Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АПАСИЕВ

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев сака да седне на спикерското столче како кога го бираа Талат: Ќе ја продужам седницава на диво, оти имаме кворум у сала

По завршувањето на денешната седница за уставни измени на социјалните мрежи се огласи лидерот на Левица Димитар Апасиев.„Откако Таљат кукавички ја прекина седницата за уставни измени, без да ни даде да гласаме, му викам на колегата Панчо Минов од владејачкото мнозинство: - „Пратениче, сеа ја ќе се качам на спикерското столче, како кога го биравте Талат за прецедник, и ќе ја продужам седницава на диво, оти имаме кворум у сала“.И Панчо, ко шо го дал Господ префриган, ми вика (на кавадаречки): - „Ако ти ја водиш седницата, ја че останам и че гласам“! 🙃И ја му враќам: - „Ијјј, да си ибеш векот, секогаш си на ПОБЕДНИЧКАТА СТРАНА на Историјата“. ✌️#ПратеничкиДијалози#ЊамаПроменаНаУстав#ЛевицаВоПарламент“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

kasami-kurti-apasiev

Да беше Левица на власт, досега Касами ќе беше во притвор, а Курти прогласен за "персона нон грата", вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека доколку Левица била на власт, градоначалникот на Тетово, Билал Касами досега ќе бил во притвор, а Курти ќе бил прогласен за „персона нон грата“.„Да беше Левица на власт, досега КАСАМИ ќе беше во притвор, а Курти прогласен за "персона нон грата".Наравоучение: Пазете за кого гласате!“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

apasiev

Муцунски се фали дека секојдневно се чисти, Апасиев реагира: Аеродром никад не бил попрљав у живот

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи објави видео дека општинските служби се секојдневно на терен и работат на одржување на хигиената.„Одржувањето на хигиената на јавните површини останува наш приоритет и во периодот на летните одмори. Општинските служби секојдневно се на терен и со расположливата механизација се работи на собирање на отпадот, чистење и миење на паркинзите, улиците и јавните површини низ општината“, стои во описот на видеото.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го сподели видеото и кусо искоментира дека општината никогаш не била попрљава.„Овој, па, овој .. Општина АЕРОДРОМ никад не била попрљава у живот, ама важно пи-арот си шиба со спотчиња.#Тендераши“, напиша Апасиев.

Скопје | пред 2 години

apasiev-bogoev

Колку треба да си глуп, од нула до Стефан Богоев, да "заплениш" хартиени обврзници и да свикаш прес за да се избламираш, вели Апасиев

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.Пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во врска со ова.„Колку треба да си ГЛУП, од нула до Стефан Богоев, да "заплениш" хартиени обврзници во XXI век и да свикаш прес за да се избламираш начисто!? 🤡А бе, недоквакан, оди бави се со хотелиерство у Беровско (на плацот на мајка ти) и ослободи место за поасални луѓе у Царина.#СеДеСеМеДегенерици#ЦрвенаБуржоазија“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев со среден прст за НАТО и ЕУ: Поради СДСМ – ДПМНЕ 2/3 од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

„Поради економските политики на СДСМ-ДПМНЕ и "структурните реформи" поддржани од колективниот Запад - 2/3 од Македонците не можат да си дозволат ниту еден ГОДИШЕН ОДМОР надвор од местото на живеење!Фала НАТО, фала ЕУ. 🖕#РаботничкаКласа“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 2 години

20230712182842

Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера во студиото на ТВ24 рече дека со црни косовски пари се купуваат македонски бизниси.- Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси. Месни индустрии, земјоделски комбинати се купуваат и во Источна Македонија. Тоа го има и во европски извештаиНо тоа го дозволува СДСМ и тоа ако не го казни македонскио народ на избори, ние немаме иднина, бидејќи се ќе биде купено од косовски црни пари.Косовската мафија парите полесно ги пере во Македонија отколку во Косово. Еден протекторат подобро се справува со корупцијата отколку Македонија. Се наликува како пропаста на Отоманското царство, која имала делови кои не ги фаќало закон, рече Апасиев.

Македонија | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши, вели Апасиев

Контејнерите во главниот град веќе неколку дена се преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа. Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат.Лидерот на Левица, партија која во Советот на Град Скопје има 4 советници, вели дека дваесетина вработени во во ЈП „Комунална хигиена“ од редовите на ДУИ се причината зошто неколку дена ѓубрето не се собира.„Цел главен град на земја-членка на НАТО е заложник на 20 битанги од ДУИ кои 15 години "оделе" трета смена на работа и сега им рекле да одат прва, па господава се увредиле!?(Затоа е блокирано собирањето ѓубре у Скопје)p.s. Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши. Ѓубриња смрдени!#ГрадотУбавПакЌеНикне#НемаКојДаВикне“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев за резолуцијата на германскиот Бундестаг: Фала Шолц, не требало да се трошите.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на Фејсбук за резолуцијата на германскиот Бундестаг.„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за "македонскиот идентитет" е пет страници текст и ниту еднаш (со бројки: 0 пати) не го содржи зборот МАКЕДОНЦИ!?Фала Шолц, не требало да се трошите“, напиша тој на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

apasiev-1068x580

Сега Таче да беше премиер, а не домазет, ќе го разрешеше министерот за здравство, вели Апасиев

Разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р. Сашко Јовев предизвика бројни реакции како од граѓаните, така и од многу истакнати членови во нашето општество.Денеска преку социјалните мрежи реагираше и пратеникот Димитар Апасиев.„Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

apasiev-1068x580

Апасиев повторно го навреди Пендаровски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев повторно упати навреди на адреса на шефот на државата, Стево Пендаровски.Тој со недоличен речник се обрати кон претседателот.Инаку, претседателот денеска на прес - конференција соопшти дека ги потпишал указите на законите за Бехтел и Енка.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

„Таче уценет од Алијанса“, Апасиев обвинува за етнички изводи од матично, со противуставна постапка

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со низа обвинувања кон власта.„Она што - поради борбата на Левица во парламентот - не му успеа на Заев во договор со Беса (ЕТНИЧКИ ЛИЧНИ КАРТИ), сега го прави Таче уценет од Алијанса (ЕТНИЧКИ ИЗВОДИ ОД МАТИЧНО) - но, заобиколувајќи го парламентот, со противуставна промена на подзаконски акт!?Лудациве озбилно сакаат да воведат АПАРТХЕЈТ во Македонија!“

Коментари | пред 2 години

20230526171016

„У Брисел вака ли паркирате?“, Апасиев за непрописно паркираните дипломатски возила

Пратеникот Димитар Апасиев објави фотографија од пред центарот на Европската унија во Скопје на која се гледаат неколку возила со дипломатски таблици паркирани на тротоарот.Апасиев на својата објава на „Фејсбук“ напиша:„Дипломатските коли ПАРКИРАНИ НА ТРОТОАР пред канцеларијата на ЕУ во Скопје.p.s. И у Брисел вака ли паркирате бе, ајвани!?“.Неговата објава на оваа социјална мрежа ви ја пренесуваме целосно:

Коментари | пред 2 години

apasiev-kovacevski

(ВИДЕО) Апасиев до Ковачевски: Дали ви отворија сметка во ‘Дојче Банка’ и колку пари ви легнаа на таа сметка од овие трансакции?

Пратеникот Димитар Апасиев, на собраниска седница, му се обрати на премиерот Ковачевски со две прашања.„Првото прашање се однесува на Вашата некогашна инволвираност во аферата ‘Маџар Телеком’, за којашто некои истражувачки новинари веќе со месеци континуирано објавуваат.‘Маџар Телеком’ е една од најкоруптивните афери во Европа, кога практично цела тогашна владејачка и опозициска гарнитура се поткупени!Во тоа време, премиер е Бучковски, опозициски лидер е Груевски, а коалициони лидери во власта се Али Ахмети и Муса Џафери.Поткупен е практично цел македонски парламент. Срамота е за нас како држава, тоа што американски судови досудија, а нашите дури сега, и тоа само на странци, а не се осудени споменатите политичари кои го зеле митото за кое се зборува дека е од 7,5 милиони, па се до 15 милиони ЕУР.Моето прашање е: Дали ви отворија сметка во ‘Дојче Банка’ и колку пари ви легнаа на таа сметка од овие трансакции?“, вели Апасиев.

Македонија | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Власта се плаши од тоа пратеник на Левица да дојде до говорницата, тврди Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев вели дека власта се плаши од тоа пратеник на Левица да дојде до говорницата, оти не знае каде тоа ќе ги однесе.„Па така, денешната Комисија за труд - на која планираа да воведат 12 часовно работно време - е одложена! Остануваат 1.111 амандмани на двајцата левичарски маченици“, пишува Апасиев на социјалните мрежи.Вели дека борбата за работнички права продолжува.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Некој ќе заглави во затвор за договорот со Бехтел и Енка, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека некој ќе заглави во затвор за договорот со Бехтел и Енка за изградба на четирите автопати, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обелодени дека во него пишува дека изведувачот има право на големо финансиско обештетување доколку не му се овозможи да ангажира работници на 60 часа неделно работно време.- Антимакедонската влада на ДУИ, со ВД премиерот Таче, потпишала противуставен договор со американскиот конзорциум "Бехтел и Енка", дека ако не му обезбедат 60 часовно работно време за работниците на автопатите, ќе треба да му плати 53 милиони ЕУР на име "пенали" (оштета)!p.s. Не знам кој ве насамарил да го потпишете договоров, ама знам дека некој ќе заглави у затвор после падот на хунтава, изреагира Апасиев.Договорот со Бехтел и Енка не е објавен за јавноста, но Николоски синоќа на телевизија тврдеше дека го видел. Владеачкото мнозинство сега е под притисок преку законски измени да овозможи 60-часовно работно време за Бехтел и Енка, откако еднаш Уставниот суд тоа им го блокираше.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите, вели Апасиев

“АПАСИЕВ, ОТИ ТЕ НЕМА ПО ТЕЛЕВИЗИИ?” е најчестото прашање кое го добивам периодов, вели лидерот на Левица.„Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кои петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол ЕУР за владини реклами.Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот. У круг.p.s. Сета среќа што живееме во време на социјални медиуми, па гласот на Левица не може да биде замолчен“, додава тој во својата објава на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 години

apasiev

Епа, честито, САД од вчера стана банана држава, вели Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, вели дека САД од вчера станаа банана држава, а се повикува на нивната дефиниција на тој термин.-“Американците имаат еден критериум за оценување дали државата е т.н. БАНАНА ДРЖАВА или не. Критериумот е: дали поранешните политичари се обвинети по завршувањето на мандатот или не?Епа, честито, САД од вчера стана банана држава!#СамСебеУбио” – напиша Апасиев на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Адвокатот што поднел иницијатива до Уставен суд е вмровски, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека фамозниот адвокат кој поднел приватна иницијатива до Уставен суд да се укинат законските ограничувња и функционерите да земаат многу поголеми плати е близок до ВМРО-ДПМНЕ.„Левица поднесе три закони за намалување на привилегиите на функционерите (патни трошоци на пратеници, плати на судии, апанажа) и куп иницијативи пред Уставен суд за измислени функции без уставен основ.Пратениците на Левица се единствени со НУЛА денари патни трошоци и трошоци за службен стан или службени патувања.Ама, баце, Левица била крива шо Уставен суд донел одлука по иницијатива на некој вмровски адвокат - оти немала "соопштение"!?Тоа е! Не е крив Заев шо го шитна името, крив е Апасиев шо паркира пред зграда. Фала и кај вас. Борбата продолжува“, објави Апасиев.

Коментари | пред 2 години

apasiev-1068x580

Апасиев: „Премиер" кој не ги контролира трите клучни ресори во една Република, не е премиер

Претседателот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев вели дека премиер кој не ги управува клучните три ресори во државата всушност не е премиер. Апасиев ова го вели во објава на социјалните мрежи.„Премиер" кој не ги контролира трите клучни ресора во една Република (финансии + здравство + школство) не е премиер, туку статист и малцински партнер во сопствената Влада“, вели Апасиев.Во објавата додава дека СДСМ пропаѓа.

Коментари | пред 3 години

apasiev-kovacevski

Апасиев: Премиер кој свесно оди против народната волја не е наш премиер! Тоа е вазал на туѓи бели дворови и така треба да го третираме

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус преку кој ја искоментира изјавата на премиерот.„Премиер кој на прес-конференција свесно изјавува дека оди против НАРОДНАТА ВОЛЈА, не е наш премиер, другари!Тоа е вазал на туѓи бели дворови и како таков треба да го третираме.#МарионетскиРежим#Антимакедонизам“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-1068x580

Џафери го дискриминирал Апасиев: Сеа и едно тужбиче гратис

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека претседателот на Собранието Талат Џафери извршил директна дискриминација врз пратеникот Димитар Апасиев, кој беше иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „француски предлог“, објави Република.Комисијата постапувала по претставка поднесена од Апасиев и оценила дека пратеникот од Левица бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи.„Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието“, пишува во образложението на Комисијата која препорачува Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација и да ги почитува правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од документот од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во нејзинот опис додаде:„Сеа и едно тужбиче, гратис“.https://twitter.com/apasiev/status/1633157708365852677?s=20

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Апасиев без пардон кон Макрон: Овие расисти кои во нас гледаат дивјаци и варвари се третирани како полубогови од клапата на Маричиќ

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави статус на социјалните мрежи преку кој упати критики до Макрон.„Макрон (кој прво не’ убедуваше да гласаме за Преспански, за потоа да ни стави вето за ЕУ), при посета на Конго во Африка, го употреби зборот БАЛКАНИЗАЦИЈА за да каже дека и една афричка држава е на прав пат, за разлика од Западен Балкан.p.s. Е овие расисти, кои во нас гледаат дивјаци и варвари, се третирани како полубогови од клапата на Маричиќ и неговите соросписки еуфундаменталисти.#ДаЖивеатСтереотипите“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-kovacevski

Апасиев до Ковачевски: Измеќари, еве и Албанија не претрка

Кина и Албанија воведуваат безвизен режим меѓу двете држави, објавија од кинеската амбасада во Албанија.Со договор на кинеската и албанската влада, Договорот за реципрочно откажување од визите меѓу двете земји ќе стапи на сила на 18 март 2023 година. Според договорот, граѓаните на двете земји се ослободени од барање за виза доколку престој во другата земја не повеќе од 90 дена, на секои 180 дена од датумот на влез во другата земја.Амбасадата на Народна Република Кина во Албанија ве потсетува дека доколку имате намера да останете повеќе од 90 дена или да се вклучите во активности како што се студирање, вработување, долгорочен престој итн., мора да ги завршите соодветните процедури за аплицирање за виза пред да влезат, велат од амбасадата на Фејсбук.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека македонските власти се вазали бидејќи на неговото прашање кон премиерот Ковачевски зошто Македонија не воведе безвизен режим со Кина, Ковачевски одговорил дека Македонија ја следи надворешната политика на ЕУ.„–Пред некој месец го прашав Таче, на пратенички прашања, зошто не го ратификуваме договорот за безвизен режим со Кина?Ми одговори: – “Ја следиме надворешната политика на ЕУ”!?Епа, ИЗМЕЌАРИ, еве и Албанија не’ претрка“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

(ВИДЕО) Наместо европска, имаме арамиска влада, вели Апасиев

Претседателот на Левица - проф. Димитар Апасиев со вечерен говор во Собранието на РМ (по повод владината реконструкција):„Од експозето на октроираниот премиер Ковачевски може да се издвои само една вистина, а тоа е дека опозицијата ја предводи Левица, додека јавноста пробува да ја убеди дека новите 64 пратеници во владејачкото мнозинство се подобри од претходните 64!?Вие сте анти-работничка, анти-европска и анти-македонска Влада!Во ваше време класната раслоеност доаѓа до невидени размери, бидејќи дејствувате со десничарска неолиберална економска политика. Спротивно на мантрата за "европеизмот", вашата социјалдемократска влада нѐ изолираше од практиката на европските држави за прогресивен данок.Наместо европска, ние со вас имаме арамиска влада, во која се сконцентрирани богаташите и милионерите кои меѓусебно си ги штитат интересите и поради чија корупција и непотизам младите ја напуштаат државата.Но, за среќа, вашите денови во политиката се одбројани“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев до Бугарите: Простете, браќа, за флашката

По повод празникот Прочка, кој го славевме вчера, лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи упати порака до Бугарите.Тој бара да му простат за УСБ-то кое го зема лани од бугарски граѓани во Благоевград, на отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.„Простете, браќа, за флашката“, пишува Апасиев.Во прв момент, кога настана мешаница во Благоевград, беше нејасно за што станува збор и што е тоа што двајца бугарски граѓани бараат да им врати Апасиев.Потоа, Апасиев објави дека станува збор за УСБ кое го зел таму и на кое имало како што рече фашистички песни.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања