Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

1 нед.
media-libraryavdbt5hs3nh29NVb0Bj

Стејт департментот со безбедносно предупредување: Американците ширум светот да бидат повнимателни, со посебен акцент на Блискиот Исток

Стејт департментот на САД издаде глобално безбедносно предупредување „Worldwide Caution“, со кое им препорачува на американските државјани ширум светот да применуваат зголемена претпазливост, а особено при престој и патување на Блискиот Исток.Во соопштението, означено како „Security alert“ се наведува дека американските граѓани во странство треба внимателно да ги следат насоките од безбедносните известувања што ги објавуваат најблиските амбасади и конзулати на САД. Како дополнителен фактор, се предупредува и на можни периодични затворања на воздушен простор, што може да предизвика нарушувања во патувањата и измена на летовите во последен момент.Предупредувањето посочува и дека американски дипломатски објекти биле цел на напади, вклучително и надвор од регионот на Блискиот Исток, и дека постои ризик од насочување кон други американски интереси во странство, како и кон места што се поврзуваат со Соединетите Американски Држави или со американски државјани.Надлежните им препорачуваат на патниците навремено да се информираат и да ги прочитаат препораките за конкретната дестинација пред да тргнат на пат. Како практична мерка за подобра информираност, се потсетува и на можноста за пријавување во системот STEP, преку кој се добиваат најновите безбедносни известувања.Предупредувањето е означено како глобално („Location: Worldwide“) и, според објавата, последен пат е ажурирано на 22 март 2026 година.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
49140137_1046149632257509_3415473575644102656_n

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози, додека на Попова Шапка се бележат слаби врнежи со остатоци од кашест снег.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Воедно, потсетуваат дека поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата растат третa недела: кризата околу Ормутскиот теснец ја турка цената нагоре

Цените на нафтата продолжуваат да растат трета недела по ред, под силно влијание на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, една од најважните глобални рути за транспорт на енергенси.На лондонскиот пазар цената на барел нафта минатата недела порасна за 8,8 проценти и достигна 112,19 долари, додека на американскиот пазар благо опадна за 0,4 проценти, на 98,32 долари.Разликата се должи на фактот што Европа е значително повеќе зависна од нафта од Блискиот Исток, додека во САД растот на залихите делумно го ублажи притисокот врз цените.Ормутскиот теснец останува под контрола на Иран, кој не дозволува транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Дел од танкерите, главно од Иран, Кина и Индија, добиваат дозвола за премин, додека останатите се задржани.Пазарите дополнително се качуваат поради стравувањата дека енергетската инфраструктура може да стане директна цел на напади. Израел веќе изврши напад врз иранското гасно поле „Јужен Фарс“, по што следеа предупредувања од Техеран за одмазда во случај на нови удари врз енергетски објекти.Во обид да го стабилизира пазарот, Вашингтон најави можност за укинување на санкциите за иранската нафта што се наоѓа на танкери, како и привремено олеснување за купување руска нафта.Аналитичарите предупредуваат дека цените ќе останат високи сè додека трае кризата. Според проценките, барелот може да достигне и до 150 долари доколку дополнително се влоши ситуацијата со извозот од Блискиот Исток.Од почетокот на годината, цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за околу 83 проценти, а на американскиот за околу 72 проценти, што укажува на силен глобален енергетски притисок.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3u6620i3vspoauMEofG

Си-ен-ен: Трамп со сè помалку опции и сè поголеми ризици поради Ормуцкиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сè помалку опции и растечки ризици во конфликтот со Иран, особено поради кризата околу Ормуцкиот теснец, оценува Си-ен-ен.Откако најпрво најави можност за завршување на војната, Трамп само еден ден подоцна се закани со уништување на иранските енергетски постројки, што претставува дополнителна ескалација на конфликтот кој веќе влегува во четвртата недела.Неговиот последен ултиматум – Иран во рок од 48 часа да го отвори Ормуцкиот теснец или ќе се соочи со напад – ја нагласува клучната улога на овој поморски коридор, преку кој поминува значаен дел од светската трговија со нафта и гас.Затворањето на теснецот веќе доведе до блокирање на десетици танкери, раст на цените на енергенсите и ризик од глобална економска криза која може да погоди милиони луѓе.Со поставувањето на нова „црвена линија“, Трамп се доведе во позиција во која секој следен потег носи сериозни последици. Доколку нареди напад врз иранската енергетска инфраструктура, може да предизвика силна одмазда од Техеран и дополнително да ги дестабилизира глобалните пазари. Ако, пак, не реагира, ризикува Иран да ја демонстрира својата моќ и да го поткопа американскиот кредибилитет.Американскиот претседател е изложен и на критики дека нема јасна стратегија за конфликтот. „Немаат визија, немаат план, немаат излезна стратегија“, изјави лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис.Во меѓувреме, администрацијата на Трамп го брани својот пристап, оценувајќи дека ескалацијата понекогаш е неопходна за да се постигне деескалација.И покрај притисокот, Иран не покажува знаци на повлекување. Напротив, продолжува со напади и закани, вклучително и предупредување за долгорочно затворање на Ормуцкиот теснец и напади врз енергетска инфраструктура во регионот.Цената на нафтата веќе расте, а аналитичарите предупредуваат дека светот се приближува до пресвртна точка во која нема добри решенија – само лоши опции со сериозни последици.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Променливо облачно, попладне дожд – температурите до 15 степени

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов Владата не гледа причина да го ограничи користењето на домашните ресурси од страна на соседните земји, но не ја исклучи можноста за интервенција доколку се појават предизвици.„Не гледаме причина да го ограничиме користењето на нашите ресурси за соседните земји. Од Македонија која коленичеше за донација, сега рефлектира стабилност и за граѓаните од соседните земји“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата внимателно ја следи состојбата и е подготвена да реагира доколку дојде до притисок врз домашните ресурси.„Доколку дојде до таков предизвик, ќе донесеме одлука за износот и консензусот“, порача премиерот.Изјавата доаѓа во услови на зголемена побарувачка и регионални притисоци поврзани со цените на горивата и снабдувањето, при што дел од земјите веќе воведуваат рестриктивни мерки.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: САД и Израел се одговорни за зголемените тензии во Ормускиот теснец

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Ормускиот теснец не е блокиран и дека одговорноста за „растечката опасност“ во овој клучен поморски премин ја носат САД и Израел.Во соопштението се наведува дека Иран „презел низа мерки за да обезбеди агресорите и нивните поддржувачи да не можат да го искористат Ормускиот теснец за реализирање на своите агресивни цели против Иран“. Министерството потенцира дека преминот „не е затворен и поморскиот сообраќај не е запрен“.„Одговорноста за секој нарушен ред, несигурност и растечка опасност во овој пловен пат и околината директно лежи на американскиот и ционистичкиот режим“, се наведува во соопштението. За „целосно воспоставување на безбедноста“ во теснецот, потребен е прекин на воената агресија, запирање на заканите, стопирање на дестабилизирачките активности и целосно почитување на легитимните интереси на Иран.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран најавува напади врз купувачите на американски државни обврзници

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, упати остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти кои го финансираат американскиот воен буџет за легитимни цели“. Тој ја објави пораката на социјалната мрежа X.„Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и удар врз вашите седишта и имот“, напиша Галибаф. „Ги следиме вашите портфолија. Ова е вашето последно известување“, додаде тој.Галибаф претходно најавуваше напади врз инфраструктура и енергетски објекти низ регионот, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе нападнат ирански електрани доколку Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
napad-liban

Напад на мост во Либан предизвика прекин на струја и оштетување на мрежата

Либанските власти соопштија дека по израелските напади врз мостот Касмије дошло до прекин на електричната енергија во јужната општина Ал-Хараџеб.Според Националната новинска агенција, нападите ги оштетиле локалните електромрежи, каблите и главниот далекувод што го снабдува Ал-Хараџеб со струја.Властите најавуваат дека екипите за санација треба да започнат со работите за обновување на снабдувањето со струја утре. Мостот Касмије е една од клучните сообраќајници на либанската крајбрежна магистрала.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
nafta

Шеф на нафтен гигант: Доколку војната трае повеќе од 6 месеци, светската економија ќе страда

Извршниот директор на францускиот енергетски гигант TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди дека долготрајниот конфликт меѓу САД и Израел против Иран може да има сериозни последици врз глобалната економија.Според него, продолжените воени дејствија би можеле да го нарушат снабдувањето со енергенси, да ја зголемат нестабилноста на пазарите и да доведат до пораст на цените на нафтата и гасот, со што ќе бидат погодени потрошувачите ширум светот.Пујане го истакна значењето на дипломатските решенија и повика на мерки кои ќе ја намалат економската неизвесност, посочувајќи дека глобалната економија е чувствителна на геополитичките конфликти во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху гледа шанса за спас на политичката кариера

Политичката кариера и личниот углед на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се на коцка поради новиот конфликт со Иран, кој многу аналитичари го гледаат како обид за политичко преживување и поправка на лошиот углед по нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година.И покрај тоа што иранските ракети од почетокот на конфликтот усмртија најмалку 15 луѓе во Израел и повредија околу 200, јавната поддршка за воената кампања останува висока. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90% од Израелците го поддржуваат одлучувањето за нови напади, а мнозинството сака да се продолжи со бомбардирањата на Иран додека не падне власта таму.Политичкиот отпор во Израел е ограничен и главно доаѓа од Палестинците или нови политички фигури како Јонатан Шимриз, кој влезе во политиката како реакција на лична трагедија по нападите на Хамас.Аналитичарите предупредуваат дека Нетанјаху може да се обиде да го искористи конфликтот за лична добивка и изборен опстанок, особено поради тековните обвиненија за корупција и судските процеси со кои се соочува. Неговата стратегија, според дел од експертите, е да покаже национално единство и сила преку воените дејствија против Иран, но ризикот е дека ова би можело да ја загрози долгорочната стабилност на Израел и врските со САД.Меѓутоа, според истражувањата, кампањата против Иран не доведе до значително зголемување на довербата во владата, иако конфликтот има потенцијал да го префокусира вниманието од хуманитарната криза во Газа и насилството на Западниот Брег.Експертите предупредуваат дека секој евентуален раст на жртви или нарушување на енергетските пазари би можело да ја намали поддршката на Израел во САД и да ја направи победата краткотрајна ако го загрози долгорочниот интерес на земјата во регионот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Израел најавува продолжување на нападите по иранските ракетни удари

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, најави дека Израел ќе продолжи со воени или воено-политички дејствија против Иран како реакција на ракетните удари врз градовите Димона и Арад.„Одговорот ќе биде продолжување на оваа кампања додека не го свртиме овој режим на колена“, рече Лајтер за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека Израел повеќе не може да живее покрај држава која, според него, сака да ја уништи и дека сега користи балистички проектили против сите свои соседи.На прашањето како ги објаснува овие напади по изјавите на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху дека иранските ракетни капацитети се уништени, Лајтер изјави дека „Иранците лажат“ и ги нарече „убијци кои лажат“. Тој посочи и дека Иран претходно тврдел дека нема интерконтинентални балистички проектили, а сега, според него, го негира тоа.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfsc970c520m4c76tcSO

Иран продолжува со напади врз заливските земји

Техеран изврши нови напади врз заливските земји, повеќе од три недели по започнувањето на конфликтот со САД и Израел.Граѓанската одбрана на Абу Даби соопшти дека системите за противвоздушна одбрана одговараат на ракетната закана. Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати наведе дека досега се пресретнати 345 ракети, 15 крстосувачки ракети и над 1.700 дронови. Во нападите загинаа двајца војници и шест цивили, а повеќе од 160 лица се повредени.Саудиска Арабија соопшти дека неколку дронови биле пресретнати на истокот, каде што се наоѓаат нафтените полиња, додека еден проектил бил пресретнат во близина на Ријад, а два паднале на отворени терени. Бахреин досега пресретнал над 140 ирански проектили и над 240 дронови.Во меѓувреме, Катар објави дека седум лица загинале при пад на воен хеликоптер во територијалните води поради технички проблем за време на рутинска мисија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Нова закана од Иран кон Трамп

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, порача дека Техеран ќе одговори соодветно на секој напад врз електраните и другата витална инфраструктура на земјата.Според иранската агенција Мехр, Гарибабади истакна дека заканите кон иранските електрани и „виталната инфраструктура“ претставуваат закани кон цивилни објекти кои не би смееле да бидат цели во војна. Тој додаде дека, бидејќи Советот за безбедност на ООН не ја исполнил својата должност да ја сопре агресијата, Иран ќе го искористи своето природно право на самоодбрана.„Секој напад врз виталната инфраструктура на Иран ќе биде пречекан со соодветен одговор“, изјави Гарибабади, додавајќи дека целосната правна одговорност и последиците од евентуална понатамошна ескалација ќе ги сносат оние што ја започнале.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library80jetpgm7du01vy95rD

Амбициите на СпејсЕкс за милион сателити предизвикуваат загриженост кај астрономите

Ракетата Фалкон 9 на компанијата СпејсЕкс неодамна успешно лансираше 25 нови сателити Starlink од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, со што бројот на активни Starlink сателити во орбитата на Земјата надмина 10.000, според податоците на астрономот Џонатан МекДауел од Харвард.Мегаконстелацијата на Starlink претставува значајна промена во бројот на вселенски летала и предизвикува проблеми за астрономите. Првичните сателити одразуваа голем дел од сончевата светлина и беа видливи од Земјата, поради што често се мешаа со НЛО. Новите верзии со затемнети површини и рефлекторска фолија ја ублажуваат оваа појава, но не целосно.СпејсЕкс има амбициозни планови за уште милион сателити кои би функционирале како орбитални дата центри, со цел поддршка на активности поврзани со вештачка интелигенција. Астрономите алармираат дека овие сателити ќе бидат високо осветлени и во високо наклонети орбити, што ќе го отежни нивното набљудување и ќе претставува нов предизвик во комерцијалната ера на вселената.Освен тоа, честото повторно влегување на сателитите во атмосферата, кое е планирано како метод на СпејсЕкс за нивно уништување, може да ослободи големи количини на загадувачи, вклучувајќи алуминиумски оксиди и литиум, со можни негативни ефекти врз озонскиот омотач.Регулаторниот процес со ФЦЦ е забрзан по барање на СпејсЕкс, а јавноста и астрономската заедница имаат ограничено влијание. Голем дел од коментарите повикуваат на прекин на процесот, вклучувајќи ја и компанијата Amazon, која исто така се противи на проширувањето на Starlink.Астрономите предупредуваат дека, иако лансирањето на 10.000 сателити претставува голем успех за СпејсЕкс, амбициите за милионски мегаконстелации би можеле значително да го нарушат здравјето на орбитата и долгорочниот пристап до вселената.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Иран тврди дека ја погодил израелската одбранбена компанија

Иранската армија соопшти дека нејзините дронови ги нападнале целите на израелската компанија за воздушна и одбранбена индустрија (Israel Aerospace Industries) во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион, како и американски извидувачки авион во базата Принц Султан во Саудиска Арабија.Во соопштението објавено преку иранската државна новинска агенција нема дополнителни детали за природата на нападите. Тврдењата засега не може да се потврдат независно, а од Израел и САД сè уште нема јавна реакција.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Додека граѓаните плаќаат поскапо, владата ги штити бизнис интересите

Единствено нешто за што оваа влада се грижи се бизнис структурите блиски до власта кои што профитираат од овие високи цени на горивата и на храната, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференцијата. Филипче укажа дека веќе е активирана спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната, а досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра.И додека граѓаните плаќаат се поскапа храна и гориво некој остварува екстра профити. Ова не економска политика, ова е заштита на бизнис интересите на одредени компании на сметка на народот и тоа денес веќе на сите им е јасно“, рече Филипче.Тој порача дека сега е најважно да им се помогне на граѓаните, да се заштити животниот стандард а не бизнис интересите,  и да се преземат суштински мерки.Во овој момент треба да се заштити животниот стандард на граѓаните а не интересите на тие бизнис структури. Со ваков пристап оваа криза само ќе продолжи да го урнисува стандардот на граѓаните. Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата.Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата“, рече Филипче.Притоа Филипче потсети дека во најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, владата на СДСМ со конкретни мерки им помогна на сите граѓани и компании и покажа дека може, кога државата се грижи за стандардот на граѓаните да испорача мерки, да им помогне, но треба да се грижи за граѓаните а не за интересите на бизнис заедницата.Во ковид кризата владата на СДСМ имаше над 110 мерки донесени во пикот на кризата поделени во шест пакети со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра со кои директно се ублажија последиците од кризата. Во енергетската криза во 2022 година обезбедивме пакет на мерки вредни 760 милиони евра. Не само субвенционирање на цената на струјата на над 600.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, туку и конкретна поддршка на ранливи категории на граѓани, за ученици за студенти, за пензионери, за граѓани корисници на социјалната помош, за граѓани со посебни потреби, за самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци како и поддршка на компаниите“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

25 лица во Иран уапсени поради наводна соработка со Израел и САД

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во централно-западната покраина Маркази се уапсени 23 лица поради наводна соработка со Соединетите Американски Држави и Израел.Според соопштението, тие пренесувале координати на воени локации на меѓународна медиумска платформа за која Иран тврди дека е поврзана со Израел и работеле на поттикнување „улични немири“.Дополнително, уште две лица се уапсени во североисточната покраина Голестан под обвинение дека планирале напади на полициски центри. Министерството наведе дека документирало „криминални активности“ на 15 лица кои зборуваат персиски и живеат во странство, осомничени како израелски „агенти“, и ги предало податоците на правосудството.Иранските власти претходно ги предупредуваа своите граѓани во странство да не соработуваат со организации поврзани со САД или Израел, со закана дека нивната имотна сопственост во Иран може да биде запленета.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc8c4me0hbj677AAeVdQ

Куба: Се подготвуваме за можна американска инвазија

Куба ја зајакнува воената готовност поради можна американска инвазија, но нагласува дека не сака да ги влоши односите со Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио.„Нашата армија е секогаш подготвена“, рече тој, додавајќи дека во моментов се подготвуваат за можна воена агресија, но се надеваат дека судир нема да се случи. „Куба не сака судир со САД. Имаме право да се заштитиме, но подготвени сме да седнеме и да разговараме“, истакна министерот.Трамп неодамна изјави дека верува оти ќе „има чест да ја освои Куба“, по засилен економски притисок врз островот, вклучувајќи блокада на снабдувањето со јаглеводороди во јануари, веднаш по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Покрај политичките тензии, Куба се соочува и со енергетска криза – во неделата, по седми пат во речиси година и половина, дојде до прекин на електричната енергија. Фернандез де Косио нагласува дека владата презема секакви можни мерки за да обезбеди снабдување и се надева дека американскиот бојкот нема да трае засекогаш.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Зеленски бара засилување на санкциите против Русија: „Мора да бидат ефикасни“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Русија преку санкции, во пресрет на вториот ден од разговорите меѓу украинската и американската делегација за ставање крај на четиригодишната војна започната со руската инвазија. Руски претставници не учествуваат во оваа рунда разговори, кои започнаа во саботата на Флорида.Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Зеленски порача дека санкциите мора да бидат поефикасни, особено против т.н. „сенчеста флота“ на Русија, која се користи за извоз на нафта и обезбедување приходи за финансирање на војната.„Приходите ѝ даваат на Русија чувство на неказнивост и можност да ја продолжи војната. Затоа притисокот мора да продолжи“, напиша Зеленски, додавајќи дека танкерите поврзани со оваа флота треба да бидат запирани и блокирани.Минатата недела, по наредба на француските власти, беше запленет танкер во Средоземното Море, за кој францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е дел од руската „сенчеста флота“, мрежа што ѝ овозможува на Москва да ги заобиколува западните санкции.Во меѓувреме, мировниот план што го поддржуваат САД вклучува можност за одржување претседателски избори во Украина и потенцијални територијални отстапки. Зеленски се соочува со притисок од Доналд Трамп да распише избори, иако украинските закони не дозволуваат изборен процес за време на воена состојба. Тој изјави дека избори би биле можни доколку се обезбеди двомесечен прекин на огнот.Сепак, поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни се спротивстави на оваа идеја, оценувајќи дека на земјата ѝ е потребен „мир, а не избори во војна“, наместо избори во актуелните услови.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Што следи Владата, како тоне стандардот на народот?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека Владата на премиерот Мицкоски единствено што следи е како тоне стандардот на граѓаните, без притоа да се преземат реални мерки за намалување на цените на горивата и на храната. Филипче посочи дека власта не презема суштински мерки за справување со растот на цените во услови кога граѓаните ќе немаат пари да се прехранат.„Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот? Очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалувањето на ДДВ-то на храната“, рече Филипче.Тој додаде дека во оваа кризна состојба единствено со мерките што ги предложи СДСМ ќе се заштити животниот стандард, а  граѓаните реално ќе почуствуваат намалување на цените на горивата и на храната.„Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерките ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории. Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на  храната“, рече Филипче.Воедно, Филипче посочи дека се потребни и долгорочни решенија за стабилизирање на цените и конкретна поддршка за  најранливите категории и за земјоделците.„Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата. Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата. Дополнително  треба да се подготват пакети со помош за најранливите категории на граѓани,  како и пакети за помош и на земјоделците“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче до Мицкоски: Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името

Денеска по пресот на премиерот Мицкоски на кој најави мерки за ублажување на последиците од ценовниот скок на горивата и ја обзнани владината одлука за намалување на ДДВ-то за горивата, набрзо на прес конференција излезе и лидерот на СДСМ.Венко Филипче рече дека мерките на Владата се фрлање магла и замајување на граѓаните.„Од мерката утре нема ништо да видиме. Ќе има нова пресметка на цената.Други земји забранија точење гориво на странци на пограничните пумпи. Сега пари од Буџетот одат за граѓаните од соседните земји. Ова не се економски политики. Премиерот не треба да ги повикува граѓаните од странство да доаѓаат да точат гориво во Македонија”, рече Филипче.Мицкоски на прес конференција обвини дека претходната Влада молела на колена за донација од вакцини во ковид-кризата.Филипче му порача дека тогаш цел свет имал проблем.,,Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името”, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
IMG_2199

Русија: Светот ќе зависи од нас

Русија оцени дека глобалната економија влегува во период на недостиг и нарушени синџири на снабдување, при што нејзината улога како клучен извозник на ресурси ќе стане уште поважна.Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на претседателот за економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави дека и партнерите и противниците на Москва ќе бидат принудени повеќе да ја ценат нејзината позиција на глобалниот пазар.„Како што светот влегува во ера на недостиг и колапс на глобалните синџири на снабдување, и партнерите и противниците ќе ја ценат улогата на Русија како еден од трите најголеми светски добавувачи на нафта, гас, хелиум, ѓубрива, жито и други клучни ресурси“, напиша Дмитриев на социјалните мрежи.Во исто време, руските медиуми укажуваат дека цените на горивата растат во повеќето земји, делумно поради нарушувањата во Ормуцкиот теснец – една од најважните поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас од Персискиот Залив.Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и ограничувањата во транспортот дополнително го зголемуваат притисокот врз глобалните пазари, што според Москва ќе ја засили зависноста од земји извозници на енергенси.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Ескалација на Блискиот Исток: жртви во Катар и Либан, нови закани и напади во регионот

Ситуацијата на Блискиот Исток продолжува да се влошува со нови жртви, напади и меѓусебни закани меѓу вклучените страни.Најмалку седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Катар, меѓу кои турски војник, двајца припадници на турската одбранбена компанија „Асeлсан“ и четворица припадници на катарските вооружени сили.Во исто време, најмалку четири лица загинаа во израелски воздушни напади во јужен Либан, според податоците на либанското Министерство за здравство.Израел дополнително ја засилува воената активност, откако министерот за одбрана Израел Кац соопшти дека заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху дале наредба за забрзување на уривањето на објекти во пограничните либански села, со цел, како што наведе, да се елиминираат заканите кон израелските заедници.Од друга страна, Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати информира дека во текот на денот пресретнало четири балистички проектили и 25 беспилотни летала, што укажува на интензивирање на нападите во регионот.Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 81.000 цивилни објекти се оштетени во заедничките напади на САД и Израел врз територијата на Иран.Во Израел, пак, Министерството за социјална заштита информира дека повеќе од 2.700 лица се евакуирани од своите домови поради иранските напади.Дополнително, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, предупреди дека секој напад врз енергетската инфраструктура на Иран ќе биде проследен со „итен“ одговор, насочен кон енергетските и нафтените објекти низ регионот.Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран влегува во нова, поинтензивна фаза, со сè поголем ризик од поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryt2gp9lgku0ik2GMnYFG

(Видео) Филипче: Мерките за горивата се задоцнети и нема да донесат реално поевтинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најавената мерка на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ја како задоцнета и недоволна за да има реален ефект врз цените.Тој посочи дека граѓаните веќе подолго време се соочуваат со значителни поскапувања, а владината реакција доаѓа предоцна.„Оваа мерка е многу задоцнета и далеку од доволна. Цените на горивата веќе три недели растат, дизелот поскапе за вкупно 21 денар, а се очекува и ново зголемување“, изјави Филипче .Според него, намалувањето на ДДВ нема да се почувствува од страна на граѓаните, бидејќи новите поскапувања ќе го неутрализираат ефектот.Филипче оцени дека Владата со недели не презела мерки, дозволувајќи растот на цените на горивата да предизвика поскапувања и на основните прехранбени производи.„Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм. Еднаш зголемените цени повеќе не се враќаат назад“, нагласи тој .Лидерот на СДСМ обвини дека Владата избегнува суштински економски мерки и работи во интерес на бизнис-структури блиски до власта.„Ова не е економска политика, туку заштита на одредени бизнис-интереси на сметка на граѓаните“, рече Филипче .Тој побара итно усвојување на мерки предложени од СДСМ, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти, намалување на акцизите, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на цените на патарините.Според Филипче, само ваков пакет мерки може да донесе вистинско намалување на цените и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања