Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
Capture-5

Уапсен командир на МВР

Секторот за внатрешни работи  Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава  против лицето Л.Ј. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Пријавениот во својство на службено лице - вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како командир на шумска полиција – Битола  во периодот од 08.10.2018. година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати побарал поткуп од лице од Демир Хисар, против кое од  страна на пријавениот во својство на службено лице командир на шумска полиција – Битола е поднесена прекршочна пријава по чл.69 од Закон за шуми. Л.Ј. прво побарал поткуп  од осумнаесет метри кубни  дрва или 40.000 денари пари за подоцна истиот да продолжи да бара поткуп од 30.000 денари пари, притоа ветувајќи му дека ќе ја отфрли пријавата на судењето закажано за 26.10.2018 година. Пријавителот за таа цел, според барањата на Л.Ј., требало да му исплати 20.000 денари пред судењето и 10.000 денари после судењето, откако ќе биде отфрлена пријавата“, рече Ангеловски.На 19.10.2018 година, лицето од кое се барал поткупот  го пријавило настанот во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола,  за што веднаш е известено ОЈО Битола и преземени се соодветни мерки и активности.„На 26.10.2018 година околу 13:50 часот  во просториите на Основен суд Битола, Л.Ј. е лишен од слобода веднаш откако примил поткуп од пријавителот. Извршен е личен претрес и кај него се пронајдени 10 банкноти во апоени од 2000 денари, кои претходно од страна на ПС од СВР Битола беа фотографирани и документирани. Од страна на Судија на претходна постапка  од Основен суд Битола на Л.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Борбата со корупцијата е приоритет број еден за Министерството за внатрешни работи. Законите важат еднакво за сите. МВР продолжува да работи во служба на граѓаните“, потенцира Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Центар ја отстрани дивоградбата на скопското Кале

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале.„Импровизираното градилиште претходно, на 18-ти септември, беше затворено од страна на општината, а на инвеститорот му беше наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапи по решението и продолжи со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на истата.Инвеститорот гради градба без поседување ниедна дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале“, велат од општината.Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат законите и правилата за градба, како и да се придржуваат кон законските процедури за изградба на објекти.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Tри лица нападнале полицаец во Тетово

Три лица во Тетово се уапсени откако претходно нападнале полицаец. Според информациите на МВР, вчера во 17 часот од страна на двајца полициски службеници, во Тетово на кружен тек, во редовна сообраќајна контрола бил стопиран автомобил „шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од Р.Ќ (41) од село Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија.Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р. И(29) од с.Слатино, Б. Ш(25) од село Слатино. Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале.Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Топ 5 професии за следните 5 години

Проширувањето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на трудот, пред сè со укинувањето на мануелните работи кои во иднина ќе може да ги извршуваат машини. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на свеста кај луѓето за потребата од човечката креативност и посебни вештини.CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст кај вработувањата ќе се оствари во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.Меѓу добро платените занимања најбарани ќе бидат сметководител(к)ите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Исто така ќе има зголемена побарувачка за наставниц(чк)и, истражувач(к)и на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатер(к)и.Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувач(к)и. Голема ќе биде побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвач(к)и, негувател(к)и, работници во обезбедување и рецепционер(к)и.

Магазин | пред 7 години

7 год.
JSP-avtobusi-parkirani

Вадат делови од панорамските автобуси за да ги поправат двокатните во Скопје

За да ги одржува затворените двокатни автобуси, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје вади делови од панорамските автобуси. Од претпријатието велат дека мора така да се постапува поради тоа што не е обезбедено сервисирање за автобусите, известува „Порталб“.Портпаролката на ЈСП Скопје, Деспина Трајковска, вели дека поголемиот број од новите градски автобуси кои се пуштаат во сообраќај постојано се расипуваат, а пак останатите се демонтирани и од нив се земаат делови за да се поправат автобусите што треба да се пуштат на линиите.Од обичните автобуси „Лаз“, од 80 во функција се 77. ЈСП има на располагање 20 од постарите автобуси, кои ги пушта на линиите кога ќе се расипат поновите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
raketi

Американската војска успешно го тестираше новиот ракетен систем

Американската војска денеска соопшти дека успешно тестираше систем за противракетна одбрана кој експертите тврдат дека претставува пресвртница и докажува дека САД ги зајакнуваат своите проектили со среден дострел.Системот „Егис“, кој се користи во најновиот тест, е опремен со стандардна ракета за пресретнувачи развиена во заедничкото вложување на компанијата „Rejteon Co“ и јапонски „Мицубиши хеви индустри”.

Свет | пред 7 години

7 год.
al-min

Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка.Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали.На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот.Рама истакна дека Леши „ќе донесе нова позитивна енергија“.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija

Полицајците в понеделник на марш низ Скопје за враќање на достоинството во полицијата

В понеделник Независниот синдикат на полицијата (НСП) најави тричасовен синдикален марш низ центарот на Скопје за враќање на достоинството во полицијата. Зборно место за маршот е паркингот пред Македонската радио телевизија во 9.30 часот од каде со возила полицајците ќе се поминат покај ТЦ „Мавровка", преку мостот „Гоце Делчев" до Владата.Тука е предвидено застанување од 15 минути, за, како што најавуваат, изразување револт, а потоа преку булеварот „Св. Климент Охридски" ќе продолжат до улицата „Јордан Мијалков". Таму ќе ги паркираат возила и пеш ќе одат до главната капија на МВР за да одржат прес конференција.„Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на Министерството за внатрешни работи на чело со министерот во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на репрезентативност на синдикат кој по сила ма закон има 20 отсто и повеќе членство на вработените", велат од Независниот синдикат на полицијата.Под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце", Независниот синдикат ги повикува сите членови, сите вработени во МВР и сите симпатизери на НСП да дадат масовна поддршка во пораката која пред МВР ќе му биде испратена на министерот за внатрешни работи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена неексплодирана граната

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во Битола при изведување градежни работи.Според информациите на МВР, вчера во полициската станица-Битола, од страна на вработен пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било пријавено дека истиот ден во 13,30 часот од страна на вработен во фирмата „Гранит", при изведување градежни работи во старата касарна во Битола била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.Во 13,50 часот од страна на ДЗС гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.-Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б – соопшти Бирото за метрологија.Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата.Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти, или 4,6 милиони Европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Car_Samoil

Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил

Серија научници од Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил, пишува бугарскиот портал „Днес". Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете држава, пишува Вечер.За крајот на ноември е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји. Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија.Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.- Можеби спорот за тоа чиј цар е Самоил ќе остане нерешен, ова е нашата заедничка европска историја. Кога се навраќаме кон историјата, подобро е да ги гледаме можностите за обединување – изјави претходно премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Николовски : Не ми е на ниво да му се извинам на Вице Заев за јасно искажаниот став

Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура, вели Николовски коментирајќи го рокот од три дена кој му го постави братот на премиерот, Вице Заев, откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека правена е коалиција со функционери на опозиција за да убедуваат пратениците да гласаат за уставни измени, пренесува Алфа.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски за Алфа вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.– Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Куче спаси момче од пожар и загина

Тригодишното куче Снупи стана херој во Словенија, откако во градот Равне спаси 13-годишно момче од пожар, но при тоа самото загина.Во пожарот што ја зафатил куќата на семејството Камник на првиот кат спиел еден од двајцата близнаци, а Снупи со лижење и благи загризувања успеал да го разбуди од сонот. Момчето пробивајќи се низ чадот и пламените јазици се симнало на долниот кат, од каде неговиот брат повикал пожарникари.Пожарот го уништил целиот прв кат на куќата, а пожарникарите по интервенцијата го пронашле кучето на подот. На Снупи веднаш му била пружена помош во ветеринарна станица, но кучето не преживеало.Спасеното момчето поминало само со лесни знаци на труење, а според пожарникарите брзата реакција на кучето му го спасила животот.

Свет | пред 7 години

7 год.
alil-demiri

На задното седиште од „опел омегата“ пронајдена ДНК на обвинетиот во „Монструм“, Алил Демири

Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд, пренесува Фокус.Тој, исто така, е биолог кој работел на вештачењето на „опел омегата“. Од 2007 година е директор на лабораторијата за ДНК анализи при МВР и објасни дека лабораторијата секоја година се акредитира.Го потврди исказот на претходниот вештак дека се откриени четири ДНК профили. Посочи дека по извршената анализа со дата базата дојдено е до заклучок дека ДНК профилот на Алил Демири е идентичен со ДНК профилот на задното десно седиште од возилото.Веројатноста на форензичкото поклопување е таква што 99,9999999998% од останатата светската популација се исклучува од можноста да биде донор на овој ДНК профил.– Сметам дека не е можно на каков било начин при вештачењето да се направи манипулација на ДНК профилите, рече вештакот.На почетокот на денешното рочиште обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово.Судијата Огнен Ставрев, кажа дека има добиено одговор од Министерството за правда, и побара Обвинителството да го прочита. Во одговорот од Министерството за правда се вели дека е побарана екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор.На денешното рочиште се повикани четири вешти лица, од кои тројца вештаци од Министерството за внатрешни работи.„Монструм“ се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица од крим техника на МВР. Според нивните вештачења, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44807409_1070020149824933_6247786898543083520_n

Ќе се тампонира дел од Охридско Езеро за да се прошири „Кеј Македнија“

Општина Охрид иако не го презентира пред јавноста и го крие проектот за реконструкција на „Кеј Македонија“, станува сосема извесно дека ќе го реализира проектот изготвен и планиран во време на претходната локална власт на ВМРО ДПМНЕ со кој се предвидува да се влезе во водите на Охридско Езеро и да се тампонира површина долга 1 километар и широка повеќе од еден метар во литоралниот дел на самиот брег на езерото.Проектот кој во минатите години жестоко го критикуваше сегашниот градоначалник Јован Стојаноски и Трајче Талески од „Хидробиолошки институт“ од Охрид сега од нив двајца добива поддршка и тие велат дека се работи за издржан проект.„Проектот моментално е во финална фаза, обезбедени се сите неопходни согласности од надлежните институции, изготвен е и елаборат за заштита на животната средина со стратешка оценка за влијанието на проектот врз околината. Стигнати сме до фазата на одобрение од Министерството за транспорт и врски, кое очекуваме во наредните десет дена да биде обезбедено, така што имаме комплетен проект “ исткна во воведното излагање градоначалникот Јован Стојаноски.Целосно својот став го има променето и Трајче Талески од „Хидробиолошки институт“ кој беше присутен во медиумите со жестоки напади против истиот овој проект.„Предвидено е да се забиваат цевки и после тоа да се буши и да се цементира, нема да има близок контакт со водата и со животната средина односно песокот и милта што се во приобалниот дел. Единствено советуваме се што ќе се употреби како гредежен материјал да биде од потекло од сливното подрачје, песокот, чакалот за да нема внесување на нови видови, неавтохтони кои не се среќаваат во Охридското езеро“ , нагласува Трајче Талески од охридскиот Хидробиолошки завод.Единствен од сите кои до сега го критикуваа проектот и кој остана доследен на критиката е екологистот Дејан Паноски кој продолжи да се спротиставува на овој проект.Засега нема глас ни од Охрид СОС, Е.Д.Е.Н., Екосвест, 21/42, Чист Охрид и многу други здруженија кои три години го напаѓаа овој проект, а сега молчат и не се појавуваат во јавноста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев најави помош од 6 милиони евра за спортот

Охрид е домаќин на Самитот на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа. На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.- Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната екипа и вреди да се работи за сите овие деца. На сите им честитам на наградите. Тие луѓе многу направија за спортот, секој на свој начин. Секогаш сте добредојдени во овој космополитски град, уживајте во Охрид, истакна градоначалникот Стојаноски.Исклучително е важно што ја избравте Република Македонија и преубавиот Охрид за овој настан, истакна во своето обраќање премиерот Зоран Заев.- Политичарите се одговорни да дадат прилог за спортот. Приликата е важна и треба да се искористи да се гради пријателство и токму овде да се отвори дебата и да отворите нови перспективи во спортот. Да ги промовираме нашите нови преокупации поврзани со сортот. Владата на Република Македонија е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму да го правиме тоа. Има новини што ги разработуваме со самиот почеток на 2019 година. Планирано е воведување на спортски ваучери и ќе влезат 6 милиони евра за помош на спортот во Република Македонија, истакна премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најдена ДНК од 4 лица во автомобилот во случајот „Монструм“

Биолошките траги најдени во црвената „опел омега“ се поклопуваат со ДНК од првообвинетиот Алил Демири, кој побегна во Косово. Демири од претходно бил внесен во криминалистичката база поради друг случај и при процесот на идентификација се утврдило дека станува збор за истиот човек.Анализата на возилото се вршела во гаража во МВР, а на внатрешноста немало видливи траги од крв. Роберт Јанковски, вештакот кој ги споредувал трагите, вели дека во црвената „омега“ се возеле четири лица, тројца мажи и една жена. Од останатите 4 обвинети, во судницата не се регистрирани траги во возилото.Насер Рауфи - „Дали Агим Исмаиловиќ не го управувал возилото, штом не се најдени негови траги?“Вештак Роберт Јанковски - „Не мора да значи, можеби не останала доволно долго ДНК, но може и да била уништувана, зошто ни на менувачот, ни на воланот не најдовме никаква ДНК“.Семејствата на убиените момчиња сметаат дека процесот се движи во вистински правец.„Со сигурност се утврдува дека таа ДНК потекнува од еден од обвинетите кој е во бегство“ - вели Дафинка Ивановска–адвокат на семејствата на жртвите.Демири се уште е во бегство, како и Африм Исмаиловиќ. По убиството побегнаа во Косово, но од тогаш никој не ги видел. Косовското Министерство за правда, се уште нема одговор до колегите од Македонија, за нивната екстрадиција. Контактираат само со нивните роднини овде и ја чекаат правдата откако СЈО го презеде предметот.„Да имам сознание, во Косово се, живеат нормално, од судството на Косово имаат ослободителна пресуда“ - вели Бедри Ајдари - роднина на обвинети во Монструм.Судијата Огнен Ставрев најави дека вештак ќе врши детален увид на предметот со престрелката во Белимбегово, која во 2009-та се случи на фармата кај обвинетиот Фејзи Азири. За овој случај вештаците утврдија дека една чаура се совпаѓа со чаура од Смилковското езеро. Интересот на присутните во судница го сврте и најавата за тефтерче пронајдено во папката со докази од пред 6 години.

Македонија | пред 7 години

7 год.
micotakis-1

Мицотакис: Не поддржуваме договор што отстапува македонски јазик и македонска националност

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш, овој пат од Солун, го повтори ставот дека нема да го поддржи Договорот од Преспа. Во Солун тој присуствуваше на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на градот.Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис, уште еднаш истакна дека тие не можат да поддржат договор што отстапува македонски јазик и македонска националност.-Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија нема да поддржиме никаков договор што отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи – рече Мицотакис од Солун.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mnr

Поради апарат за мерење крвен притисок евакуирано грчкото МНР

Пакет со електронски апарат за мерење крвен притисок, адресиран до потпретседателот на грчката влада, Јанис Драгасакис, беше причината за денешната евакуација на централната зграда на Министерството за надворешни работи на Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата.Како што јави дописничката на МИА од Атина, канцеларијата на Драгасакис се наоѓа во непосредна близина на зградата на грчкото МНР, а поради рендгенска машина за проверка, сите пратки наменети за потпретседателот на грчката Влада, прво поминуваат низ контрола во Министерството за надворешни работи.Зградата на грчкото МНР што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, откако вработените при проверка на поштата забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
vmro-2

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија за сите обвинети за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април.„Мислам дека веќе в понеделник  медиумите ќе го имаат Законот за амнестија за лицата од 27 април што е составен од страна на  врвни правници“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања.Арсовски меѓудругото денеска одговори и на прашањето дали партијата ќе се вклучи во процесот на поднесување уставни измени и амандмани. Во однос на оваа тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување на стратегија за дејствување во наредниот период.

Македонија | пред 7 години

7 год.
25_10_2018_VIZANTOLOGIJA_2

Иванов ја отвори националната конференција за византологија и медиевистика

Во конгресниот центар на УКИМ, денес, свечено беше означен почетокот на првата национална конференција за византологија и медиевистика, насловена како „Самуилова држава – 1000 години потоа (1018 – 2018)“.  Конференцијата ја отвори претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој во своето обраќање се осврна на политичките теории и институциите на Источното Римско Царство.Кога во 867 година Ерменецот Василиј со преврат станал византиски император, нему му биле потребни сите можни аргументи за да ѝ даде легитимитет на својата власт. Еден од тие аргументи бил фактот дека тој се родил во византиската тема Македонија, која опфаќала само еден мал дел од поширокиот историски и географски регион Македонија. Тоа било повод неговата династија да се нарече македонска. Надоврзувајќи се на овој наратив, Константин VII Порфирогенит изградил перцепција за наводна генеолошка врска на неговиот дедо Василиј I со античката македонска династија за да го зајакне легитимитетот. Тоа денес некои го нарекуваат антиквизација. На византиската македонска династија, секако, ѝ одел во прилог фактот дека во тоа време не постоел друг државен субјект што би се повикувал на славната македонска традиција. Но, набргу нештата се смениле. Словенските светители и просветители Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Наум Охридски создале услови за културно, образовно, духовно, а со тоа и социоекономско издигнување на словенските народи, и конкретно, народот на Македонија. Семето што го посеале изртило и пуштило корен од кој никнала една фиданка. Во 969 година, користејќи ја презафатеноста на Византија на Истокот, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил кренале востание против разнишаната бугарска власт. Во 976 година, односно пет години по укинувањето на Првото бугарско царство од страна на Византија, Самуиловата држава се воспоставила како нова геополитичка реалност на Балканот, потенцираше претседателот Иванов.Пред присутните на конференцијата, во името на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.Одржувањето на националната конференција посветена на Самуиловата држава, нејзиното основање, постоење и пропаѓање ќе има виден придонес во продлабочувањето на проучувањата на македонската средновековна историја и на византологијата, подрачја кои кај нас не се доволно истражени и расветлени. Новите сознанија ќе помогнат на сегашните, но и на идните генерации историјата да ја гледаат реално и низ аргументи, а не да ја злоупотребуваат за дневно – политички или други интереси, истакна претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.Во продолжение на конференцијата беа прочитани поздравни телеграми од претседателите на пријателските комитети од повеќе земји и од Интернационалната асоцијација за византологија и медиевистика, како и од Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана, господин господин Стефан. Mеѓу присутните беа деканот на Филозофскиот факултет, д-р Ратко Дуев, претседателот на Српскиот комитет за византологија и медиевистика, д-р Срѓан Приватриќ, митрополитот на Дебарско – кичевската епархија, господин Тимотеј и други интелектуалци од оваа област.Настанот беше збогатен и со настап на византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

Груевски до 8-ми ноември треба сам да се јави во затвор за опслужување на казната

Експремериот Никола Груевски до 8ми ноември го добил упатниот акт за во затвор, по изречената пресуда за случајот „Тенк“ на СЈО, потврди Основен суд Скопје 1.Актот му бил предаден во судот, откако претходно, судскиот курир не можел да го најде на домашна адреса.Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин „мерцедес“.Во образложението на пресудата, судијката Кацарска рече дека Поповски е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, додека Никола Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание. Двајцата се задолжуваат да ги надоместат трошоците од 325. 584 денари.Според образложението на судијката Кацарска, Груевски се договорил да глумат дека „мерцедесот” е на МВР, а не за него. „Премиерот не смее да ги потценува и омаложува граѓаните“, рече судијката при изрекувањето на пресудата и додаде: „Чест е да се биде носител на јавна функција, а посебно премиер кој треба да се грижи за интересите на граѓаните…”Таа образложи дека Груевски успеал за себе да обезбеди „мерцедес”, кој бил криен од јавноста за да собере политички поени.Ова е прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Земјотресот на Закинтос ги оштети пристаништето и манастирот од 15 век

Земјострес со јачина од 6,4 степени утрината го погоди грчкиот остров Закинтос. Грчките медиуми јавуваат дека се оштетени пристаништето и манастирот од 15 век.Потресот се почувствувал и во Малта, Италија, Албанија, Либија, но и во Македонија.Грчкиот Завод за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во област 50 километри околу Закинтос, во 1 часот и 54 минути по локално грчко време.Потоа, во текот на ноќта се случиле серија помали потреси.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе скопски општини денес без струја

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без струја денес ќе бидат делови од општините Сопиште, Чаир, Студеничани, Бутел, Ѓорче Петров и Карпош.Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Соње во општина Сопиште, во периодот од 08:45 до 14:00 часот корисниците од булевар „II Македонска Бригада“, ул. „Никола Малешевски“, булевар „Македонско Косовска Бригада“, улиците „Роналд Реган“, „Ѓорѓи Поп Христов, „Методија Митевски“ и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците на дел од село Морани, општина Студеничани, од 09:00 до 11:10 часот корисниците од ул „8“ во Радишани и населба Буринарец, како и населба Хот Хот, дел од Љуботенски Пат во општина Бутел.Без струја од 08:40 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Софре Марковски“, ОУ „Климент Охридски“, улица „Коста Ристовски“, улица „Петар Чангов“, улица „Марко Крале“, улица „Натанаил Кучевишки“, улицата „Андре Мазон“, Црква Бутел и околината, улицата „Зафер Мудиќ“, улицата „Призренска“, улицата „1099“ и улицата „Благоја Вујов“ во општина Ѓорче Бутел.Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Горни Жданец во општина Карпош, а во периодот од 08:35 до 14:00 часот корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Петар Ичко“, „Методија Митевски“, „Аугуст Цезарес“, „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Седум лица со телесни повреди во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи - почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања