Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обвинителството бара построга казна за насилникот од Свети Николе, една година затвор не е доволна за да сфати што направил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
semejno-nasilstvo

Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе жалба на висината на казната од една година затвор, изречена за 21-годишникот од селото Сарамзалино, осуден за брутално семејно насилство врз својата бремена партнерка.

— реклама —

Жалбата се однесува на санкцијата, која Обвинителството ја оценува како несоодветна со тежината на делото, имајќи ги предвид околностите под кои било извршено насилството.

— реклама —

Претходно, Основниот суд во Свети Николе донесе неправосилна пресуда со која обвинетиот беше прогласен за виновен за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“, по што му беше изречена единствена казна затвор од една година.

— реклама —

Според обвинението, настанот се случил на 19 и 20 февруари во семејниот дом, каде обвинетиот ја нападнал партнерката, ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја заклучил во соба, држејќи ја против нејзината волја околу 15 часа.

Во текот на нападот, тој ѝ нанел повеќе телесни повреди, удирајќи ја со тупаници и боксови по главата и телото. Кога жената се онесвестила, ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода, по што продолжил со насилството.

Обвинителството смета дека ваквите околности укажуваат на особена суровост и сериозност на делото, поради што бара повисока казна во жалбената постапка.

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Ќе одлежи само една година затвор: одредена казна за насилникот кој ја претепал бремената партнерка и ја држел заклучена

Основниот суд во Свети Николе донесе неправосилна пресуда со која 21-годишен жител на светиниколското село Сарамзалино е осуден на една година затвор за семејно насилство, откако брутално ја претепал својата 34-годишна бремена партнерка и ја држел заклучена во соба околу 15 часа.Судот го прогласи обвинетиот за виновен за две кривични дела – „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“, а мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена.Според обвинението на Основното јавно обвинителство Свети Николе, настанот се случил на 19 и 20 февруари во семејниот дом, каде обвинетиот најпрво ја навредувал, а потоа физички ја нападнал својата партнерка.Тој ѝ го одзел мобилниот телефон и клучевите од автомобилот, ја заклучил во соба и ѝ ја ограничил слободата на движење. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди, удирајќи ја со тупаници и боксови по главата и телото.Според Обвинителството, кога жената се онесвестила, тој ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода, по што продолжил со физичкото малтретирање. Кога се обидела да избега, повторно ја заклучил и ја држел против нејзината волја околу 15 часа.

Македонија | пред 1 седмица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: мајка тешко повредена, деца жртви на напади

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Алармантно: шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 1 седмица

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Ќе одлежи само една година затвор: одредена казна за насилникот кој ја претепал бремената партнерка и ја држел заклучена

Македонија | пред 1 седмица

policija-2457

Кривична пријава за татко кој ѝ се заканувал на 16-годишната ќерка

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања