Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

1 нед.
media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други наддавачи. Информациите кои стигнаа до нас, говорат и тоа дека раководниот тим на чело со генералниот директор Филип Филиповски се заканувале на фирми да не се јават на огласот. Во прилог на информациите говори и фактот што во повикот стои дека и да се јави само една фирма наддавањето ќе се изврши, велат од политичката партија Левица.„Вработени во АД Водостопанство исто така укажуваат дека претпријатието е повторно блокирано затоа што има долг од 40 милиони евра кон УЈП, тужби од повеќе од 30 фирми и во моментов е дадено и на извршители. ЗЏаради ова во Водостопанство, како што велат, сѐ уште не земале плата и не се знае кога ќе земат.Понатаму, вработените обвинуваат за нарушени меѓучовечки односи како во главната дирекција така и во сите подружници, а директорот Филиповски, откако е поставен до сега избркал од работа 50 вработени, а околу 15 стручни кадри со високо образование сами го напуштиле претпријатието поради малтретирање од страна на директорот. Згора на тоа, против десетина вработени се воделе дисциплински постапки за дела, како што велат свиркачите наместени од раководстовото со цел да се избркаат за на нивно место да вработат партиски активисти. Вработените во Водостопанство обвинуваат и за поплавите што се случија пред два месеци дека  настанале со изливање на неколку реки единствено од негрижа на водостопанство за чистење на речните корита. Велат дека механизацијата наместо да ги чисти речните корита била користена за приватни цели во Куманово и на Велешко езеро. Истата била користена и во предизборната кампања на локалните избори за да се сликаат кандидатите и градоначалниците од ДПМНЕ за објави на социјални мрежи. Од друга страна, како што кажуваат, нема ни соодветни луѓе да ги одбележат точките на излевање во речните корита.Вработените посочуваат и тоа дека Ацо Узелац, шеф на кабинет на главен извршен директор иако од 05.03.2026 е пензионер и понатаму доаѓа во Водостопанство да потпишува документи.  Атанас Ризов, пак, до скоро директор на подружница Кавадарци, а сега ставен специјален советник, за која вработените велат дека е една од најрентабилните, истовремено бил и во Управен одбор на Јавното комунално претпријатие Кавадарци, што претставува судир на интереси, а како што обвинуваат токму Ризов овозможувал ЈКП Кавадарци да не ги плаќа фактурите кон Водостопанство. Освен ова вработените велат и дека Филиповски прави секојдневно трошок од 3000 денари за две возила што патуваат од Куманово за Скопје или околу 100 илјади денари месечно за гориво и патарина. Од Куманово доаѓале со службено возило СК 1951 ЦА кое го користеле исклучиво за приватни цели, а истото возило го користеле и во попладневните часови низ Куманово“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ги одложи сите напади врз иранските електрани

Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани откако имал „добри и продуктивни разговори“ со режимот во Техеран. Како што наведува Ројтерс, Трамп ѝ наредил на американската војска да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за пет дена.Потегот на Трамп следеше по заканата од Иран дека ќе ги нападне израелските електрани и оние што ги снабдуваат американските бази низ регионот на Персискиот Залив доколку САД ја нападнат енергетската мрежа на Иран.„Сакам да известам дека САД и земјата Иран, во последните два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со потполно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток. Врз основа на тонот и содржината на овие длабоки, детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на неделата, му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади против иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и дискусии – напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
benzine

Недостиг на гориво во Хрватска, граѓаните во страв

Снабдувањето со гориво во Хрватска станува сè понесигурно, откако недостигот на деривати почна директно да се чувствува на терен, особено во помалите населени места.Една од најпогодените средини е Удбина, каде што веќе е затворена една бензинска станица, додека другата, во сопственост на ИНА, работи со скратено работно време – само до 13 часот. Ваквата состојба сериозно го отежнува секојдневието на локалното население.Жителите се жалат дека се принудени да патуваат десетици километри за да наполнат гориво, најчесто до Грачац, што создава дополнителни трошоци и неизвесност.„Не е добро, најблиската пумпа ни е во Грачац. Тешко е, навистина тешко, полниме каде што ќе стигнеме“, изјавуваат граѓани за хрватските медиуми.Од компанијата ИНА посочуваат дека внимателно ја следат состојбата, но засега не најавуваат промени во работното време на бензинските станици, што дополнително ја зголемува загриженоста кај возачите.Ситуацијата отвора прашања за стабилноста на снабдувањето со гориво во земјата и можните последици доколку кризата продолжи и во наредниот период.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Дипломатски инцидент ja тресе ЕУ, Орбан итно се огласи: „Ова е сериозен напад врз Унгарија“

Украинските разузнавачки служби го прислушувале мобилниот телефон на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, откако го добиле неговиот број од унгарски новинар, соопшти премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.Орбан истакна дека наложил Министерството за правда да го истражи случајот, кој би можел да се квалификува како кривично дело.„Прислушкувањето на член на владата е сериозен напад врз Унгарија. Наложив на министерот за правда веднаш да ги истражи информациите во врска со прислушувањето на телефонските повици на Петер Сијарто“, напиша Орбан на социјалните мрежи.Од своја страна, Сијарто нагласил дека бил шокиран кога дознал дека му се прислушкува телефонот по дојава од унгарски новинар, додавајќи дека „е срамно што овој новинар, кој соработува со разузнавачки служби, е близок до раководството на партијата „Тиса“.Портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, објавил аудио-снимка од новинарот Саболч Панји, која протекла, на која новинарот признава дека го дал бројот на Сијарто на странски разузнавачки агенции за да ги следат неговите повици.Според „Политико“, повикувајќи се на неименувани дипломати и официјални лица, лидерите на Европската унија престанале да ја повикуваат Унгарија на состаноци каде се разговара за доверливи информации поради страв од пренесување информации на Русија.Будимпешта ги нарекла овие тврдења лажни и како проукраинска пропаганда насочена кон поддршка на опозициската партија „Тиса“ пред претстојните парламентарни избори.Потсетуваме, парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Моџтаба Хамнеи издаде список на директиви за иранската војска

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви во кои се наведени задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со САД и со Израел.Првото од списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормускиот теснец, а второто е да се продолжат нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објави иранската новинска агенција ВАНА.Третото барање е иранските сили да ја одржат подготвеноста за отворање нов фронт доколку се смета за стратешки неопходно.Потоа доаѓа барањето да се продолжи со уништување на американските и израелските непријателски средства и воени капацитети, а потоа „да се евидентира секој маченик“ во посебна иранска датотека за воена одмазда.Шестото барање е разузнавачките структури на Иран да ги елиминираат безбедносните закани од внатрешни и надворешни непријатели, а седмото е да се поштедат некои од соседните земји од ирански воени напади.Според ВАНА, доказите од бојното поле укажуваат дека ајатолахот Моџтаба издал неколку дополнителни воени наредби, или под негов директен надзор, со негово одобрение или со експлицитни наредби.Тука спаѓаат барањата на ајатолахот да се одговори повеќекратно на секој напад врз иранската енергетска инфраструктура, да се зголеми интензитетот на ракетните напади врз израелскиот режим и, конечно, да се додадат нови цели на списокот на напади секогаш кога е потребно.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид нашата држава да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот.„Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, поднесе предлог за амандман на својот последен извештај, со кој го доведува во прашање вториот протокол кон Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој самата ЕУ го посочи како дел од Преговорната рамка. Со амандманот 108, Вајц предлага текстот на идната резолуција да биде напишан така што Европскиот парламент ‘ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување’“.Текст што звучи безопасно сам по себе, но зошто е пречка? Протоколот експлицитно наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја завршува фазата на отворање преговори, ќе се одржи дури откако Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав. Протоколот беше усвоен во рамките на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, одржан во Софија на 17 јули 2022 година.Целта на овој текст е да се започнат преговори за пристапување на Северна Македонија без Скопјe да ги исполни своите обврски и пред Бугарите да бидат вклучени во нивниот основен закон. Не може, а да не предизвика загриженост тоа што барањето на Томас Вајц целосно одговара на политиката на северно македонскиот премиер, како и на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, коментира во анализата БГНЕС.Медиумот притоа потсетува дека минатата година, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е поврзана со поранешниот премиер Никола Груевски, покрена постапка за оспорување на вториот протокол.„Нејзината жалба беше прифатена на разгледување од страна на Уставниот суд на Северна Македонија во краток рок. Поповска тврди дека протоколот е во спротивност со Уставот, има неточна правна форма и влијае на прашања поврзани со идентитетот. Сепак, судот не се изјасни за него ни половина година подоцна. Тука се поставува разумното прашање дали известувачот на ЕП сака правната служба на Советот да донесе одлука наместо Уставниот суд во Скопје, така што евентуалната поволна оценка во корист на Северна Македонија би се претставила како ‘европска’ одлука, а не како обид на земја-кандидат да ги заобиколи условите“, пишува БГНЕС.БГНЕС, исто така, потсетува на ставовите на Македонија во врска со процесот на подготовка на минатогодишниот извештај за Северна Македонија, повторно напишан од Томас Вајц, од кој стана јасно дека македонскиот премиер однапред имал доверливи внатрешни информации во реално време за текстовите во документот. Во својот извештај оваа година, Вајц го повторува својот повик „за зајакнување на способноста на ЕУ да дејствува преку воведување делумно гласање со квалификувано мнозинство во областите поврзани со процесот на пристапување, вклучително и со укинување на барањето за едногласност во средните фази од процесот на проширување за одлуки за отворање и затворање на поединечни преговарачки групи и поглавја…“Но, она што многу ги иритира во Софија е амандманот 214, во кој известувачот ја нагласува „обврската на сите земји-членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, како и земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки, брзо да ги спроведат преостанатите пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП)“, додавајќи дека сите законски измени мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди, препораките на Венецијанската комисија и Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ).„Загриженоста на Вајц за спроведувањето на пресудите на ЕКЧП е пофална, но ваквите формулации немаат место во документ чија единствена функција е да ја утврди подготвеноста на Скопје да биде дел од демократските европски држави. На сите им е јасно дека иако земјите-членки не се експлицитно споменати, текстот на Предлогот 214 јасно се однесува на Бугарија и групата случаи на ОМО ‘Илинден’ во ЕСЧП. Неприфатливо е известувач на Европскиот парламент да наметнува обврски на земја-членка или да ја оценува во рамките на извештај за земја-кандидат. Овие текстови се целосно во согласност со реториката на Скопје, со која Вајц ги доведува во прашање веќе договорените елементи на преговарачката рамка, а од друга страна, Северна Македонија не ги почитува препораките на Венецијанската комисија и ЕКРИ“, коментира БГНЕС.Според медиумот, обидот да се заобиколи едногласноста при донесувањето одлуки во врска со процесот на преговори со земја-кандидат, која со години одбива да се придржува до Преговарачката рамка усвоена од неа, е целосно неприфатлив.„Кога Томас Вајц го подготвуваше минатогодишниот извештај за Северна Македонија, ниту еден претставник на Бугарија во европските институции не презеде одговорност за вклучување на формулацијата ‘македонски идентитет и јазик’ во неговата конечна верзија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), за што Европскиот парламент нема надлежност да се изјаснува. Требаше да се гласа на пленарна седница за текстовите излобирани од Скопје да бидат отстранети од резолуцијата. Овој пат, согласувањето со опцијата за ‘компромис’ или целосното повлекување од амандманите отвора врата за непредвидливи и неконтролирани последици, смета БГНЕС.Затоа, медиумот ги повикува бугарските европратеници да не станат соучесници во напорите на Скопје да не ги исполни своите меѓународни обврски „и да ги префрли последиците од сопствената неспособност врз Софија“. Изборната кампања во Бугарија не ги ослободува бугарските европратеници од политичка одговорност, пишува БГНЕС.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfqj716mtrb1026ZtEjt

Кузеска: СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ?

Скандалот со блокираниот изборот на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција. Зошто се кочи изборот на вицегувернери? Дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а се уште нема избор, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.„Прекршен е член 55 став 1 од Законот за Народна банка и рокот од 22 декември 2025 година е изминат.Ова доцнење отвора и дополнителна дилема:Дали одлуките на Советот на Народната банка во вакви услови се целосно легитимни и функционални?Кога клучни позиции не се пополнети, се доведува во прашање фукционирањето на Народната банка.Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба.Ова не е првпат Славески да носи политики на штета на граѓаните.Да потсетиме:Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работницитеКако претседавач на Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад.Истиот тој човек денес управува со Народната банка.Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање?Народна банка е место за професионалци а не за партиски кадри на Славевски.СДСМ бара, итна истрага за причините.  Финансиската стабилност не смее да биде жртва на политички игри и на неспособноста на Славески“, вели Кузеска.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3v70ro9tgest41slTLJ

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ

СДС да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.Освен овие еден и пол милион евра, да потсетиме дека имаме сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Исто така, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражија.Од СДС треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде „истеран“ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија?Почитувани граѓани,Ете кој го води СДС, и ете кој го води нивниот ПР тим. Луѓе кои се синоним за криминал и корупција се секогаш во врвот на СДС.Во СДС се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, на следните избори СДС ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

Двајца пилоти загинаа во тешката несреќа на аеродромот во Њујорк

Две лица загинаа во несреќа на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, јавува Би-Би-Си. Во несреќата се повредени повеќе лица, меѓу кои има и двајца пожарникари.Авионот на пистата, по слетувањето, удрил во противпожарно возило кое било таму поради друг инцидент. Станува збор за авион на „Ер Канада Експрес“ кој пристигнал од Монтреал.– Итните протоколи за реагирање веднаш беа активирани – соопштија од аеродромот.На местото веднаш излегле сите итни служби. Во авионот имало околу 70 лица, а по несреќата аеродромот бил затворен.Повеќе од 40 лица завршиле во болница, а неколку од нив имаат тешки повреди.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

38-годишник од Гостивар починал во болница, телото дадено на обдукција

На 22.03.2026 во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал.Лекар констатирал смрт без видливи траги на наасилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Putin-i-Kim-Djong-un

Ким Џонг Ун би можел наскоро да ја посети Русија: „Се договараат датуми“

Посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија е можно да се реализира откако ќе се договорат конкретни термини, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според неговите зборови, Ким Џонг Ун има отворен повик да ја посети Русија, јавува ТАСС.Песков објасни дека таквата посета би можела да се случи веднаш штом преку дипломатските и други канали ќе се договорат конкретните датуми.Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се сретна во Русија со рускиот претседател Владимир Путин во септември 2023 година, кога до рускиот пристанишен град Владивосток пристигна со оклопен воз.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
zdravko-colic-koncert

Здравко Чолиќ сослушан во обвинителството по бомбашкиот напад на неговата вила

Пејачот Здравко Чолиќ денеска беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ја води истрагата против осомничените за бомбашкиот напад на неговата куќа.Чолиќ за време на испитувањето изјавил дека не знае кој стои зад нападот на неговата куќа, а во полицијата кажал дека „никому ништо не должи и нема судири“.„За време на испитувањето Чолиќ навел дека не е тип човек кој влегува во судири, особено не во судири поради кои некој би го нападнал на ваков начин. Рекол дека не се приклучува на кривичното гонење, бидејќи смета дека уапсените се само извршители на нечија наредба – открива извор, пишува Блиц.Пејачот исто така навел дека за време на бомбашкиот напад бил во Загреб и не бил во куќата, но се смирил кога дознал дека неговите ќерки и сопругата се добро и дека никој не е повреден. Во обвинителството останал околу еден час.Според неофицијални информации, исто така рекол дека куќата не претрпела големи оштетувања.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Нов случај на семејно насилство: Секојдневно и се заканувал на нејзе и на децата, па ја тепал и нападнал со нож

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
tepa-zena

Тетовчанка физички нападната од синот и снаата

На 22.03.2026 во 16:45 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека во домот, по претходно меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот син П.С.(26) и нејзината снаа В.С.(21) од Тетово.Тие се повикани во СВР Тетово и со нив бил извршен службен разговор.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Се тепал со брат му, па со нож му нанел повреди

На 22.03.2026 во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 -годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygtps4f1vamh53c8lgut

Возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола, па се удрил во товарно возило

На 22.03.2026 во 09:00 часот на ул.„Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.З.(29) од с.Врапчиште, гостиварско.Претходно, тој со патничко возило „опел“ со словачки национални ознаки учествувал во сообраќајна незгода со товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(51) од с.Долна Бањица, гостиварско. При преземање мерки е утврднео дека Е.З. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,97 промили алкохол во крвта и дека возилото го управувал без претходно положен возачки испит.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library63gjhdsgjcdndTxauMx

Изгоре штала во гостиварско, зафатени и три бандери на ЕВН

На 22.03.2026 во 17:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека настанал пожар во помошен објект (штала) во двор од куќа во с.Голема Бањица, гостиварско, сопственост на Ф.Ш.(70).Објектот целосно изгорел, а биле зафатени и три бандери, сопственост на ЕВН – Македонија.Повредени лица нема, а попожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар. Увид е извршен.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library54c1rti7n0ijcALBxk5

Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 3 април во Националната опера и балет

На 3 април 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката.Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска.Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Во солистичката екипа настапуваат: Марјан Јованоски, Биљана Јосифов, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Филип Мирчевски, чембало: Елена Сиљаноска, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.„Севилскиот бербер“ е ремек-дело на Росини, композитор познат по својата музичка виртуозност, брзите ритмички фрази и живата сценска енергија. Операта изобилува со духовити ситуации, брзи дијалози и незаборавни музички моменти, меѓу кои се издвојува славната арија „Largo al factotum“, со која ликот на Фигаро повеќе од два века го освојува светот. Делото ја следи љубовната приказна исполнета со пресврти, тајни планови и комични недоразбирања, раскажана во препознатливиот, жив и раскошен стил на Росини.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library00dur9lkco1h10TyIC8

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, вели пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.„Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик.Законот беше донесено во јануари 2024та, после 18 години со голем консензус од сите пратенички групи во изминатиот состав на собранието, со широка дебата, и со вклулување на сите предлози на сите засегнати од овој закон.И што имаме денес? Имаме целосно игнорирање на сите одредби од законот.Има именувана директорка на Инспекторатот, има работна верзија од стратегијата за македонски јазик која започна да се работи пред само две недели. И толку.Не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани. А никој не реагира.И кога сакавме да разгледаме како оди имплементацијата на овој закон, сфативме дека нема ништо спроведено. Навистина ништо. Секој буџет од 2024та наваму и секој ребаланс гледаме кратење на пари.Нема пари за примена на Законот за македонски јазик ама има за тендери.И кога некој би поднел пријава за било кое од овие непопитување на законот, нема кој да постапи!На барање на владејачкото мнозинство се направи промена во законот за примена на македонскиот јазик со кој нивото на инспекторатот се намали со ветување дека тоа се прави само и само да профункционира! И повторно не функционира.Затоа, денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува барање за надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од законот за употзаконот за употреба на македонскиот јазик.Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името.Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ. Тоа се национални интереси и тоа, меѓу другото, е и заштита на јазикот.Го поднесуваме ова барање за да се најде решение, и конечно законското решение да почне да функционира.Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова барање, се работи за македонскиот јазик“, вели таа.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytmc5j6u9laal2rNCEcu

Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање, велат од Левица.„Дополнително власта поставува погрешни приоритети. Се однесуваат понизно кон Окта како да станува збор за надреден субјект, а не за компанија која треба да биде регулирана во интерес на граѓаните. Наместо државничка реакција која ќе го штити јавниот интерес сведочиме срамен и понизен однос на власта кај менаџментот на Окта, што јасно покажува дека единствено нешто за што се грижи оваа влада се профитите на бизнис структурите.Додека во јавност се пласираат неосновани пофалби како ние сме тие кои сега даваат помош и несоодветни споредби со алудирање на ковид кризата, во пракса се дозволува неконтролирана продажба на горива на странци без никаква заштита за домашното население.Најавата за намалување на давачките за мазут, со образложение дека тоа ќе ја заштити цената на струјата за домаќинствата, покажува дека премиерот не разбира како функционира ЕЛЕМ. Оваа компанија не е регулирана од РКЕ туку владата директно му налага со која цена ќе учествува на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач.Тврдењата дека електроенергетскиот систем е стабилен се само фасада. Во суштина, сè е стихијно и се сведува на чиста импровизација од денес за утре.Наместо празна реторика, бараме итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел.Долгорочно потребни се стратешки инвестиции и тоа државен батериски систем за складирање на енергија и изградба на Чебрен со сопствени средства.Доста е со крпење дупки преку грбот на граѓаните. Потребна е одговорност и знаење, а не сервилност пред корпоративните интереси“, се вели во соопштението

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl5njgabklnkjdP6PzIo

Општина Карпош субвенционира купување на нови велосипеди

Општина Карпош од 23.03.2026 година започнува со акција за субвенционирање на купувањето нови велосипеди, трицикли и карго велосипеди. Субвенцијата изнесува 30% од цената на велосипедот, со максимален финансиски износ до 5.000 денари.„Право на учество во акцијата имаат сите полнолетни жители на Општина Карпош кои ќе купат нов велосипед или трицикл од денот на објавување на повикот. Целта на оваа мерка е да се поттикне користењето на еколошки транспорт и подобрување на квалитетот на живот во општината“, информираат од Општина Карпош.Линк до ЈАВЕН ПОВИК https://shorturl.at/xdFaAБАРАЊЕ за субвенција за купување на нови велосипеди,трицикли и карго велосипеди https://shorturl.at/3XA5D

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
grehrjtdzdk-196814

ДУИ алармира: Ниту еден Албанец не унапреден во Централниот регистар

40 унапредувања во Централниот регистар. 0 за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од ДУИ.„Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба.Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат.ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

1699 сообраќајни прекршоци за три дена, уапсени 60 лица, одземени 20 возила

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец.Во истиот период одземени се 20 возила по член 300-б од Кривичниот законик.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен викенд евидентирани се 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 10 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 193 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност. Санкционирани се и девет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryq1be6jro4sn56MB9CYR

Зелен хуман град: Во дворот на МВР нелегално се сечат дрвја

Невладината организација Зелен хуман град реагира на сечењето дрва во дворот на Министерството за внатершни работи. Како што велат истото е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје.„Загрижени граѓани до ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД испратија загрижувачки информации во врска со сечење и кастрење на дрвја во дворот на Министерството за внатрешни работи, кое според Законот за урбано зеленило е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје кое НЕ Е ПОСТАРО ОД 30 ДЕНА.Имено, станува збор за повеќегодишни и здрави дрвја при чие сечење сериозно е оштетена оградата околу Министерството за внатрешни работи. Дополнително, турната е жица за пренесување електрична енергија близу до земјата, која е оставена така речиси еден ден, што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните кои поминуваат таму.Скопје, во ситуација на екстремна загаденост и ужасен квалитет на воздухот НЕ СМЕЕ да си дозволи понатамошно уништување на урбаното зеленило во градот. Особено е недозволиво кога тоа уништување се прави на здрави дрвја, без разумна причина и противзаконски од страна на институцијата која е надлежна за спроведување на законите. Што мислите, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе реагира?!Навистина ни е мило што граѓаните го сметаат ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за политички субјект од доверба кој континуирано се грижи и залага за подобрување на нивниот секојдневен живот и ги претставува нивните интереси во институцииите на системот. Воедно, ги охрабруваме да продолжат да нѐ информираат за вакви настани во иднина зашто се покажало дека јавниот притисок е единствен начин за нешто макар и минимално да функционира во овој распад“, се вели во објавата.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост.Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.„Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува“, посочи Стојкоски.Соработката помеѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со што се воспоставува континуирано партнерство насочено кон обезбедување стручна и институционална поддршка.Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања