Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФР

13

Итен повик: „Сите пред Собрание, сите! Излегувајте!“

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

„Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме“, вели Димитров

Земјата сепак се врти Фарса, меѓу другото, се дефинира како настан или ситуација што е апсурдна. Деновиве во Собранието се одвива токму фарса, за две суштински важни прашања за македонските граѓани - нивната европска иднина - и за Македонците - нивниот македонски идентитет и јазик, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.„Собранието имено расправа за тоа дали да усвои заклучоци со што ќе ја задолжи Владата да ја усвои преговарачката рамка, но и да не преговара за историски и идентитетски прашања, што е спротивно на самата рамка и заклучоците на советот и воведната изјава на ЕУ.Апсурд!Притоа, за соседна Бугарија протоколот е најбитниот елемент од пакетот и затоа впрочем им беше поделен на пратениците кога тие расправаа за пакетот.Па Дојче Веле го објави протоколот што поминал низ нивната собраниска Комисија, најофицијален документ, не беа тоа некои спинови или полувистини.Најофицијален документ за кој расправаа бугарските пратеници, а овде де го немаат видено, де не постои, де постои ама не е потпишан, де е билатерален (Стево Пендаровски) де не е...Кај нас дрскоста оди дотаму што овој клучен документ (да повторам - што ги помина сите филтри на бугарската демократија и институции) се сведува на форма (записник од втората меѓувладина Скопје - Софија) иако неговата содржина е всушност договор за точките 5+1 (односно 4+1 по едностраната концесија на владата).Да немате дилема - од исполнувањето на задачите во протоколот ќе зависи дали воопшто ќе го отвориме првиот кластер (Фундаменти - најважниот, каде се и владеење на право и борба со корупција) и како и дали ќе се движиме напред или назад во процесот.Самиот Претседател тоа го кажа во последното интервју, каде во збирот на тези и антитези ако убаво го следевте јасно кажува дека од билатералните прашања ќе зависи напредокот.Затоа да се крие овој текст е голема измама. Како што впрочем беше измама и целото салто мортале од она историско НЕ во ова ДА, за предлог што е апсолутно суштински идентичен со одбиениот.Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Собранието ни кажа убави работи. Убави, до душа малку и невешто изведени, и во најавата и денот потоа.Што е за право, целиот процес нема да зависи само од комисијата. Абер стигна и од Париз и од Берлин.Но, дури и овие убави зборови ги немаат напишано во документите. Немаме право на наивност по сите убави пораки пред референдумот за Преспанскиот договор.Тоа што е битно се документите. А во документите јасно стои дека Протоколот (овој вториов) е суштински дел од пристапниот процес, дека за неговата содржина и имплементација ќе известува самата Европска комисија и дека и од тие наоди, покрај оценките за реформите, ќе зависат следните чекори за поглавјата и кластерите.Затоа што требаше?Прво отворено да се презентира вистинската ситуација пред граѓаните и да се бара чаре за како понатаму.Со овој лош предлог.Наместо со загриженост да ги отвориме сите дупки и опасности пред нас и да зборуваме како да се обезбедиме како нација од сите опасности што неминовно ќе ни бидат на патот, дебатата се сведе на вербален линч на критичарите. Целата стручна јавност, и дома и надвор има негативен став за Предлогот.Кому помагаат лагите? Па минимум одговорност во вакви историски моменти каде се крои иднината на следните децении налага да се зборува искрено и да се впрегнат сите општествени сили во изнаоѓањето на решенија и планови - како понатаму?Знаете веќе сите дека преговорите нема вистински ниту да ги почнеме пред да го смениме Уставот. Да вметнеме Бугари, при што Бугарија на целиот глас кажува дека не го признава постоењето на македонскиот јазик, а со тоа и нашето мнозинство - македонскиот народ. Тие кои се против ова понижување утре ќе бидат прогласени за виновници што не одиме кон ЕУ.Притоа, без никакви гаранции дека нема да има нови барања (една од црвените линии што се стопи).Без никаква мотивација да заврши процесот, напротив (без уште една црвена линија - отворањето на Уставот да биде на крај).Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија.Ги слушам тезите дека никој не може да ви го земе идентитетот. Тоа е точно. Но, бидејќи амбицијата на Софија сега е легитимирана и вградена во пристапниот процес, таа невозможност го прави и процесот на зачленување во ЕУ невозможен.Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме.Ќе биде многу тешко, можеби и невозможно да се поправи оваа историска грешка.За неколку месеци се’ ќе стане јасно и на тие на кои сега не им е докрај јасно што зборувам.Посебно ако се смени Уставот. Отворањето на првиот кластер ќе зависи од исполнувањето на задачите од протоколот.И тогаш кога од историчарите, наместо од реформите ќе ни зависи европската иднина и кога ќе имаме вечна и отровна политичка криза, нема да ни биде никаква утеха кога многумина ќе имаме легитимно право да ви посочиме: "Ама нели ви рековме".Галилеј соочен со апсурдот и бруталноста на инквизицијата кажал: "сепак се врти" - реченица што останува низ вековите да одекнува за единствената вистина дека фактите се факти и дека нив можете да ги покривате, криете, разубавувате, спинувате - ама од нив бегање нема.Белким ќе бидеме доблесни конечно да зборуваме за нив со отворени карти“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Тензичната седница во Собранието каде имаше и оган ќе продолжи денеска, протекоа информации кога ќе се потпише протоколот

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Ова ќе треба да биде второ продолжение на седницата. Од 42 пратеници пријавени за збор, во Собранието се обратија пет. Седницата треба да продолжи во 11 часот. Вчера, имаше тензичен ден во Собранието, а ист таков се очекува и денеска. Постојат можности седницата да продолжи и по 18 часот, односно по работниот ден на Собранието, за да се исцрпат сите пријавени за збор.Неофицијално и непотврдено, но се шпекулира дека Владата веќе има план, односно, МНР сака да испрати свои претставници во Бугарија за да го потпишат протоколот веќе во сабота, а церемонијата може да биде и во недела.Никој не ја коментира оваа информација, но најверојатно овој план е направен со очекување дека денеска, до доцните вечерни часови, ќе заврши излагањето на пратениците.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-18.14.35

(ВИДЕО) Јаулески го запали францускиот предлог во Собрание: Устав ќе отвориме само за да ги вметнеме СДСМ како предавничка партија

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го запали францускиот предлог среде собраниска сала, за време на седницата. За пратениците од СДСМ рече: „Вие, гласачка машинеријо на Заев, Таче и Ахмети во Соранието на Република Македонија,сакате да ја заковате последната шајка од ковчегот на Македонија. После ова, ако го изгласате ќе бидете запишани како гробарите на Македонија“.Тој им посочи: „со Преспанскиот го ископавте гробот,а со овој француски предлог го затрупувате“.Јаулески додаде:Гласањето на овој предавнички договор значи дека потишувате бугаризација на Македонија. И ќе го изгласате овој т.н "француски предлог" кој што уште го криете, но и тоа нема да биде трајно. ВМРО нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени! Тоа на секому да му е јасно! Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас СДСМ како предавничка партија и антидржавен елемент. Koга го слушав Бујар Османи дека овој "француски предлог" има реципроцитет за момент помислив дека :-ќе се вметнат македонците во бугарскиот устав и дека конечно после неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права, конечно буарската држава ќе дозволи регистрација на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН,- дека на таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки,- дека историските читанки во Бугарија ќе се ревидиираат согласно желбите на нашите историчари,- дека ќе има санкции за ширење говор на омраза кон македонците, макар и тоа доаѓало од профашитички евопратеници како Ковачев кој Бугарија ја гледа од Црното море до Охрид,- дека ќе има репарација и рехабилитација на репресираните македонци од Пиринска Македонија во комунистичкиот режим на Бугаија, после 1948 година па се до денес.- дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустрираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците.Нажалост не е така, овој договор нема никаков реципроцитет. Ова е резултат на немање црвени линии, на коленичење, на влада без кичма, ова е договор кој е ултиматум и во целост ги исполнува бугарските барања.Да ве потсетам, во овој законодавен дом изгласавме Резулуција за утврдување на македонските државни позиции! Со вашето прифаќање на овој предлог ја кршите истата таа резолуција која што е обврзувачка!И немој да мислите доколку викате помош од надвор да ни држат нас говори тука, ќе успеете да не убедите дека е ова добро. Не, не е!Никогаш нема да биде добро бришење на идентитетот!Никогаш нема да биде добро бришње на нашата историја и пишување нова по теркот на Софија!Никогаш нема да биде добро оспорувањето и бришењето на македонскиот јазик!Целата ЕУ донесете ја, овој народ кој изминативе 10 дена ве поздравува ништо нема да го убеди!Што е бе добро овде?!Нема да не убедите дека има нешто добро во тоа да потпишете дека Гоце Делчев е бугарин и се борел за бугарската кауза. И не само Гоце, вие ги продавате и АСНОМците.Вие го бришете АСНОМ од Уставот и ги амнестирате бугарските фашисти кои ја окуирале Македонија и вршеле злосторства врш нашите предци, кои пратиле над 7000 Евреи во Треблинка, кои никогаш не се вратиле!Дирекните соработници на психопатот Хитлер вие ги правите ослободители!Наместо да се прифаќаат вакви понижувачки предлози, вие требаше да прогласите КРАЈ на било какви разговори за историјата, јазикот и идентитетот.Ако негоаш сакаме да влеземе во ЕУ, тоа треба веднаш да го направите !Со прифаќање на овој предлог никогаш нема да влеземе!Со ставање потпис на ваков предлог тоа е невозможно! И давате право на Бугарија да става ВЕТО кога сака и на што сака!Сакам да се обратам и до моите сограѓани Албанци од Струга, но и од цела Македонија:Почитувани сограѓани, да се заблагодарам на секојдневната поддршка која што ни ја давате, тоа е начинот на којшто досотинствено и домаќински се градат односи на соживот. Жалам што овојпат вашите политичари албанци во ова собрание одбраа да застанат спротивно на македонскиот народ и да ја загрозат довербата која што тешко и макотрпно се градеше. Ние знаеме дека политичарите не се народот. Тие се Вашите вечни непријатели иако ви се прават најголеми пријатели. 20-30 години не им требаше преговори за да крадат, да ве осиромашуваат и да ве исселуваат по западните европски земји. Од една страна ви ветуваат еворпска иднина, а од друга страна станаа милионери на вашиот грб и на сите наши другари кои секојдневно се исселуваат. Не треба преговори за да се направи канализација во Арачиново, за да има чиста вода во Тетово, за да има чист воздух во Кичево и за да има развиен туризам наместо дивограби во Струга.И немојте мене да ми кажувате како се гради соживот, јас живеам во Струга, а таму со години живееме како едно. Ве лажат дека на сметка на мојот идентитет ќе имате подобар живот. Не, нема биде да подобар! Мизеријата ја делиме заедно и ќе ја делиме и понатаму. После ова предавство ниту ќе имате канализација во Арачиново, ниту подобар живот. Ќе имаат само пајташите на Артан И ахмети, ќе ја цицаат државава а вас ке ви продаваат сон за подобар живот кој никогаш нема да го имате. Никогаш, додека гласате за овие луѓе кои децениии ве лажат!Прогледајте и дајте заедно да влеземе во ЕУ, достоинствено и чесно! Заедно да се бориме за оваа држава!А сега малку и до ЕУ:Господа ние сакаме во ЕУ, ама не сакаме вака. Не сакаме да не уценуваат, не сакаме по цена да не сме свои таму каде што ќе бидеме.Наместо нас да не убедувате тука дека црното е бело, а белото е црно, одете во фашизмот кој уште владее во нашата соседна држава и барем кажете им да ги почитуваат пресудите на Вашиот и нашиот европски суд за човекови права! Дека загарнитраните универзални човекови права на секој граѓанин неможе да бидат предмет на разговори!Поддршката на еден ваков предлог, ве прави соучесници, а кај народот во Македонија не многу омилено.Ова ви го кажувам тука од оваа говорница во најдобра намера.Огромното мнозинство од Македонци во Република Македонија не го поддржуваат овој предлог, не заради тоа што се против ЕУ, туку заради тоа што сакаат да си ги заштитат своите културни, јазични и историски карактеристики.Имаат право на тоа.Имаат право да го изберат начинот како ќе го направат тоа.Ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик и кои имаат своја историја, традиција, културиа , обичаи и обележја!На крајот на овој циркус, една порака до сите, до ЕУ и Бугарија:Многу окупатори во минатото ја газеле оваа земја,многу војски се изживувале врз Македонците, Турците, Албанците, Ромите и сите останати кои со векови живеат тука, но ниту една војска и окупатор не успеал да не уништи. Ако мислите дека со овој потег ќе не направите послаБи, се лажете! Нпротив ќе бидеме уште посилни и ќе истраеме! Никој не победил народ!Овој народ живеел и ќе живее!Оваа земја опстоила и ќе опстои!Да живее Македонија!“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

(ВИДЕО) Ковачевски си доби епитет „предавник“, хаос во Собрание

На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:Ултиматум не благодарам- Да за ЕУ, не за асимилација- Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот- Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна- Ние сме Македонци не бугари- Нема иднина без историја- Македонија не е на продажба- СДСМ предавници на народотПратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-13.11.22

Урсула со војната и пандемијата ги убедува пратениците да го прифатат францускиот предлог.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги убедува пратениците да го прифатат францускиот предлог.Некои велат дека е подобро нов договор отколку овој на Франција. Ваше право е тоа. Но размислете колку се обидувавме да дојдеме до овде. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност. Со отворањето на оваа врата сега, С. Македонија се зајакнува што ќе биде дел од преговарачкиот процес, е имате придобивки. Јас имам деца, некои имаат внуци и сите заедно сакаме едно нешто и споделуваме еден сон: Еден ден да погледнеме наназад и да кажеме дека сите наши деца и внуци се дел од исто европско семејство. Ова е иднината за која одлучувате овде, тука, денес, утре и деновите кои се пред вас. Пратеници, живееме во тешки времиња. Бидејќи пандемијата со Ковид-19 се протега во третата година, нејзините ефекти катастрофално влијаат, руската војна предизвика глобална криза во Украина, растат цените на енергенсите. Се бориме со влошената климатска криза. Ова се предизвици со кои мора да се соочиме. Мора да ги совладаме. Вашата држава дорасна на задачата, стоите цврсто со Унијата, вие сте партнер на доверба, ви благодарам. Заслужувате да се движите напред. Сега е на вас да направите чекор

Македонија | пред 3 години

14072022_PVRSM_sredba_FonderLajen-1

Ковачевски лице в лице со фон дер Лајен, Владата со детали од средбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше тет-а-тет средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.На средбата Ковачевски и Фон дер Лајен разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Беше констатирано дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, е дека местото на Северна Македонија и Западен Балкан е во Европската Унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации.Ковачевски и Фон дер Лајен уште еднаш потенцираа дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.На средбата беше дискутирано, дека во контекст на новите гео-политички околности, многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија, што е важно за целокупниот напредок на Северна Македонија.На средбата беше истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок

Македонија | пред 3 години

asdfasdgasgh

На денешен ден почнала француската буржоаска револуција, кога во македонското Собрание се расправа за францускиот предлог

Секоја година на 14 јули, французите го слават- “Le jour de la prise de la Bastille” – заземањето на затворот во Париз, ден на кој се одбележува Француската револуција од 1789 година. Денес, позната е парадата на Champs Elysées на која присуствува и претседателот на Републиката, и обично е проследено со концерти, танц и музика ширум Франција.Една од причините за револуцијата е дека, пред 1789 година француското општество било поделено на сталежи: сталеж на свештенството, кој опфаќал околу 100.000 лица; сталеж на аристократијата (благородниците) – 400.000 лица, и сталеж на народотсоставен од сите останати (околу 23 милиони луѓе). Сталежите на свештенството и на аристократијата не плаќале даноци и имале многубројни привилегии. Во сталежот на народот, пак, со текот на времето се развила силна буржоазија која сакала да има поголем удел во владеењето на земјата. Тоа довело до класен конфликт.Друга причина за револуцијата била финансиската криза во Франција. Луј XVI направил обид за излегување на земјата од кризата и вовел даноци и за свештенството и за аристократијата.Ова се неколку интересни факти за оваа револуција:1. Селаните морале да плаќаат огромни даноци на нивните господари, додека благородниците и луѓето блиски до кралот биле целосно ослободени од даноци.2. Преку 18.000 луѓе биле погубени на гилотина за време на француската револуција, и воведувањето на режимот на терор организиран од страна на Робеспиер, кој исто така заврши на гилотина .3. Томас Џеферсон бил амерички министер во Франција за време на француската револуција.4. Книгата на Чарлс Дикенс – “A tale of two cities” беше пишувана за време на француската револуција.6. Кога затворот на Бастилија бил нападнат на 14 јули 1789, во затворот имало само 7 затвореници, но револуционерите пред се дошле за големото количество на оружје и муниција кое се складирало во тој затвор.7. Кралот Луис 16-ти беше погубен со само 73 гласови повеќе, 361 гласале ЗА егзекуција, а 288 биле против.8. Се верува дека Мариа Антонеата платила со злато на својот егзикутор за да се осигура дека сечилото на гилотината ќе биде доволно остро и дека нејзината смрт ќе биде брза.9. 10.000 афрички робови биле ослободени после револуцијата.10. Протестантската и еврејската религија после револуцијата станале легални и доста влијателни во државата11. Кога кралската фамилија проба да избега од Франција, тие многу брзо биле препознати и фатени поради фактот што ликот на кралот бил на секоја монета.Овој ден, коинцидира со денот кога во Македонија започнува расправата за францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-11.33.22

СДСМ кажа со што ја задолжува Владата за францускиот предлог

СДСМ предлага заклучоци за заштита на идентитетот на македонскиот народ. Јован Митрески, координатор на пратениците од мнозинството, поосчи дека овие заклучоци треба да се задолжителни за Владата.„Се задолжува Владата преку државната делегација за преговори со ЕУ, доследно да се придржува до определбата за почитување на идентитетските, јазичните, македонските прашања. Преговорите да се водат на принципелна основа, со почитување на посебноста на македонскиот народ, согласно резулуцијата усвоена од Собранието. Се задолжува Владата, македонскиот јазик да биде наведен без додавки и фусноти. Се задолжува Владата, во текот на преговорите и по приемот, да не прифати да разговара за поинаков решение за македонскиот јазик, од она што е наведено во преговарачката рамка. Македонскиот јазик да стане службен јазик, без фунсоти. Билатералните прашања, поврзани со билатералните преговори, да не бидат одредници од кои ќе зависи пристапувањето кон ЕУ. Преговарачката рамка да се усвои веднаш, за одржување на меѓународната конференција, да се донесат одлуки веднаш. Се задолжува Владата, заклучоците да ги вгради во отворачката изјава во првата меѓувладина конференција“, кажа Митрески и побара постојано да бидат известувани што се случува со пристапувањето кон ЕУ.Од колегите пратеници, побара поддршка, да се донесат заклучоци и да се откочи пристапот кон ЕУ.

Македонија | пред 3 години

mirjana-najcevska-huliganka

Јас да сум пратеник, би гласала со „не“ за францускиот предлог со стапиците кои ги содржи, порача Најчевска

Професорката Мирјана Начевска, упати порака до пратениците. Таа како од почетокот кога беше презентиран во јавноста, така и сега, е против францускиот предлог.„Да сум пратеник јас денес би гласала НЕ за францускиот предлог ваков каков што е и со стапиците кои ги содржи а кои индицираат идни проблеми во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Можат да се направат измени кои би биле апсолутно прифатливи. И не се многу. Ама се суштински“, напиша Најчевска.Седницата за францускиот предлог е закажана за денеска.

Коментари | пред 3 години

dafina-z-asutka

Нема прекин на борбата за Македонија, сѐ дури надвор и внатре постојат големи бабароги и вампири, порача пратеничка

„Денот Д, викаат… Па, колку ли денови Д имала, има и ќе има Македонија??“, прашува пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, пред да започне седницата за францускиот предлог.Таа додава:„Нема прекин на борбата за Македонија, сѐ дури надвор и внатре постојат големи “бабароги и вампири”. Нема предавање! Да живее Република МАКЕДОНИЈА!“, додава Стојановска.

Коментари | пред 3 години

jakimovski

„Земате 70 илјади денари плата и денес дојде денот кога треба да ја одбраните татковината“, напиша Јакимовски до пратениците

Политичари и граѓани упатуваат пораки кон пратениците. Сите тие, се против францускиот предлог кој го оценуваат како лош за Македонија. Еден од политичарите е и Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ.„Земате 70 илјади денари плата(плус трошоци) и денес дојде денот кога треба да ја одбраните татковината од ова зло кое надвиснало над нас. Од вас зависи! За Македонија се гине! Ве повикувам со жив штит да ја одбраните татковината! Покажете во Вас има мажи!“, напиша Јакимовски.

Коментари | пред 3 години

293774711_613010620182006_346603375410395909_n

Претрес во кампот пред Собрание: Со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите

Претрес се правел пред Собрание, на лицата кои кампуваат на улицата. Ова го обелодени Саше Јанчев, активист на Левица.„Со полициски кучиња правеле претрес во кампот пред Собрание кај шо се активистите на Левица и Црвена младина. Тресете, тресете. Иде ден кога овие младинци ќе ве треснат од земја ко партал! Кој последен се тресе, најјако се тресе“, напиша Јанчев.Шаторите пред Собранието се поставени вчера, по протестот. Денеска од 12 часот започнува нов протест.Реакција имаше и од Левица:Безбедносните структури утрово, околу 06:00 часот упаднаа во кампот пред Собранието на Република Македонија, каде што кампуваат активисти на Левица, а воедно голем дел од нив се членови на Црвена Младина.Без никакво предупредување и со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите, кои мирно и достоинство кампуваат од синоќа.Истовремено, бевме сведоци како истите структури пред неколку денови дозволија вперување на пиштоли кон граѓаните кои мирно протестираа, каде целосно изостана нивната реакција.Неуспешни се сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните.Денес, во 12:00 часот, ќе упатиме гласно НЕ до сите пратеници и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен!

Скопје | пред 3 години

blokada-sobranie-51

Шест прашања на кои треба да се одговори за францускиот предлог: Зошто се брза?

Собранието ќе го расправа францускиот предлог... Македонецот Алексеј Демјански има шест прашања пред седницата на Собранието. Засега нема одговориВи ги пренесуваме во целост:1. Дали премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи Османи, и министерот за европски прашања Маричиќ ќе бидат присутни да одговараат на прашањата на пратениците? Ако не на оваа седница – дали ќе има таква можност? Ако да, кога? Ако не, зошто не? Собранието има надзорна улога во врска со работата на владата.2. „Францускиот предлог“ е составен од 4 документи – (1) општ став на ЕУ (министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија); (2) предлог заклучоци на ЕУ; (3) заеднички став на ЕУ; (4) билатералниот протокол со Бугарија. Само 3 од 4 документи се ставени пред јавноста и пратениците. Како ќе дебатираат со 75% од она што е потребно? Ако протоколот, како што информира министерот за надворешни работи Османи, ќе биде објавен кога ќе се потпише – зошто сега има расправа за предлогот? Зошто да не го објави протоколот па потоа со целосна информација да се дебатира?3. Македонското собрание усвои резолуција со 95 гласа од 120 за одредување на црвените линии во разговорите со Бугарија. Дали ќе се дискутира за тоа дали владата се држи до тие линии / дали предлогот е во рамки на тие црвени линии? Дали се уште важи таа резолуција?4. Во Брисел премиерот Ковачевски изјави дека „Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени... Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.“ Предлогот предвидува дека преговорите ќе почнат по, а не пред, уставните измени. Зошто е ова прифатливо сега? Дали владата има гласови да го смени уставот? Ако не, како ќе ги добие? Дали владата добила гаранции од ЕУ и Бугарија дека нема да има повеќе услови од бугарската страна? Каде е тоа гарантирано во документите?5. Член 47 и 48 од општиот став на ЕУ предвидува дека „Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучување за понатамошни чекори во врска со преговорите за соодветното поглавје или кластер.“ Дали владата има план или стратегија, што може да се презентира пред Собранието и граѓаните, за тоа како ќе наоѓа усогласување со Бугарија во однос на разни теми поврзани со билатералните прашања/Договорот за добрососедство (учебници, говор на омраза, итн.)? Како ќе се информира Советот за напредок на овие теми кои се дел од пристапниот процес6. Зошто е ова последна шанса за отворање преговори со ЕУ? Последните скоро 20 години на секој 6 месеци се дига галама дал ќе почнат преговорите или не и скоро 20 години одговорот е „не.“ Што ќе се случи ако овој пат ние кажеме не и процесот продолжува како до сега? Знае владата нешто што ние не знаеме? Дека ЕУ ќе ни затвори врата? Дека ќе дигне раце од нејзина стратешка цел? Зошто се брза?Конкретен одговор на овие прашања до сега немам видено од владата, а за мене се потребни за како граѓанин да можам да донесам став околу предлогот. Пратениците се на ред да се обидат да ги обелоденат одговорите пред граѓаните. Дали тоа ќе се случи е друго прашање...

Коментари | пред 3 години

sobranie-ahmeti-govornica

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски.Пред одржувањето на собраниската седница, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери.По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.

Македонија | пред 3 години

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски до Мицкоски: Ќе им јажете ли на Македонците дека место вас, Алијанса ќе го гласа францускиот предлог?

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ вели: „Маските паднаа, утрово лидерот на ВМРО ДПМНЕ јавно се огласи до власта дека, -цитираме: Ова ќе ви помине (се мисли на францускиот предлог)“. Тој упати јавна реакција.Неговиот став во целост:„ГРОМ пред само една недела предупредуваше дека формирањето работни групи кои наводно ќе работат на подобрување на текстот од преговарачката рамка е само фарса со која лидерот на опозицијата во однапред планирано сценарио, заедно со СДСМ се договорени како да го амортизираат гневот на народот. Ова наше тврдење тој утрово со своето писание го потврди.Затоа уште еднаш го прашуваме Господинот Мицкоски, кажете ѝ на јавноста за вашата фарса со работната група колку пати се состана и какво подобрување во текстот направи?Ќе ѝ соопштите ли на јавноста за вашата фарса за наводното раскинување на коалицијата со Алијанса за Албанците.Ќе им кажете ли на македонците дека се договоривте со Зијадин Села дека место вас пратениците од Алијанса ќе го гласаат францускиот предлог а вие демек ќе протестирате пред Собрание и Владата на Република Македонија“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.39

Утре е „Денот Д“ - масовно во 12 часот пред Собрание против новото предавство, алармира Левица

„Владејачката класа во и околу предавничката и криминогена Влада на СДС-ДУИ, исплашени од револтот на народот кој на протестите секојдневно, јасно, масовно и гласно им кажа НЕ за бугаризацијата, ја префрла топката во Собранието на Македонија“, велат од Левица.Тие додаваат:Очигледна е намерата на хибридниот режим да се амортизира притисокот од јавноста, кој очигледно го чувствува, па сè уште одбива да го објави Протоколот, во кој се инкорпорирани сите врховистички барања.Поради тоа, нашите активисти кои до денес кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието, каде ќе се расправа за пробугарскиот предлог. Ги повикуваме сите совесни Македонци и Македонки, кои досега неуморно маршираа секој ден, утре во 12:00 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија.Додека внатре пратениците дебатираат дали историјата и учебниците ќе бидат пишувани под бугарски диктат, дали АСНОМ и фашистичките злодела ќе се бришат поради "говор на омраза", - народот пред Собрание гласно и јасно да порача НЕ за бугаризацијата!Владата, преку Собранието, кукавички и подло се обидува да ја легитимира бугаризацијата, несмасно искористувајќи ги пратениците од малцинските етнички групи кои не се дел од Владата, на тој начин создавајќи причина и околности за меѓуетничка омраза.Воедно, го повикуваме сиот македонски народ, денеска повторно во 19:00 часот да излезе на протестите против недоличниот, фашистички, ултимативен и анти-македонски предлог, кој ни се поставува како услов за некаква си театрална „меѓувладина конференција“, која треба да ни биде сервирана како доказ дека преговорите за ЕУ се отпочнати и утре да се приклучи на Кампот пред Собранието на Република Македонија во 12:00 часот на пладне.

Скопје | пред 3 години

Slika-2-Protest-13.07.2022

Вечерва нов протест од 19 часот

Во предвечерието на расправата во Собранието за предлогот кој ја бугаризира Македонија да излеземе масовно, да протестираме мирно и достоинствено, велат организаторите на протестот.„Пред владата во 19 часот, преку МНР до Собрание.Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам“, стои во соопштенеито.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВО ЖИВО) Граѓаните на протест против францускиот предлог

Во Скопје започна уште еден протест против францускиот предлог.Граѓаните со тренспарент „Ултиматум, не благодарам“ се упатија кон МНР, а оттаму ќе продолжат кон Собранието на Македонија

Македонија | пред 3 години

51826228506_db015eee40_c

Владата ги испратила документите за францускиот предлог, кои ги бараа пратениците

Владата денеска, според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог - преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција, на 30 јуни 2022 годинаДокументите се доставени до сите пратеници.

Македонија | пред 3 години

dzambaski

„Стево Коминтерната ги велича бугарските просветители и го прекршува договорот за добрососедство“ вели Џамбаски

На објавата на претседателот Стево Пендаровски, реагираше и европратеникот Ангел Џамбаски.„Стево Коминтерната ги велича „славните преродбеници“, познати и како бугарските просветители, браќата Милдиновци. А тоа што го напиша директно го прекршува договорот за добрососедство, како и познатиот „француски“ предлог.Дали знае некој дали дичев, дечев, бечев, пичев и останатите клети софиски македонисти веќе отидоа во Скопје да клечат?“, напиша Џамбаски

Македонија | пред 3 години

292296498_601199648037616_2353865649675105476_n

Бугарски пратеник со опомена до Пендаровски: Ова да ти е последно, браќата Миладиновци самите се нарекуваат Бугари!

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.„Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“, напиша Пендаровски.Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев ја сподели објавата и напиша дека ова треба да биде последна објава која било кој преставник на Македонија ја пишува на ваков начин„Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски, како и секој друг официјален претставник на Северна Македонија, го пишува на овој начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главниот, хоризонтален критериум за напредок на Скопје на пат кон преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана - бугарски, а самите себеси за Бугари.На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пена им излезе од устата со спомнувањето на „Бугарите““, вели тој.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите).

Коментари | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Власта на антимакедонската СДСМ бесрамно го крие протоколот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на антимакедонската СДСМ го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. А протоколот е клучниот домумент од Предлогот. На него се повикува преговарачката рамка и овој документ всушност ги содржи сите бугарски барања. Според тоа кое што го објавија странските медиуми овој протокол предвидува конкретни обврски за Македонија во конкретни рокови. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија. Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Предлогот кој што Ковачевски и Османи се подготвени да го прифатат е спротивен на европските вредности и на европските принципи. Македонија не бара ниту повеќе ниту помалку од условите кои ги имале сите земји кои станувале членки за ЕУ, а тоа се Копенхашките критериуми. Власта на Ковачевски треба да се вразуми и да застане зад предлозите за измени кои ги дава ВМРО-ДПМНЕ со кои се обезбедува достоинствен пат и влез на Македонија во Европската Унија.Тоа што власта се инати и не ја почитува волјата на народот резултира со масовни секојдневни протести во Скопје и другите градови во Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и денес дава поддршка и ги повикува граѓаните да учествуваат на масовниот достоинствен и гласен сенароден протест кој ќе започне во 19 часот пред платото на Владата. Народот никој не успеал да го победи. Затоа побројни и помотивирани да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Slika-1-1

Денес протест од 19 часот

Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија, велат организаторите на протестот„Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници.Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии.Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја.Затоа денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам!Почеток, пред Влада во 19 часот“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања