Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I
Screenshot: X

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.

Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:

— реклама —

„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.

Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.

— реклама —

Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.

Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.

Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања