Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нов модел за набавка на лекови за ретки болести, уверува министерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека е сменета процедурата за набавка на лекови за пациенти со ретки болести, со цел тие навремено да ја добиваат потребната терапија.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека за првпат се воведува тригодишна постапка за набавка на лековите. Тој посочи дека досега пациентите со ретки болести често се соочувале со доцнење од неколку недели или месеци, делумно поради зголемениот број дијагностицирани случаи, како во земјата така и глобално, што е резултат на напредокот во технологијата и методологијата за рана детекција.

— реклама —

Министерот појасни дека дополнителен предизвик претставува фактот што станува збор за млади пациенти, кај кои дозата на лекот зависи од телесната тежина и други индивидуални фактори, што ја отежнува прецизната годишна проценка на потребните количини.

— реклама —

„Методологијата е сменета и сега отвораме постапка за три години, за да имаме доволно време да реагираме доколку количините се потрошат побрзо од планираното. Целта е граѓаните да ги добиваат лековите навремено“, рече Алиу.

Тој нагласи дека тендерската постапка ќе биде проектирана за тригодишен период, при што ќе се користат количини согласно реалните потреби во државата. „Да бидат спокојни граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден пациент со ретка болест да чека ниту еден ден за терапија“, потенцираше министерот на прес-конференцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања