Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нова зимска офанзива: Русија ги прераспоредува силите, украинските дроновите се сè поефикасни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
vojna-ukraina

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили добиле наредба да го нападнат градот Покровск во Донецката област, кој долго време е нивна цел. Истовремено, нападите се проширени и кон градот Купјанск. Воените експерти сметаат дека ова е вовед во нова зимска офанзива на Москва.

— реклама —

Руските сили добиле наредба да ги нападнат нашите позиции по секоја цена. Поради тоа, нивните загуби драстично пораснале. Само во областа Покровск, нашите војници дневно уништуваат повеќе од 100 руски војници, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека минатиот месец украинските безбедносни сили елиминирале над 3.000 руски војници и дека продолжуваат операциите за откривање шпионски мрежи и слабеење на руската воена моќ.

— реклама —

Според Зеленски, украинските дронови со долг дострел стануваат сè поефикасни и веќе уништуваат повеќе руски системи за противвоздушна одбрана.

Институтот за проучување на војната соопшти дека Русија прераспределила дел од своите сили – 41-та комбинирана армија е преместена од јужниот дел на Покровск кон правецот Новопавливка, каде што сега дејствува и целата 90-та тенковска дивизија.

Според институтот за проучување на војната, ова прераспоредување може да биде подготовка за нова офанзива или стратегија за засилување на нападите во тој правец. Целта е да се срушат украинските позиции, да се зајакне линијата на фронтот и да се спречат украински контранапади – со цел подлабоко навлегување во Дњепропетровската област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 13 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 15 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 18 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања