќе биде запаметен пред сè како другар, а неговото отсуство ќе се чувствува меѓу сите што го познавале.„Над сè, Кирил ќе го паметиме како другар. Човек кој знаеше да биде и силен и топол во исто време. Неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во организацијата и меѓу луѓето што го познаваа. Но, ќе остане и она што го остави зад себе – пример дека може да се биде принципиелен, посветен на заедницата и дека борбата има смисла“, се додава од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Популарноста на Трамп опаѓа

Поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво откако се врати во Белата куќа, покажува истражувањето на Reuters/Ipsos. Само 36 отсто од Американците го одобруваат неговото делување, што претставува намалување од 40 отсто од минатата недела.Главни причини за падот се растот на цените на бензинот и непопуларноста на воената кампања против Иран. Само 25 отсто од испитаниците го поддржуваат начинот на кој Трамп управува со овој проблем.Истражувањето исто така покажува дека 35 отсто од Американците го одобруваат американскиот напад на Иран, додека 61 отсто не го одобруваат. И покрај тоа, Трамп останува релативно силен меѓу републиканците, од кои само мал дел ја критикуваат неговата политика за трошоците за живот.Во анкетата учествувале 1272 возрасни Американци, со маргина на грешка од три проценти.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Пациентка со канцер на дојка, Катерина Цаневска, јавно реагира дека на Клиниката за онкологија повторно недостигаат клучни терапии, оценувајќи дека ситуацијата е сериозна и директно ги загрозува животите на пациентите.„Кој си игра и се изживува врз онколошките пациенти? Повторно нема дел од терапиите кои значат живот за болните од рак. Нема Фезго, нема Палмоциклиб, нема Римоциклиб, нема и други терспии, а да не е трагично ќе беше смешно, со месеци на Онкологија нема тумор маркери“, реагира Цаневска.Таа нагласува дека недостигот на терапија не смее да се третира како административен проблем.„Недостатокот на терапија не е административен проблем. Тоа е пресуда, но не ни ја пишуваат посветените лекари, сестри и администрација од Онкологија, туку задолжените институции.“Во реакцијата посочува дека додека институциите организираат конференции и даваат ветувања, пациентите се оставени да чекаат.„Додека во салите со клима-уреди се редат конференции, презентации и празни ветувања, некаде во болничка соба некој гледа во календар и брои денови – не до подобрување, туку до следната пропуштена доза. За пациентите со карцином, терапијата не е „опција“, не е „набавка во постапка“, не е „во тек“. Таа е време. А времето, кога болеста не чека, значи живот.“Според неа, секој прекин во терапијата носи сериозни последици.„Кога недостасуваат овие лекови, тоа не е само бројка во извештај. Тоа се прекинати циклуси, нарушени протоколи и разнишана надеж. Болниот од рак останува без шанса да ја држи болеста под контрола. И додека институциите „координираат“, болеста напредува – тивко, немилосрдно и без пауза.“Цаневска остро прашува дали зад состојбата стои системски неуспех или нешто повеќе.„Изгледа некој сака болеста да не победи, да не проретчи, па да имаат помалку главоболки а повеќе заштедени пари.“Таа додава дека на хартија системот функционира, но во реалноста пациентите се оставени да чекаат.„На хартија, системот функционира. Во реалноста, луѓето чекаат. Чекаат лек што веќе требало да биде таму. Чекаат повик што не доаѓа. Чекаат држава што ќе ги стави пред протоколите и процедурите. И секое тоа чекање има цена – не во денари, туку во денови, месеци, животи.“Во својата порака, таа поставува директни прашања до институциите.„Не е прашање дали има пари. Не е прашање дали има процедури. Прашањето е: како е можно во 21 век, во држава што ветува здравство за сите, пациент со рак да се прашува дали ќе ја добие терапијата што му значи живот?”, додава таа.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarye8skl60fb4e35tif0Ar

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.“Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот, којшто го имаме, јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана Фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени - денес имаме во просек 4 нови институции месечно”, истакна Андоновски.Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.“Мојот предлог е и јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција”, дециден е Андоновски.Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку со секунди.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytvcnaq65che68RXaeDL

Радио Слободна Европа ја затвора македонската редакција, причината се слаби финансии

Радио Слободна Европа/Радио Либерти најави дека на 31 март 2026 година ќе ги затвори својата редакција на македонски јазик.Одлуката ја соопшти претседателот и извршен директор на организацијата, Стивен Капус, кој посочи дека станува збор за тешка, но неопходна мерка поради финансиските услови во кои работи медиумот.„Затворањето на овие два сервиси е загуба за публиката на која ѝ служат. Но, тековната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува да направиме приоритети во распределбата на ресурсите. Оваа одлука е донесена со длабока почит кон работата на овие тимови и стандардите на извонредност што ги одржуваа“, изјави Капус.Радио Слободна Европа со децении беше дел од медиумскиот простор во Македонија, со фокус на информирање, истражувачко новинарство и следење на политичките и општествените процеси.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
toskovski

Тошковски најави кратење на раководниот кадар во МВР за речиси 40 отсто, функциите ќе се темелат на професионални критериуми

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нова систематизација на МВР со која ќе се намали бројот на раководни позиции за околу 37-38%, а функциите ќе бидат засновани на одговорности и професионални критериуми, а не на етничка припадност. Тошковски истакна дека сите кои ги исполнуваат условите – образование, искуство и вештини – ќе можат да аплицираат за позиции во раководната структура.„Клучната измена во рамки на новата систематизација е тоа што од бројка на началници заменици помошници раководна структура во минатото којашто бројка е вака првично слободно можам да кажам дека таа бројка ја намалуваме за негде отприлика над 30% мислам дека беше негде околу 37-38% точно е намалена бројката на раководна структура во рамки на министерството за внатрешни работи што значи тоа тоа значи дека повеќе нема да имаме огромен број на претходно дефинирани помошници заменици подначалници доначалници итн. и нема да имаме функции само за да имаме функции туку ќе имаме функции коишто освен права од аспект на работа од наплата итн. ќе предвидуваат и одредени одговорности конкретни за сите оние дејствија коишто согласно закон подзаконски акти стандардни оперативни процедури итн. ќе ги превземат полициските службеници а особено началниците.Секој еден којшто ги исполнува условите, има соодветно образование, вештини, години искуство, претходно искуство во рамки на министерството итн. ќе може да биде избран. да аплицира на оглас итн. Јас лично еве можам да кажам дека познавам огромен број на професионалци Албанци, огромен број на професионалци Турци, огромен број на професионалци Роми, Бошњаци секако и Македонци коишто би можеле да бидат дел од идната раководна структура. Сигурен сум на раководна структура во рамки на министерството ќе има и Македонци, ќе има и Албанци, ќе има и Турци и Роми и сите оние коишто ги исполнуваат соодветните професионални стандарди“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6qkm0m8b649k058qG5u

Прекинато рочиштето за „Онкологија 2“ откако адвокатката Бегова го напушти рочиштето, а судот ја казнисо 500 евра

Денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ беше прекинато поради конфликт помеѓу одбраната и Обвинителството, кој заврши со парична казна за адвокатката Анита Бегова. Бегова, која го застапува обвинетиот Нехат Нухи, демонстративно ја напушти судницата, незадоволна од начинот на кој се презентираат доказите.Конфликтот избувна кога Обвинителството почна да ги изведува документите во „пакети“ од околу 180 страници, наместо поединечно. Одбраната тврди дека таквиот начин на презентирање не ги почитува минималните стандарди за фер судење.„Јас нема да учествувам во процес каде доказите не се презентираат соодветно пред јавноста и поротата“, изјави Бегова пред да ја напушти судницата.Судот веднаш реагираше и ѝ изрече парична казна од 500 евра за нарушување на редот и навреда на судот. Рочиштето беше одложено за 7 април, а судијката нареди на обвинетиот да му се назначи нов адвокат по службена должност.Случајот „Онкологија 2“ продолжува да биде еден од најсложените и најследените судски процеси во земјата, со голем број документи и обвинети лица, а јавноста внимателно го следи развојот на настаните.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

(Видео) Трамп тврди дека неговиот министер за одбрана предложил напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанок со национални воени и правосудни лидери во Мемфис изјави дека неговиот министер за одбрана, Пит Хегсет, прв предложил напад врз Иран. Трамп рече дека разговорите за можна воена интервенција се одвивале „многу продуктивно“, додавајќи дека Иран е „промотор на терор“ и се приближува кон набавка на нуклеарно оружје.Иранскиот режим, меѓутоа, ги демантираше тврдењата за преговори, нарекувајќи ги „лажни вести“. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, истакна дека никаков дијалог со САД не бил воден, додека Трамп рече дека разговорите ги воделе неговите советници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Во меѓувреме, ескалацијата на конфликтот доведе до нови ракетни напади на американски и израелски цели во регионот на Персискиот Залив, со огласување на сирени за воздушен напад во Тел Авив. Нападите доведоа до 13 загинати американски војници, а блокадата на Ормускиот теснец, низ кој минува петтина од светската нафта, го зголеми светското ниво на цени на горивата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

Русија изврши масовен напад со дронови врз Украина

Русија денеска изведе еден од најмасовните напади врз Украина со „повеќе од 400 дронови“, соопшти Јуриј Игнат, портпарол на украинските воздухопловни сили. Дел од нападите го погодија и историскиот центар на Лавов, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека нападите со ирански дронови го копираат моделот на терор кој Иран го применува на Блискиот Исток. Во нападот во Лавов најмалку 13 лица се повредени.Претходно, Русија ноќта на вторник лансирала 392 дрона и 34 проектили, од кои дел биле пресретнати, при што загинале најмалку пет лица. Дипломатските преговори меѓу Киев и Москва, со посредство на САД, се во застој поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

СДСМ денеска повика Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рокот предвиден со закон за избор на вицегувернери.„Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, наведуваат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, а непостапувањето директно ја блокира законската постапка и го спречува Собранието да ја изврши својата надлежност.СДСМ потсетува дека мандатите на вицегувернерите истекле уште во октомври 2025 година, а рокот за избор истекол во декември 2025 година, додека истите продолжуваат да учествуваат во донесување одлуки. „Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав, а одлуките донесени во такви услови може да бидат правно оспорени“, велат од партијата.СДСМ бара ОЈО да утврди дали гувернерот ја прекршил законската обврска, дали се овозможило незаконско продолжување на мандатите и дали одлуките на органите на Народната банка биле донесувани во незаконит состав. „Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата. Сите ќе одговарате!“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydd7kdiu64h2q00wfBju

Принцот Мохамед го повикува Трамп да продолжи со војната против Иран

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој ја води Саудиска Арабија, го повикувал американскиот претседател Доналд Трамп да ја продолжи воената кампања против Иран, опишувајќи ја соработката меѓу САД и Израел како „историска можност“ за преобликување на Блискиот Исток, јавува The New York Times.Иако и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смета Иран за долгорочна закана, постојат различни цели меѓу двете земји: за Израел, слаб Иран означува победа, додека за Саудиска Арабија ваквиот развој претставува директна безбедносна закана.Истовремено, во своите јавни настапи, Трамп испраќа контрадикторни пораки, наизменично најавувајќи можен крај на војната и потенцијална ескалација. Иран ги демантираше тврдењата за одржани разговори со американската администрација.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел засега не успеаја да предизвикаат побуна во Иран

САД и Израел планираа да поттикнат внатрешна побуна против теократската власт во Иран на почетокот на конфликтот, со цел брз крај на војната и пад на режимот, но засега тие планови не донесоа резултати, јавува New York Times.Според изворите, стратегијата се темелела на претпоставка дека елиминацијата на иранските челници и паралелните разузнавачки операции би можеле да предизвикаат масовен устанок, но три недели по почетокот на конфликтот, режимот останува стабилен. Стравот од репресивниот апарат и продолжените воени акции значително ја намалија веројатноста за побуна, додека Иран ја зајакна контролата и продолжи со воените операции.И покрај изостанатите очекувани ефекти, американските и израелските официјални лица не се откажуваат од можноста дека развојот на ситуацијата на теренот може да поттикне промени во Иран, иако засега нема најава дека тоа ќе се случи наскоро.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryb864qvlmdckp02p32d4

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес.Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е иницијативата на македонската влада за склучување на Договор за стратешка соработка со владата на Република Хрватска.Сиљановска-Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. Таа го поздрави ставот на Хрватска за потребата од брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, врз основа на реални заслуги во остварувањето на Копенхашките критериуми.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица уапсени за шпионажа во Германија и Шпанија

Обвинителите во Германија денеска соопштија дека две лица се уапсени поради сомневање дека шпионирале за Русија. Според соопштението, Сергеј Н. е уапсен во Шпанија, додека Ала С. е уапсена во Германија.Обвинителите тврдат дека од декември 2025 година Сергеј Н. собирал информации за лице во Германија кое снабдувало Украина со дронови и сродни компоненти, за потребите на руската разузнавачка служба. Тој собирал податоци преку интернет и ги снимал активностите на работното место на целта, додека Ала С. го презела неговиот задаток кога тој се преселил во Шпанија, сè до март 2026 година.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

(Видео) Руски дрон удри во зграда во Украина

Денеска, во текот на денот, Русија изврши напад врз центарот на Лавов, при што две лица се тешко повредени, објави украинската премиерка Јулија Свириденко. Во објавата на социјалната мрежа X таа истакна дека нападот го извршиле руски и ирански дронови и додаде дека една од погодените локации била црквата Свети Андреј од 17 век, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.„Русија може да се запре само со сила, бескомпромисни санкции и решителна акција“, порача Свириденко.Во меѓувреме, војната во Украина, која започна на 24 февруари 2022 година со инвазијата на Русија, влегува во својата петта година. Станува збор за конфликт со ограничени територијални промени, но со постојани напади врз инфраструктурата и градовите. Според податоците на Обединетите нации и западните проценки, бројот на цивилните жртви надминува 15.000, додека вкупните воени загуби се проценуваат на 1,8 до 2 милиони, со тоа што Русија претрпела поголеми загуби, а Украина стотици илјади.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Сѐ повеќе бродови минуваат низ Ормускиот теснец

Морскиот сообраќај низ Ормускиот теснец сѐ повеќе се пренасочува во иранските територијални води, преку „сигурен“ коридор кој Техеран го воспостави за проверка на бродовите и издавање дозволи за транзит, пишува во анализа специјализираната компанија Lloyd's List.Техеран минатата недела најави „нов режим“ за минување низ теснецот со цел санкционирање на „сили кои стремат кон доминација“ преку блокада на нивните бродови, цитирајќи ги изјавите на советникот за економија на иранскиот врховен лидер Мојтаба Хаменеи, Мохамед Мокхбер.Иран ја презеде контролата над Ормускиот теснец по американско-израелскиот напад на 28 февруари, забранувајќи транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.Иранските власти воспоставија „сигурна“ рута низ своите територијални води, а наскоро ќе се утврди и службена постапка за издавање дозволи за бродовите во транзит, јави Lloyd's List.Коридорот минува помеѓу островот Кешм покрај иранската обала и островот Ларак, каде иранската морнарица и пристанишната управа визуелно ги проверуваат бродовите, проверуваат податоци и наводно наплаќаат такси за транзит.Досега, преку новиот коридор поминале повеќе од 20 бродови со корисна носивост над 10.000 тони. Меѓу нив бил и голем танкер Omega Trader со два милиони барели ирачка нафта, пренесува порталот OilPrice.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи повторно истакна дека Ормускиот теснец не е затворен и ги обвини САД за нарушувања во сообраќајот. Тој нагласи дека слободата на пловидба е невозможна без слобода на трговија и дека секој брод треба да ги почитува правилата за транзит.Дозволите за транзит се разгледуваат индивидуално, а некои влади директно комуницираат со иранските власти за обезбедување сигурен премин, потврдува Lloyd's List.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран повторно го нападна Израел

Иран денеска лансираше серија проектили кон Израел, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се воделе „многу добри и продуктивни“ разговори за запирање на војната, која ги вклучува САД и Израел.И покрај ваквите најави, Иран ги негираше тврдењата дека воопшто се одржале разговори, додека израелски извори изразуваат сомнеж дека Техеран би прифатил американски услови во евентуален нов преговарачки процес.Во меѓувреме, се интензивираат воените дејствија на повеќе фронтови. Во Тел Авив беа активирани сирени за воздушна опасност по ракетен напад, при што е погодена станбена зграда, а спасувачките служби трагаат по затрупани лица.Израелската армија, пак, изврши серија воздушни напади врз Техеран и други цели, вклучително и објекти поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда, при што беа погодени десетици локации.Ситуацијата дополнително се комплицира и во Либан, каде што Израел најавува проширување на воените операции против Хезболах, со планови за контрола на јужниот дел од земјата.Во исто време, Иран сигнализира дека нема намера за компромис. Иранското воено раководство порача дека ќе продолжи со операциите „до конечна победа“, додека расте влијанието на револуционерната гарда во државните структури.Клучна точка на кризата останува Ормускиот теснец, кој Иран практично го затвори, загрозувајќи го транспортот на околу една петтина од светската нафта и гас.И покрај дипломатските сигнали, нема знаци за смирување на конфликтот, додека посредници како Пакистан, Египет и земјите од Персискиот Залив се обидуваат да воспостават индиректна комуникација меѓу завојуваните страни.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп ја испрашувал кралицата Елизабета за принцот Хари

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на државната посета на Обединетото Кралство во 2019 година, наводно во повеќе наврати ја испрашувал британската кралица Елизабета II за нејзиното мислење за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, се наведува во книгата на Сузан Пејџ.Во делото „Кралицата и нејзините претседатели: Скриената рака што ја обликуваше историјата“, авторката ги опишува односите на кралицата со американските претседатели низ децениите – од нејзината прва средба со Хари Труман во 1951 година, до државната вечера организирана во чест на Трамп во 2019 година, пренесува The Independent.Според извадоците од книгата, Трамп се обидувал да добие информации за наводни тензии во британското кралско семејство, но кралицата избегнувала да изнесе негативни ставови. Таа, како што се наведува, одговарала дека сите се „многу добри“, и покрај неговото инсистирање да открие што навистина мисли.Трамп, според авторката, изразил и став дека кралицата била повредена од односот кон неа, алудирајќи на наводна непочит од страна на Хари и Меган. Дополнително, тој се обидел да дознае кој ѝ бил омилен американски претседател, но добил дипломатски одговор дека „сите биле добри“.И покрај тоа, Трамп заклучил дека токму тој ѝ бил омилен, тврдејќи дека имале добра меѓусебна комуникација – оценка што, според книгата, не ја делат некои други американски политичари, меѓу кои и Хилари Клинтон, која изразила сомнеж во таквите тврдења.Книгата ќе биде објавена од издавачката куќа Harper и треба да излезе од печат на 14 април.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Zlato

Се стабилизира цената на златото

Цената на златото во последните денови бележи пад и се движи околу 4.400 долари по унца, откако претходно се спушти на околу 4.200 долари, со што е избришан значителен дел од добивките остварени во изминатите месеци.Според експертите, ваквото движење е невообичаено ако се земе предвид растот на геополитичките тензии, кога традиционално се очекува зголемена побарувачка за злато како сигурно засолниште. Сепак, тие посочуваат дека во моментот пазарот е воден пред сѐ од макроекономски фактори.Ескалацијата на конфликтите доведе до нагло поскапување на нафтата, што дополнително ги засили глобалните инфлаторни притисоци. Тоа, пак, придонесе за зајакнување на американскиот долар и зголемени очекувања дека каматните стапки ќе останат на повисоко ниво подолг период.Во такви услови, инвестициското злато губи дел од својата привлечност бидејќи не носи принос и станува помалку конкурентно во однос на други инвестициски инструменти, наведуваат од Tavex.Во анализата се посочува и поширокиот контекст на глобалната трговија, при што значаен дел од транспортот на ѓубрива поминува низ Ормускиот теснец. Околу 10 проценти од светската трговија со ѓубрива се одвива преку овој теснец, вклучително и приближно 30 проценти од азотните ѓубрива и околу 20 проценти од амонијакот.Дополнително, економиите на земји како Катар и Саудиска Арабија во значителна мера зависат од енергетските ресурси и поврзаните индустрии, со удел од 50 до 65 проценти во бруто-домашниот производ. Поради тоа, секој ризик за овие текови создава потреба од брза ликвидност на пазарите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина откако одбил да му биде извршен преглед на личниот багаж, соопшти хрватската полиција.Според информациите, инцидентот се случил на преминот Стара Градишка доцна синоќа, по 22 часот. Откако одбил контрола на багажот, што претставува прекршување на законските процедури за надзор на државната граница, Станивуковиќ бил приведен и задржан во рамки на прекршочна постапка, по што бил ослободен околу 2 часот по полноќ.Самиот Станивуковиќ го потврди настанот преку социјалните мрежи, тврдејќи дека не сакал да дозволи, како што наведе, повторно да биде задржуван, претресуван и изложен на, според него, непримерен третман од страна на хрватската полиција. Тој оцени дека станува збор за систематска злоупотреба и дека односот кон него е „прашање на став кон Србите“.Во меѓувреме, неговите соработници организираа прес-конференција пред Генералниот конзулат на Хрватска во Бања Лука, каде што обвинија за континуирано малтретирање и кршење на правото на слобода на движење.Претставникот на Партијата за демократски напредок, Драган Милановиќ, изјави дека ваквиот однос претставува повреда на европските стандарди за човекови права и повика на институционална реакција.Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, најави дека ќе побара дополнителни информации од хрватското Министерство за внатрешни работи за причините и околностите на приведувањето.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судењето против девет полицајци обвинети во случајот „Пулс“ повторно се откажува. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го повика судот да го одложи рочиштето поради нерешениот статус на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која ги поднесе обвиненијата.Советот на јавни обвинители моментално заседава за избор на нов шеф на Обвинителството, Ненад Савески, а за слободната функција во ОЈО ГОКК се пријавени 10 кандидати, вклучително и Алексова Трајчева, автор на три обвиненија поврзани со пожарот во дискотеката.Претходното рочиште за обвинението против тројца полицајци, закажано на 18 март, исто така беше одложено по иста причина.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје.Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје. Програмата е осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола.Во рамки на овој проект, покрај трензините во спортската сала, предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни искачувања на планината Водно.Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“ двапати неделно – секој понеделник и среда од 21 до 22 часот.Пријавувањето започнува од денеска (24 март) на следниов телефонски број 070/358-398.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

БРТ за Скопје доби зелено светло: Владата го одобри договорот, следува реализација на терен

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Владата на Република Македонија официјално го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, отворајќи нова ера на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Проектот, финансиран со заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, предвидува изградба на посебни ленти, висока фреквенција на возила и интеграција со останатите транспортни системи во градот, со цел намалување на сообраќајните гужви и загадувањето.„Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност! Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град. БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје.Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот.Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето наЕдиницата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови.Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите.Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој.Ова ќе овозможи започнување со конкретни активности на терен - од јавни набавки и техничка подготовка, до реализација на инфраструктурните работи. Со ова, институциите ја потврдуваат заедничката заложба за современ, ефикасен и одржлив јавен превоз во Скопје, систем кој ќе донесе побрзо движење, подобар квалитет на живот и почиста животна средина за сите граѓани. Почитувани, свесен сум за предизвиците со кои секојдневно се соочувате во јавниот превоз, проблем што не е од вчера, туку е наследен и со години наталожуван.Но денес, конечно, се преземаат конкретни и одлучни чекори за негово надминување. Со силната поддршка и јасната заложба на Владата и Премиерот Hristijan Mickoski, за што сакам посебно да му се заблагодарам, како и со процесот на набавка на 100 нови еколошки автобуси, поставуваме темели за суштинска промена. Сакам искрено да изразам благодарност за оваа поддршка и на министерот за транспорт Aleksandar Nikoloski, за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што токму ваквите одлуки значат вистинска грижа за граѓаните и нивното секојдневие.Ова е инвестиција во квалитетен живот, во почист воздух и во достоинствен јавен превоз.Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува. Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Четворица возеле без возачка дозвола, еден малолетник меѓу нив: Уапсени седум возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово возал под дејстов на алкохол, еден возач во Гостивар возел и покрај тоашто имал активна забрана, а еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана з ауправување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.„Еднс од најфрапантните констатации коишто ги имав во мојот живот генерално, е процентот на боледувања на секој месец во рамки на Министерството за внатрешни работи кога седнав на таа позиција во рамки на техничка влада. Значи, тој процент на боледувања се движи отприлика негде околу 10% во континуитет. И сега, тоа вака ми беше како трн во око, на мое барање, беше отворена истрага во рамки на внатрешна контрола во Министерството, на мое барање лично беше вклучен и ФЗО во рамки на проверките коишто треба да се извршат кај докторите. Поради тоа, беше отворена истрага во рамки на Одделот за внатрешна контрола којашто сè уште не е затворена.По случаен избор биле одбрани одреден број на случаи, каде што, согласно она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа вака, како процент, ако сме реални. Ова коешто беше констатирано од страна на фондот, се пропусти коишто ги вршеле лекарите. Во рамки на процесуирањето на барањата за боледување на, во конкретниот случај, полициските службеници“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања