Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

6 ден.
putin-kim1

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, испрати порака до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во која нагласува дека Пјонгјанг секогаш ќе стои покрај Москва, пренесува денес агенцијата KCNA.Во пораката, испратена во вторник, Ким изразува искрена благодарност до Путин за срдечните честитки по повод неговото повторно преземање на функцијата претседател на државните работи на Демократската Народна Република Кореја (ДНРК).„Денес ДНРК и Русија тесно соработуваат во одбрана на суверенитетот на двете земји и во промовирање на благосостојбата на двата народа преку силна меѓусебна поддршка и сојузничка помош“, се наведува во пораката на Ким до Путин.Ким изразува уверување дека цврстите односи на доверба меѓу него и Путин несомнено ќе гарантираат „трајност на идната ефикасност“ меѓу ДНРК и Русија, и ќе ја промовираат развојната благосостојба на народите на двете земји.„Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва. Тоа е нашиот избор и непоколеблива волја“, порача Ким.Тој, исто така, упати искрени желби до Путин и братскиот руски народ, уште еднаш изразувајќи благодарност, наведува севернокорејската агенција.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството откако Обвинителството на минатото рочиште на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите.На минатото рочиште беше сослушан сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Судењето го води Диана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Сијарто тврди дека деталите од состанокот на ЕУ стигнале до Лавров преку медиуми и тајни служби

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој се најде во центарот на дипломатски скандал поради наводите дека на Сергеј Лавров пренел детали од состанок на официјалните лица на ЕУ, тврди дека целиот случај е поврзан со „странски разузнавачки служби“.Според неговите зборови, странските разузнавачки органи се обидуваат да се вмешаат во внатрешните работи на Унгарија преку новинарот на медиумите „Direkt36“ и „VSquare“, Саболч Панји, поврзан со кругови на Фидес и со поранешниот предизборен тим на политичарката Анита Орбан, инаку една од водечките опозициски политичари.Според Сијарто, Панји го предал бројот на телефонот на Сијарто на тајната служба на една земја-членка на ЕУ, што овозможило потенцијално следење на разговорите на министерот, пренесе „Magyar Nemzet“.Панји изјавил дека не е само пријател на Анита Орбан, туку и дека соработува со оваа политичарка од Тиса, партија која важи за фаворит на претстојните избори на 12 април.Сијарто посочил дека ѝ помага и понатаму во професионални прашања и дека порано работел во нејзиниот предизборен тим.Тој особено предупреди дека ваквите настани ја ставаат во прашање сувереноста на Унгарија и чие влијание би спроведувала потенцијалната нова влада.Сијарто додаде дека и Брисел е „активен учесник“ во овој обид за интервенција, додека Панји призна разговор со странски разузнавачки служби, но не откри идентитет на државата.„Стана јасно, дека и Брисел е активен играч во овој обид за интервенција“, заклучи шефот на унгарската дипломатија.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryjrmu5jc3d6tv0jGCnXt

Дина Јашари го носи „Растенија без корен“ во Хрватска – албум што го освојува регионот на мини турнеја во три града

Една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, Дина Јашари, кон крајот на март ќе одржи мини турнеја во Хрватска, каде што во Чаковец, Риека и Загреб ќе го претстави својот деби албум „Растенија без корен“ – издание кое веќе привлекува сериозно внимание кај публиката и медиумите.Концертите ќе се одржат на 26 март во Чаковец (Клуб Простор), 27 март во Риека (Клуб Немо) и 28 март во Загреб (Клуб Катран).Според изборот на регионалниот музички портал Rockomotiva, „Растенија без корен“ се најде во топ 5 албуми за 2025 година, потврдувајќи го силниот одек што албумот го има кај критиката и публиката „Растенија без корен“ е албум составен од девет песни создадени во текот на последните три години и претставува интимен и искрен музички дневник на уметницата. Со звук кој природно се движи помеѓу поп, нео-соул и џез, албумот нуди органичен, жанровски разнолик и современ израз, што ја издвојува Дина како еден од најавтентичните нови гласови на сцената.„Албумот го носи пулсот на последните три години од мојот живот – исполнети со раст, преиспитувања, тишина и бучава. Песните се снимани на различни локации и со различни луѓе, па затоа е шарен, жив и пред сè искрен“, вели Јашари.Добитничка е на престижната награда „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“, а зад себе има настапи на значајни европски фестивали како MENT Ljubljana, EXIT и ESNS Groningen. Во 2025 година го отвори концертот на култната британска група Massive Attack во Скопје.На сцената ќе настапи со својот бенд, носејќи атмосферичен и емотивен концерт, во кој нежниот вокал, сонливите хармонии и модерната продукција се спојуваат во силно музичко искуство – формат што сè поуверливо ја освојува публиката низ регионот и Европа.

Магазин | пред 6 дена

6 ден.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, во изјава за „Скопје1“ уверува дека се преземаат конкретни чекори за стабилизирање на снабдувањето со клучни терапии и подобрување на услугите за пациентите.„Во однос на посочените терапии и услуги: За PHESGO (trastuzumab/pertuzumab) веќе е изготвен анекс на постоечката јавна набавка, со што ќе се обезбеди континуитет во снабдувањето. Во однос на тумор маркерите, во тек е надградба на лабораторискиот и информатичкиот систем на лабораторијата на УКРО, со цел да се овозможи поедноставен и побрз пристап до резултатите за пациентите. Во меѓувреме, пациентите имаат можност за извршување на овие анализи во повеќе институции во државата кои имаат договор со ФЗО. За Ribociclib и Palbociclib, станува збор за терапии кои се сегмент од сеопфатниот онколошки третман. Со новата јавна набавка, очекуваме во најскоро време стабилизација на снабдувањето со лекови и обезбедување континуиран третман на пациентите“, наведува Стојковски.Тој посочува дека зголемениот број на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените резултати од терапиите, директно влијаат врз растот на потрошувачката на лекови.„Дополнително, потребно е да се нагласи дека поради континуираното зголемување на бројот на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените исходи од терапијата, се зголемува и вкупната потрошувачка на лекови од година во година. Состојбата е значително подобрена во однос на минатата година, но секако останува простор за понатамошно унапредување. Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и потенцијалното влијание врз пациентите, и затоа активно работиме на нејзино целосно надминување во координација со надлежните институции и добавувачите. Наш приоритет останува континуирана, навремена и безбедна грижа за пациентите“, додава директорот.Од Клиниката потенцираат дека целта е обезбедување стабилен и непречен третман, како и побрз пристап до дијагностички услуги за пациентите.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
dui-

ДУИ повторно реагира: Отпуштањето на петмина албански вработени е арбитрарно и правно спорно

Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата, велат од ДУИ.„Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла.Според презентираните податоци:– Дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна.– Одлуката е донесена без доволни докази и без утврдување на индивидуална одговорност.– Постојат сериозни индиции за накнадно конструирање на аргументи и оправдувања за веќе донесена одлука.– Изречената мерка, престанок на работниот однос, е несразмерна во однос на наводите.Овие се индикатори на еден опасен модел на одлучување.Кога еден министер носи вакви одлуки:– без почитување на законските рокови,– без цврсти докази,– и со сериозни последици за граѓаните,тогаш станува збор за арбитрарност.Фактот што се работи за петмина вработени албанци ја прави оваа состојба уште почувствителна и бара целосна транспарентност. Во министерство чија мисија се односите меѓу заедниците, секоја ваква постапка мора да биде над секое сомневање за пристрасност.Демократската унија за интеграција бара:– Целосно објавување на сите постапки и одлуки што довеле до овие отпуштања.– Институционална истрага за почитувањето на законските процедури во овој случај.– Итно преиспитување на одлуките, во согласност со законот и стандардите на јавната администрација.Институциите не можат да функционираат врз селективни и правно неосновани одлуки. Секое отстапување од процедурите создава несигурност кај вработените и го нарушува довербата на граѓаните.Овој случај треба да се третира како тест за сериозноста на институциите и за нивната посветеност кон принципите на еднаквост и законитост“, реагираат од ДУИ.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шест дена молчи заглавена во промашени ПР стратегии под диктат на Башановиќ и Шчекиќ кои ги водат директно на дно без автентична политика

СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации.СДС е заглавена во погрешни и промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ ги водат СДС директно на дното без автентична политика и јасни ставови, СДС се тотално без концепт и отуѓени од народот.ПР стратегијата што ја следат, под влијание на Башановиќ и Шчекиќ, не само што е промашена, туку ја турка партијата кон политички амбис. Наместо да понудат визија и решенија, тие се занимаваат со интриги и дезинформации.СДС нема капацитет, ниту визија за општествените случувања, само клевети и напади преку неосновани прес-конференции.СДС со неодговорното и недостоинствено однесување, ќе доживее дебакл, а Венко Филипче ќе остане запаметен како симбол на неуспехот и распадот на партијата.Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Унгарија го прогласи нафтоводот кон Србија за приоритетен проект

Владата на Унгарија предложи уредба со која изградбата на нафтопроводот Унгарија–Србија и придружната инфраструктура се прогласува за приоритетен инвестиционен проект.Овој потег треба да го забрза административниот процес и самата изградба, а се очекува системот да биде оперативен во 2027 или 2028 година, пренесуваат унгарските медиуми.Според плановите на владата, проектот исто така ќе обезбеди подобра координација на енергетските пазари на Унгарија, Србија и Словачка со цел постигнување стабилни услови на пазарот.Целта на нафтопроводот е да се создаде алтернатива за снабдување со нафта и да се намали едностраната зависност, особено за земјите во Централна Европа кои немаат излез на море. Владата на Маѓарска го гледа овој нафтопровод како стратешки проект со клучна улога во намалувањето на енергетската зависност на земјата.Предлог-уредбата е во процес на јавна расправа која ќе трае најдоцна до 28 март.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-library3i5fel1c8ojo9I5zJMO

(Фото) Позирале со симболи на „Голема Албанија“ и ја навредувале Србија па се објавиле на Фејсбук: Уапсени четворица Албанци во Србија

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија ги уапсија А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите четворица државјани на Албанија, поради сомнение дека сториле кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ со провоцирање на годишнината од бомбардирањето од НАТО.А. С. јавно објавил видео на својот Фејсбук профил од кое се гледа како во автомобил „Ауди“ во друштво на другите осомничени лица вози по автопат низ Србија, на непримерен начин прикажувајќи ги симболите на „Голема Албанија“, како и вербално споменувајќи ја Република Србија во негативен контекст, користејќи несоодветни зборови, објаснуваат од српското МВР.На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за борба против високотехнолошки криминал.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
market-ovosje

СДСМ: Цените на храната растат, платите не мрдаат – се покажа дека Мицкоски нема капацитет

СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо, велат од опозициската СДСМ.„Се потврди. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар.Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата, или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.Последиците веќе се видливи и во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото веќе е покачено.Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат. Сега ниту 600 евра плата нема да им биде доволна на граѓаните да го преживеат месецот.Наместо дефокус, Владата на Мицкоски треба да ја намали ароганцијата и да ги прифати мерките на СДСМ.Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата на македонските граѓани, не носи пари во семејните буџети.Намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи, преполовување на патарините.Законите се поднесени, мерките се издржани и реални – применете ги.Не поради СДСМ, туку поради граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryi6gpig7idjoeedmfeFD

(Видео) Кит се насука на брегот на Балтичкото Море – експертите предупредуваат: еутаназијата не е решение

Кит кој се насукал на брегот на Балтичкото Море не треба да се подложи на еутаназија, истакнуваат експерти.„Постојат меѓународни договори за тоа што може да се направи и како“, изјави за DPA Урсула Зиберт, директорка на Институтот за истражување на копнените и водените диви животни (ITAW) при Ветеринарниот универзитет во Хановер.Станува збор за грбав кит долг околу 10 метри, веројатно млад мажјак, според организацијата Морски пастир (Sea Shepherd).„Колку е китот поголем, толку е потешко да се справиме со него“, објасни Зиберт.Таа додаде дека вакви ситуации не се чести во Балтичкото Море, но се појавуваат на пример кај насукани улешури и други видови китови на бреговите на Северното Море.„Едноставно е многу тешко во овие услови да се изврши еутаназија на китот.“Еден од проблемите е употребата на оружје и соодветен калибар, што може да претставува потенцијална опасност за околината. Поради меѓународните договори, можностите за тоа се ограничени во Германија и соседните земји.„Подобро е да се грижиме за китот, така што да може достоинствено и без стрес да умре“, изјави Зиберт.Германскиот поморски музеј истакна дека станува збор за исклучително тешка ситуација во која експертите мора многу внимателно да ја разгледаат секоја мерка и одлука.„Еутаназијата во условите што владеат во Ниндорф би била многу тешка, бидејќи китот сè уште се наоѓа во вода. Водата е премногу плитка за него, а премногу длабока за убивање. Покрај тоа, за толку голем кит не постои сигурна метода на еутаназија која целосно би ја исклучила понатамошната мака.“

Свет | пред 6 дена

6 ден.
popova-shapka

Најладно утрово во Попова Шапка: температурата падна до -2 °C

Минималните температури во утринските часови покажуваат дека најладно утрово било во Попова Шапка и Берово, каде што термометрите покажале -2 степени Целзиусови. Малку повисоки температури од 1 до 2 степени биле измерени во Маврови Анови, Крушево, Ѓуриште, Демир Капија, Лазарополе, Охрид, Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип и Скопје-Петровец.Висината на снежната покривка во Попова Шапка утрово изнесувала 57 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени Целзиусови.Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 20 степени.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Царинарница Скопје во 2025 година оствари значителен раст на приходите, наплатувајќи вкупно 58,7 милијарди денари, што претставува зголемување од 11 проценти, односно 5,7 милијарди денари повеќе во споредба со 2024 година.„Царинарница Скопје учествува со 53 % во вкупно наплатените приходи од увоз.Преку откриени нелегални дејствија изготвени се 24.566 записници по кои се донесени решенија за дополнителна наплата од 1,36 милијарди денари.Само дел од успешно спречените обиди за криминал во 2025:Спречен обид за криумчарење на златен накит во вредност од половина милион евраОткриен два тони фалсификуван прашок за перење и 2.500 сетови за инфузија без соодветна дозвола за увоз кои беа запленети и согласно закон уништениУспешно спречени обиди за нелегална трговија со тутун при што запленети се повеќе од 1.500 штеки цигари и 204 килограми тутун за наргиле.Службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) која е под директна ингеренција на царинарница Скопје во 2025 година извршила 92 теренски контроли при што кај 26 правни лица се утврдени неправилности и изречени се прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 129.410 евра.Резултатите на царинарниците беа разгледани на седницата на Комитетот за координација и контрола на оперативното царинско работење“, велат од Царинската управа.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarydjkghpcgn8pb9CGWeZQ

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало.Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар.„Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност. Апелирам до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад на недозволени места“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.Службите на Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат диви депонии, со цел нивно навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и водата, што директно влијае врз здравјето на жителите.

Скопје | пред 6 дена

6 ден.
media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Kраделе кабли во кругот на фабриката „Железара“, па оштетиле јавна електрична инсталација вредна 800 илјади денари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост“, информираат од обвинителството.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот на Блискиот Исток

Папата Лав Четиринаесетти изрази загриженост поради растечките непријателства и ширењето на воениот конфликт на Блискиот Исток и упати повици за прекин на огнот.Во услови кога се посочуваат извештаи за планови за американска копнена офанзива во Иран, првиот Папа што доаѓа од САД изрази жалење што „омразата се шири, а насилството станува се потешко и потешко“.„Сакам да го обновам повикот за прекин на огнот, да работиме за мир, но не со оружје, туку преку дијалог, навистина барајќи решение за сите“, изјави тој пред новинарите пред својата резиденција во Кастел Гандолфо.„Има повеќе од милион раселени лица и многу загинати“, рече папата. „Ги повикувам сите власти искрено да работат преку дијалог за решавање на проблемите“.Лав Четиринаесетти, кој е познат по тоа што внимателно ги избира своите зборови, во последно време ги засили повиците за прекин на војната во Иран.Во неделата тој изјави дека конфликтот е „скандал за целото човечко семејство“.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Промоција на 17 нови „страјкер“ оклопни возила во Петровец

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.„Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот Влада-со-Влада. Станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42“, информира владината прес-служба.На презентацијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.Официјалната посета започна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде што претседателката се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Трамп му даде поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април.Во објава на мрежата Truth Social, Трамп го нарече Орбан „силен и моќен лидер“ кој постигнал „феноменални резултати“ и кој, како што наведе, „неуморно се бори за својата земја и народ“.„Виктор напорно работи на заштита на Унгарија, развој на економијата, создавање работни места, промоција на трговијата, запирање на нелегалната имиграција и обезбедување закон и ред“, наведе Трамп.Тој истакна и дека односите меѓу Соединетите Американски Држави и Унгарија достигнале ново ниво на соработка за време на неговата администрација, во голема мера благодарение на раководењето на Орбан.„Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него за двете наши земји дополнително да го унапредат овој значаен пат кон успех и соработка“, нагласи Трамп.Тој потсети дека го поддржал Орбан и на изборите во 2022 година и порача дека повторно му дава „целосна и апсолутна поддршка“ за реизбор.Трамп во објавата ги повика граѓаните на Унгарија да излезат на изборите и да гласаат за Орбан, наведувајќи дека тој е „вистински пријател, борец и победник“.„Виктор Орбан никогаш нема да го изневери големиот народ на Унгарија. Со него сум до крај“, нагласи Трамп.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Иран сака да преговара со Џеј Ди Венс наместо со другите пратеници на Трамп

Иран ѝ сигнализирал на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека повеќе би сакал да води преговори со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отколку со специјалните пратеници Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, наведоа два извора.Според тие наводи, пораката била пренесена до Вашингтон преку неформални канали и укажува на проценката на Техеран дека преговорите со Виткоф и Кушнер не би биле продуктивни поради недостаток на доверба по „неуспехот“ на претходните разговори, кои ѝ претходеле на воената акција на Израел и Соединетите Американски Држави, пренесе Си-Ен-Ен.Изворите наведуваат дека Венс во регионот се доживува како политичар кој е повеќе наклонет кон идејата за завршување на конфликтот отколку другите членови на американскиот дипломатски тим, меѓу кои се и државниот секретар Марко Рубио и Виткоф.Регионалните соговорници, исто така, оценуваат дека вклучувањето на Венс во преговорите може да биде ризично, бидејќи постигнувањето договор за ставање крај на конфликтот би можело да биде тешко.Изворите дополнително наведуваат дека Виткоф останува силно вклучен во американскиот дипломатски ангажман и дека Иран веројатно нема да има избор освен да преговара со претставникот што ќе го одреди администрацијата во Вашингтон.Претходно, Трамп изјави дека сите клучни членови на неговиот дипломатски тим се вклучени во преговорите, додека портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит, нагласи дека претседателот на САД одлучува кој преговара во име на земјата.Според нејзините зборови, во преговорите ќе учествуваат Венс, Рубио, Виткоф и Кушнер.Еден претставник на Белата куќа оцени дека информациите што доаѓаат од регионални извори претставуваат обид за „поткопување на администрацијата на Трамп“.Според наводите на изворите, можно е и средба меѓу претставници на САД и Иран подоцна оваа недела во Исламабад, иако постои сомнеж дека таа навистина ќе се одржи.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Кои земјите најмногу зависат од Ормускиот теснец?

Според проценките на аналитичарите на меѓународниот финансиски сајт Investing.com, земјите кои најмногу зависат од енергенсите што се транспортираат преку Ормускиот теснец се Јапонија, Јужна Кореја, Пакистан и Тајван.Според проценките што на својот профил на мрежата X ги објави Џеси Коен, аналитичар на финансиски сајт со седиште во Израел, 73 отсто од енергенсите што ги користи Јапонија се увезуваат преку Ормускиот теснец, Јужна Кореја 70 отсто, а Пакистан и Тајван по 60 отсто.Следува Кина, за која се проценува дека преку Ормускиот теснец увезува меѓу 40 и 45 отсто од енергенсите, Индија со 42 отсто, а по нив Тајланд со меѓу 30 и 35 отсто, Сингапур со 30 отсто, Малезија со меѓу 25 и 30 отсто и Филипини со 25 отсто.Виетнам увезува 20 отсто од своите енергенси преку Ормускиот теснец, Италија 15 отсто, додека Шпанија увезува меѓу 12 и 15 отсто.Соединетите Американски Држави преку Ормускиот теснец увезуваат само меѓу два и пет отсто од енергенсите што ги користат.Откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот соопшти дека Иран и САД водат преговори за прекин на конфликтот и нареди петдневна пауза на најавените американски напади врз иранската енергетска инфраструктура, цените на нафтата паднаа и до 10 отсто.Според податоците од берзите, цената на суровата нафта вчера во 15:30 часот падна за 8,85 отсто на 89,607 долари за барел, а нафтата „Брент“ за 9,55 отсто на 101,469 долари.„Задоволство ми е да известам дека Соединетите Американски Држави и Иран во последните два дена водеа многу добри и продуктивни разговори во врска со целосно и сеопфатно решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Оваа објава ги ублажи непосредните стравувања од недостиг на понуда поради зголемените тензии на пазарот.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
49897048_790481834626792_8482295156714766336_n_790481831293459

Денес сонце и температура до 19 степени, од утре промена на времето

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Македонија | пред 6 дена

1 нед.
media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Повеќе од 12 часа екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенираат на депонијата во селото Босилово, каде што пожарот избувнал и повторно се активирал во текот на денот.Првично, пожарот бил локализиран и изгаснат во пладневните часови, по што пожарникарите се повлекле од теренот. Сепак, во вечерните часови, огнот повторно се разгорел.Во гаснењето биле ангажирани повеќе екипи, а според информациите, досега се исфрлени околу 60 тони вода. Надлежните посочуваат дека ваквите пожари се особено сложени за справување, поради специфичните услови на депониите

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп: Иран ни испрати „подарок“ вреден огромни пари, преговорите се во тек

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД во моментов водат преговори со Иран, тврдејќи дека Техеран е подготвен да постигне договор, додека истовремено оцени дека американско-израелските напади веќе довеле до „промена на режимот“.„Разговараме со вистинските луѓе и тие многу сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.Тој додаде дека преговорите се во тек и дека во нив учествуваат потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, посочувајќи дека Иран има силен мотив за договор.„Тие би сакале да постигнат договор... а кој не би на нивно место?“, рече Трамп.Американскиот претседател повторно тврдеше дека иранските воени и комуникациски капацитети се сериозно ослабени, нарекувајќи ја операцијата на САД „огромен успех“.Во своето обраќање, Трамп изнесе и невообичаено тврдење дека Иран ѝ испратил на Америка „значаен подарок“, поврзан со нафтата, гасот и Ормутскиот теснец, но без да открие детали.„Тие ќе постигнат договор. Постигнуваат договор. Вчера направија нешто што беше неверојатно. Ни дадоа подарок, и подарокот пристигна денес. Тоа беше многу голем подарок вреден огромна количина пари. Нема да ви кажам што е тој подарок, но беше многу значајна добивка. Не е поврзан со нуклеарното прашање. Поврзан е со нафтата и гасот“, изјави Трамп.Тој оцени дека овој потег покажува дека САД преговараат со „вистинските луѓе“ во Иран.Трамп исто така тврдеше дека нападите довеле до „промена на режимот“ во Иран.„Убиени се сите нивни лидери, потоа се состанаа за да изберат нови и ги убивме и нив. Сега имаме нова група... ќе видиме како ќе се покажат“, рече тој, додавајќи: „Не верувам никому“.Во однос на поширокиот контекст, Трамп ја пофали улогата на земјите од Заливот, посочувајќи дека Обединетите Арапски Емирати биле „одлични“, а Катар „фантастичен“.На прашањето колку е оптимист за исходот од преговорите, Трамп кратко одговори: „Овој војна е добиена“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иран: САД и Израел нападнале локација кај нуклеарната електрана Бушехр

Иранската Организација за атомска енергија соопшти дека локација во близина на нуклеарната електрана Бушехр била погодена во напад, за кој Техеран тврди дека е извршен од САД и Израел.Според соопштението, пренесено од иранските медиуми, во инцидентот што се случил вечерва нема жртви, ниту пак е предизвикана финансиска или техничка штета.„Во инцидентот, кој се случи вечерва, нема ни финансиска ни техничка штета, ниту жртви, а ниеден дел од постројката не е погоден“, се наведува во соопштението.Од иранската институција додаваат дека истата нуклеарна електрана била цел и на напад на 17 март, при што, како што тврдат, ниту тогаш немало последици.Во реакцијата се нагласува дека нападите врз мирнодопски нуклеарни постројки претставуваат прекршување на меѓународните прописи.„Нападите на мирнодопски нуклеарни постројки претставуваат јасно кршење на меѓународните прописи за имунитет на ваквите објекти од воено дејствување“, соопштија од Организацијата за атомска енергија на Иран.Оттаму предупредуваат и на потенцијалните последици по регионалната безбедност, особено за земјите од Персискиот Залив.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања