Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Очекувам во текот на денот намалување на нафтените деривати за 2,5 денари по литар, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2hj03v2e0sm8dYhB31j

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по разговори со Министерството за енергетика и снабдувачот „ОКТА“, од денес ќе има попуст од 45–50 долари по тон за партнерските компании, што би значело намалување од околу 2,5 денари по литар. Тој рече дека сопствениците на бензински пумпи ќе го пренесат попустот до крајните корисници, а по објавата се очекува намалување уште во текот на денот. Според него, дизелот би бил околу 1,35 евра/л, пониско од цените во регионот и ЕУ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на намалувањето на цената на нафтените деривати и како ќе дојде до истото, изјави:

— реклама —

„Работевме заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изминативе денови со најголемиот, би рекол снабдувач, тоа е „ОКТА“. И добра вест за македонските граѓани е што „ОКТА“ на компаниите коишто соработуваат со нејзе, од денеска ќе даде попуст, отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значело намалување некаде околу 2,5 денари по литар. А потоа разговарав и со голем дел од сопственици на бензинските пумпи коишто рекоа дека тоа ќе го пренесат на крајните корисници. Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, да веќе во текот на денот, за отприлика 2,5 денари по литар бидат намалени нафтата и нафтените деривати.

 Што би значело тоа во средства, тоа би значело дека, да речеме литар дизел кај нас ќе биде 1 евро и 35 евро центи. Во соседството на пример, во Србија е веќе над евро и 80 евро центи, во Албанија е евро и 80 евро центи, во Косово е над евро и 50, евро и 60 евро центи. Во Европа е веќе над 2 евра, некаде во земјите на Европската Унија е 2,2 евра дизелот. Така што тоа што го кажавме, тоа и го правиме. Дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на неколку стотици километри од воени дејства, жестоки воени дејства. Но, со добра организација, со еден конструктивен дијалог успеваме тие, би рекол предизвици, да ги надминуваме.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања