Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Почнува да важи обврската за носење на зимска опрема во возилата, оти казната е 45 евра

Од 15 ноември важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај.Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема  возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со  глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.Минималната длабочина на шарата на гумите зависни од  категоријата на возилотоЗа возачите на моторни возила до 3.500 килограми од 15 месецов задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, а ако имаат летни гуми со четири милиметри обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.Задолжителна зимска опрема за моторни возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се  зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од четири милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога  има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.Посебни ознаки за зимските гуми, забранети пневматици со клинциСпоред Правилникот, на бочната страна на зимските пневматици ги има ознаките „МС“, „М+С“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
23120079_10154868503467461_7404700712261655564_o

Јована Тозија за загадениот воздух: Неспособни сте или не разбирате?

Скопје е еден од најзагадените градови во светот. Она што едно време беше Мексико сити, она што едно време беше Шангај, денес е Скопје. Дали разбирате дека секое ливче, секоја гранка, секој жбун што ќе го исечете се брои? Дали разбирате дека се потребни храбри мерки? Дали разбирате дека треба конечно да се удри сатарот на маса и да се каже: доста е, вртиме нов лист. Дали разбирате дека мора да се пресече со правење на нови булевари, нови градежни парцели, нови згради?Кај Мачин Дом биле исцрпени сите законски можности, не можеле да го спречат инвеститорот да гради. ЈА МАЈКАТА? Во камен е исклесан тој ДУП-от? Среде Скопје кај стара железничка никнува ново чудовиште со подземни тунели, со градежни прашини што ќе ги голтаме наредниве 4-5 години. Саем допрва ќе се руши и ќе се прави таму пак некоја глупост. Стара Алумина - згради никнуваат БЕЗ НИКАКОВ КОНЦЕПТ, како печурки, кај комшијата на гости можеш преку тераса да отидеш.Од намалување на бројот на автомобили абер нема. Зошто? Зошто се нема никаква стратегија како тој број да се намали. Никој никогаш не излегол да каже: Бројот на учесници во автомобилски сообраќај во Скопје е 84%. Наша цел е за 5 години тоа да го намалиме на 70%, и тоа ќе го направиме преку следните мерки....Гасоводот рине корне цела планина, што некој паметен пред 60-70 години зел и со причина ја пошумил. Упорно, од ден за ден, наспроти сите протести на еколошките здруженија. Дрско, во празници, како да сте учеле од некои ваши претходници.Парното е скапо. Луѓе што живеат во згради не се приклучуваат на градско парно бидејќи е поисплатливо да греат 3-4 месеци на струја. Струја што 70% ја добиваме од РЕК Битола. Онаа РЕК Битола што гори јаглен за да произведе струја и ја труе цела Битола. Ама тоа никој не го интересира. Секој си гледа за својот џеб, нормално. Никој не седнал да рече: Чекајте наша стратешка цел е СИТЕ да бидат приклучени на парно. Ајде да го поефтиниме, државата ако треба и ќе го субвенционира, ама да немаме луѓе што се греат на струја, дрва, пелети, гуми. Ајде да го направиме ова со таква цена што другите опции на народот ќе му бидат неисплатливи.Дрвосечата заради па претдходно наведеното цвета. Шара е опустошена. Дервен планина во наосока накај Прилеп е деноноќна врвулица со дрвокрадци. Национални паркови се соголуваат. Летоска бев сведок на дрвосеча на Галичица. Истата онаа Галичица која што ви се молам, наплаќа влез. Не можам ни да ги набројувам сите места што сум ги начекала со нелегална сеча изминативе години дури сум се акала по планинве.Не знам, неспособни ли сте или не разбирате длабочината на проблематиката или е претешко да се нафатите за да го решите проблемов? Не е лесна задачата знам. Ама 3 посадени жбунови и две велосипедски ленти не прават пролет. Храброст господо. Храброст, упорност и пред се способност. Ја имате ли?Јована Тозија - статус на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев кажа колкава плата зема

Ние сме левичарска влада, доминантно социјалдемократска, мене ми е логично и фер оние што имаат повисоки приходи, што имаат повеќе, да платат повеќе, а тие што имаат помалку, преку институциите да добијат повеќе, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која тој и вицепремиерот Кочо Анѓушев се обидоа да го оправдаат воведувањето на праведниот данок.Најавата на Владата дека ќе се воведе прогресивниот данок на нозе ја крена бизнис-заедницата. Бизнисмените велат дека наместо да се реши сивата економија, ќе се уништи средната класа.–Преку повеќе механизми на поддршка тежнееме да ја вратиме средната класа, го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните. Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси – рече премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Здравство“: Менаџерот на „Козле“ во работно време тепа вработени, а утре ќе брани магистерски труд

По обелоденување на скандалот што се случил во Детската болница „Козле“ дека за време на Ифтар било извршено насилство врз вработена од страна на менаџер, од сигурни извори Здравство.мк дознава дека токму менаџерот Р.А. утре ќе магистрира.Менаџерот  утре ќе брани магистерски труд на Економски факултет.-Овој човек што има претепано вработена, која истовремено добива отказ и под присила морала да ја повлечено тужба против него, нема грам морал. Вработената денеска по немилиот настан што и се случи  има тешки здравствени проблеми, и завршила на клиника, тешко се опоравува од голготата низ која поминала, при што и сопругот ја оставил. Додека менаџерот во работно време на Детската болница „Козле“ тепа вработени, во слободно време брани магистерски труд, а министерството молчи. Министерот за здравство треба да одговори на јавноста зошто досега менаџерот не одговарал пред законот туку по присила медицинската сестра што била малтретирана дури била и принудена тужбата да ја повлече и да молчи, пишува порталот Здравство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент

На маргините на Политичкото Собрание, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО, информираат од партијата.Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за претседател на Европска Комисија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Скопјани ограбиле 76-годишна жена од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.О. (18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.На 06.10.2018 година  на улица „,Абас Емин“, пријавените физички ја нападнале Д.Н.(76) од Охрид и и одзеле 5.000 денари и златниот накит што го носела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43085721_2165386183790818_2687746063745417216_o

3,4 килограми марихуана пронајдени во автомобил во Сплит

Полицијата во Сплит во автомобил со загрепски регистерски ознаки пронашла и запленила околу 3,4 килограми марихуана, а поради неовластено производство и пуштање во промет на дрогата против две лица, кои моментално се наоѓаат во притвор, е поднесена и соодветна пријава, соопштија надлежните.Од полицијата соопштија дека на државниот Д-1 во Сплит запрела автомобил кој бил управуван од 43-годишен маж кој немал дозвола за управување моторно возило и дека во возилото имало уште двајца патници, при проверка на автомобилот полицајците пронашла четири ПВЦ-пакети со 3 407 грама марихуана.По завршувањето на истрагата, 43-годишниот возач и 29-годишен патник биле приведени поради неовластено производство и трговија со дрога, додека полицијата при пребарувањето на третиот сопатник не пронашла никаква поврзаност со дрога, па лицето е пуштено веднаш.

Свет | пред 7 години

7 год.
45464855_10155426310766706_8693626630217662464_o

Општински стипендии за најталентираните ученици и спортисти од Карпош

На 71 најталентиран ученик и спортист од сите десет основни училишта во Општина Карпош денеска, на свечен начин им беа предадени решенијата за исплата на стипендии со кои локалната самоуправа ќе ги поддржува основците во учебната 2018/2019 година.По тој повод, денеска во свечена атмосфера и по пригодна приредба, во ООУ „Вера Циривири Трена“ градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, придружуван од претседателот на Советот Андреј Манолев, им честиташе на добитниците на општински стипендии кои постигнале најдобар успех и резултати на општинските, градските, републичките и меѓународни натпревари во различни области, при што изјави:-Карпош има навистина многу таленти, и ние, како Општина, ги поддржуваме целосно и конкретно. Поточно од општинската каса се издвоени 1,5 милиони денари за стипендии, од кои 51 стипендија за вонредно успешни ученици и 20 стипендии за талентирани спортисти и спортистки од училиштата во Карпош. Ваквата поддршка нека биде само поттик плус за нашите талентирани ученици и спортисти да продолжат и натаму да се развиваат во тој правец. Треба да знаат дека Општината, не само со стипендии, туку на  секаков можен начин ќе ги поттикнува да одат напред. Сакам да им честитам на сите успешни ученици, рече Богоев, и да им порачам на оние кои не успеаја годинава да добијат стипендии, да вложат малку поголем напор и веќе идната година и тие да се бвројат меѓу нив.Градоначалникот Богоев им изрази и искрени честитки и на наставниците и родителите на успешните основци, без чија помош тие намаше да бидат ова што се денес и да постигнуваат врвни резултати во науката и спортот.Инаку локалната самоуправа  поддржа 20 ученици со врвни спортски резултати со околу 500 илјади денари, при што се финасираат 16 талентирани спортисти од прва категорија кои ќе добиваат по 3.000 денари месечно, а четири спортисти ќе добиваат по 2.000 денари во период од осум месеци.Освен нив, доделени се и 51 стипендија за талентирани ученици според постигнатите резултатите и успехот што го имале во школските натпревари на знаење, од кои 20 ученици од 8 и 9-то одделение се стипендисти од прва категорија, односно ќе добијат стипендии од по 2.500 денари и  31 ученик  ќе користи стипендија од по 2.000 денари месечно, како стипендисти од втора категоријаили, или за нив, од Буџетот на Општината за нив ќе се одвојат околу 996.000 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
21432735_1951026195152329_8472405491136889651_n

До луѓето е, не е до џукелите

Пишува: Емилија Лазаревска / Ако.мкГрадоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, утрината, во знак на жалост и сочувство поради смртта на младата Џ.М.(17), која се удави во Вардар, на својот ФБ профил, постави црна лента. Луѓето кои коментираат под објавата, изразуваат сочувство, не осудуваат, не обвинуваат, не бараат одговорност. Барем на денот на жалост. Имаат почит.Од вчера на ФБ читам како се прави хајка против здружението за заштита на животни Анима Мунди поради овој трагичен случај. Зошто?! Може ли некој да ми објасни зошто тие би биле одговорни, во случај да се потврди дека девојката паднала во Вардар затоа што навистина ја бркале кучиња. Немаме официјална потврда за тоа.Каков е тој нагон кај многумина веднаш да бесат, колат, распнуваат, притоа немаат основни информации и појма немаат која е улогата на Анима Мунди и другите здруженија за заштита на животните. Тие имаат една улога, општините и градоначалникот, конкретно, друга.Како замислувате здруженијата за заштита на животни да ја работат нивната работа? Немаат овластување, немаат ресурси, немаат финансии за тоа, а сето тоа го имаат локалните самоуправи, кои не си ја вршат работата за која се надлежни.Анима Мунди се грижи за благосостојба на животните и тоа секаде е така во светот. Тоа е нивната улога, волонтерска! Ги вдомуваат, ги лекуваат, ги згрижуваат, помагаат колку што можат да се тргнат од улица.Неинформирани сте. И тоа е главниот проблем во оваа држава за сѐ, секоја област, не само за оваа. Многумина не можат да разберат како тоа се собрале толку многу луѓе за кучињата, а не можеле за одбрана на името? Па во кого е проблемот ? Во тие што сакаат животни, бараат хуман третман за нив, или во вас што прашувате?Свеста на едно општество се мери според тоа колку ги сакаме и се грижиме за животните. Затоа што тоа покажува дека за луѓето општеството направило доволно,. Кај нас апсолутно не е така. Се разбира. Се гледа секојдневно на дело, со глутниците кучиња, дури и во центарот на Скопје, за што, на дело се покажува неверојатната неспособност на актуелните градски татковци и локални администрации.За да прочитате повеќе, прочитајте тука.

Коментари | пред 7 години

7 год.
momce-maska2

Скопјанец му стави “дислајк” на Шилегов: Во градов се дише само со маска

Младите му испраќаат порака на градоначалникот Петре Шилегов за големото загадување во Скопје.Како симбол на пораката која му ја испраќаат, едно момче застана пред бараките на Град Скопје, носејќи заштитна маска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилното однесување, говорот на омраза и ширењето етничка нетрпеливост на поединци и групи. Нема толерирање на насилно однесување и ширење говор на омраза и секое лице кое постапувало незаконски мора да одговара, велат од партијата.„Како што јавно соопшти СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот што во претходните денови се случил во Тетово. Остварена е и средба меѓу надлежните институции, СВР Тетово и Основното јавно обвинителство за конкретно квалификување на делата, утврдување на динамиката и следните чекори, за комплетно расветлување на случајот и соодветно санкционирање на одговорните.СДСМ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации, а антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции целосно да го расчистат случајот.Македонија е правна држава каде што законите важат неселективно односно подеднакво за сите граѓани“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нападнати малолетници во автобус број 33 на ЈСП

На 05.11.2018 година околу 14.00 часот пријавено е дека во автобус број 33 на ЈСП од страна на две машки лица физички биле нападнати три лица на возраст од 17 и еден 15 годишник, како и М.Е.(44) од Скопје.По преземени мерки за расчистување на случајот во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

пред 7 години

7 год.
UaYct-

Уапсен скопјанец поради производство и продавање на дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против  В.Ј.(38), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.Имено, на 01.11.2018 година врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом на улица „Водоча" во Скопје при што пронајдени и одземени биле гранки и семки од растението Cannabis, марихуана, хашиш и хероин. Лицето било лишено од слобода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
palas

Пукање во хотелот Александар Палас

Утрово околу 03.20 часот непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на булевар „8 септември“ во Скопје.Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата.Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се судрија автобус и автомобил, еден загинат

Утрово околу 06.00 часот на излезот од Струга, во правец на село Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Чери тенго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач и автобус со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.J.(56) од Охрид.Во незгодата, на местото починал возачот на возилото, додека со повреди се здобил возачот на автобусот и тројца патници.Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Кисела Вода ги повикува и невладините и спортските здруженија да учествуваат во креирање на Буџетот

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва да бидат дел од работната средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски која ќе се одржи во четврток со почеток во 11 часот во Големата сала на Општината. Состанокот има цел да се слушнат барањата и потребите на овие субјекти, за истите да можат да бидат испланирани и вклучени во Буџетот за 2019 година, кој во моментов е во подготовка.Воедно, Општината упатува повик и до сите спортски субјекти лоцирани на оваа територија, клубови, здруженија, организации, да ги презентираат своите потреби и барања пред градоначалникот Темелковски, бидејќи, како што е планирано, во Буџетот ќе бидат издвоени средства за унапредување и развивање на спортот, како еден од приоритетите на оваа локална самоуправа. Работната средба со спoртските субјекти е закажана за четврток, во 12:30 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода.Заради подобра организација на настанот би ве замолиле, претставниците од невладиниот сектор своето присуство да го потврдат до среда, до 16 часот  на телефонскиот број 078/226148 (лице за контакт Ана Ѓуроска),  додека претставниците од спортските здруженија на телефонскиот број 078/239064 (лице за контакт Зоран Николов).Инаку, минатата седмица финализираше и циклусот посети на сите месни и урбани заедници на градоначалникот Темелковски и неговиот тим, на кои граѓаните имаа можност директно да ги истакнат своите желби, барања и проблеми кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање. Идеите, предлозите и реалните барања што беа презентирани се ставени на листата со приоритети на општината и ќе бидат темел при формирањето на Буџетот за 2019 година.​

Скопје | пред 7 години

7 год.
45487215_2055150037864531_2843729358856650752_n

Шилегов: Граѓаните мора да бидат дел од носењето на одлуките коишто непосредно ги засегаат

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“, што се одржува во салата на Советот на Град Скопје. На оваа дводневна конференција учесниците ќе се запознаат со примери за соработката меѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, ќе разменат искуства и добри практики и ќе добијат добри совети што ќе помогнат Република Македонија и Градот Скопје да се приближат кон Европската унија и европските вредности.„Целта на оваа конференција е да се истакне важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво, како услов за добро владеење на локалната самоуправа. Наша одговорност е да ја вклучиме пошироката јавност во планирањето на развојот на градот и на општините, во утврдувањето на заедничките приоритети и во реализацијата на проектите. За жал, Скопје изминатите години се оддалечи од сопствените граѓани. Токму заради тоа јас инсистирам и со пораките што како градоначалник ги праќам, меѓутоа и со дејствијата што како администрација ги преземаме, градот да го направиме подостапен за граѓаните, односно граѓаните да бидат дел од носењето на одлуките коишто ги засегаат непосредно, во нивниот секојдневен живот. Новата градска администрација секојдневно соработува со претставници на најекспонираните здруженија на граѓани коишто во изминатиот период се бореа за хуманизирање на урбанизацијата на градот, за почист воздух, за правото на алтернативен транспорт, односно непречено користење на велосипедот како превозно средство и слично“ рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој потсети дека токму во оваа сала во изминатиот период се одржуваа јавни дебати на теми кои се од голема важност за граѓаните, а се однесуваа на загадувањето, дотурот на стока, хотелиерството, стручното образование, гасификацијата на градот и трасата на Водно, извештајот за состојбата на стационарот „Вардариште“ и други теми.„За мене, како градоначалник на Град Скопје, е особено значајно што денеска ќе потпишеме меморандум за соработка со Европското движење во Република Македонија, една од првите невладини организации во нашава земја. Потпишувањето на овој меморандум ќе ни овозможи да воспоставиме соработка меѓу Европското движење во Република Македонија и Градот Скопје со цел афирмација на европските интеграции во Скопје и пошироко, а особено на планот на јакнењето на демократијата, како и остварување на повисоки развојни цели во локалните средини. Таа соработка ќе ни овозможи да реализираме заеднички проекти, партнерство во национални и меѓународни конференции и друг вид јавни дебати, организирање граѓански активности поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, како и други активности кои се однесуваат на заедничките цели, мисијата и визијата на двете страни потписнички. Пред нас претстои плодна соработка. Со организацијата Европско движење во Република Македонија во периодот што е пред нас ќе соработуваме и во активностите на Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија, во поглавјата релевантни за локалната самоуправа. Значајно е да се нагласи и нашето идно партнерство во реализацијата на проектот „Граѓанските организации за функционирање на локалната демократија“, финансиран од INSTRUMENT FOR PRE-ACCESSION ASSISTANCE – II Civil Society Facility and Media, како и други проекти од заеднички интерес“ објасни тој.Евроатлантските интеграции на Македонија, нагласи градоначалникот Шилегов,  многу директно и многу експлицитно ќе влијаат врз квалитетот на живеење и развојот на градот.„Сакале ние или не ќе мораме да ги доловиме стандардите како институции, но и одговорностите и како институции и како граѓани коишто следуваат со зачленувањето во овие асоцијации, особено во Европската унија. Претпристапните преговори не се ништо друго туку адаптирање и на луѓето и на институциите и на пазарот на новите услови и правила што важат во ЕУ кои ќе придонесат, особено во сегментот на урбаното живеење, да постигнеме многу повисоки стандарди и да смениме некои од навиките коишто досега ги имавме и како институции и како луѓе поединци. Особено треба да се има предвид дека за земјите коишто се во фаза на претпристапни преговори ЕУ има посебни фондови за развој на инфраструктурата и на условите за подобрување на квалитетот на живеење. Затоа во градската администрација се обучуваат посебни екипи на луѓе со цел да можеме навремено да аплицираме за неопходните проекти. Градот Скопје преку сите активности што ги преземаме, во блиска иднина успешно ќе се справи со предизвикот да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО алијансата и на Европската унија“, изјави Шилегов.На денешната конференција присуствуваа и Дејан Павлески, заменик-министер за локална самоуправа; Јон Ивановски, национален координатор на ЦЕИ од Министерството за надворешни работи и Милева Ѓуровска, од Европско движење во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
61028-jubilej-shto-ne-se-zaborava-denot-koga-golemiot-real-madrid-padna-vo-aerodrom-video@2x

22 години од денот кога Реал Мадрид падна во Аеродром!

На денешен ден пред точно 22 години се случи сигурно најголемата клупска победа во историјата на македонскиот спорт, откако МЗТ Скопје во преполната сала „Јане Сандански“ го совлада големиот Реал Мадрид (69-68).Тоа беше меч од ФИБА Еврокупот во кој во веќе далечната 1996 година во скопската населба Аеродром падна најтрофејниот европски кошаркарски тим предводен од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а во чиј состав беше во тој момент еден од најдобрите европски кошаркари, Дејан Бодирога. Двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски во последните секунди веќе се дел од историјата, а се овековечени и на графит како вечна благодарност од навивачите на сино-белиот тим. Во тимот предводен од Александар Књазев беа уште и Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Дејан Димов, Игор Михајловски, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Антонио Миневски, Борис Нешовиќ и Американецот Марк Дин.МЗТ Скопје пред две години на пригоден начин, со посебна свеченост за време на натпреварот против Гран Канарија од Еврокупот, одбележа две децении од овој најголем успех на клубот од „Јане Сандански“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Следните неколку дена на овие улици ќе има времен сообраќаен режим

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради поставување на нисконапонски електричен кабел, ќе се смени режимот на сообраќај на ул. „Ферид Бајрам” и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.„Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во периодот од 08:00 до 16:00 часот на ден 08.11.2018 (четврток), 09.11.2018 (петок), 10.11.2018 (сабота), 12.11.2018 (понеделник) и 13.11.2018 (вторник)“, велат од ЕВН.

Скопје | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-1

ВМРО ДПМНЕ на состанокот на ЕПП ќе биде претставувана најмалку од две делегации

На самитот на Европската Народа Партија кој ќе се одржи на 8 Ноевмри во Брисел од ВМРО ДПМНЕ покрај официјалното раководство и Претседателот Христијан Мицкоски, ќе присуствува и делегација на „Реформаторите“ од оваа партија - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори.Како што дознаваме реформаторот Петар Богојески ќе присуствува на овој настан, а според нашите информации таму ќе биде и Митко Јанчев.Скопје 1 се обрати до лидерот на партијата Кристијан Мицкоски, и до Петар Богојески, но до објавувањето на веста од нив не добивме коментар.Митко Јанчев за „Скопје 1“ вели дека сеуште не знае дали ќе патува на овој самит.На самитот на Европската Народна Партија ќе се бира кандидат за премиер на ЕУ , а според проценките најголеми шанси за тоа има  Вебер Манфред.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Foto

По скоро две децении Перо Антиќ повторно ќе го облече дресот на Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, КК Работнички, утре (среда; 7.11.2018), во 18 часот организира хуманитарен кошаркарски натпревар на сегашниот тим со ветераните на клубот. Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Ристе Стефанов, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Димитар Мираковски, Перо Блажевски и останатите сегашни и поранешни кошаркари на КК Работнички ќе бидат дел од овој хуманитарен настан.Средствата собрани од натпреварот ќе бидат наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претседателот на КК Работнички, Ристо Гапиќ, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тодор Гечевски и тренерот на КК Работнички, Марин Докузовски, ги повикаа сите хумани граѓани и вљубеници во кошарката, утре да присуствуваат на натпреварот и заедно со нив, да ѝ помогнат на Ирена во намерата да ги собере потребните средства потребни за операцијата.

Спорт | пред 7 години

7 год.
jabolka

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, откупена е една третина од индустриското јаболко

Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, изминатиот период презема серија мерки за развој на овоштарството, вклучително и за производството на јаболка, соопштуваат од министерството и додаваат дека со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка.Имено како што посочија од министерството, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди, поради што има оштетување на родот што директно влијае на економската вредност на јаболкото, посочуваат оттаму.По еден месец од воведувањето на новата интервентна субвенција за производителите на јаболка, од министерството за земјоделство велат дека е откупена една третина од индустриското јаболко.„Дополнително, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9 900 денари. За промена на производство од житни во овошни култури, земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Оваа година субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од 2 на 3 денари за килограм. Последната интервентна мерка, петта, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја носи за овоштарството“, се наведува во соопштението на министерството.Паралелно МЗШВ заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој работи и на создавање на услови за ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 Програмата, кои вклучуваат инвестиции во преработувачки капацитети. Токму инвестирањето во преработувачките капацитети, велат од министерството е важно за сигурен и непречен откуп на јаболката и заокружување на производството со финални производи со поголема додадена вредност. Само за еден повик за ИПАРД 2 во кои спаѓаат и мерките за преработувачки капацитети има склучено 937 договори со вредност од 16,4 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
RSBSP_01

РСБСП: Без изговори, почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор

Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот, а сообраќајните правила се основниот начин за комуниукација и разбирање меѓу учесниците во сообраќајот, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде се посочува дека според досега спроведените анкети околу 50% од возачите, не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.Секое непочитување на сообраќајните знаци, односно непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, значи сообраќаен метеж, хаос во сообраќајот, сообраќајна незгода со материјална штета или незгода со загинати и повредени лица, велат од РСБСП.Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите и правилата што важат во сообраќајот, во согласност со сообраќајната сигнализација поставена на патот, во согласност со сообраќајните знаци и во согласност со наредбите што ги даваат полициските службеници, велат од РСБСП и потенцираат дека учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со сообраќајни знаци.Па оттука од РСБСП преку соопштение ги повикаа сите учесници во сообраќајот да не бараат изговори, објаснувања или оправдувања бидејќи едноставно не постојат, секој учесник во сообраќајот има право безбедно да се движи и има обврска да придонесува за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.„Без изговори! Без оправдувања! Максимално почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација, секогаш и секаде! Биди одговорен учесник во сообраќајот“, е пораката која советот ја испраќа до сите учесници во сообраќајот.Безбедноста во сообраќајот е сериозна работа и ниедна импровизација, изговор или оправдување не може да ги надомести последиците, додаваат од РСБСП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
unnamed

Вечерва балетот „Метаморфоза“ во МОБ

Во Македонската опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ – кореографија на Ивана Коцевска. Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти.Делото се занимава со соматското истражување низ техниките и антитехниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се занимава со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање, а целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и девертикализирано.Танчери: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетник се превртел со автомобил во Струга

Вчера околу 22.40 часот на локалниот пат село Ливада- село Корошишта во Струга, Б.С.(17) од село Теферич, струшко, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал  од коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.С. и сопатникот Б.П.(33) од село Биџово, струшко.Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“-Охрид.Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања