Трговскиот брод „Euphoria“, кој плови под панамско знаме и е во сопственост на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, утрово бил нападнат во водите на Персискиот Залив.
Според информации на британскиот Центар за поморски трговски операции и компанијата „Vanguard“, кон бродот било отворено оган на околу осум наутички милји западно од Иран, во 6:38 часот по координирано светско време. Капетанот веднаш го запрел пловилото, а членовите на екипажот се безбедни и нема пријавена материјална штета.
Податоците за движењето на бродот покажуваат дека „Euphoria“ влегол во теснецот околу 1:10 часот по истото време, со крајна дестинација Џеда во Саудиска Арабија.
Ова е втор инцидент во Заливот во текот на утрото. Претходно беше објавено дека припадници на Иранската револуционерна гарда отвориле оган кон брод во грчка сопственост, што дополнително ги зголемува тензиите во овој стратешки важен поморски правец.