Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нови правила за вработување и статус на директори во јавното здравство: Владата ќе утврдува број на приватни специјализации, се продолжува работниот ангажман до 70 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
doktor

Министерството за здравство подготви значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР, со можност сите засегнати страни да достават свои предлози и сугестии.

Како што појасни министерот за здравство Азир Алиу, измените произлегуваат од досегашната примена на законот и се однесуваат на постапките за вработување здравствени работници во јавните здравствени установи, статусот на директорите, специјализациите и супспецијализациите, условите за пензионирање, како и усогласување со други прописи.

Меѓу позначајните новини е приоритетното вработување на најдобрите дипломирани доктори по успех од медицинските факултети во државата. Доколку се пријават на оглас, за нив нема да се спроведува селекциска постапка, туку ќе бидат директно вработени во јавна здравствена установа.

Предвидено е комисијата за селекција на кандидати да ја предлага стручниот колегиум на установата за секое работно место посебно, а директорот ќе биде должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.

Во делот на специјализациите, Владата покрај програмите за државни и кофинансирани специјализации, ќе донесува и програма со која ќе се утврдува бројот на приватни специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите од медицински кадар.

Со измените се предвидува и зголемување на возраста за ангажирање на доктори од дефицитарни специјалности, кои од 67 до 70 години ќе можат да работат со договор во здравствени установи во мрежата, со задржување на пензијата, врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања