Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Неутралната Швајцарија се огласи: Американско-израелските напади врз Иран се кршење на меѓународното право

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Svajcarija

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го кршат меѓународното право, односно забраната за употреба на сила, и повика на прекин на борбите за заштита на цивилите. Слично, германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл изрази сериозни сомнежи за легитимноста на војната, а Шпанија нападите ги оцени како непромислени и незаконски. Експерти велат дека веројатно е прекршена Повелбата на ОН.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени дека нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставуваат кршење на меѓународното право, пренесува Алџезира.

Во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“, Пфистер изјави дека швајцарската влада смета дека нападот врз Иран ја прекршува забраната за употреба на сила, што е основен принцип на меѓународното право.

— реклама —

„Федералниот совет смета дека нападот врз Иран претставува кршење на меѓународното право. Според нашето мислење, тоа е прекршување на забраната за употреба на сила“, изјави Пфистер, повикувајќи ги сите страни да ги прекинат борбите со цел да се заштити цивилното население.

Тој појасни дека оценката се однесува на сите држави кои не ја почитуваат забраната за употреба на сила, вклучително и САД и Израел.

— реклама —

„Американците и Израел го нападнаа Иран од воздух. Со тоа, како и Иран, го прекршија меѓународното право“, додаде швајцарскиот министер.

Слични ставови изрази и германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбајл, кој во изјава за германската медиумска мрежа РНД рече дека има „сериозни сомнежи“ дали оваа војна е легитимна според меѓународното право.

Клингбајл предупреди и дека постои опасност светот да се движи кон систем во кој нема правила, туку важи само правото на посилниот.

Шпанија, исто така, ги осуди американските и израелските напади врз Иран, оценувајќи ги како непромислени и незаконски.

Според експерти со кои разговарала Алџезира, нападите најверојатно ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации, која ја забранува агресијата и употребата на сила без јасно правно оправдување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 15 минути

— реклама —
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 13 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања