Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АПАСИЕВ

Screenshot-2025-09-12-142749

(Видео) Апасиев го праша премиерот Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

На собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе си поднесе оставка како што вети, бидејќи има несоборливи докази за поврзаност на агенцијата „Рубикон“ со неговата партијата.Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон", која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС" на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон" е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини.Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ - ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?!

Македонија | пред 6 месеци

apasiev-lefkov

Лефков со жестока порака до Апасиев: „Те расипаа квадратите и кешот“

Пратеникот Миле Лефков јавно му одговори на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за двојни стандарди и лицемерие во политиката. Во својата изјава, Лефков порача дека „Димче не е тоа што беше“ и дека „го расипале кешот и квадратите деловен простор“.„Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди,“ наведе Лефков, посочувајќи дека суштинскиот проблем е во тоа што лидерот на Левица јавно проповеда анти-ЕУ ставови, додека неговото најблиско семејство користело европски средства преку програмата „Еразмус“.Лефков потсети дека како член на Комисијата за европски прашања во целиот претходен мандат се спротивставувал на злоупотребите на европските фондови од страна на СДСМ и ДУИ, но дека Апасиев за тоа време не присуствувал на ниту една комисија.„Во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома,“ додаде тој.Тој понатаму го спореди Апасиев со „самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето“, обвинувајќи го дека мобилизира троловски армии за да шири лаги и клевети.„Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат,“ изјави Лефков, додавајќи дека Апасиев не може да ја „плука Европа“ и истовремено да живее од европски пари.„Разобличен си, лажго кој нарачува најдолни клевети. Порано беше покреативен, ама те расипаа квадратите и кешот другар,“ заврши Лефков во својата реакција.

Коментари | пред 7 месеци

apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра критика кон Миле Лефков, кој вчера на прес обвини дека неговата сопруга Тамара Јованов Апасиева добивала финансии преку европската програма „Еразмус+“ со поддршка на тогашната влада на СДСМ.Апасиев вели дека средствата се европски, а не буџетски пари и дека нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат обид за дискредитација. „Сопругата учествувала во европски академски проекти со сопствен капацитет, а не преку политички договори,“ напиша тој во својата реакција.-ВМРОВЦИ, ВИ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА АКАДЕМСКА ФЕЛА.ДПМНЕ, со сиот памет, преку полуписмениот Миле Лефков (кој btw уште е борчлија кај газда Деко од дискошталата во Кочани за гага пиење) – денес одржале прес-конференција на која ја спомињале жена ми за учество во европски Еразмус проекти, ваљда на Универзитетот во Јанина (Грција) – платени не со македонски/буџетски, туку со европски пари!?Ах бре торлак. Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО сега ни го плаќа породилното за детево, оти директорот е од вашата партија!? Ама багра вмровска – толку конта, толку разбира.А шта се тиче до жена ми – она, куриња, е по мада-фака од многу ваши штабски професорчиња спопикани по факултетиве со купените дипломи. Службено прошетала цела Европа и пола свет! Била визитинг професор во Шпанија и Бања Лука, течно говори три светски јазика (ниво C1), има објавено преку сто трудови (многу со импакт фактор), автор е на рецензирани книги и учебници по маркетинг и е член на мал милион уредувачки одбори на симпозиуми, конференции и научни списанија низ цел свет. Не е ова од вашите „селски учителки“ шо си ги фаќате за швалерки откако ќе ги вработите, ви текнуе.Затоа, ој таму легнете си со жените и не паламудете ногу низ етеров, оти само покажувате дека немате врска од академска работа. Затоа, го молам присутниот вмровски џган, да не се бламира поише и у иднина да не не' става в уста.p.s. А на Милета, кажете му дека „ЕраЗмус“ на латински се пишуе со С., напиша Апасиев.Лефков вчера порача дека токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управувал кадар на СДС, сопругата на Апасиев добивала средства. „Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии,“ изјави Лефков.Тој додаде дека останува прашањето дали станува збор за политички договор меѓу СДС и Левица и дали Апасиев е „купен“ со парите од Еразмус+ за да одработува за СДС.

Македонија | пред 7 месеци

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба да знае дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со претходни локални избори.„Наместо да броиш гласови на ВМРО-ДПМНЕ, гледај си ја својата партија, бидејќи ти си најголемиот хендикеп на Левица. Во ваква ситуација, кога СДСМ е целосно растурена партија со криминален багаж, вистинска мајсторија е Левица да се бори за пет проценти поддршка“, изјави Петрушевски.Петрушевски оцени дека борбата на Левица се сведува на тоа да обезбеди минимално присуство во неколку општински совети, а најголемиот проблем на Апасиев, според него, е маргиналноста и искривената лична перцепција.Оваа размена на обвинувања уште еднаш ја потврдува напнатата атмосфера пред претстојните локални избори, каде што меѓусебните пресметки на лидерите на опозицијата и помалите партии стануваат сè поостри.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 8 месеци

apasiev

Апасиев предложи Закон со кој на ДПМНЕ ќе му се забрани користењето на ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО:Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за Британија: Држава што не го признаваше нашето име и молчеше за геноцидот врз Егејците – не ни е партнер

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, остро реагираше за склучувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија. Преку објава на социјалните мрежи, Апасиев го оцени потегот како „геополитичка слепост“, наведувајќи дека е апсурдно да се гради сојуз со држава која, според него, во минатото нанела сериозни историски неправди на македонскиот народ, па наведува: „како што се геноцидот врз Егејците и непризнавањето на уставното име“.Покрај сите историски неправди кои ни ги има направено Велика Британија (геноцидот на Егејците и непризнавањето под уставното име), да склучиш некаков си договор за "стратешко партнерство" со неа денес - во епоха на цивилизациско назадување на западниот хегемонизам и појава на Нов мултиполарен свет предводен од супериорниот систем на Кина - треба да си геополитички аналфабет. Или да објасниме попластично: тоа ти е исто ко да си некоја мала папет-држава во XV век, кога е извесен падот на Византија - и ти, наместо да се престроиш и склучиш пријателство со ОСМАНЛИИТЕ (кои ќе го владеат овој дел од светот во наредните 500 години), склучуваш пријателство со ВИЗАНТИЈЦИТЕ (кои ќе пропаднат во наредните 50 години)!? Со вакви кусогледи "лидери", ќе ја изгубиме државата во следната генерација, ако не се опаметиме. А немаме многу време, бога ми“, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Коментари | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со пратениците поднесоа кривична против Мицкоски: Поради политички договор за предметот за Кочани, Коцевски не е разрешен

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.„Сите седуммина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испомпување на пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено“, рече Апасиев.Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.„Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит“, додаде тој.Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.„Имаме обезбедено писмени докази“, посочи Апасиев.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Едно е да ме ругаш, но да ме фатиш за врат и да ми пцуеш бремена сопруга и дете - следен пат ќе го тепам во пленарна, рече Апасиев за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за „Скопје1“ вели дека немало реакција на обезбедувањето на Собранието, кога се случил инцидентот со пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев во изјава за „Фокус“ тврди дека секојпат кога ќе се сретнеле, Ристески упатувал пцости кон него, бидејќи, пратениците на Левица зборувале за патните трошоци на пратениците.„Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна“, вели Апасиев за „Фокус“.Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, кој го обвини Апасиев „дека плаче“.Собранието цел ден молчи за инцидентот иако неколку новинари побараа став и детали.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-08.37.00

Апасиев ќе прослави со Путин: Не сум „светски лидер“, ама слетав во Москва

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, самиот објави дека пристинал во Москва, каде утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската престолнина. Тој веста ја објави самиот на социјалните мрежи. Неговото патување, дошло по покана за присуство на воената парада на Црвениот плоштад.Не сум 'светски лидер', ама слетав во Москва“, објави Апасиев.Тој и во негови интервјуа јавно го кажува ставот дека според него, Македонија треба да има соработка со Русија, но и со Кина, покрај вопоставената со САД.Инаку, банови украински напади со беспилотни летала беа насочени кон Москва додека таа се подготвува за голема прослава на Денот на победата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на високите личности кои ќе присуствуваат на големата воена парада на Црвениот плоштад на 9 мај. Иако многумина – дури и украински функционери меѓу нив – сметаат дека е малку веројатно Киев всушност да ја нападне Москва на тој ден – експертите не го исклучуваат тоа, пишува Вашингтон Пост.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Од вчера цените на основните намирници вивнаа до небо, и одржувањето на лична хигиена стана луксуз, објави Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека цените на основните намирници се покачени од вчера. Според него, поскапи се производите за лична хигиена.„Од вчера, цените на основните намирници повторно вивнаа до небо (којзнае кој пат досега). Буквално се е поскапено! Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни.. Влажните марамици од 60 рипнаа на 100 денари. Тоалетната - од 95 на 140 денари! Покрај менталната, и оджувањето лична хигиена веќе ќе стане луксуз. Сите ќе бидеме "небањати" (коо права неутро-вмраана). Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат. Ќе си тркнат пак до Јапонија на изложба, па на опера у Брисел и на концертче у Вашингтон (со приватен авион)... А ви "душмани" - бурек и јогурт (ако има).И пак да си ги гласате "патриотиве". Оти ја вработија балд'ската тука у градинката. Ќути, чоек, има и бетер“, објави Апасиев.

Македонија | пред 10 месеци

Untitled-1

Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа ги отфрли обвинувањата дека постои некаков договор со јавниот обвинител Љупчо Коцевски, посочувајќи дека во услови на таква трагедија во Кочани ќе беше аматерски неиздржано да продолжи процесот за негова смена, а да се игнорира целата истрага.„Тоа денеска го кажа пратеникот Апасиев на собраниската говорница, тој тоа го претстави како на ти го, дај ми го. Видете возможни се такви сценарија и таков тип на небулози кои што се шират, но работата е секогаш многу поедноставна од тоа како изгледа. Никој од нас не вели дека е задоволен од работата на Љупчо Коцевски, но ќе беше аматерски неиздржано ако ние во услови на еден ваков случај, на една ваква трагедија како што е овој, продолжиме со процесот на смена. Тогаш ние каква порака ќе испратевме? Дека ние игнорираме се, игнорираме истрага и се што е вклучено таму, за да реализираме некаква си наша цел. И јас не мислам дека тоа е политички искусно и умно“, вели МицкоскиВо однос на обвинувањата од страна на Апасиев, премиерот Мицкоски потенцираше дека Апасиев е далеку од тоа што се претставува, укажувајќи дека тој пред народот е извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје.„Тоа што јас денеска во собрание го споменав е само континуитет на сите оние навреди, конструкции кои што овој политичар ги рефлектира, најчесто на социјалните мрежи или на собраниската говорница каде ужива имунитет. И ценам дека ова е само почеток, ќе следат уште многу други работи, откривање на работи дека далеку се тие од тоа што се обидуваат на вештачки начин да се претстават, не само тој, туку и тие од неговото опкружување.Политичката партија Левица кон крајот на ноември 2024 година купува во центарот на Скопје деловен простор, тој призна дека е подрум и приземје, 420 метри квадратни, по цена со ДДВ 295.000 евра. Би рекол или е подарок заради остварување на некаква цел, или договорот има и втор дел кој што ние не го гледаме, и затоа јас реков органите сето тоа да го проверат“, нагласи Мицкоски и објасни дека метар квадратен вреди најмалку три пати повеќе од тоа што тие го платиле и што Град Скопје го проценува.„Нели Левица беше против извршители, но извршители кога продаваат ваков тип на имот не им пречат. Па тој извршител кој што е за тој објект е истиот извршител на Соравиа кој што ќе се продава на лицитација таму некаде после 20 април. И двете имаат иста финансиска институција која ги обединува а тоа е првата инвестициона банка, банка која функционира во македонскиот банкарскиот систем а е сопственост на бугарски бизнисмени“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-03-at-13.02.51

Апасиев до Мицковски: Алаш-вериш правите со јавниот обвинител Коцевски, ќе те оставиме ако не ги чачкаш нашите

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, го обвини премиерот Христијан Мицкоски за оддавање на службена тајна и попречување на правдата, бидејќи на прес-конференција ја објави лажната лиценца на клубот „Пулс“ во Кочани. Тој најави дека ќе му поднесе и кривична пријава.„Миле ми текна и Филипче понудија оставки за бродската несреќа во Охрид и за модуларната болница во Тетово. Ноќта вие сте создале кризен штаб. Кога ве сликаа кај повредените во Вучиќев стил без заштитна опрема, го прекршивте законот. Известување од вас не добивме за кризна состојба. На првата прес конференција ја компромитиравте истрагата со објавување службен документ. Го повредивте и правилото на презумпција на невиност. Бевте обвинител но и бранител на вашиот Папазов... Направивте кривично дело за одавање службена тајна. Вие ја попречивте и правдата. На 18 февруари почнавте постапка за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. А потоа ова го одложивте, тоа е нудење или давање корист. Ова е алаш вериш, нема да го обвиниш нашиот а јас ќе те оставам на функција.До кога ќе ги штитите вашите корумпирани вмровски кадри“, рече Апасиев.Мицковски рече дека не го разбрал прашањето, се било плукање и обвинување и е континуитет во политиката на Димче Апасиев.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Зошто го амнестирате градоначалникот, тој по службена должност знаел за диско-шталата, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев бара премиерот Христијан Мицкоски да не го амнестира градоначалникот на Кочани. Според Апасиев, постои образец кој се поднесува до градоначалникот на општината при отворање кабаре.„Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување”, напиша Апасиев.[caption id="attachment_324727" align="alignnone" width="1151"] Prijava Apasiev[/caption]

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Колку треба да си ненормален и корумпиран до с'рж, да саботираш прва Надзорна расправа за аерозагадувањето?

Темата аерозагадување ги зовре страстите во Законодавниот дом. Лидерот на Левица преку ФБ се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои според Левица ја кочат Надзорната расправа за аерозагадувањето.„Колку треба да си ненормален (од нула до ДПМНЕ) + корумпиран до с'рж, да саботираш прва Надзорна расправа на тема од врвен јавен интерес како АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО!?p.s. Веќе се поканети над 40 гости-сведоци, меѓу кои и претставници на ЗАГАДУВАЧИТЕ (како Цементара) - кои, пак, се финансиери и "донатори" токму на градоначалниците на ДПМНЕ. Дали можеби тоа е причината за паниката во партијата на Мицкоски”, напиша Апасиев. Претходно во салата тој кажа:,,Пресметавте дека овој процес ве кошта политички, и ај сега ќе ретерираме, во фазата ќе дигнеме рачна. Не бива така. Спорните прашања се само во главите на вмровците! Не постојат спорни прашања. Дури и сега да ми доставите гости - истите ќе бидат поканети промптно, уште денес. Но, не! Вие одите на нож! Вие не почитувате bona fide пристап, не почитувате отвореност и добра волја, оти таква ви е наравта - сељачка и силеџиска - сѐ на ачик, сѐ на нож!”На вчерашната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се обидоа да ја саботираат закажаната Надзорната расправа во врска со аерозагадувањето, како што тврди Левица, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на пратеничката Весна Бендевска која тврдеше дека Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е несоодветна за расправа за чистиот воздух, ѝ се обрати со „транзициска профитерка“ која нема лице да расправа за човекови слободи и права.Инаку Собраниската комисија донесе заклучок за надзорната расправа за аерозагадувањето и ќе го достави до спикерот Африм Гаши.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев стана редовен професор: Не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, денес на социјалните мрежи ја објави Одлуката со која на 26.12.2024 е избран за редовен професор на Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев”- Штип. Тој накратко го опиша неговото патешествие до ова звање и им порача на младите да не се откажуваат, да се борат нагласувајќи дека патетичноста е контрареволуционерна:„...и го задржува звањето редовен професор доживотно!Кога професорката Поленак, како тогашен апсолвент, ме одбра како демонстратор да и помагам при држењето на вежбите по Римско право, не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата. Мислев дека по напуштањето на „Јустинијан Први“, ќе продолжам со вообичаена правна работа во Велес или ќе се иселам во странство.Но, го послушав советот на проф. Шкариќ и конкурирав на УГД во Штип... Ме примија за помлад асистент, па се попишманија!? Па малце се тужевме и ги добив судски вмровските директори на тогашната Агенцијата за вработување. После станав и асистент.Па, дојде денот да докторирам. Се сменија законите, Грујо ни воведе докторски студии. Докторирав во првата генерација на УКИМ по новата програма, ама имав звање асистент-докторант.Правото ми беше многу бавно, па почнав да се бавам со политика... Ја формиравме Левица. Паралелно давав испити, пишував дисертација, држев настава и градев партија која сите ја исмеваа. Станував секој ден во пет и со превоз идев до Кочани, Струмица и Штип. Се будев во темница, се враќав во темница. Мислеа ќе се откажам. Ама, сѐ е до психата, батиња. Битно е да си го напраиш „филмот“. Ја си го напраив дека сум патувачки учител, како во антика.И така, едно пет-шест години. Од понеделник до петок. Со автобуси и комбиња до предавалните и амфитеатрите (btw, имавме и две сообраќајќи по патиштата). Ама не се откажав. Станав доцент. Потоа регуларно и вонреден професор, непосредно пред да станам пратеник. Еве сега, дочекав и редовен.*Наравоучение до младите: работата е едноставна, дечки. Да не се откажеш! Животот е Борба. Бори се. Патетичноста е контрареволуционерна.„VivatAcademia” - напиша на својот фејсбук профил претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev

(Видео) Апасиев сликан со новиот џип, адвокатот Митровски му замери за паркирањето: ја купил за 16.500 евра, 15 дена откако кажа дека оди со точак

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи објави фотографии од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со неговото ново возило „Пежо 3008“. Му порача дека му е топ џипот, па му замери зошто паркира непрописно, без да плати паркинг. Според анкетниот лист, Апасиев го купил автомобилот пред шест месеци.„Димитар Апасиев честитки, топ ти е џипчево, со здравје да си го возиш. Ова искрено го мислам бидејќи за разлика од тебе јас се радувам кога некој напредува, има, му иде, не барам да го запалат на клада за тоа. Само да те замолам од 3000 евра месечни примања да одвоиш 40 денари и да се паркираш прописно за да не не блокираш вака во маало. И следен пат качи се на кафе, не биди странец, уште сум на истото место кај што доаѓаше да ти пишувам кривични, пошто најјак правник нали“, напиша Митровски.Според анкетниот лист кој го поднел Апасиев, „Пежото 3008“ го купил за 16.500 евра.Апасиев до овој момент не се огласи за новиот автомобил. Претходно, тој често зборуваше за неговата „Алфа“, за која велеше дека е стара и се расипува. Во јавноста, исто така напоменуваше дека се движи со велосипед. 15 дена пред да го купи новото возило, тој беше гостин во поткастот „Претрес со Ландов“, каде што, зборуваше дека „Алфата рикна“, но и дека купува ново возило.„Јас со точак, да идам. ‘Алфата’ готова е више рикна. Дали ќе ја продавам? На лицитација да ја дадам, за 5.000 евра може ќе отиде. Ама не знам, на жена ми е, она што ќе каже“, рече Апасиев во поткастот.?t=3036

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Кога македонските партии се обединија и Македонец се осети убаво во Собрание - СДС ја напуштија седницата, пишува Апасиев

“На денот кога се обединија сите МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ да му застанат на патот на башибозукот на Илире и кога Македонецот, за прв пат, се осети убаво во своето Собрание - СДС решија да ја напуштат пленарната седница за интерпелација!?”, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и додаде:“Епа, што да очекувате од партија на богаташите која дезертираше и во 2001. Нивните раководни кадри и тогаш се криеја по викендици, додека БРАНИТЕЛИТЕ војуваа со косоварските терористи поддржани од НАТО! Ова им е одлична шанса да се преиспитаат и да видат зошто секогаш се на погрешната страна на Историјата и зошто им се случува "пасокизација" на политичката сцена”.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагира на ставањето вето на Законот за двојазични лиценци во градинките.Апасиев на својот „Фејсбук“ профил напиша:„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

(Видео) Војната на Апасиев и Стојаноска продолжи: тој и возврати за купувањето на хотел

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, возврати на тврдењата од Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, дека тој купува хотел кој се вика „Опера“ во Скопје. Според него, тоа е клевета, ама па, понуди таа да се откаже од патни трошоци, за тој да и даде да преспива во хотелот.„Богаташката Дафина од ДПМНЕ со шесте стана, лажела и клеветела по поткасти дека, пази молим те, сум имал ХОТЕЛ у Скопје!? Ај пренесете и на колегињица - нека се откаже она од ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ шо ги крка од Собрание и доживотно ќе и дадам да преспива у "хотелов" два пати неделно, сама (ако мајка и уште не и го дава клучот од становите у Скопје)“, напиша Апсаиев.Стојаноска и Апасиев долго време водат „војна“. Таа започна во Собранието, кога тој ја нарече „богаташка“ бидејќи нејзината мајка поседува повеќе станови во Скопје, а таа патува постојано за Гостивар каде живее. Стојаноска му возврати на Апасиев и во „Претрес“, притоа посочувајќи дека во редовите на пратениците има пратеници кои уста не отвориле, но и такви мои се милијардери. За Апасиев кажа дека купува хотел додека ја напаѓа неа.Целиот поткаст:

Македонија | пред 1 година

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Апасиев: Поразително е борбата против корупцијата да ни ја водат странски агентури

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес - конференција, во одговор на новинарско прашање го истакна ставот на Партијата по однос на ставањето на црната листа на САД на Артан Груби заради мито и местење на случаи со Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК назначен од ДПМНЕ.- Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади. Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури - потенцираше претседателот Апасиев.По однос на заканите од ДУИ за дестабилизација во Македонија доколку Уставниот суд ја укине неуставно наметнатата двојазичност, Апасиев, исто така го истакна ставот на Левица.- Што и да одлучат уставните судии мислам дека ќе помине без проблем, исто како што беше и со Балансерот. Впрочем, ако се сеќавате, вчера Али Ахмети се закани со војна! И, тука има простор, ако го читате убаво Законот за политички партии, за интервенција на надлежниот Јавен Обвинител. Бидејќи ние, како политички партии, стрикно ни е забрането да повикуваме на воена агресија. Оттука, мислиме дека во случај на евентуални нереди, после одлуката на Уставниот суд, каква и да биде, органите на прогонот, односно МВР, треба да си ја заврши својата работа и да не ги обеспокојува граѓаните, затоа што има капацитет - одговори претседателот Апасиев.

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

Фејсбук објава на лидерот на Политичката партија Левица, проф. д-р Димитар Апасиев:„т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна двојазичност мора да биде поништен!Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!Оттука, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Левица до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега

По денешниот инцидент во Собранието и за влакно избегнатата тепачка меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, псовките од Апасиев и осудата од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи се огласи Левица.,, Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега”.Еве ја објавата на Левица од прес конференцијата на нивниот пратеник Амар Мециновиќ:Народот заслужува одговоро-ДПМНЕ му сервира пцости и насилство.Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци.Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување.Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица.Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега.Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев во Собрание: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Говорот на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа. Левица посочува дека Апасиев рекол и: „За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме“„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж'та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на 'фајт'. 'Мастермајндот' на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО."

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Ја будиме од ,,клиничка смрт" постојаната анкетна комисија за човекови права

- Навистина, ми е мерак што самото тоа што три часа дискутираме, покажува дека ја креваме од ,,клиничка смрт" оваа комисија којашто, единствено, е уставно спомената - истакна во своето обраќање пратеникот од Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, при одржувањето на првата собраниска комисија на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во која тој е претседател.- Ова е само почеток, верувајте! Моите планови како претседател на Комисијата е таа да не стане форум на политичко надгласување и надмудрување, туку баш форум за стручна дебата и се надевам дека со мнозинството од пратениците и со нас како опозиција дека тоа и би го постигнале. Оваа комисија, иако е од исклучително значење за правата на граѓаните, во изминатиот мандат воопшто не профунционира - додаде Апасиев.На првата седница на Комисијата, во присуство на претставници од невладиниот сектор, пратениците го разгледаа Извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година. Присутните членови и гости истакнаа пофалба што за прв пат овој Извештај пристигна до Собранието.Пратеникот Апасиев во своето прво обраќање, се осврна на неговата визија и цели за работа со оваа Комисија. Тој даде и посебен осврт кон т.н. судир на надлежности.- Првото што мене и како правник и како политичар ми е чудно е самата правна рамка на Комисијата - она што ние правниците го викаме судир на надлежности. Еве, јас имав ситуација - вие утврдивте дискриминација дека Талат Џафери го дискриминира Димитар Апасиев по основ на политичка припадност, затоа што во 30 други случаи едно постапил, во мојот случај - поинаку. И ние со тоа ваше мислење отидовме на суд и Судот се прогласи за ненадлежен и нè упати на Уставен суд и сега сме на Уставен суд, во октомври имаме судење со интенција да стигнеме и до Стразбург - образложи Апасиев.- Ако го вклучите и ОЈО, вие имате 6 - 7 органи, коишто имаат испреплетени надлежности! Значи, правната рамка, според мене, би требало да оди кон поедноставување на процесите. Не може граѓанинот и прекршочно и кривично да одговара за еден ист деликт - дообјасни тој.Апасиев говореше и за делот на проектите што оваа комисија ги работи, како и за склучувањето меморандуми за соработка.- Во ред е вие да работите проекти со државни органи, но проекти кои би се работеле со странски амбасади се она што вие го викате ,,сива зона". Што ако оние со кои сте потпишале меморандуми се најдат како странка во вашата постапка? - образложи претседателот на Комисијата, Апасиев.Со посебен акцент Апасиев ги спомена балансерот и сегрегацијата на учениците - Роми.- Оспорувањето на балансерот како типична алатка на дискриминација - да биде оспорено пред Уставниот суд од ваша страна, а не од страна на ДКСК, бидејќи балансерот сам по себе не е коруптивен, тој е дискриминаторски. Во врска со сегрегацијата на учениците - Роми се поставува прашањето: Како може сегрегацијата на учениците - Албанци во Струга да биде човечко право, а во Кочани да биде дискриминација? - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања