Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
nafta

Цените на нафтата се во пад

Цените на нафтата на меѓународните пазари за момент паднаа под 99 долари по барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи нападот врз иранската електроенергетска инфраструктура, отстранувајќи ја заканата од ирански одговор во земјите покрај Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше поевтина за 13,47 долари во споредба со затворањето минатата недела, достигнувајќи 98,72 долари, додека на американскиот пазар падна за 11,31 долар и изнесуваше 86,92 долари.Инвеститорите со внимание го следеа рокот што Трамп му го постави на Иран за отворање на Ормускиот теснец. Претседателот порача дека Техеран мора целосно да го отвори теснецот во рок од 48 часа, заканувајќи се со напад на ирански електрани. Иран претходно најави дека ќе одговори со напади на енергетската инфраструктура во земјите покрај Ормускиот теснец.Неколку часа пред истекот на рокот, Трамп објави дека го одложува рокот за пет дена, нагласувајќи „плодни разговори“ со Техеран. „Давам упатства до Министерството за одбрана сите воени удари на ирански електрани и енергетска инфраструктура да се одложат за пет дена, зависно од успехот на актуелните средби“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Иран ги негираше разговорите со Вашингтон, а министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД за нарушувањата во сообраќајот, според извештајот на иранската новинска агенција Mehr.По американско-израелскиот напад кон крајот на февруари, Иран ја презеде контролата над теснецот, забрани транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, а иранската армија возврати со лансирање проектили кон Израел и американските бази во регионот. Осигурителите повлекоа покривање за бродовите, а танкерите заглавија во Персискиот Залив и јужно од Ормускиот теснец.Преку Ормускиот теснец поминува петтина од светската нафта, а земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) пласираа 400 милиони барели од резервите за да ја обезбедат испораката и да го сопрат растот на цените. Шефот на IEA, Фатих Бирол, најави дека може да ослободат дополнителни резерви, но предупреди дека единствено решение за енергетската криза е отворањето на теснецот.Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од кошницата на нејзините членки во петок беше поевтин за 3,19 долари и изнесуваше 142,86 долари.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

ФЗО откри лажни боледувања во МВР: изречени казни од 1,2 милиони денари

Полициски службеник четири пати за година и половина менувал матичен лекар за да му издава боледување.Контролата на Фондот за здравство, по барање на Министерството за внатрешни работи, откри дека во втората половина на 2023 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле вкупно 514 боледувања, од кои 83 траеле повеќе од 30 дена. Резултатите покажуваат дека едно од пет боледувања во МВР било неправилно издадено.За време на контролата биле опфатени 105 приватни здравствени установи, претежно матични лекари, како и неколку гинеколози и стоматолози. За подолгите боледувања биле проверувани и првостепените и второстепените лекарски комисии. Главните прекршоци се однесуваат на непочитување на дијагностичките постапки и надминување на дозволените временски рамки на боледувањата.Според Клековски, дел од боледувањата биле оправдани, но дел се злоупотребувале: „Еден човек зема седум дена боледување, доаѓа еден ден на работа, а потоа под друга дијагноза отвора ново боледување.“Најчесто користените дијагнози биле болести на респираторниот систем, мускулниот и дигестивниот систем. За откриените неправилности во приватните и јавните здравствени установи, изречени се глоби во вкупна висина од 1,2 милиони денари.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Тврдењата на Трамп за разговори со нас се лажни вести

Иран повторно истакна дека не водел никакви разговори со Соединетите Американски Држави, и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете страни постигнале „клучни точки на согласност“. Трамп претходно изјави дека во изминатите 24 часа се одржале „многу силни“ разговори меѓу Вашингтон и Техеран и дека е јасно оти Иран „многу сака да постигне договор“.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, повтори дека такви разговори не се одржале. „Не се одржани никакви преговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација на финансиските и нафтените пазари и за извлекување од ситуација во која се заглавени САД и Израел“, рече Галибаф.Оваа изјава е во спротивност со претходното известување на израелски функционер кој за Ројтерс изјави дека токму Галибаф ја предводи преговарачката група со Вашингтон.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјавил дека „пријателски“ земји пренеле пораки дека Соединетите Американски Држави бараат преговори за завршување на војната, но Иран на тоа не одговорил.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Во Хрватска погрешен пациент е прогласен за мртов

Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите се огласи денес поради тоа што жител на Вировитица, поради грешка во болничкиот систем, бил официјално прогласен за мртов.Здружението најостро ја осуди, како што наведуваат, шокантната грешка во болницата во Вировитица, каде поради заменување на идентитетот и даночниот број на пациентот, тој бил регистриран под туѓи здравствени податоци, што е незамисливо и недозволиво во 21 век.Тие укажуваат на сериозни и долгогодишни неправилности во работењето на здравствениот систем и неговата дигитална инфраструктура. „Ваквиот случај јасно покажува дека постојните системи не се сигурни и доверливи, дека контролите не функционираат, а обврзните протоколи за идентификација на пациентите очигледно не се спроведуваат, што директно ја загрозува безбедноста и животот на пациентите“, соопшти здружението и додаде дека бараат итна и независна истрага, транспарентно утврдување на сите нивоа на одговорност и итно воведување обврзни дигитални и организациски механизми за да се спречи повторување на ваква катастрофална грешка.Изразувајќи сочувство до семејството на починатиот пациент, здружението истакнува дека им стои на располагање за правна и советодавна поддршка во заштита на нивните права и барање на целосна отштета за „најтежок напад на достоинството и безбедноста на пациентот“, пренесува порталот Дневник.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
ujp

УЈП апелира до трговците да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурите, најави засилени контроли

Согласно Одлуката на Владата на РСМ за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна Владина седница одржана на ден 22 март 2026 година, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%.„Управата за јавни приходи ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници дека се должни навремено да извршат усогласување согласно Тарифникот од Одлуката, односно да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10%.Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.Ги повикуваме сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата“, велат од УЈП.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

 Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и пациентските организации. Министерот Алиу нагласи дека Министерството за здравство останува целосно посветено на обезбедување одржлив и предвидлив систем за набавка на терапија за пациентите со ретки болести, при што новиот модел со тригодишни постапки за јавна набавка има за цел да обезбеди поголема стабилност, навременост и подобро планирање во интерес на пациентите.Во таа насока, на средбата од страна на министерот Алиу  низ конкретен пример беше истакнат новиот  рационален пристап во управувањето со средствата за набавка на лекови за ретки болести. „За лекот за ретки болести OXLUMO (lumasiran), кој се користи за пациентите на Клиниката за детски болести, со спроведеното годишно усогласување на цени е постигнато намалување на цената за 96.248 денари, а по спроведување на јавната набавка од Министерството за здравство, со веќе воведениот модел за набавка на лековите за ретки болести со тригодишни постапки, се очекува да се постигне заштеда кај овој лек од околу 68.600 евра“, ги информираше министерот Алиу претставниците на Националната алијанса за ретки болести. Министерството за здравство и во наредниот период ќе продолжи со редовна комуникација со Националната алијанса, со цел навремено адресирање на сите прашања и заедничко креирање решенија во најдобар интерес на пациентите. Министерството за здравство останува отворен партнер на пациентските организации и посветено на политики што значат навремена терапија, одговорно управување со средствата и унапредување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Стармер: Бевме свесни за разговорите меѓу САД и Иран

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави дека Обединетото Кралство во последните денови било запознаено со разговорите меѓу САД и Иран.Обраќајќи се пред пратениците, Стармер истакна дека приоритет е брзо решавање на конфликтот преку преговори кои ќе вклучуваат строги услови за Иран, особено во делот на нуклеарното оружје.Сепак, премиерот предупреди дека не треба да се создава „лажна сигурност“ во очекување на брз крај на конфликтот и додаде дека Обединетото Кралство мора да се подготви и за можноста конфликтот да потрае подолго време.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Водиме интензивни разговори со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД водат „многу интензивни разговори“ со Иран, објави новинарот на CNBC, Џо Кернер. Трамп изјави дека разговара со „нови луѓе“ во Иран, што го прави оптимист за можноста за промена на режимот.Трамп посочи дека разговорите се „продуктивни“ и се одвиваат во последните два дена. Тој од Министерството за одбрана побарал да ги одложи сите удари врз иранската енергетска инфраструктура и електрани за пет дена, во зависност од успехот на преговорите. Претходно, претседателот најави дека ако Иран не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе започнат со уништување на иранските електрани, почнувајќи од најголемата.Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека ќе возврати на напади врз иранскиот енергетски сектор со напади врз израелски електрани, како и врз оние што снабдуваат американски бази во регионот на Персискиот Залив.Оваа тензија доаѓа во време кога информации од иранската агенција Fars велат дека не постоеле директни или индиректни контакти меѓу двете земји, што ја покажува сложената и контроверзна природа на дипломатските разговори.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
semejno-nasilstvo

Уапсени три лица за семејно насилство, двајца повикани на службен разговор

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.На 22.03.2026 во 16:45 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека во домот, по претходно меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот син П.С.(26) и нејзината снаа В.С.(21) од Тетово. Тие се повикани во СВР Тетово и со нив бил извршен службен разговор.На 22.03.2026 во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 -годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди.На 22.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг З.М.(51) упатувал закани кон неа и кон нејзините родители. Според пријавеното, тој подолг временски период и упатувал закани, а воедно оштетувал и дел од покуќнината.Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sijarto

Објавен разговор: еве што барал Сијарто од Русите

Унгарските медиуми објавија наводен транскрипт од телефонски разговор од 2020 година меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер Сергеј Лавров, што предизвика политички скандал во Унгарија.По објавувањето на информациите дека Сијарто наводно споделувал чувствителни информации со Москва, премиерот Виктор Орбан соопшти дека наложил итна истрага за можноста неговиот министер да бил прислушуван.Според објавениот транскрипт, Сијарто во разговорот барал помош од руска страна во пресрет на парламентарните избори во Словачка во 2020 година. Тој наводно побарал од Лавров да посредува за средба меѓу рускиот претседател и тогашниот словачки премиер Петер Пелегрини, со цел да се зајакне позицијата на владејачката коалиција.Во разговорот, Сијарто истакнал дека за Будимпешта е важно да опстане тогашната словачка влада и дека евентуална победа на опозицијата би била „трагедија за средноевропската соработка“. Лавров одговорил дека ќе ја пренесе молбата до рускиот премиер.Објавувањето на транскриптот предизвика реакции и загриженост во дел од јавноста за можни блиски контакти меѓу унгарската влада и Москва, како и за потенцијално влијание врз изборните процеси во регионот.Разговорот, според медиумите, бил снимен од безбедносна служба на една земја членка на Европската Унија. Во меѓувреме, унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока, ги оцени информациите како „лажни вести“, додека Сијарто ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „теории на заговор“.Операцијата и истрагата се во тек, а случајот дополнително ги зголеми тензиите околу односите меѓу Унгарија и Русија, како и во рамките на Европската Унија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfeclsq0abres0IOdIY0

Почина сопственикот на OnlyFans

Милијардерот и сопственик на веб-страницата OnlyFans, Лео Радвински, почина на 43 години по „долга и тешка болест“.Портпаролот на компанијата во соопштение за „Дејли мејл“ изјави дека компанијата е „длабоко тажна“ поради неговата смрт.„Лео мирно почина по долга борба со рак“, рече портпаролот. „Неговото семејство побара приватност во овој тежок момент“.Украинско-американскиот бизнисмен имаше богатство проценето на 4,7 милијарди долари, главно благодарение на мнозинското сопствеништво на неговата компанија Fenix International Limited над OnlyFans.Радвински беше директор и мнозински акционер на компанијата.Тој го презеде OnlyFans во 2018 година од семејството Стокли во Обединетото Кралство, и платформата брзо се прошири под негово водство.Во 2024 година, корисниците потрошија рекордни 7,2 милијарди долари на платформата за претплата, додека Радвински си исплати 1,8 милијарди долари дивиденда од 2021 до 2025 година, според податоците на „Блумберг“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
sajber-napad

Згаснати речиси 400.000 сајтови: полицијата удри во срцето на сајбер-криминалот

Во рамки на глобална акција предводена од германските власти со поддршка на Европол, на дарк вебот се затворени повеќе од 373.000 интернет-страници поврзани со детска сексуална експлоатација и сајбер-криминал.Во операцијата „Елис“ учествувале 23 држави, при што бил идентификуван главниот оператор на платформата, како и 440 корисници ширум светот. Истрагата, која започнала во средината на 2021 година, открила мрежа од стотици илјади лажни страници преку кои се нуделе материјали со сексуална злоупотреба на деца, како и услуги од типот „сајбер-криминал како услуга“.Во акцијата биле запленети 105 сервери и повеќе електронски уреди, вклучително компјутери и мобилни телефони. Извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол, изјави дека операцијата испраќа јасна порака дека криминалците нема каде да се сокријат кога меѓународните служби делуваат координирано.Европол ја координирал истрагата, помогнал во следење на плаќања со криптовалути и обезбедил аналитичка поддршка, додека националните институции преземале мерки за заштита на идентификуваните деца-жртви.Операцијата сè уште трае и е насочена кон повеќе од сто осомничени лица. Во неа учествуваат држави од Европа и светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Постојат шанси за договор со Иран, но ништо не е загарантирано

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Иран сè уште не е сигурен, иако постои реална можност за негово постигнување. Говорејќи пред новинарите на Флорида при влегување во претседателскиот авион Air Force One, тој порача дека, и покрај претходниот оптимизам, договорот не е блиску до финализирање.„Имаме многу сериозна шанса за постигнување договор. Тоа не гарантира ништо. Не гарантирам ништо“, изјави Трамп.Тој нагласи дека приоритет на разговорите е Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, посочувајќи дека ова прашање е „приоритет број еден, два и три“.Според него, САД и Техеран разговараат за 15 точки кои би можеле да доведат до завршување на конфликтот. Трамп откри и дека би сакал да се воспостави заедничка контрола врз Ормускиот теснец, при што и тој и иранскиот врховен лидер би имале одредена улога во управувањето со ова стратешки важно подрачје.И покрај можноста за договор, Трамп повтори дека поддржува „многу сериозна форма на промена на режимот“ во Иран.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
doktor

Начинот на зборување може да открие рани знаци на Алцхајмерова болест

Раните знаци на Алцхајмеровата болест би можеле да се препознаат преку начинот на кој луѓето зборуваат, покажуваат најновите научни истражувања. Наместо содржината на кажаното, сѐ поголемо значење има темпото и ритамот на говорот.Студија од 2023 година спроведена на Универзитетот во Торонто укажува дека побавниот говор може да биде појасен показател за слабеење на когнитивните функции отколку тешкотиите при наоѓање зборови. Истражувачите утврдиле дека лицата со побрз природен говор полесно и побрзо одговарале на когнитивни задачи.Научниците објаснуваат дека со стареењето доаѓа до општо забавување на обработката на информации – концепт познат како теорија на брзина на обработка. Ова значи дека не се работи само за проблеми со меморијата, туку за пошироко когнитивно забавување кое се одразува и во говорот.Истражувањата покажуваат дека постарите лица почесто прават паузи, користат пополнувачи како „мм“ и „ух“ и имаат побавно темпо на изразување. Овие промени може да бидат ран сигнал за невролошки промени, дури и кога класичните тестови за меморија сѐ уште не покажуваат отстапувања.Дополнителни студии ја поврзуваат промената во говорот со присуството на амилоидни плаки и тау-протеини во мозокот – клучни биолошки обележја на болеста. Кај лица со повисоко ниво на тау-протеин, забележани се подолги паузи и побавен говор, иако тие сѐ уште давале точни одговори на тестовите.Во меѓувреме, новите технологии, вклучително и алгоритми на вештачка интелигенција, веќе анализираат говорни обрасци и успеваат да предвидат можен развој на болеста со значителна точност.Иако се потребни дополнителни долгорочни истражувања, научниците сметаат дека анализата на говорот може да стане важна алатка за рано откривање на Алцхајмеровата болест, овозможувајќи навремена поддршка и подобра грижа за старите лица.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4cmtbdt4uf1h3bofpOz

Дизелот во Германија близу историски рекорд

Цената на дизелот во Германија пораснала за повеќе од 12 центи за два дена поради војната на Блискиот Исток, според податоците на автомобилското здружение ADAC.Во петок, просечната дневна цена на литар дизел на ниво на целата земја изнесувала 2,291 евра, што е само 3 центи помалку од рекордната вредност забележана пред четири години, по почетокот на војната во Украина.Цената на премиум бензинот E10 исто така продолжила да расте, достигнувајќи 2,086 евра за литар, што е за 4,2 центи повеќе отколку во среда.Според ADAC, во петок литар дизел бил поскап за 54,5 центи во споредба со денот пред почетокот на војната од страна на САД и Израел против Иран, додека литар бензин бил поскап за 30,8 центи.Растот на цените е предизвикан од повисоките цени на сурова нафта поврзани со војната, иако имало и критики кон нафтените компании за непропорционално покачување на цените во однос на трошоците за нафта.Првите цени во сабота покажале благи понатамошни зголемувања на дизелот и релативно стабилни цени на бензинот E10, но последната нестабилност ги прави краткорочните прогнози многу неизвесни.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари!

Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари, велат од СДСМ.„Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар.За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар.Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект, граѓаните плаќаат поскапо гориво, но најлошото е со ова поскапување ќе продолжи растот на цените на храната.Спиралата е активирана, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, следуваат и други покачувања.Срамота е Мицкоски да не презема мерки за намалување на цените а во исто време да се занимава со дефокус и да се однесува како уредник на жолт печат.Луѓето чекаат мерки за намалување на цените а тој наместо за кризата пласира лажни вести и афери, како што е справувањето со Ковид пандемијата и вакцините.Тоа што Мицкоски и ВМРО имаат историски пад на поддршката не значи дека треба да ја злоупотребува и срами функцијата на која се наоѓа, бидејќи со тоа ја срами и Македонија и нејзините граѓани.Секако Мицкоски го покажува своето вистинско лице, нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда.Во таа насока, беше поздравен и напредокот во повеќе иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните и економијата, како пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА) и активностите за усогласување со роаминг правилата на ЕУ.Во разговорот беа отворени и повеќе други актуелни прашања од делот на секторската соработка со Унијата, со фокус на економската интеграција и поврзаноста.Претходно во текот на денот, министерот Муцунски одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмираше посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Муцунски направи пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес, нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Два индиски танкера поминаа низ Ормускиот теснец

Два танкера за течен гас (LPG) што пловат под индиско знаме денеска успеаја да поминат низ Ормутскиот теснец, и покрај тоа што целиот сообраќај во критичниот воден пат останува блокиран, покажуваат податоците од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“.Првиот танкер, „Пајн Гас“ (Pine Gas), ја помина транзитната рута, а кратко потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), кој се наоѓаше во близина. Според платформата LSEG, „Пајн Гас“ ја испрати пораката „Индиски брод и екипаж“.Иако овие два танкера ја продолжиле пловидбата, стотици други бродови остануваат заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да останат усидрени поради тековната американско-израелска конфронтација со Иран.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryes0u0e9sce6g85iEjHN

Судењето за железничката несреќа во Темпе одложено за 1 април поради повеќекратни прекини

Судењето за најсмртоносната железничка несреќа во Грција беше одложено за 1 април, по повеќекратни прекини и приговори во врска со условите во судницата.Судењето во Лариса беше запрено кратко по започнувањето, кога претседавачкиот судија прекина додека ги читаше имињата на обвинетите, поради силни реакции од адвокатите на одбраната. Адвокатите изразија загриженост за пригодноста на специјално уредената судница во конференцискиот центар каде се одржува судењето.Долгоочекуваното судење се однесува на железничката несреќа од 2023 година во Темпе, во централна Грција, при која загинаа 57 лица кога патнички воз, кој пренесуваше претежно ученици од Атина кон Солун, се судри со товарен воз со директен судир. Несреќата, која предизвика огнен топ и експлозија, го откри долгогодишниот недостиг од безбедносни мерки и слабостите во железничкиот систем на земјата.Вкупно 36 обвинети, вклучувајќи управител на станица и железнички службеници, се соочуваат со обвиненија. Нема политички фигури меѓу обвинетите. Се очекува да сведочат повеќе од 350 сведоци, вклучувајќи преживеани, роднини на жртвите и железнички работници.Судењето започна во услови на протести и национален штрајк на железничките работници, кои го опишаа своето дејство како почит кон жртвите и повик за одговорност. Демонстрантите се собраа пред судот во Лариса барајќи правда и побезбеден транспорт.Роднините на жртвите исто така ги обвинуваат властите за обиди за сокривање докази.Централно-десничарската влада ги негира неправилностите, но се обврза да обезбеди правда и целосно да го реформира железничкиот систем до 2027 година.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче заборави да спомене дека пари за вакцини се уплатени на компанија која тргува со овошје, вели Мицкоски

На прашањето како ги коментира критиките од страна на опозицијата дека не прават доволно за граѓаните, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека во време на СДСМ како држава најлошо сме се справиле со ковид пандемијата и имавме најголем број на смртни случаи.„Ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера, таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на ковид кризата и пандемијата, и правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки, и по што тие ќе останале запомнети, но заборави да кажа дека единственото нешто по коешто ќе бидат запомнети е фактот што како држава најлошо се справивме со ковид пандемијата, односно имавме најголем број смртни случаи по глава на жител, споредбено со сите европски земји.Заборави да ја спомне мерката неколку десетици милиони евра уплатени на Стабри компанијата од Хонгконг којашто наместо специјализирана за набавка на вакцини е специјализирана за трговија со јужно овошје. Заборави да кажа за бруталниот поткуп на изборите во 2020 година кога со уредби со сила на закон се менуваа закони во 5 до 12. Заборави да ја спомне и трагедијата во модуларната болница овде кога луѓе живи горе, бидејќи тие модуларни болници се дел од мерките што владата на СДСМ и ДУИ ги носеше во тој период.Заборави да кажа за сите оние провизии од тендери. Заборави да кажа како коленичеа на граница да добијат 5.000 вакцини донација од соседна Србија. Заборави да кажа како македонските граѓани во отсуство на грижа од страна на владата коленичеа во соседството да добијат и да аплицираат вакцина против ковид-пандемијата.И заборави три точки уште многу работи да каже. Тоа нема да го слушнете на лажните клеветнички пресконференции на опозицијата, но затоа ќе слушнете како конструираат и измислуваат. Но граѓаните гледаат, тие повторно ги навредуваат граѓаните мислат дека политиките на СДСМ и ДУИ од минатото може да ги споредуваат со политиките од оваа влада, а граѓаните тоа го гледаат и тоа го кажаат на претходните локални избори, а кога го кажат тоа на следните парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2ao5lf4nk07p817EAgM

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот, информира градоначалникот Дарко Костовски.Според најавите, носител на проектот е Општина Бутел, додека Министерството за здравство ќе учествува како партнер во неговата реализација.„Потпишан е договорот за изградба на нова поликлиника. Ова е историски момент за граѓаните на Бутел“, објави Костовски.Новата здравствена установа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека. Предвидено е да има и пункт за итна медицинска помош, како и ноќна служба, што значително ќе ја подобри достапноста на здравствената заштита за жителите.Поликлиниката ќе се гради на местото на постојната стара амбуланта, согласно деталниот урбанистички план донесен во февруари 2024 година.Градоначалникот најави дека изградбата ќе започне наскоро, а проектот го оцени како еден од најзначајните за општината во последните години.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
benziska-guzva-goriva

„Спречивме поскапување на горивата, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните“, велат од Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација.Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 95,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 92,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 47,610 (денари/килограм)Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше значително поскапување за граѓаните и стопанството.„Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните.“Во услови на силен раст на цените на светските пазари во изминатиот период, Владата донесе клучна мерка: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%Оваа мерка, која ќе важи во наредните две недели со можност за продолжување, обезбеди директно намалување на цената за 6 до 7 денари по литар, како и спречување на дополнителен ценовен удар.Според анализите, без интервенција, цената на бензините ќе се зголемеше за околу 6,5 денари по литар, а дизелот за над 10 денари, што ќе предизвикаше сериозен притисок врз транспортот, услугите и цените на основните производи.„Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања – од горивата до храната и услугите.“ нагласи Божиновска.Министерството нагласува дека изборот на мерката – намалување на ДДВ – е направен врз основа на нејзиниот директен и брз ефект врз крајната цена, за разлика од други инструменти кои бараат подолги процедури и имаат ограничен ефект.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, надоврзувајќи се на мерката од 13 март со која компанијата ОКТА овозможи попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини за трговците, е во континуирана и интензивна комуникација со компанијата за можностите за дополнително зголемување на овој попуст. Имајќи предвид дека иницијалната мерка веќе создаде простор дел од олеснувањето да се пренесе кон крајните потрошувачи и придонесе за ублажување на ценовниот притисок, во тек се разговори за нов пакет на услови со кои би се постигнал уште посилен ефект врз стабилизацијата на цените на горивата, особено кај дизелот. Во таа насока, се очекува дополнителен придонес и од малопродажните трговци, со цел попустите во целост да се рефлектираат во цените за граѓаните. Паралелно, активно се работи и со сите економски оператори на пазарот, при што се очекува одговорно однесување и конкретни чекори за дополнително ублажување на ценовниот притисок.„Во време на криза, одговорноста е заедничка – и на државата и на компаниите“, потенцира Божиновска.Министерката Сања Божиновска истакна дека државата успешно се справува со предизвиците од глобалната енергетска криза предизвикана од воените случувања во Заливот, при што снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. Таа нагласи дека е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, а сите надлежни институции се координираат редовно со цел навремена и ефикасна реакција на секоја новонастаната ситуација.Државните резерви се стабилни, пазарната инспекција врши засилени и редовни контроли, а според информациите, сите економски оператори располагаат со законски задолжителните петдневни резерви. Дополнително, непречено функционира и продуктоводот Скопје–Солун (ВАРДАКС), кој значително ја зајакнува сигурноста на снабдувањето и овозможува континуиран и стабилен дотур на горива на домашниот пазар. Министерството за енергетика континуирано ја следи состојбата на домашниот и меѓународниот пазар и е подготвено да реагира навремено со дополнителни мерки, меѓу кои: дополнително намалување на ДДВ, доколку е потребно интервенции во трговските маржи користење на државните резерви други фискални и регулаторни инструменти, согласно развојот на состојбатаВо овој момент, Македонија останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што дополнително ја потврдува ефикасноста на преземените мерки и стабилноста на енергетскиот систем. Министерството уверува дека приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

РКЕ ги утврди новите максимални цени на нафтените деривати, цената на дизелот се зголемува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност.Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 47,610 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 ден/кг и сега ќе изнесува 47,610 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 ден/л, а дизелот за 10,50 ден/л, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,073 (денари/килограм)Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39 % во однос на одлуката од 16.3.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592%, кај дизелот за 16,531%, кај екстра лесното масло за 15,222% и кај мазутот зголемувањето е за 9,207%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7145%.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ.Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб и ќе оствари средба со преставници на македонската заедница во Хрватска. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.Во рамки на официјалната посета, во среда, 25 март 2026 година, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Уапсени 11 возачи: седум од нив возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, тројца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Три лица од Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Тетово, Гостивар, Куманово и Делчево. Двајца во Кичево и еден во Ресен управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, еден возач во Македонски Брод управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања