Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АПАСИЕВ

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев за одлуката од Стразбур: Маричиќ од секогаш бил слаб правник – лажен ви е триумфализмот

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи во врска со одлуката во Стразбур.„МАРИЧИЌ од увек беше слаб правник. Де објаснете му разлика меѓу “мериторна” и “немериторна” одлука. Мене ме мрзи денес да предаам.#ЛаженТриумфализам“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев до Гаши: Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло очи му вади

Лидерот на Левица Димитар Апасиев со народна поговорка ја искоментира поплаката на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој се пожали дека довчерашниот нивни коалиционен партнер СДСМ брутално го раскинал договорот за коалицирање.„Гаши, друже, ај да ти набацам една каурска: „Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло му очи вади“p.s. Идете сега, нека ве гласа „меџународната““, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

„За неполна година, 73 пратеници за патни трошоци земале 360.000 евра“, објави Апасиев

Лидерот на Левица објави дека за неполна година 73 пратеници земале 360.000 евра за патни трошоци.„За неполна година, 73 пратеници за ПАТНИ ТРОШОЦИ земале 360.000 ЕУР!Срам да им е и на пратениците од Левица. И тие земале 0 (нула) ЕУР, иако се секој ден у Собрание.#ПазетеКогоГласате“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Апасиев: Има пари за бонус дневници на партиската полиција, нема за болните од цистична фиброза кои не можат да дишат

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус преку кој ја искритикува владата.„Има пари за бонус-дневници за партиската полиција што ги чуваше Таче и Пендаровски (да не бидат исвиркани на гробот на Гоце), ама нема за БОЛНИТЕ од цистична фиброза кои не можат да дишат!Ова не е наша Влада, другари.#Окупатори“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-pendarovski

Апасиев: Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во Сирија имаше земјотрес со жртви

Лидерот на Левица Димитар Апасиев со порака до претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни Бујар Османи:„Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во СИРИЈА имаше земјотрес со жртви“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС, вели Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев го коментира одбележувањето на 151 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Во Скопје имаше силно полициско присуство за да не дојде до немири.„Прв роденден на ГОЦЕ со специјалци, барикади и полициски хеликоптери. Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-1068x580

„Колку треба да не те бива за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да имаш едвај 11 членови на Влада“, вели Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи коментира дека власта предводена од СДСМ не ја бива за преговарање.Тој зборува за распоредот на сили во владината коалиција.„Колку треба да НЕ ТЕ БИВА за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да „избоксуваш“ да имаш едвај 11 членови на Влада (од вкупно 21) - а партиите на албанското малцинство, со 28 пратеника, да имаат 10 членови на Влада!? p.s. Е овие истиве, во наше име, преговараат со Бугарија и со ЕУ!“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-kovacevski

Апасиев и Ковачевски се препукуваа во Собрание, а си поставуваа и дијагнози

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Ковачевски му цитираше дефиниција од „Википедија“ за тоа што е паранонија. Апасиев пак му возврати со цитат од антички филозоф и му се заблагодари за дијагнозата која му ја дал. Ова дојде откако Апасиев упати прашање до премиерот: „Дали Македонија односно безбедносните служби го користат шпионскиот софтвер ‘пегасус’ кој од неодамна има извештај во ЕУ дека го користеле 14 земји членки и кој што се користи за компромитирање на политички неистомисленици – се влегува во нивните мобилни телефони, лаптопи, се вадат материјали, потоа се следат новинари, судии, обвинители, се компормитираат за да преземат или непреземат одредени дејствија?“.На ова, одговор даде премиерот Ковачевски кој рече: „Лично нешто што сакам да ви кажам, во ваш стил, а тоа е дека: Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси“, кажа Ковачевски по што додаде: „Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Ви благодарам“.Возврати и пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.„Премиере Ви благодарам на дијагнозата. Епиктет (антички филозоф) во еден свој прирачник вели: „Кога за Вас кажуваат лоши работи, немојте да се обидувате да се браните туку речете им на вашите непријатели дека само толку ли знаете, па уште кога ќе дознаете уште повеќе кај ќе ви биде крајот“. Јас ги разбирам вашите напишани панаѓирици во одбрана на безбедносните служби кои ги злоупотребувате за пресметка со вашите политички непријатели – но не се надевав дека на прашање кое не го знаете вие ќе излезете со напишан говор во кој ќе ми дадете дијагноза. Веројатно вие сте го виделе спикерскиот лист на говорница, па сте рекле: „Аа па ќе си спремам една дијагноза“. Јас предавам историја на право, па знаете Атињаните кога отишле кај Спартанците и такви благоглаголиви со напишани говори како Вас, Спартанците биле практични луѓе и рекле: „Абе ние крајот не го разбравме оти почетокот го заборавивме“. Па така и вие. Јас за едно Ве прашувам, вие за десетто ми одговарате. Прашањето беше за „Пегасус“, дали користите шпиунски софтвер, Вие ми мешате молотови коктели, дијагнози, баби и жаби“.Апасиев не беше задоволен од одговорот, па допраша: „Како тогаш нѐ прислушувате, со кои софтвери, преку кои структури, преку комбиња ли, како?“.„АНБ не користи ‘Пегасус спај веар’ софтвер. За целата работа на АНБ како пратеник, можете да се информирате преку комисијата за надзор на безбедносните служби која ја води пратеник од опозицијата и ги има на располагање сите директори на безбедносните служби. И да повторам уште еднаш: „Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси. Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност“, повторно одговори Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

apasiev-bekim-sali

Жесток Фејсбук дуел меѓу Апасиев и Сали: „Треба сериозно да бара лек против албанофобија“

Откако денеска излезе список дека актуелниот министер за здравство Беким Сали унапредил 17 лица, меѓу кои 14 Албанци и тројца Македонци роднини на актуелни функционери, дојде до жесток фејсбук дуел меѓу првиот човек во здравството и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Првично, Апасиев сподели кај него статус за новите унапредувања во здравството, по што актуелниот министер му возврати:„Апасиев, треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, напиша Сали на службениот профил.Меѓутоа, лидерот на Левица не му остана должен, па уште пожестоко му одговори:„Шовинисту, оди прво обезбеди им лекови на болните од цистична фиброза! Уште се лечиме преку СМС и Македонци и Албанци“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

„Која иронија, на денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал“, вели Апасиев

Лидерот на Левица се огласи на социјалните мрежи по денешниот избор за шеф на Основното обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција, каде за наследник на Вилма Русковска е избран шефот на гостиварското обвинителство Ислам Абази.„Која иронија... На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Коментар на денот: На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски!

„Која иронија... На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски“, напиша Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.Ова доаѓа откако Ислам Абази е избран за нов шеф на ОЈО-ГОКК. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев ќе го пријави Џафери оти објавил негови лични податоци

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе го пријави собранискиот спикер Талат Џафери затоа што објави негови лични податоци, односно домашната адреса.Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го достави и до медиумите. Тој ќе реагира до Агенцијата за заштита на лични податоци. Инаку, Џафери ја врати на доработка иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев му пиша на премиерот: Денес требаше да имаме парно, а од Владата добивме порно

Димитар Апасиев повика да не се плаќа последната сметка на БЕГ. Лидерот на Левица и пратеник, му кажа на премиерот: Фала ти Таче.Согласно законот, денеска требаше да имаме парно. Од Владата добивме порно.p.s. После ова, повикувам да не ја плаќаме последната сметка на БЕГ за месец септември - а ако не утужат, да си истакнеме „компензационен приговор“ у парница“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев го испрати Џафери во затвор

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека Џафери направил грешка при одбивањето на иницијативата за референдумот.„КАДЕ ИСПОГРЕШИ НЕУКИОТ СИЛЕЏИЈА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРИ ОДБИВАЊЕТО НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ?1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива - преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“... “, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev

„Не им е одмилен јазикот, туку системот, образованието ќе иде у к*рац, а младите у странство“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека на младите не им е одмилен македонскиот јазик, туку системот.„На Филолошки на УКИМ, се запишале само 12 студенти на Македонистика!?Не. Не им е одмилен јазикот, туку СИСТЕМОТ! Еве ќе ви кажам личен пример: сестра ми дипломираше македонска книжевност пред скоро 20 години, кога студираа по околу 120 студенти во една група. И знаете колку стаж има на струка? = 0 часови (со букви: НУЛА). А знаете оти? Оти нема членска од СДС-ДПМНЕ.Наравоучение: Се' додека ги бирате професорите на општински комитети, наместо на конкурси - образованието ќе иде у курац, а младите у странство“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

apasiev-kosana-danela

Апасиев се гордее со Косана и Данела, по бркањето на вработени по Рамковен

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по одлуката на Данела Арсовска и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева договорите на дело да не ги продолжат поради тоа што вработените не ги извршувале своите работни задачи и не се појавувале на работните места.„Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми#СамоОстро#RuleOfLaw“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

DSC_0610

Месечните трошоци за живот пораснаа за 100 евра, Апасиев впери прст кон Ковачевски

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев посочува дека трошоците за живот растат, а ако едно семејство со минимална плата, има и две малолетни деца, тогаш ќе треба да најдат плус пари за да преживеат.„Месечните ТРОШОЦИ за живот пораснаа за +100€. Тоа значи дека ако имате две деца и со жена ти работите за минималец, ќе треба да се позајмите 4.000 денари за да го поминете месецот. Ете толку се "успешни" политиките на економистот Таче и бугарофилската СДС“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите).

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: Во Собранието ќе биде многу тензично, ќе се шверцува францускиот предлог

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во понеделник треба да се видат што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе, бидејќи никој не знае.„Дали ќе донесеме одлука или заклучок некаков си, дали ќе им го врати на Влада, така што не знаеме што ќе прави Џафери.Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично, кога ѓе се носи тоа. Според моите информации ќе се обидат да ја прескокнат комисиската расправа и ќе оди директно на пленарна што е противделовнички што значи повторно ќе се шверцува. Тогаш мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме ново предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев испрати порака преку фејсбук

Апасиев испрати порака преку фејсбук во која вели дека никој не победил народ со пендрак.„Никој не победил народ со пендрек!#СекојДенВоСедум#ТикТакТикТак“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

292039726_606360007513734_8549165532048086537_n

Апасиев го објави сценариото за утре, ќе има бурен ден

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, денеска пред Собранието на Република Македонија.„Еве да ви го кажам сценариото, па граѓаните сами нека оценат. Утре ќе го поминат на Влада (францускиот предлог) и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето.Мислам дека тие не го очекуваат тоа, ќе сакаат да го поминат на Собрание, и мислам дека шверцератот на Талат Џафери ќе си дојде на сцена, мислам дека нема да го пуштат на комисија, знаат дека таму ќе има тепачки ќе го тават на пленарна седница, тоа ќе трае неколку дена“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-03-at-21.14.51

„Ќе се радикализираат протестите од утре, а вторник е клучниот ден“

Пратеникот и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев од протестот пред Влада ЗА „Инфомакс“ посочи дека од утре ќе има пожестоки протести. Според него, комплетно ќе се заобиколи Собранието и ќе има обид за потпишување на францускиот предлог. Апасиев посочува: „Гневот тука е многу поголем“.„Можеме да продолжиме со маршеви, може со блокади, сите аргументи се на наша страна. Мислам дека има време да се консолидираме. Јас сум оптимист, од утре ќе биде пожестоко“, кажа Апасиев.Тој додаде: „Даваме се од себе, дајте и вие. Не може само Левица да клепи, бујрум на протести да го одбраниме тоа што е наше“.„Жалосно е овој гнев на народот да не го капитализираме со победа. Вторник е клучниот ден. Власта е комплетно делигитимирана, нема суштествена поткрепа. Ние како сила во налет ако дозволиме да го изврши последното предавство, треба да се распуштиме“, додаде тој.Тој најави радикализирање.„Треба конкретни чекори, во конкретни времиња, за да има успех. Нема здрав човек кој ги поддржува. Мислам дека гадно ќе завршат. Ќе си лежат затвор квалитетно. Ќе гледаме да лежат 300 години затвор, за сето ова што го приредија годиниве“, посочува Апасиев.Според него, нема да се купуваат пратеници. Апасиев смета дека Павле Трајанов се уште стои на ставот дека е против францускиот предлог.Фото: принтскрин од Инфомакс.мк

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев му врати на Пендаровски: Вошко предавничка

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по изјавата на претседателот Пендаровски.„Претседателската ВОШКА Пендаровски, ме нарекол "гнида" на прес!? Па није могуче#ВошкоПредавничка“, напиша Апасиев.Претходно Апасиев го опцу претседателот, а Пендаровски вели дека само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата може да каже таква работа.„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

apasiev-0912

„Вие не сте нормални, мајке ми, ќе горите во пеколот ама не пред да скапете по затвори“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментираше барањето на Бугарија, Македонците во Албанија да бидат третирани како бугарско малцинство.Еве што напиша Апасиев на Фејсбук:“И Македонците од Албанија дојдоа на ред за шиткање. Ќе ги третираат како “традиционално бугарско малцинство”!? Вие не сте нормални, мајке ми! Ќе горите во пеколот, ама не пред да скапете по затвори!#NoPasaran#СекојДенВоСедум“

Коментари | пред 3 години

apasiev

„Колку треба да си жалче да „одбиеш“ француски предлог, откако си попил ново бугарско вето“, вели Апасиев

По прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по самитот во Брисел, реагираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Колку треба да си недоветно жалче, ко божемски да "одбиеш" француски предлог, откако веќе си попил ново бугарско ВЕТО, два саата претходно!?p.s. Ко у вицон: "Бато бе, ај доста ме бранеше"!#АхБеТачеБе“, напиша Апасиев

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања