Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Затворен Ормутскиот Теснец, Иран ја блокира клучната нафтена рута

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иранската револуционерна гарда соопшти дека бродовите не можат да минуваат низ Ормутскиот Теснец, по што дел танкери ја избегнуваат рутата, а други пловат со зголемена претпазливост. Се создаваат гужви на влезот и излезот од теснецот и се преиспитуваат транзитни политики. Ормут е клучна рута низ која минуваат околу 20% од светските испораки на нафта и течен гас, особено од Саудиска Арабија, Ирак и ОАЕ. Ако се попречат испораките, цените може подолго да растат, а поширок конфликт би можел да ја крене суровата нафта над 90 долари за барел.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иранската револуционерна гарда го затвори Ормутскиот Теснец, што доведува до зголемување на цените на нафтата и преиспитување на транзитните политики.

Иранската револуционерна гарда упати порака до бродовите дека не можат да поминат низ Ормутскиот Теснец, пренесува агенцијата „Тасним“.

— реклама —

Претходно беше соопштено дека поголем број танкери за нафта или гас ја избегнуваат пловидбата низ Ормутскиот Теснец, кој го поврзува со нафта богатиот Персиски Залив со Индискиот Океан.

Танкери со нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ја преиспитуваат својата политика за транзит, а други одобруваат пловидба на своите бродови, но со зголемена претпазливост, пренесуваат западни медиуми.

— реклама —

Ормутскиот Теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи секојдневно низ оваа рута поминува една петтина од светската морска нафта и течен природен гас.

Што ќе се случи со цената на нафтата?

До поголем и подолготраен раст на цените на нафтата би дошло доколку биде прекината нафтената инфраструктура или испораките, на пример поради попречување на танкерскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец.

Низ Ормутскиот Теснец секој ден поминува околу 20% од светската испорака на нафта. Извозниците од Блискиот Исток – Саудиска Арабија, Ирак и Обединетите Арапски Емирати – најголемиот дел од извозот го испраќаат токму по овој правец.

Аналитичарите претходно наведоа дека Иран нема мотив да се обиде да го затвори теснецот, бидејќи со тоа би го прекинал сопствениот извоз и би му наштетил на својот единствен голем купувач – Кина. Сепак, според сè изгледа Ормутскиот Теснец е затворен.

Поширока војна што би вклучувала иранско попречување на танкерскиот сообраќај би можела да ја подигне цената на суровата нафта над 90 долари за барел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања