Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија: До 50 литри по лице, активирана и армијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Од полноќ во Словенија стапија на сила нови мерки за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел да се ублажат проблемите со снабдувањето со нафтени деривати.

Согласно одлуката, физичките лица можат да точат најмногу 50 литри гориво дневно, додека за правните лица и за физички лица што вршат дејност, вклучително и земјоделство, ограничувањето изнесува 200 литри дневно.

— реклама —

Мерките ќе важат до понатамошно известување, а владата најави дека ситуацијата ќе се следи на дневна основа. Премиерот Роберт Голоб изјави дека трговците со гориво ќе треба секое утро да доставуваат извештаи за состојбата на бензинските пумпи, по што ќе се одлучува дали се потребни дополнителни чекори.

Во рамки на мерките, активирана е и словенечката армија, која ќе помогне во логистиката и транспортот на гориво, со цел да се забрза снабдувањето на пумпите.

— реклама —

Владата ги повика дистрибутерите да ја координираат испораката од складиштата до бензинските станици, а дополнително беше препорачано да се разгледаат мерки што ќе се однесуваат и на странските државјани, со цел да се спречи дополнителен притисок врз резервите.

Овие мерки доаѓаат во услови на засилена енергетска криза и нарушени глобални синџири на снабдување, што веќе предизвикува ограничувања во повеќе земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Свет | пред 2 седмици

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања