Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
benziska-guzva-goriva

„Спречивме поскапување на горивата, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните“, велат од Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација.Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 95,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 92,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 47,610 (денари/килограм)Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше значително поскапување за граѓаните и стопанството.„Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните.“Во услови на силен раст на цените на светските пазари во изминатиот период, Владата донесе клучна мерка: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%Оваа мерка, која ќе важи во наредните две недели со можност за продолжување, обезбеди директно намалување на цената за 6 до 7 денари по литар, како и спречување на дополнителен ценовен удар.Според анализите, без интервенција, цената на бензините ќе се зголемеше за околу 6,5 денари по литар, а дизелот за над 10 денари, што ќе предизвикаше сериозен притисок врз транспортот, услугите и цените на основните производи.„Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања – од горивата до храната и услугите.“ нагласи Божиновска.Министерството нагласува дека изборот на мерката – намалување на ДДВ – е направен врз основа на нејзиниот директен и брз ефект врз крајната цена, за разлика од други инструменти кои бараат подолги процедури и имаат ограничен ефект.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, надоврзувајќи се на мерката од 13 март со која компанијата ОКТА овозможи попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини за трговците, е во континуирана и интензивна комуникација со компанијата за можностите за дополнително зголемување на овој попуст. Имајќи предвид дека иницијалната мерка веќе создаде простор дел од олеснувањето да се пренесе кон крајните потрошувачи и придонесе за ублажување на ценовниот притисок, во тек се разговори за нов пакет на услови со кои би се постигнал уште посилен ефект врз стабилизацијата на цените на горивата, особено кај дизелот. Во таа насока, се очекува дополнителен придонес и од малопродажните трговци, со цел попустите во целост да се рефлектираат во цените за граѓаните. Паралелно, активно се работи и со сите економски оператори на пазарот, при што се очекува одговорно однесување и конкретни чекори за дополнително ублажување на ценовниот притисок.„Во време на криза, одговорноста е заедничка – и на државата и на компаниите“, потенцира Божиновска.Министерката Сања Божиновска истакна дека државата успешно се справува со предизвиците од глобалната енергетска криза предизвикана од воените случувања во Заливот, при што снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. Таа нагласи дека е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, а сите надлежни институции се координираат редовно со цел навремена и ефикасна реакција на секоја новонастаната ситуација.Државните резерви се стабилни, пазарната инспекција врши засилени и редовни контроли, а според информациите, сите економски оператори располагаат со законски задолжителните петдневни резерви. Дополнително, непречено функционира и продуктоводот Скопје–Солун (ВАРДАКС), кој значително ја зајакнува сигурноста на снабдувањето и овозможува континуиран и стабилен дотур на горива на домашниот пазар. Министерството за енергетика континуирано ја следи состојбата на домашниот и меѓународниот пазар и е подготвено да реагира навремено со дополнителни мерки, меѓу кои: дополнително намалување на ДДВ, доколку е потребно интервенции во трговските маржи користење на државните резерви други фискални и регулаторни инструменти, согласно развојот на состојбатаВо овој момент, Македонија останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што дополнително ја потврдува ефикасноста на преземените мерки и стабилноста на енергетскиот систем. Министерството уверува дека приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

РКЕ ги утврди новите максимални цени на нафтените деривати, цената на дизелот се зголемува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност.Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 47,610 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 ден/кг и сега ќе изнесува 47,610 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 ден/л, а дизелот за 10,50 ден/л, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,073 (денари/килограм)Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39 % во однос на одлуката од 16.3.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592%, кај дизелот за 16,531%, кај екстра лесното масло за 15,222% и кај мазутот зголемувањето е за 9,207%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7145%.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ.Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб и ќе оствари средба со преставници на македонската заедница во Хрватска. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.Во рамки на официјалната посета, во среда, 25 март 2026 година, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Уапсени 11 возачи: седум од нив возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, тројца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Три лица од Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Тетово, Гостивар, Куманово и Делчево. Двајца во Кичево и еден во Ресен управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, еден возач во Македонски Брод управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се знае дали и кој министер ќе биде разрешен или ќе премине во друго министерство, како дел од планираната реконструкција на Владата.„Имаме принципелен договор како коалициски партнери, вклучувајќи ја коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во Владата и многу прашања ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за нив“ – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање за министерот Фатмир Лимани.Премиерот истакна дека коалицијата има исклучително коректна соработка и дека во моментот не гледа простор за нови коалициски договори со други политички субјекти.„Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и не гледам во моментот простор за коалициони договори и преговори со други политички субјекти, затоа што, ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш. Образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш“ – посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
1-5

„Да не дозволиме на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање“, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија, и апелираше да не се дозволи ова прашање да се користи како алатка во предизборната кампања во Бугарија.„Со господинот Вајц случајно бевме во истиот воздухоплов којшто се обраќаше на линија Брисел-Виена. Инаку имавме состанок и се што се случуваше јас го антиципирав на тој состанок и му предочив на Вајц дека ќе се случува.Целта е да бидеме влечени во предизборната кампања во Бугарија на оваа тема. Затоа ве молам да не дозволиме да дадеме алиби на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање. Едноставно замолувам да го игнорираме сето тоа, а ние како влада разговараме со нашите пријатели во Брисел, се разбира, аргументираме, се бориме, така што во овој момент, ќе повторам, не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, коишто припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
pari-1

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 066 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 70 066 денари.Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3%.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2%, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7% и Преработувачка индустрија за 10.6 %.Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6%, Градежништво за 5.6% и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7%.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Бегал од полиција, па нападнал полицаец и му нанел тешки телесни повреди

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило „ауди а6“, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал со возилото.По преземени мерки, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, кај с.Страцин, кратовско, полициските службеници го запреле пријавениот, при што тој физички нападнал полициски службеник, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
evra-falsifikat

Тетовец остана без 39.000 евра – отишол во банка да ги стави како депозит на неговата сметка, но вработената си ги присвоила!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на оштетениот, таа противправно ги присвоила.На 18.11.2025, оштетениот повторно отишол во банката и по средба со овластено лице на филијалата истиот ден му биле вратени дел од парите.Додека, за остатокот од парите, овластено лице го упатило кај управител на правно лице, кој исто му вратил дел од парите, но не му биле вратени во целост паричните средства во износ од 39.000 евра.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylh6673tjtrhmcHD8Qvq

Фудбалски тренер нападнат од татко и син кој е играч во клубот

На 22.03.2026 во 16:15 часот во СВР Куманово Т.Р.(50) од Куманово, тренер на фудбалски клуб од Куманово, пријави дека на стадион во Куманово, додека траел фудбалски натпревар бил физички нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Драма во Кавадарци: Се заканувал на полиција и сам си нанел повреди, испукани предупредувачки куршуми

На 23.03.2026 во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода С.М.(36) од Кавадарци.Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди.Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух.Известен бил јавен обвинител, а С.М. бил пренесен во Општа болница Кавадарци.По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
polov-napad-dete

Жена тепала 15-годишно девојче среде парк во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.М.(35) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „насилство врз дете“.На 06.03.2026 во паркот на поезијата во Струга, пријавената физички нападнала 15-годишно девојче од Струга.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2022-03-28-at-14.19.26

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје, полицијата трага по возач на БМВ со кумановски ознаки

На 22.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов - Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото „бмв“ го напуштил местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqgim9hqlag4j4bni5bG

Вандализам во Кавадарци: 27-годишник ја оштетил таблата и прозорците на Фондот за здравство

На 22.03.2026 во 20:45 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Р.В.(27) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што со тврди предмети оштетил службена табла на Фондот за здравствено осигурување и прозорци од службените просториите на фондот.Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
narodna-banka-na-rm

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури.„Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Ова обезбедува непрекинатост во работењето и ги гарантира стабилноста и непреченото функционирање на институцијата, што е во согласност и со насоките на Меѓународниот монетарен фондВаквата ситуација не е новост и одредени пролонгирања се забележани и во претходните избори на членови на Советот на Народната банка, но институцијата секогаш функционирала непречено.Законот и досегашната практика јасно обезбедуваат непрекинатост и стабилност во работењето на Народната банка до избирањето на новите носители на функциите“, информираат од Народна банка

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Малолетник нападнал 43-годишен маж во Центар за бездомни лица во Скопје

На 22.03.2026 во 20:30 часoт во СВР Скопје, М.П.(43) од Скопје, со престој во Центар за бездомни лица во с.Чичино Село, скопско, пријави дека околу 18:00 часот во неговата соба бил физички нападнат од малолетник, кој, исто така, престојувал таму.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
vozilo-pozar

Се запали „ауди“ во двор во Сарај

На 21.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот во с.Сарај, скопско, било опожарено патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(64) од с.Сарај, а кое било паркирано во неговиот двор.Пожарот го изгаснал сопственикот со неговиот син Б.А., а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryshcv35u6jqmdbvJktGX

Заврши темелната реконструкција на Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово

Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност од речиси 5 милиони евра, кои се обезбедени од државниот буџет, а ќе бидат рефундирани од Европската унија.Училиштето денес го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.„Сите стари објекти на кои верувам тетовци и минатите генерации се сеќаваат во каква форма беа, сега се трансформирани во модерни простории, одлично се опремени со училишна, информатичка и електромеханичка опрема и нивото на квалитет на воспитно – образовниот процес е значително подигнато. Очекувам училиштето да продолжи да создава уште подобро подготвени и потребни стручни кадри кои ќе се вклучуваат во општествените процеси, во индустријата и економијата“, рече Јаневска.Министерката нагласи дека со заокружувањето на оваа крупна инфраструктурна инвестиција во образованието, всушност е реализирана и една од обврските на државата предвидени во Реформската агенда.„Имаме задача до крајот на 2027 година да основаме 8 регионални центри за стручно образование и наука и да им обезбедиме квалитетни услови за наставен процес. Со задоволство споделувам дека 7 се основани и од нив, 3 веќе функционираат одлично. Меѓу нив е и ова училиште, за што сакам да упатам благодарност до Европската унија која финансиски ни помага да ја оствариме целта, до Владата што исто така во последните две години за ресорот образование одвојува најмногу пари досега и до бизнис заедницата која се вклучува во реализација, развој и промоција на стручното образование во кое е всушност иднината на младите и воопшто на државата“, додаде Јаневска.Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово има пет објекти во состав и сите се темелно реконструирани. Поставена е нова енергетски ефикасна фасада, нова кровна конструкција, заменети се вратите и прозорците и обезбедена е пристапност за лица со посебни потреби во двата главни објекта. Во училиштето има над 1000 ученици и 150 наставници.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3tsrvg6cbn6bfxLTudb

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот

Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.„Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДС се докажани првенци.Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик.Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДС на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuv8p5qnq7gp47YMTOPC

Мицкоски: Најголем е притисокот на западната јужната и северната граница, потрошувачката на горива е зголемена за 150 илјади литри

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во траење од 30 дена и истовремено го намали данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти, со цел да го заштити стандардот на граѓаните и да одговори на актуелните економски предизвици. Според премиерот Христијан Мицкоски состојбата со снабдување со електрична енергија и горива е стабилна, но зголемената побарувачка, особено од странски државјани, создава дополнителен притисок врз пазарот.„Ние сме една од ретките влади во Европа, можеби има уште една или две влади, коишто директно од буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните, и така и ќе продолжиме.Имаме уште неколку чекори, имаме уште неколку мерки, но внимателно следиме ситуацијата, граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Во овој момент имаме предизвици, и ќе има предизвици, но електроенергетската остојба во државата е исклучително стабилна, но исто така и снабдувањето со нафта и нафтени деривати (е исклучително стабилно, така што во овој момент не само што ги задоволуваме домашните потреби, знаете, поради најниската цена на бензините и дизелот во регионот, имаме многу граѓани од соседните држави коишто полнат гориво на бензинските пумпи кај нас, притисокот е најголем на западната, северната и јужната граница, на запад Охрид, Струга и Дебар, на јужната тоа се Битола и Гевгелија, на северната тоа е Куманово. Некаде околу 150 илјади литри на ден имаме зголемена потрошувачка, доколку се спореди тоа со она коешто е вообичаена потрошувачка од минатото.Како земја имаме најниски давачки кон владата, кога станува збор за бензините и дизел горивата. Да речеме Хрватска е речиси двојно поголема, исто и соседна Србија. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите за безоловниот бензин 95 и 98 октани и дизелот, а согласно закон репер, берза за нас е италијанската берза, односно ФОП Италија, на место на испорака таму, дојдовме до заклучок дека доколку би интервенирале во акцизите, тогаш намалувањето за бензините безоловниот 95 и 98 октани ќе беше 1 денар по литар, а за дизелот ќе беше 2 денара по литар. Затоа одлучивме да имаме поголема интервенција и на овој начин се намалуваат цените, отприлика за 6,5 до 7 денари по литар, но се разбира, состојбата ќе ја следиме и како следна мерка, кога веќе тоа намалување би било позначајно, ќе го имаме и тоа предвид“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина.Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.„Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со Даунов синдром, како и за потребата од градење општество без бариери. Засадените дрвја претставуваат траен потсетник дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да го достигне својот потенцијал.Град Скопје и понатаму останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.Преку вакви иницијативи, се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

(Видео) По вторпат на министерката Јаневска новинар и бара да шета со преведувач за да може да ја прашува

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач.„Не“, одговори Јаневска.На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при посета на Тетово, министерката возврати:„Не ми треба. Јас не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, додаде Јаневска.Претходно, при посета на Тетово од страна на новинарите и беше посочено на министерката да си земе преведувач на што таа одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryej1dct3fu7v82ajFhJk

Злоупотреби на боледувања кај полицијата и јавниот сектор, oд 80 контролирани лица, кај дури 29 лица се утврдени неправилности

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе контрола на боледувањата кај вработените во МВР, откривајќи сериозни неправилности.Контролата се однесуваше на 80 лица со вкупно 514 боледувања. Од нив, 258 боледувања траеле до 7 дена, 171 до 15 дена, а 83 боледувања биле 30 или повеќе дена. Најчестите дијагнози биле респираторни заболувања, проблеми со мускулниот систем и дигестивни нарушувања.Резултатите покажуваат дека кај 29 лица, односно 37%, се утврдени неправилности. Од вкупните 514 боледувања, 100 биле неуредно издадени, што е речиси секое петто боледување.Контролата опфати 105 приватни здравствени установи, три јавни здравствени установи и три лекарски комисии. Неправилности биле констатирани кај 27 ординации по општа медицина, две по гинекологија, три специјалисти во државното здравство и две лекарски комисии (ПЛК/ВЛК).Главните прекршоци вклучуваат непочитување на задолжителните дијагностички постапки и надминување на дозволените временски рамки за издавање на боледувања.За утврдените неправилности веќе се покренати постапки за казни во вкупен износ од околу 1,2 милиони денари. Ова е дел од пошироката акција за засилена контрола во јавниот сектор, со цел да се спречи злоупотреба на системот за боледување, каде надоместоците достигнуваат до 80-100%.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8btbsi68juti6T3SGoC

ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, двајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.„Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор“ амфибија (што можат да полнат вода и од езера).Конкретно, од страна на ДЗС, благовремено беа исполнети сите неопходни услови за двајцата вработени пилоти во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март да бидат испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија (АТА Titan Aerial firefightning, Spain).“, информираат од ДСЗ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други наддавачи. Информациите кои стигнаа до нас, говорат и тоа дека раководниот тим на чело со генералниот директор Филип Филиповски се заканувале на фирми да не се јават на огласот. Во прилог на информациите говори и фактот што во повикот стои дека и да се јави само една фирма наддавањето ќе се изврши, велат од политичката партија Левица.„Вработени во АД Водостопанство исто така укажуваат дека претпријатието е повторно блокирано затоа што има долг од 40 милиони евра кон УЈП, тужби од повеќе од 30 фирми и во моментов е дадено и на извршители. ЗЏаради ова во Водостопанство, како што велат, сѐ уште не земале плата и не се знае кога ќе земат.Понатаму, вработените обвинуваат за нарушени меѓучовечки односи како во главната дирекција така и во сите подружници, а директорот Филиповски, откако е поставен до сега избркал од работа 50 вработени, а околу 15 стручни кадри со високо образование сами го напуштиле претпријатието поради малтретирање од страна на директорот. Згора на тоа, против десетина вработени се воделе дисциплински постапки за дела, како што велат свиркачите наместени од раководстовото со цел да се избркаат за на нивно место да вработат партиски активисти. Вработените во Водостопанство обвинуваат и за поплавите што се случија пред два месеци дека  настанале со изливање на неколку реки единствено од негрижа на водостопанство за чистење на речните корита. Велат дека механизацијата наместо да ги чисти речните корита била користена за приватни цели во Куманово и на Велешко езеро. Истата била користена и во предизборната кампања на локалните избори за да се сликаат кандидатите и градоначалниците од ДПМНЕ за објави на социјални мрежи. Од друга страна, како што кажуваат, нема ни соодветни луѓе да ги одбележат точките на излевање во речните корита.Вработените посочуваат и тоа дека Ацо Узелац, шеф на кабинет на главен извршен директор иако од 05.03.2026 е пензионер и понатаму доаѓа во Водостопанство да потпишува документи.  Атанас Ризов, пак, до скоро директор на подружница Кавадарци, а сега ставен специјален советник, за која вработените велат дека е една од најрентабилните, истовремено бил и во Управен одбор на Јавното комунално претпријатие Кавадарци, што претставува судир на интереси, а како што обвинуваат токму Ризов овозможувал ЈКП Кавадарци да не ги плаќа фактурите кон Водостопанство. Освен ова вработените велат и дека Филиповски прави секојдневно трошок од 3000 денари за две возила што патуваат од Куманово за Скопје или околу 100 илјади денари месечно за гориво и патарина. Од Куманово доаѓале со службено возило СК 1951 ЦА кое го користеле исклучиво за приватни цели, а истото возило го користеле и во попладневните часови низ Куманово“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања