Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

1 нед.
izletal-od-patoto

Трагедија во Куманово: Му се слошило зад волан, па со автомобилот излетал од патот

Шеесет и четиригодишен жител на Куманово го загубил животот додека управувал автомобил, по што возилото излетало од патот на локалната делница меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 март 2026 година на местото викано „Кантон“. Патничко возило „даеву тико“, управувано од М.Д. (64), излетало надвор од коловозот.На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај возачот. Сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Куманово.Според нејзината изјава, на возачот му се слошило за време на управувањето и изгубил свест непосредно пред да се случи несреќата.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ: Оние кои станаа милионери на грбот на граѓаните се Филипче и Заев

Не велиме, како што тврди СДС, дека граѓаните со мерката за намалување на данокот на ДДВ стануваат милионери, туку дека 1,4 милиони евра остануваат кај граѓаните неделно, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Но, велиме дека Заев и Венко Филипче на грбот на граѓаните станаа милионери кои градат во Дубаи, а Заев купува плантажи во Африка“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryo2nhadocc3ckaEd3mAj

Ирак се повлече: Нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив

Ирачкиот премиер Мухамед ел Судани изјави дека операцијата во Ормускиот теснец нема да помогне во пловидбата и ќе предизвика реакција од Иран, поради што Ирак нема да учествува во неа.„Не веруваме во воени решенија. Оружаната одбрана на бродовите ќе предизвика реакција од Иран и нема да го олесни пловењето. Затоа нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив“, рече премиерот во интервју за италијанскиот весник Кориере дела Сера.Премиерот посочи дека ирачките сили успешно спречиле голем број напади од шиитски формации, потсетувајќи дека токму тие групи се бореле против терористичката организација ДЕАШ заедно со Американците.Бројот на земји кои се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбеден премин на бродови низ Ормускиот теснец се зголеми на 22.Минатиот четврток, шест земји објавија дека ќе се приклучат на коалицијата за обезбедување на безбедноста на бродовите: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија. Покрај овие шест европски земји, коалицијата ја сочинуваат и балтичките држави Летонија, Литванија и Естонија и скандинавските – Данска, Норвешка и Шведска. Од арапските земји, учество најавија ОАЕ и Бахреин. Членките на коалицијата изјавија дека сите земји имаат корист од безбедноста на поморските патишта.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2h2v4k65qvn79h4Ywy2

Белгија ги враќа воените патроли на улиците: Ситуацијата станува сè позагрижувачка

Белгија од денес ги враќа воените патроли на улиците поради растечките безбедносни закани, објавија локалните медиуми. Се очекува до 200 војници да ги поддржуваат полициските тимови три месеци. Слична мерка беше усвоена по нападите во Брисел во 2016 година, од кои вчера беше одбележана 10-годишнината.Првично, војниците ќе патролираат во Брисел, Антверпен и Лиеж, каде што неодамна имаше напад врз синагога. Главната задача ќе биде заштита на места поврзани со еврејската заедница, како и борба против ширењето на дрога и општиот криминал. Војниците ќе бидат испратени во стражарски станици, училишта и метро, ​​објави БТА.Во оваа тешка безбедносна ситуација, државата мора да ја употреби целата своја моќ, коментираше министерот за внатрешни работи Бернард Квентин, во светлината на неодамнешните настани на Блискиот Исток. Од јули, вкупниот број на патроли се планира да биде ограничен на 90 војници.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library71v7eienrlvqd6eXeGu

Охрид SOS бара заштитни зони околу Билјанини извори: Ризикот по питката вода не е хипотетички - туку реален и растечки

Денес невладината организација Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Според организацијата, ова не е само апстрактно правно прашање, туку реална опасност за водата и здравјето на граѓаните.„Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по питката вода за Охрид не е хипотетички - туку реален и растечки.Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција - таа е должност“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynbgfkr53eemdaFu16U1

Започнува судскиот процес по смртоносната железничка несреќа кај Темпи

Судскиот процес за најсмртоносната железничка несреќа во Грција започнува денес во Лариса, три години по трагедијата во Темпе која однесе 57 животи и повреди десетици лица. Поради големиот број обвинети, судењето ќе се одржи во специјално прилагодена сала во Конференцискиот центар на кампусот „Гаиополис“ на Универзитетот на Тесалија.Членови на синдикати, студентски здруженија, политички и социјални организации, како и граѓани, се собраа пред салата, носејќи транспаренти со пораки за правда и побезбеден транспорт.На судењето се очекува да сведочат 352 лица, вклучувајќи преживеани и роднини на жртвите, а ќе учествуваат околу 250 адвокати, што ја покажува големината и сложеноста на случајот.Меѓу обвинетите се високи службеници од грчката железница, фирмата за одржување и операторот – OSE, ERGOSE и Hellenic Train, кои работеа во периодот од 2016 до почетокот на 2023 година. Им се суди и на станицниот контролор кој бил на должност таа ноќ, како и двајца колеги кои не биле присутни на работа.Обвинетите се соочуваат со можни казни доживотен затвор. Никој од нив во моментов не е во притвор. Политички лица не се меѓу обвинетите.Роднините на жртвите ги обвинија властите за обиди да се сокрие доказниот материјал.Владата на Нова Демократија, негирајќи било каква вина, ветува дека ќе обезбеди правда и целосна реформа на железничкиот систем до 2027 година.Трагедијата се случи на 28 февруари 2023 година, кога патнички воз од Атина за Солун, со многу студенти, се судри со товарен воз во кањонот Темпе. Судирот предизвика голем пожар кој го зафати предниот дел на возот. Телата на дел од жртвите никогаш не биле пронајдени.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

СДСМ: ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата

„Граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра“ вели ВМРО. Прво, насловот покажува дека се неписмени.  Правилната формулација е: „милион и петстотини илјади евра“, велат од опозициската СДСМ.„Сите граѓани треба да купат нови паричници – во старите овие суми не ги собираат.Поголем фрижидер, а може и нов автомобил, сега кога се воведени мерки за „намалување“ на цените со покачување од 4-6 денари или над 25 денари.Во ВМРО велат дека се штедат 1,5 милиони неделно. Навистина сме четврта економија во светот. Навистина сè цвета.Не кажуваат каде се оние 4,5 милиони неделно од последните 3 недели.Кај нив сè е фарса.Граѓани, отворете ги вашите паричници и пронајдете ги тие 1,5 милиони евра што ВМРО ви ги „обезбедило“.Како што Мицкоски клечеше молејќи за власт, лажејќи дека ќе го смени името, сега не клечи, но исто така лаже.Додека е оваа тендер коалиција ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, регионална сила во нарко шверцот, нема подобар живот за Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Грчките таксисти на 24-часовен штрајк поради законот за транспорт

Таксистите низ Грција започнаа 24-часовен национален штрајк, со цел уште еднаш да го изразат нивното незадоволство и несогласување за новиот закон од Министерството за транспорт што воедно се однесува и на такси превозот, а во текот на денешниот ден се очекува да биде ставен на гласање пред пратеницитеФедерацијата ги повика синдикатите на таксистите низ целата земја да се приклучат на протестот во Атина, при што возачите ќе се соберат во 11 часот пред канцелариите на атинскиот синдикат на таксисти, а потоа ќе маршираат пеш кон парламентот.Синдикатот на таксисти на Аттика (SATA) изјави дека секторот ќе „реагира масовно“, против она што го опиша како „подмолни одредби на закон за добивка“.Такси возачите, не се согласуваат со одредбите од законот што се однесуваат на задолжителната замена на возилата во Солун и Атина со целосно електрични, како и одредбите со кои, како што велат, им се дава предност на приватните возила со возач.Законот исто така ги проширува основите за одземање лиценци за такси, вклучувајќи осуди за опасно возење или попречување на транспортот – мерки кои федерацијата ги критикува како казнени.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски во Брисел: Работни средби за европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“.Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Елизабет Вернер.За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МНРиМТ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvjq81sv4b3e14oDyOT4

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје.Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, искуства и мислења меѓу гувернерите, претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции и академската заедница. Темите ќе ги опфаќаат актуелните предизвици со кои се соочува централното банкарство и улогата на централните банки во обезбедувањето стабилен и отпорен финансиски систем во време на забрзани светски промени.Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на СУЕРФ Ернест Ган.Во рамките на настанот ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои гувернери и високи претставници на централните банки и на меѓународните финансиски институции ќе разговараат за главните предизвици за централното банкарство во услови на зголемена светска неизвесност. Учесниците ќе зборуваат за макроекономските политики, искуствата од справувањето со светските економски шокови и улогата на економските политики во одржувањето на финансиската стабилност.Посебна панел-дискусија ќе биде посветена на дигитализацијата и иновациите, каде што излагачите ќе ги разгледуваат можностите и предизвиците што ги носат новите технологии за централните банки и за финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата за финансиската стабилност ќе се зборува за улогата на макропрудентните политики, нивната интеракција со другите економски политики и за ризиците поврзани со пазарот на недвижности. Учесниците ќе ги споделат и своите искуства од примената на инструментите за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.Конференцијата ќе може да се следи во живо на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9o72fdo7e9js7yfteAK

Директорот на Пинтерест: „Забранете пристап на социјални мрежи за деца“

Директорот на Пинтерест, Бил Реди, ја поддржа австралиската мерка со која се забрануваат социјалните мрежи за млади тинејџери и повика владите ширум светот да воведат слични забрани.„Социјалните мрежи, во обликот во кој се денес, не се безбедни за лица под 16 години. Потребен ни е јасен стандард: без социјални мрежи за тинејџери под 16 години, со реално спроведување на законот и одговорност на мобилните апликации и оперативните системи“, напиша Реди во авторски текст објавен во Time.Реди истакнува дека оваа забрана не би требало да се однесува на Пинтерест, бидејќи платформата веќе ја ограничува употребата на функции за размена на пораки и други социјални опции за тинејџери под 16 години. Дополнително, профилите на тинејџерите автоматски се приватни.Портпаролот на Пинтерест потврди дека компанијата нема планови да ја менува својата политика за корисници помлади од 16 години и ја дефинира Пинтерест како „платформа за визуелно пребарување“, а не како социјална мрежа. Како и повеќето социјални мрежи, Пинтерест не дозволува регистрација на корисници помлади од 13 години.Во минатото, Пинтерест се соочи со проблеми околу безбедноста на децата. NBC News во 2023. година објави дека алгоритмот на Пинтерест препорачувал фотографии и видеа од млади девојчиња на возрасни корисници. По шест месеци, компанијата ги направи профилите на тинејџерите под 16 години приватни.Според Реди, популарноста на Пинтерест меѓу младите е доказ дека ваквите политики се добри и за бизнисот.„Нашето искуство покажува дека давање приоритет на безбедноста и благосостојбата не ги одвраќа младите; тоа гради доверба“, напиша тој.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
market-3

СДСМ: Спиралата на поскапувања е активирана, без намалување на ДДВ на храната цените ќе продолжат да растат

Ценовната спирала веќе е активирана. Зголемувањето на цените на горивата директно ги повлече нагоре и цените на основните прехранбени производи, а граѓаните секојдневно го чувствуваат тоа на својот семеен буџет, велат од СДСМ.„Веќе маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот надминуваат 100 денари за килограм. Ова е само почеток – еднаш зголемените цени, повеќе не се враќаат назад.Владата на Мицкоски три недели не презеде ништо, дозволи горивата да поскапат за 21 денар и со тоа директно ја активираше оваа спирала на поскапувања. А денеска се очекува и ново поскапување на горивата за 4-6 денари.Половичната мерка на владата на Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата е задоцнета нема да донесе реално олеснување за граѓаните.Најзагрижувачко е што Владата нема никаква мерка за намалување на цените на храната. Без укинување или значително намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, цените ќе продолжат да растат, а животниот стандард ќе продолжи да паѓа.Наместо суштински решенија, Владата свесно избегнува мерки кои навистина ќе помогнат – како 0% ДДВ за храната и намалување на акцизите. Со тоа директно се остава простор за дополнителни профити на одредени бизнис структури на ВМРО, додека граѓаните плаќаат сè повеќе.СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува. Затоа, Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки за укинување на ДДВ на храната и да преземе конкретни чекори за заштита на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Предупредување до Европа: Иран распоредува ракети за да го погоди Лондон

Иран ги позиционира своите ракети за да го погодат Лондон, објави британскиот национален весник „Тајмс“, повикувајќи се на израелски разузнавачки и дипломатски извори. Причина за тврдењето се двете ракети испукани кон британската воена база во Диего Гарсија, која е на приближно исто растојание од Техеран како и западноевропските главни градови.„Иранскиот терористички режим претставува глобална закана. Со ракети способни да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“, соопшти израелската војска.Изворите на британското издание тврдат дека двете ракети биле предупредувачки сигнал за Европа.Според еден дипломат, целта на Иран била да ги предупреди Велика Британија и европските сојузници, кои ги поддржуваат САД и Израел во обезбедувањето на Ормутскиот теснец. Изворот додаде дека веројатно претходно не било познато дека ракетата се наоѓа во арсеналот на Иран.„Доколку ракетата биде лансирана од северен Иран, нејзиниот дострел би можел да достигне низ цела Европа“, предупреди тој.Се верува дека ракетите се лансирани со најдолг дострел досега. Израелските одбранбени сили потврдија дека ракетата успеала да помине околу 4.000 км.Не е со сигурност познато дали ракетите стигнале до Диего Гарсија. Првата ракета била пресретната од американски брод, а втората паднала откако прелетала околу 3.200 км, приближно 640 км од американско-британската база на островите Чагос.Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека британскиот премиер Кир Стармер „ги става во опасност британските животи“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygl9n4fv0dq41bOrWVrr

Трамп го нападна израелскиот претседател: „Ми лажеше за помилување“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикува израелскиот претседател Исак Херцог, нарекувајќи го „слаб и патетичен“ и обвинувајќи го дека го лажел дека ќе го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху.Трамп тврди дека Херцог повеќепати му ветил помилување, додека израелската страна ги негира овие тврдења.„Повеќе пати, не само еднаш, ми кажа дека ќе го помилува, а лажеше“, изјави Трамп, додавајќи дека Херцог „не е лидер“.Американскиот претседател смета дека судењето за корупција против Нетанјаху го одвраќа вниманието од воените напори.„Биби треба да се фокусира на војната, а не на глупости“, порача Трамп.Еден висок израелски функционер ги одби тврдењата на Трамп, наведувајќи дека Херцог никогаш не дал такво ветување, туку само рекол дека ќе го разгледа барањето за помилување во согласност со законот.Бенјамин Нетанјаху се соочува со долгорочни обвиненија за корупција, вклучувајќи примање услуги и погодности во замена за регулаторни олеснувања, законодавни потези и политичка поддршка од богати бизнисмени и медиумски магнати.Во однос на војната со Иран, Трамп одби да прецизира дали американските сили ќе таргетираат или окупираат иранска нафтена и гасна инфраструктура, наведувајќи дека во овој момент не може да даде одговор.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
benziska-guzva-goriva

ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија. Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двеста литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански.Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 проценти исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат.Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Ирански портпарол со порака до Трамп: „Отпуштен си“

Ирански портпарол му упати порака на американскиот претседател Доналд Трамп користејќи ја неговата позната фраза „Отпуштен си“, алудирајќи на неговото ријалити шоу и предизвикувајќи внимание во јавноста.Иранскиот воен портпарол Ебрахим Золфагари испрати порака до Трамп.„Еј Трамп, отпуштен си. Позната ти е таа реченица. Благодарам на вниманието“, порача Золфагари на англиски јазик.Золфагари е портпарол на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, иранско заедничко воено командно тело задолжено за координација на операциите меѓу Исламската револуционерна гарда и редовните вооружени сили.Фразата на која алудираше Золфагари, „Отпуштен си“, е препознатлива реченица на американскиот претседател уште од времето кога го водеше ријалити шоуто „Приправник“. Во тоа шоу натпреварувачите се бореа за деловна можност и работно место во една од компаниите на Трамп.Трамп беше водител и заштитно лице на шоуто, а стана особено препознатлив по реченицата „Отпуштен си“, со која ги елиминираше кандидатите. Емисијата со години беше многу популарна и во голема мера придонесе за неговата јавна препознатливост надвор од деловниот свет.Изразот „Благодарам на вниманието“ претседателот често го користи за завршување на објавите на својата платформа Truth Social.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник за клучни зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

СДС да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДС не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?Јавноста има право да знае дали Башановиќ бил инволвиран во бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали постојат врски со компании кои добивале значајни државни договори.Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била од Грција?Фактот што Башановиќ е долгогодишен близок соработник на Заев отвора сомнежи за континуитет на истите структури и влијанија во рамки на СДС.Јавноста очекува јасен одговор дали повторното ангажирање на Башановиќ во СДС е поврзано со некакви претходни финансиски обврски. Дали Заев му исплатил стари долгови на Башановиќ?Дали Венко Филипче самостојно ја води партијата или е само продолжена рака на старите центри на моќ.Молкот не е одговор. СДС има обврска транспарентно да излезе пред граѓаните и да ги расчисти сите дилеми. Граѓаните заслужуваат вистина, а не игнорирање на прашањата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynn3kh5mi6kcpfbTQfGi

Ескалација на протестите во Албанија, опозицијата бара оставка од Рама

Опозицијата во Албанија во неделата одржа нов антивладин протест, обележан со високи тензии, вклучувајќи фрлање молотови коктели врз зградата на владата и интервенција на полицијата со солзавец, јавува Анадолија.Протестот го организираше Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама.Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на албанската влада, на што полициските сили одговорија со солзавец и водни топови.За време на маршот низ улиците на главниот град, молотови коктели беа фрлени и врз зградите на неколку министерства и други институции, а неколку полициски возила беа запалени.На протестот, присуствуваше лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша, како и други пратеници од опозицијата. Стотици полицајци го обезбедуваа настанот, а некои патишта во Тирана беа блокирани.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
mark-rute

„НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети“, вели Руте

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот Океан кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, пренесува Би-би-си.„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте во интервју за американските медиуми.Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го анализираме случајот со нападот врз британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат можноста за ракетирање на големи далечини. Ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност“, рече Руте.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykvtaau59d41o6bwKz9A

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% - горивата повторно ќе поскапат и  граѓаните нема да почувствуваат ништо, велат од опозициската СДСМ.„Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат.Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм.Очигледно владата на Мицкоски избегнува суштински решенија за намалување на цените затоа што ги штити бизнис интресите на ВМРО кои профитираат од високите цени.Реалноста е дека цените растат, платите не се зголемуваат, а Владата на Мицкоски нема план ниту пак сака нешто да преземе.Тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата, празни фрижидери и намалување на стандардот на граѓаните.СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки кои вистински ќе донесат до намалување на цените и ќе им помогнат на граѓаните: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
3-1

Попова Шапка најстудена утрово со -3 степени

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спуштила до -3 степени, а снежната покривка достигнува 57 сантиметри.Под нулата било и во Лазарополе со -2 степени и во Маврови Анови со -1, додека нула степени се измерени во Крива Паланка. Во Берово и Крушево се измерени 1 степен, 2 степени во Претор, а 3 степени во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница.Температура од 4 степени е измерена во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 степени во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес, додека најтопло утрово е во Гевгелија со 8 степени.Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за повремен слаб дожд во делови од котлината во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 15 степени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

(Видео) Авион се судри со противпожарно возило во Њујорк

Регионален авион на компанијата „Ер Канада експрес“ се судрил со возило на пистата по слетувањето на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцна во неделата навечер, што довело до затворање на аеродромот.Станува збор за авион од типот CRJ-900, кој пристигнувал од Монтреал, а според податоците од платформата за следење летови „Флајтрадар24“, удрил во возило со брзина од околу 24 милји на час непосредно пред полноќ.Летот го извршувала компанијата „Џез авиејшн“, регионален партнер на „Ер Канада“. И двете компании го потврдија инцидентот.„Летот 8646 беше на релација Монтреал (YUL) – ЛаГвардија (LGA). Прелиминарниот список покажува дека во авионот имало 72 патници и четири члена на екипажот, но тоа сè уште треба да се потврди. Инцидентот се случи околу 23:47 часот на 22 март 2026 година“, се наведува во соопштението на „Џез авиејшн“.Американската Федерална управа за воздухопловство воведе итен прекин на сите летови на аеродромот, наведувајќи дека станува збор за вонредна состојба, без да соопшти дополнителни детали.Според информациите од веб-страницата на аеродромот ЛаГвардија, пристигнувачките летови биле пренасочени кон други аеродроми или вратени на почетните дестинации.Управата на пристаништа потврди дека авионот се судрил со возило за спасување и гасење пожари на аеродромот, кое реагирало на друг инцидент.Во соопштението се наведува дека веднаш биле активирани итните протоколи и дека аеродромот бил затворен за да се овозможи интервенција и да се спроведе детална истрага.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynl85hd2eoef72iTzc1t

Зошто двајцата пилоти на ист лет никогаш не јадат исто јадење?

Иако авиокомпаниите денес нудат широк избор на оброци за патниците – од вегански до безглутенски опции – правилата за пилотите се значително поинакви. Имено, пилотите кои заедно управуваат со авионот за време на лет не смеат да јадат ист оброк, а причината за тоа е безбедноста на сите патници и членови на екипажот.На долгите летови, каде во пилотската кабина се присутни најмалку двајца членови на екипажот, често важи правило секој пилот да консумира различна храна.Доколку еден пилот избере, на пример, тестенини, другиот ќе земе некое друго јадење, како пилешко. Оваа мерка постои со цел да се намали ризикот од труење со храна.Правилата за бројот на пилоти се јасно дефинирани од страна на Федералната управа за воздухопловство, која бара секој комерцијален лет да има најмалку двајца пилоти.На летови подолги од осум часа, често има и три или четири пилоти, со цел да се почитуваат ограничувањата за работното време, но и да се обезбеди замена во случај на непредвидени ситуации.Труењето со храна, предизвикано од бактерии како салмонела, ешерихија коли или норовирус, може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Токму затоа авиокомпаниите настојуваат да спречат двајцата пилоти да консумираат ист оброк. Доколку храната би била контаминирана, барем еден пилот би останал способен безбедно да управува со летот.Иако ваквите случаи се ретки, тие сепак се случувале. Еден од попознатите инциденти се случил во 1982 година на лет од Лисабон до Бостон, кога поголем дел од екипажот имал здравствени проблеми по консумирање ист десерт. За среќа, двајца членови на екипажот не го јаделе десертот, што овозможило безбедно слетување на авионот.Кога станува збор за исхраната, пилотите немаат строго пропишано мени. Обично поискусниот пилот прв го избира оброкот, а колегата потоа зема нешто различно. На подолгите летови, некои авиокомпании обезбедуваат посебни оброци за екипажот, кои се разликуваат од оние за патниците и често се поедноставни за консумирање.Пилотите можат да понесат и сопствена храна од дома, особено на пократки летови кога не се обезбедени оброци. Сепак, едно правило е јасно – за време на лет нема консумирање алкохол, бидејќи безбедноста секогаш мора да биде на прво место.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya38v7j2m9fkba098mzY

(Видео) Антисемитски напад во Лондон: запалени возила на еврејска итна помош

Полицијата во Лондон спроведува истрага откако четири возила на еврејска служба за итна медицинска помош биле запалени во Голдерс Грин.Британската полиција рано утрово соопшти дека истражува подметнување пожар на четири возила на еврејска служба за итна помош во Лондон, наведувајќи дека инцидентот се третира како антисемитско злосторство од омраза.Полицијата била повикана во Голдерс Грин, кварт во Лондон, поради подметнат пожар и оштетувања на четири амбулантни возила кои ѝ припаѓаат на организацијата „Хацола Нортвест“, еврејска волонтерска група што обезбедува итна медицинска помош, пренесува АП.Пожарот предизвикал повеќе детонации на возилата, поради што биле искршени прозорците на блиска станбена зграда, се наведува во соопштението на лондонската противпожарна служба, која додава дека нема повредени, пожарот е ставен под контрола и истрагата е во тек.„Свесни сме дека овој инцидент ќе предизвика голема загриженост во заедницата и затоа полициските службеници остануваат на местото за да ја спроведат истрагата“, изјави началничката на лондонската полиција Сара Џексон, додавајќи дека засега нема уапсени осомничени.Полицијата потврди дека извештаите за експлозии се поврзани со гасни канистри во амбулантните возила, поради што биле евакуирани блиските станбени објекти.Според податоците на Фондот за безбедност на заедницата, кој работи на заштита на еврејската заедница во Лондон, бројот на антисемитски инциденти пријавени низ Велика Британија значително се зголемил од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа кон крајот на 2023 година. Во 2025 година биле евидентирани 3.700 антисемитски инциденти, наспроти 1.662 во 2022 година.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6u2vkmkev8o992g6IfL

Патничка почина на лет од Хонгконг до Лондон, пилотот продолжил со 12 часовниот лет

Патничка починала за време на лет на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ од Хонгконг до Лондон, а пилотот одлучил да не се враќа на почетниот аеродром, туку да го продолжи 12-часовниот лет.Во соопштение на авиокомпанијата е потврдено дека жената, во седмата деценија од животот, починала еден час по полетувањето од Хонгконг, но пилотот одлучил поради овој инцидент да не се врати на аеродромот во Хонгконг, пренесува лондонски „Сан“.Се наведува дека членовите на екипажот донеле одлука телото да го сместат во задниот дел од авионот и да го покријат.„Започнала расправа за тоа што да се направи со телото. Екипажот го одбил барањето од пилотската кабина телото да се заклучи во тоалет, па било одлучено телото да се изолира, да се завитка и да се премести во кујната во задниот дел од авионот“, изјавил неименуван соговорник за порталот, додавајќи дека екипажот превидел дека кујната има подно греење.Во еден момент патниците почнале да се жалат на непријатна миризба.Британската полиција го пречекала авионот и ги замолила патниците да останат на своите седишта додека се спроведува истрага.Како што се наведува, и патниците и членовите на екипажот биле вознемирени по летот, а компанијата на вработените им овозможила неколкудневно отсуство од работа.Според насоките на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, доколку патник почине за време на лет, неговото тело треба да се стави во наменска вреќа или да се покрие со ќебе до вратот.Прописите налагаат безживотното тело да се отстрани од другите патници и да се смести во слободен дел од авионот, доколку леталото не е целосно пополнето.

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања