Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
obvinitelstvo1

Четири лица под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. На осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в ст.1.Првоосомничениот во својство на извршен орган на општината, потпомогнат од второ и трето осомничените и поттикнат од четвртоосомниченото лице во периодот од 2013 до 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што со четвртоосомниченото лице склучил договор за продажба на објект – реконструирана стара училишна зграда и земјиште во сосопственост на Општина Демир Капија за износ десет пати помал од реалната пазарна цена. При продажбата не е земена предвид претходно инвестираната реконструкција на објектот со средства од Договорот за грант од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ наменет за Република Македонија. На тој начин четвртоосомниченото лице се стекнало со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Општина Демир Капија.Воедно, првоосомничениот во текот на 2017 година без надомест ја отстапил фондацијата чиј основач била Општина Демир Капија на свој близок роднина, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, на штета на Буџетот на општината во износ од 4.208.922,00 денари. Со преземените дејствија осомничените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 5.021.000,00 денари и буџетот на Општина Демир Капија во износ од 10.434.569,00,00 денари.На предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје со Решение на тројца осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а за четвртоосомниченото лице е определена мерка – куќен притвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Двајца рудари повредени при ископ на руда во „Тораница“

Двајца рудари се повредени при ископ на руда во рудникот „Тораница“, соопшти МВР. Според информациите на полицијата, вчера околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот „Тораница“.В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда.Од МВР информираат дека е извршен увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gradinka

Ужас во градинка во Кина, жена избодела со нож 14 деца

Кинеската полиција соопшти дека 14 деца се повредени во напад со нож во градинка во западниот град Чонгчинг. Нападот го извела 39-годишна жена идентификувана само како Лиу, се наведува во соопштението.Нема информации за причините за нападот, ниту која е жената.Во Кина изминатите години се забележани повеќе слични инциденти, за кои најчесто се обвинети ментално заболени или гневни лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
dacic

Дачиќ: Не го даваме образот, Уставот и Косово за некакви европски моркови

Во врска со изјавата на пратеникот на Бундестагот Петер Баер од ЦДУ, партијата на Ангела Меркел, кој рече оти во Белград дошол со порака дека „Србија не може да биде дел од ЕУ, додека де јуре не ја признае независноста на Косово”, Дачиќ рече дека она што тој го кажа секако треба да се сфати сериозно, бидејќи е партиски функционер на партијата на канцеларката Ангела Меркел.„Но, ако тоа навистина е така, тогаш зошто е дијалогот во Брисел, зошто е тој исцрпувачки и за нас многу фрустрирачки процес, ако се знае однапред исходот”, праша Дачиќ.Тој додаде дека дипломатската битка за Косово и Метохија допрва следува.„Сигналите од поедини клучни западни држави, пред се од САД, кои досега цврсто застанаа на позициите дека за нив независноста на Косово е завршена работа, ни дава за право да се бориме, земајќи ја предвид реалноста на теренот, но и темелите на меѓународното право кои се брутално нарушени во 2008 година со едностраната акција на властите во Приштина “, рече Дачиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржи Првата македонска годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.На конференцијата ќе се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска, а од страна на организаторите најавено е и присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

92 возила кренати со пајак, пет сообраќајки, 29 возачи исклучени од сообраќај

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи - почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО: Притвор за четири лица за злоупотреба на службена положба во Општина Демир Капија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани за злоупотреба на службена положба. На предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 со решение на тројца осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а за четвртоосомниченото лице е определена мерка – куќен притвор.Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. Имено, првоосомничениот во својство на извршен орган на општината, потпомогнат од второ и трето осомничените и поттикнат од четвртоосомниченото лице во периодот од 2013 до 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што со четвртоосомниченото лице склучил договор за продажба на објект – реконструирана стара училишна зграда и земјиште во сопственост на Општина Демир Капија за износ десет пати помал од реалната пазарна цена.При продажбата, како што стои во соопштението, не е земена предвид претходно инвестираната реконструкција на објектот со средства од Договорот за грант од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ наменет за Република Македонија. На тој начин четвртоосомниченото лице се стекнало со противправна имотна корист на штета на буџетот на Општина Демир Капија. Воедно, првоосомничениот во текот на 2017 година без надомест ја отстапил фондацијата чиј основач била Општина Демир Капија на свој близок роднина, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, на штета на Буџетот на општината во износ од 4.208.922,00 денари.Со преземените дејствија осомничените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 5.021.000,00 денари и буџетот на Општина Демир Капија во износ од 10.434.569,00,00 денари. 

пред 7 години

7 год.
sv-zlata

Денеска се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ѝ рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ѝ даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зимата сеуште не доаѓа

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоистоќен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од минус три до пет, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 20 степени.За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд

Македонија | пред 7 години

7 год.
opozicija

Опозицијата нема да се вклучи во подготовката на нацрт уставните амандмани и во телото за помирување

Нацрт – амандманите на Уставот за кои тече рокот што произлегува од петочната одлука на Собранието, се во фаза на изготвување. Се прават обиди во консултациите за нивното изготвување да се вклучат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но засега тоа нема да се случи. Џафери вели дека е јасно дека од ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за општо помирување кое ќе се одрази и врз граѓаните.Нацрт амандманите за промена на Уставот би можеле да се најдат во Собранието за викендот или од понеделник.Од пратеничката група на СДСМ велат дека се остава време за вклучување на пратениците од опозоцијата во консултациите, иако изразуваат песимизам дека тоа ќе се случи.Доколку тоа не се случи, во консултациите, велат од таму, ќе биде вклучена евентуално новата пратеничка група.Од ВМРО-ДПМНЕ нема конкретни информации дали навистина нивните пратеници не сакаат да се вклучат во консултациите за нацрт-уставните амандмани. Од опозициската партија нагласуваат дека допрва ќе се носи одлука како партијата ќе постапи во однос на ова прашање. Одлуката ќе ја донесат во договор со пратениците.Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека во однос на најавата за консултации за подготовка на нацрт-амандамните на Уставот, обврска на предлагачот е да подготви Нацрт – амандмани, но неспорно е да се направат консултации претходно во однос на замислата меѓу пратениците и Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
traektorija

Ново рочиште за „Траекторија“

Со презентирање на СМС пораки и други доказни материјали што ги предложи СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.На претходното рочиште беа прочитани неколку стотини СМС пораки меѓу пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерствот Елена Кузмановска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вешти лица со искази за предметот „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство на Смилковско Езеро.Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица. Според вештачењата на крим-техниката од МВР, како што беше кажано на рочиштето на 19 октомври, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.За петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjotres-2

Земјотресот во Грција оштети пристаниште и манастир од 15 век

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени што утрово ја погоди јужна Грција, засега нема информации за евентуални жртви. Како што пренесуваат грчките медиуми, од силните потреси на грчкиот остров Закинтос, оштетени се пристаниште и манастир од 15 век.Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита, изјавил дека три лица биле пренесени во болница, од кои две биле со полесни повреди, пренесе Ројтерс.Потресот беше почувствуван, во Македонија, но и во Албанија, Малта, Италија и Либија.Епицентарот е регистриран во Јонското море, околу 130 километри југозападно од Петраса на Пелопонез, на длабочина од 14 километри.

Свет | пред 7 години

7 год.
kina-policija

Хорор во Кина: Жена со нож избоде 14 деца во градинка

Вкупно 14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во западниот кинески град Чонгкинг, соопшти локалната полиција.Во врска со нападот е уапсена 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож пред градинката „Нов век“, соопшти полицијата.Повредените деца биле однесени во болница, а случајот се истражува.

Свет | пред 7 години

7 год.
sara

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на Сара

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на СараНа петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.Донациски број за донации преку мрежата на ВИП: 077 143-480Донациски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-102

Македонија | пред 7 години

7 год.
bacev-jonuz

Канал 5: Бачев ја злоупотреби „Само вистина“

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, не престанува со скандалите. Овој пат го злоупотреби просторот овозможен од Канал 5 во емисијата „Само вистина“, која е најгледана и највлијателна политичка емисија во земјава, за да упати навреди кон високи странски политичари, а повторно употребуваше и навредлив говор за Албанците, реагира телевизијата.На крајот од синоќешниот телевизиски дуел со аналитичарот Агим Јонуз, Бачев упати навредливи зборови кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот и германската канцеларка Ангела Меркел.„Бачев го искористи моментот дека емисијата се емитува во живо и навредите ги упати практично откако емисијата беше завршена со што тоа грубо ги прекрши етичките кодекси. Ова не беше единствениот случај. Во текот на емисијата Бачев неколку пати употреби навреди и кога говореше за Албанците. Со ваквите испади, Јанко Бачев по кој знај кој пат ја помина црвена линија во јавниот дискурс и го злоупотреби времето што Канал 5 му го овозможуваше во име на плурализмот на мислењата.Линијата меѓу слободата на говорот и говорот на омразата е јасно исцртана во демократиите кон кои Македонија се стреми. Канал 5 целосно свесна за улогата што ја имаат медиумите, соопштува дека во иднина на нашата програма нема да има место ниту за Бачев, ниту за други останати поединци слични на него, кои со преку злоупотреба на јавниот простор, со помош на навреди и дисквалификации, се обидуваат да ги остварат свои цели, притоа не водејќи грижа за елементарните морални постулати.Потсетуваме дека Бачев и летово во изјава за медиумите користеше навреди за нашите сограѓани Албанци. Случајот го проверуваше и јавното обвинителство, но нема информации дали нашле елементи за говор на омраза или случајот е затворен“, се наведува во реакцијата на Канал 5.

Македонија | пред 7 години

7 год.
images_todorov-21

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортус

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортусПоранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 упати извинување до сите жени за контраверзниот Закон за абортус кој се донесе додека тој беше министер.Законот беше донесен во 2013 година, во отсуство на пратеничката група на СДСМ. Пратениците од тогашната власт го изгласаа со 62 гласа „за“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Никола Тодоров додека министерувал правел и операции?!

Поранешниот министер Никола Тодоров при посета на болницата во Охрид на 1 ноември 2013 година на докторите им објаснувал како тој лично пробал да оперира како што им појаснува со најмодерна опрема пациент во присуство на некој хирург.На архивскиот видео материјал објавен тогаш на порталот „Охрид 1“ се слуша:„Јас пробав лично. Значи кога ќе ги допреш тие се осеќа, се комплетно. Тоа е како видео игра. А видите јас сум нестручен, ама пробав да видам како ќе се чувствувам. Со мене беше и еден врвен хирург и тој вика идентично“ - објаснува Тодоров пред докторите во Охрид.Како оперирал Тодоров во областа на роботската хирургија внимателно слушаат и сега актуелните пратеници, докторите Љубен Арнаудов и Сашо Василески.Интересно е дека кога Тодоров вели дека е нестручен, докторите возвраќаат со:„ Не би рекол дека е така“

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-april

Нови 12 часа во судница за обвинетите за 27 април

Нова 12 часовна судска тортура се алучила на вчерашното судење за настаните од 27 април. По којзнае кој пат судењето повторно траело предолго иако предходно независни набљудувачи предупредија дека со тоа се кршат правата на обвинетите и случајот поради тортура може да падне во Стразбур.Во Кривичниот суд во Скопје со прикажување видео снимки од безбедносните камери продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април минатата година.Едната снимка од безбедносната камера од пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски се гледаше до околу 17 часот, а потоа беше пуштена и другата снимка од балкон-салата во Собранието.На првата снимка се гледа движење на обезбедувањето на Вељановски, како и на обвинетите Горан Ѓошевски, Елена Божиновска и Иван Цветковски, кои ја упатуваат толпата луѓе низ ходникот што води кон прес-салата во Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ZAKINTOS-1

ВИДЕО: Жителите на Закинтос, Грција во паника, асфалтот оштетен - куќите изронети

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Анализа на случаите на убиства на жени

Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје.Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија “ чиј дел се и случаите на убиства на жени во овој период ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.– Анализата е спроведувана во периодот септември – ноември 2017 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, ќе бидат презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.На настанот, воведни обраќања треба да имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика работи Мила Царовска, и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avirovik

На исклучените од ВМРО им се приклучува Авировиќ

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија. Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално нови пратеници од актуелната опозиција.Според информациите што ги добивме од исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на нив ќе им се придружи и Слободанка Авировиќ од Социјалистичката партија која, исто така, одлучи да гласа „за“ договорот со Грција со што ја „предаде“ коалицијата „За подобра Македонија“.„Во овој момент, приоритет ни е да се договориме меѓу себе, да ги искоординираме следните настапи и да видиме како ќе функционираме во иднина. Не се приклонуваме никому, ќе бидеме самостојни. Потоа, ќе разговараме и со Панче Минов, кој најави дека нема да ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ поради разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседателското место. Секако дека сме отворени за соработка, но не можеме да предвидиме што ќе се случува во следните фази од процесот во парламентот“, велат нашите соговорници.Исклучените пратеници не сакаат од името на новата група да биде избришан префиксот ВМРО, па се прават комбинации како да се зачува. Потсетуваат дека во минатото имало примери каде ВМРО-ДПМНЕ имало и по десет свои пратенички групи со исто име со цел да имаат повеќе време за збор на седниците во Собранието или на комисиските расправи.Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ и вчера продолжија да ги напаѓаат седумте нивни пратеници што им свртија грб: Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Нола Исмајлоска-Старова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Александрова и Елизабета Канческа-Милевска. Потенцираат дека само неколку дена пред да гласаат „за“, Александрова, Исмајлоска-Старова и Канческа-Милеска гласале „против“ ставањето на точката за промена на уставот на дневен ред на парламентарната седница.„Четири дена подоцна, гласаат сосема спротивно. Можете да претпоставите што се случувало во тие четири дена“, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Предупредување за цунами по земјотресот во Грција

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.Јужниот дел на Грција го потресоа неколку земјотреси од кои најсилниот беше со интензитет од 6,8 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес почувствуван и во Македонија

Три силни земјотреси ја погодија Грција и истите се со епицентар во Јонското море на оддалеченост од околу 46 километри југозападно од островот Закинтос.Првиот потрес е почувствуван околу 00:22 часот со јачина од 5,1 степен според Рихтер, вториот во 00:54 со јачина од 6,8 степени, а третиот е регистриран во 1:09 со јачина од 5,6 степени. Сите три се на длабочина од 10 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во југо-западните делови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џибони доаѓа во Скопје

Од „Авалон продукција“ најавуваат голема предновогодишна журка. Како и досега, декември е месецот кога се одржува „All you need is love“ фестивалот.Годинашното издание е резервирано за недела, 23-ти декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде регионалната ѕвезда Џибони.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања