Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Почнува втората фаза од постапката за менување на Уставот

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандаманите се утврдени низ иклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.Пратениците во Собранието, како што појасни Заев, имаат можност низ дебата и амандмани да го подобрат текстот на предложените нацрт-амандмани.Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.– Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата,  демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед, појасни Заев.Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека овој договор и досега бил вграден целосно во Уставот, но оти аргументите што биле дадени во дебатата биле дека кога веќе се отвара Уставот, тогаш и тој да се вгради за да биде конститутивен елемент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Демократите ја преземаат контролата врз Претставничкиот дом

Демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом по изборите за американскиот Конгрес, кои беа сфатени како своевиден референдум за досегашното владеење на претседателот Доналд Трамп.Тие ќе имаат мнозинство во понискиот дом на Конгресот за првпат по осум години, што ќе им овозможи да ја попречуваат политиката на Трамп, но затоа се очекува републиканците да ја зацврстат својата позиција во Сенатот.На првите избори по доаѓањето на Трамп во Белата куќа пред две години, Демократите ќе ги освојат потребните 23 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом, со што ќе можат да почнат истраги за сите спорни прашања во администрацијата на Трамп и поефективно да ги блокираат нејзините предлог-закони, што првенствено се однесува на изградбата на ѕид долж мексиканската граница. Се проценува дека демократите ќе имаат 229, а републиканците 206 места во Домот, но конечните резултати допрва треба да се објават.Женските кандидати исто така остварија голем успех на изборите и се очекува во новиот состав да има рекорден број жени во Конгресот.Со 29 години, демократката од Њујорк Александрија Окасио-Кортес треба да стане најмладата конгресменка во историја, демократките Илхан Олмар (Минесота) и Рашида Тлаиб (Мичиген) ќе станат првите муслиманки, а демократките Шарис Дејвидс (Канзас) и Дебра Халанд (Њу Мексико) првите домородни Американки избрани во Конгресот.„Ви благодарам, утре ќе биде нов ден во Америка“, изјави лидерката на Демократската партија Ненси Пелоси на собирот во Вашингтон.

Свет | пред 7 години

7 год.
tanc

Со својот танц во Гана, принцот Чарлс ѝ зададе домашна задача на Тереза Меј

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила моментно се на турнеја во Западна Африка во име на британската влада, а наследникот на тронот за време на посетата на Гана ги покажа своите танцувачки способности, пишува „Дејли мејл“.Тој танцуваше со танчари во Гана на звуците на нивната традиционална музика на тамошен културен настан.Медиумите пишуваат дека тој ги одушевил присутните и дека дури ѝ задал домашна задача на британската премиерка, Тереза Меј, чиј танц многумина го коментираа во изминатите месеци.За време на турнејата тие ги посетија Гана, Нигерија и Гамбија. Ова е прва посета на Чарлс на земјите на Комонвелтот по одлуката во април дека ќе ја наследи својата мајка на чело на овие земји.

Магазин | пред 7 години

7 год.
marsej

Најмалку четири жртви во уривањето на зградите во Марсеј

Бројот на жртви во уривањето на двете згради во францускиот град Марсеј достигна четири лица, соопшти француски обвинител.Спасувачките екипи вчера од под урнатините го извадиле телото на четвртата жртва, која била жена. Претходно, биле откриени телата на двајца мажи и една жена.Двете згради во јужниот француски град се урнаа во понеделникот наутро.Уште неколку луѓе се водат како исчезнати.

Свет | пред 7 години

7 год.
vatikan

Ватикан: Свештениците преку интернет да се поврзуваат со луѓето што не доаѓаат во црквите

Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето што повеќе не доаѓаат во црква, но се достапни по пат на социјалните мрежи, изјави ватиканскиот експерт за дигитализација, Пол Тиње, познат по тоа што работеше на интернет-презентациите на папата Франциско.Тој го повика католичкото свештенство во светот да ја прифати употребата на социјалните мрежи за да допре до верниците и неверниците, пренесе „Ројтерс“.Според него, малдите сè помалку се присутни во црквите, а социјалните мрежи се механизам што овозможува комуникација и пристап до луѓето до кои инаку не може да се допре.Папата Француско има профил на „Твитер“ и речиси 18 милиони следбеници. Неговите објави често се споделувани, но голем број црковни поглавари не го следат неговиот пристап.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата

Грчката Влада и Грчката православна црква вчера постигнаа условен договор околу 10.000 свештеници и помошен персонал да се отстранат од платниот список на Владата, со што се отвора патот кон јасна поделба помеѓу црквата и државата.Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и архиепископот Јеронимос. Договорот предвидува државата да исплаќа субвенции на посебен црковен фонд за исплата на плати за свештениците.Со договорот опфатено е и решение за повеќедеценискиот спор околу имотот на грчката држава и Грчката православна црква, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.Според досегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат директно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците се издвојуваат околу 200 милиони евра годишно.Договорот постигнат помеѓу Ципрас и архиепископот Јеронимос треба да биде усвоен на седница на Влада, во Парламентот и од страна на црквата.Здружението на грчки свештеници веќе најави дека ќе се спротистави на секој обид за укинување на статусот државни службеници.Грчката православна црква со векови има водечка улога во државата, а според Устав, православието е официјална религија во Грција.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На Германците очајно им требаат работници

Во Германија, во третиор квартал од оваа година со 1,24 милиони отворени работни места е забележан рекорден недостаток на работна сила, јавува Инситутот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).„Најголемиот раст на побарувачка е забележан на подрачјето на преработувачката индустрија, но и во побарувачката во секторот на услужни дејности има над 600.000 отворени работни места“, вели Александер Кубис од ИАБ.Во градежништвото отворени се 108.000 работни места, а во логистиката (сообраќај и складиште) 87.000.Најголем број отворени работни места се однесуваат на средна или випша стручна спрема (60,8 отсто), потоа лица без квалификации (22) и на крај лица со факултетско оберазование (17 отсто).Германскиот пазар на труд веќе со години се соочува со недостиг на работна сила, со се поголем број на пензионери, што се обидува да го компензира со увоз на работна сила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И МАСИТ е за одлагање на даночните реформи за 5 години

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ е за подобри услови за работа на бизнис заедницата, а посебно ИКТ секторот и повторно бара одлагање на даночните реформи. МАСИТ е против прогресивниот данок и предупредува дека најавената даночна реформа може да доведе до сериозни проблеми при функционирањето и унапредувањето на ИКТ секторот во Република Македонија.Предложената даночна политика нема да оди во линија на подобрување на социјалната  еднаквост, туку ќе оди во насока на целосно намалување на продуктивноста, вработливоста, и развојот на квалификации, смета МАСИТ. Со оваа даночна реформа се врши пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста.  Со предложените мерки се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.Наместо фискален ефект, ќе се добие ефектот на даночна непослушност и ќе биде главен двигател на сивата економија. МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. Директно поврзано, по овој основ на дополнителните средства кои ќе се инјектираат во буџетот, јазот меѓу богатите и сиромашните нема да се нивелира, туку ќе се продлабочи.МАСИТ смета дека првенствено и во насока на соодветна и ефективна даночна реализација, треба да се подобри начинот на собирањето на даноците, со цел целосно искоренување на сивата економија, или барем нејзино сведување на минимум. Со таа контрола на примањата по основ даноци, ќе се затвори прашањето за постоењето на сиромаштијата во голем степен. Конкретно, со истата мерка за собирање на данокот од сите даночни обврзници, од кои нема даночна реализација, ќе се постави нормален систем во државата и токму тогаш ќе се воведе рамноправен третман кон сите економски оператори.МАСИТ постојано предупредува на појавата “одлив на мозоци” и “одлив на капитал и намалени инвестиции ”- брзото и ненајавено, однапред не анализирано даночно решение кое претставува сериозна измена во финансиската легислатива во државата и те како го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори.Воведувањето на прогресивен данок директно ги таргетира висококвалификуваните и професионални ИКТ кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Тоа ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација. Ова пак претставува директен удар за иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и додадена вредност и се двигатели на економијата – иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum-petreski2

Жената која Наум Петрески повика да се убие, побара тој да се извини или таа ќе тужи

Јаци Луна, личноста која беше јавно атакувана од пејачот Наум Петрески, побара тој за се извини за упатените закани за одземање на нејзиниот живот. Луна за “Скопје 1” вели дека бара Петрески да и се извини лично, во спротивно, таа ќе покрене тужба пред органите на прогонот.Петрески на социјалните мрежи напиша “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.Преписката се однесувала по кратка дебата на социјалните мрежи поврзана со бездомните кучиња. Целата преписка, пред заканата започна со коментар од Петрески кој напиша “Ова е знак да се почне со стара техника а тоа е ловечка хајка и чистење на сите кучиња скитници на цела територија на државата. Или да ги испратиме гомнојадците од Анима Мунди да се справат со нив бидејќи се најстручни“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Што ветуваше пред изборите, а што исполни за време на мандатот, градоначалникот Златко Марин?

Под лупа го ставаме градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.Во ова видео, кое е негова промоција како кандидат за градоначаник на општина Аеродром, ветува решавање на низа проблеми кои ги тиштат жителите.Меѓу нив, загадениот воздух, сообраќајниот хаос, недостатокот на паркинг простор, изградба на гасификација. Од сето ова, ништо не е исполнето.Тој, како и претходникот Ивица Коневски продолжи со истите практики, без никакви мерки да раководи со општината. Заеднички им е и тоа што не го решаваат два најголеми проблеми - загадувањето и градењето низ Аеродром. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Прогресивниот данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува

„Впрочем, најавениот прогресивен данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува.Нормално е, додека се бунат високоплатените работници (информатичката индустрија, воздухопловната индустрија и сл.) за зголеменото оданочување на нивниот доход, нископлатените работници (текстилната индустрија, металната индурстрија и сл.) да се антагонизираат со нив.Во взаемната омраза, високоплатените и нископлатените работници забораваат дека имаат многу заедничко: и двете групи работат за газди, чии добивки, имот, богатство и луксуз остануваат нечепнати“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45491534_1841288839302501_8808115649281785856_n

Охриѓанката Сара Настоска замина на лекување во Германија

Нашата сограѓанка Сара Настоска го започна своето лекување во Германија.Нејзините родители на Фејсбук со благодарност и повик на молитва се заблагодарија на сите луѓе кои се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на Сара.Постот го пренесуваме во целост:Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.Вечно благодарни, од срце,семејство Настески

Македонија | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Нема да ви поминат обидите за заплашување и реваншизам

„Новата Влада предводена од СДСМ противзаконски се обидува да изврши притисок врз нашите најистакнати членови!Генералниот секретаријат на Владата, иако ненадлежен, испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се прегледа досието на членот на Президиумот, Димитар Апасиев, во однос на неговиот докторат на УКИМ и работниот однос на Универзитетот „Гоце Делчев". Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти.Левица ги повикува институциите да реагираат на ова флагрантно кршење на законите од највисоките државни институции, за што ќе биде поднесено и соодветна претставка.Нашата борба е идеолошки чиста и нема да ви поминат ваквите обиди за заплашување и реваншизам!“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Преку законски измени државата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња

Владата на денешната седница иницирала измени на Законот за здравствената заштита и благосостојбата на животните.Како што соопшти владината прес-служба, во насока на решавање на проблемот со бездомните кучиња, Владата го задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени.Проблемот со бездомните кучиња повторно деновиве е актуелен. Викендов повеќе здруженија за заштита на животните протестираа барајќи примена на хумани методи за бездомните животни и трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно. Дополнително, денеска, јавноста ја потресе и случајот со девојката, која бегајќи од кучиња, се удави во Вардар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velosiped

Скопјанец удри во велосипедист

Во неделата во 13.45 часот на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(36) од Скопје, удрило во велосипедистот З.П.(59) од Скопје.Притоа, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitar-stevanandzija

Стевананџија: Единствена мерка што ја презеде владата за спречување на загаден воздух е вработување на 10 оџачари

Пратеникот Димитар Стевананџија при гостувањето на емисјата „Само вистина“се заблагодари на водителката за поканата и при тоа во интерес за добра дебата сакаше дебатата да ја започне со мал подарок, а тоа е маска бидејќи воздухот е енормно загаден.Прифаќајќи го предизвикот да бидам гостин со колегата кој е претставник на „Шарената револуција“, се потсетив на некои настани од минатата година кога тој борејќи се да придонесе за почиста средина, за почист воздух беше еден од најактивните борци.Но ме зачудува што за 12 месеци го нема да го прави тоа истото и тоа во моменти кога Скопје стана лидер, европски првак во загаденост пред Неапол, пред неколку градови од Албанија. А, на светско ниво Скопје стаса да биде 6-ти најзагаден град, појасни Стевананџија.Стевананџија образложи дека со исклучени базни станици во Скопска Железара и Лисиче го освоивме 6-тото место како најзагаден град во светот, зад Лахор Пакистан, Њу Делхи во Индија и три градови од Кина. Скопје значи по нешто стана препознатлив. А, единствена мерка што ја презеде градоначалникот и владата е вработувањето на 10 оџачари кои што треба да го намалат овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните, посочи Стевананџија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е овластен пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата по предложениот предлог меморандум.-Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина. Со отворањето на граничниот премин со сите останати придружни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона, се вели во соопштението од Владата.Министрите на денешната седница ја усвоија и информацијата за потребата од почнување постапка за водење преговори за склучување договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија.Преговорите ќе ги води работна група, која е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.

Македонија | пред 7 години

7 год.
38085894_685977301736032_1256429932972605440_n

ГДУ: Фала ви Петре, Наташа, Теута што се угушивме!

“Скопје нижи рекорди во загаденост и Битола се гуши во ПМ10 честички, а Петре Шилегов и Наташа Петровска си организираат дружби на кои си се смеат сами на својата неспособност и заедно со министри , директори и колеги се гоштеваат на сметка на граѓаните.Загаденоста, комарците, проблемот со кучињата скитници се реални проблеми, а вие сте избрани за да ги решавате тие проблеми.Господине Шилегов ако велите дека ви е добро познат муабетот дека „ништо не работиш“, тогаш зошто не ги засукате ракавите?Скопје е шести најзагаден град во светот. Ова ли е светата должност за која зборувавте пред изборите? Ова ли е стратегијата за намалување на загаденоста? Вака ли ја замислувавте зелената европска престолнина?Илјадници смртни случаи има годишно. Ова е алармантно.Една година седиш во фотелја, а од 40-ина мерки за намалување на загаденоста со кои се пофали пред избори, си реализирал само една.И не е алармантна само состојбата во Скопје и Битола, Тетово редовно високо котира на листата на најзагадени градови во Европа.Еуроњуз ни посвети прилог: Невидлив убиец на улиците во Македонија – најзагадена држава во Европа.Ова воопшто не е комично, ова е трагично. Не барајте оправдувања, бидејќи едно зборувавте пред изборите, друго сега.Неколку илјади лица умираат годишно како резултат на загадениот возудх.Спроведување мерки, а не само фалби по телевизии дека нешто ќе направите!“, стои во сопштението на ГДУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
njemac-traktor1

Триесет дена притвор за пијан тракторист

На возач на трактор од кочанското село Двориште му е определена мерка притвор во траење од 30 дена постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка.Од Јавното обвинителство на Република Македонија соопштија дека ссомничениот како учесник во сообраќајот на јавен пат, во својство на возач, не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.Имено, спротивно на чл.228 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако знаел дека му претстои управување со возило, се довел во состојба под дејство на алкохол, со присуство на алкохол во крвта од најмалку 0,75 грам промили. Потоа, во таква сосотојба, управувајќи со моторно возило – трактор „Ландини 7830″ без регистарски ознаки во правец од с. Двориште до излез кон Република Бугарија, излегол од десната страна на коловозот, при што тракторот се превртел во удолнина во должина околу 10 метри.Дополнително, спротивно на чл.186 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако на тракторот немал фабрички посебно вградено седиште, во кабината превезувал уште едно лице.По превртувањето на тракторот, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди на главата во вид на скршеници на черепот и како последица на повредите починал. Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка и ќе влијае врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани достави Предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Истрага за три лица за примање поткуп и помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп, како и за две лица за помагање при извршување на кривичното дело – примање поткуп.За првоосомничениот постои основано сомнение дека како службено лице даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку второ и третоосомничените лица, побарал парични средства во износ од 5.000 евра од сопственик на едно правно лице. Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно да направи дополнителни и детални контроли на даночниот субјект по однос на пресметката за плаќање на даночната обврска.При извршување на кривичното дело, со умисла му помогнале второ и третоосомничените лица, сопственици на сметководствено биро од Скопје, преку давање совети и упатства, како и директно посредувајќи во комуникацијата со оштетената со која претходно се познавале.Осомничените, на 05.11.2018 година, во еден угостителски објект, реализирале заедничка средба, на која оштетената на првоосомничениот му ги предала парите во износ од 5.000 евра во десет банкноти во апоени од по 500 евра. Банкнотите биле претходно крим-технички обработени од страна на полицијата. Осомничениот ги ставил обележаните банкноти во џебот од палтото и по интервенција на полициските службеници бил затекнат со нив кога го напуштал угостителскиот објект.Со оглед на проценката дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и особените околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. За второ и трето осомничените лица се предложени мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Apple-Huawei-796x464

Huawei го задржува своето водство пред Apple во третиот квартал од 2018 година

По вториот квартал од 2018 година, Huawei повторно забележа подобри резултати од својот конкурент.Според IDC, глобалниот пазар на паметни телефони е намален за 6% во Q3/2018 во споредба со Q3/2017 година. Сите производители вкупно испорачале 355,2 милиони единици во последниот квартал, во споредба со 377,8 милиони во истиот период минатата година. Наспроти ова, продажбата на Huawei енормно се зголеми, испорачувајќи 52 милиони единици во третиот квартал од 2018 година, што е повеќе за 32,9 отсто за истиот период од минатата година.Во однос на уделот на пазарот, Huawei поседува 14,6% на глобално ниво, што е за 4,2 процентни поени повеќе од истиот период во 2017 година (10,4%) и 1,4 процентни поени повеќе од актуелниот удел на Apple.Според експертите на IDC, ако Huawei продолжи да се развива со истото темпо, компанијата не само што ќе се зацврсти на втората позиција кај производителите, туку нема да помине многу време пред да посегне кон првото место. Моделите P20 и P20 Pro продолжуваат да бидат едни од најбараните на пазарот, додека новата флагманска серија Mate 20, која излезе на пазарот пред помалку од еден месец, целосно ја оправда титулата "најочекуваните паметни телефони за 2018 година ", а исто така има и големи пазарни резултати кои ќе се зголемат во наредните месеци."Трката за лидерската позиција на пазарот за паметни телефони продолжува да биде многу контроверзна откако Huawei повторно го надмина Apple", изјави менаџерот на IDC, Ентони Скарсела.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Штипјанец препродавал археолошки предмети

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за сериозен криминал и тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против  Г.А.(27) од Штип осомничен за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „прикривање“.Пријавениот Г.А. во периодот од јули до септември 2018 година како член на злосторничко здружение кое го формирале Р.П., А.Б. и Ж.Р., соопшти днееска МВР, континуирано разменувал информации за археолошки предмети пронајдени претходно или во тек на наведениот период.– Во периодот од 30.07 до 05.10.2018 година пријавениот Г.А. остварил контакти со Р.П. заради продажба на археолошки предмети кои претходно ги имал пронајдено, заради натамошна препродажба. На 24.10.2018 година, со потврда за одземени предмети, од пријавениот Г.А. биле одземени една бакарна фигура и една бакарна монета, кои се археолошки предмети и претставуваат добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, се појаснува во соопштението.Претходно, на 05.10.2018 година, се посочува во соопштението, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе и кривични пријави против Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р.(65) и уште 11 други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: „Војводи“ и „Балисти“ склучија договор

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.„На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања.Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите. На денешните средби произлезе и иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно  помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти“, соопштуваат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За 6 дена исцрпени средствата за субвенции за печки на пелети

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување печки на пелети, односно денеска до 16 часот се пристигнати 200 барања.Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.Со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување печки на пелети, граѓаните имаа можност да набават печки на пелети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 70% од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За овој втор јавен повик во 2018 година за субвенции за купување на печки на пелети во Буџетот на Град Скопје беа предвидени околу 5 милиони денари.За потсетување, ова е втор јавен повик во 2018 година за субвенционирање печки на пелети, а претходно во месец мај годинава беа доделени 187 субвенции.Субвенционирањето на купување печки на пелети ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот и една од мерките што придонесува за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Двајца тинејџери нападнати на улица „Џон Кенеди“

На 05.11.2018 година во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со убодни рани биле донесени М.Р.(18) од Скопје и З. И. (18) од Скопје.Според пријавата, тие биле нападнати од неколку лица на улица „Џон Кенеди“.СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања