Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФР

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани. Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предлог не беше пред пратениците за да може врз основа на него да може да се произнесат и да може да кажат дали е тоа во ред, бидејќи тој не беше комплетен, затоа што го немавме во тој момент сè уште протоколот на маса. Имаше шпекулации, имаше претпоставки, но ниту во еден момент го немавме протоколот на маса, што самото по себе претставува скандал, бидејќи избраниците на народот ги терате да се произнесат по некаков си документ. Предлог-заклучоците се еден лист, лист и половина хартија каде што Собранието им вели на министрите во владата да носат кошули… какви ќе бидат тие кошули, дали ќе бидат со копчиња, со кратки или со долги ракави – тоа не е дел од тоа што го предлагаат.Така што првата брутална измама што е направена од нашата влада, после мега измамата што ја направија кога кажаа НЕ, а подоцна го прифатија истото за кое што стигна потврда и од бугарска страна дека се работи за истиот предлог, следуваше оваа втора измама каде што на пратениците од власта и оние поддржувачи кои кренаа 68 гласа ЗА им беше на маса ставено нешто коешто немаше никаква врска со нешто што се нарекува последен предлог. Но, од друга страна, не можам до ден-денес да поверувам дека опозициските пратеници, кои себеси се декларираат како опозиција во парламентот и тука, пред сè, мислам на онаа опозиција што е против владините политики, што ги гласаше овие заклучоци. Затоа што се поставува прашањето, ова не го отвора патот кон Европската Унија, бидејќи Владата е таа која што носи одлуки. Владата тогаш само ги злоупотреби пратениците во парламентот и во јавноста претстави дека еве тие гласале за некаков предлог кои тие претходно го прифатиле. Се гласаше за нешто коешто нема суштина, а суштината е тоа што дека владата прифатила асимилаторски договор со Бугарија, којшто потоа беше преточен во последен предлог што дел од јавноста го нарече модифициран.Ние не учествувавме во гласањето, иако учествувавме во дебатата за да може јавноста да го слушне нашиот став поврзан со тој последен предлог кој нема врска со заклучоците и со овој памфлет што го изгласаа 68 пратеници, и тоа е јасно дека е не и неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што не бевме во моментот на гласање е само заради тоа што не сакавме да дадеме легитимитет со нашето присуство на нешто коешто го гласаа пратениците. И тоа е јасно дека е НЕ и дека е неприфатлив за ВМРО. Имаме парламентарно мнозинство, кое кога требаше довербата на владата, кукавички ја напушти дебатата и да елаборира зошто треба оваа влада да остане, и сега овие 68, во којшто има дел од пратеници од опозицијата, велат зошто ВМРО-ДПМНЕ не било, ВМРО-ДПМНЕ нема да легитимира неправеден и ненароден чин.Со потпишувањето на Протоколот, фактички притисокот се зголемува на македонско-бугарската историска комисија. Какви се Вашите очекувања, ќе има ли капацитет комисијата без политички притисок да договара значајни теми, како што се потеклото на Гоце Делчев, средновековието … ?–Очекувам притисоци, како што беше и претходно, да – очекувам од Бујар Османи притисок врз работата на комисијата, иако тоа веќе сега не е никако поврзано со европскиот пат на Македонија, затоа што европскиот пат во моментов зависи само од една работа, а тоа е промената на Уставот, не зависи сега само од работата на комисијата и тука е овој момент каде што јас само велам не е ништо изгубено, затоа што промената на Уставот е последниот браник на македонскиот идентитет.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и оние кои не се сложуваат со овој француски или последен модифициран предлог се чувари на македонскиот идентитет. Сега веќе работата апсолутно нема никакво значење. А дека ќе имаат од Бујар Османи и од тие негови соработници притисок, ќе имаат, и комисијата треба да знае дека ќе имаат, немам никаква дилема. Водството на ДУИ прави историска грешка, тие практично гледајќи го интересот на Албанија, влегоа во коалиција и пакт со Бугарија и Бугарите, и ги продадоа интересите на македонскиот народ и нивните сограѓани во Македонија, и на тој начин оставија трајна рана во нашата колективна меморија и тоа нема да го заборавиме.После Преспанскиот договор и промената на името, сега сме под силен притисок за менување историја, учебници итн…. Дали цената за влез во ЕУ не е превисока и од овој аспект денес, може ли нешто да вратиме назад?-Па и самиот Бујар Османи кажа, а и Стево Пендаровски претходно дека подобро било да се на масата заедно со останатите 26 земји членки и да преговараат демек имале помош, отколку да се надвор од масата. Притоа заборавија да кажат дека ние и сега сме на масата, само сега сме наспроти изолираната Бугарија, е сега ќе бидеме на масата на којашто Бугарија ќе биде заедно со тие 26 останати земји членки. И самите тие кажаа дека ако нема брза измена на учебниците по теркот на Бугарија, тогаш можеме да очекуваме вето. За Бугарија е важно средновековието затоа што тоа е темелот на тезата дека ние практично сме биле Бугари пред да бидеме создадени како вештачки народ од страна на коминтерната и Тито. Средновековието почнува од Второто бугарско царство, и тоа е суштината на кои тие ги темелат тие тези и тврдења, и тука е грешката на овие наши политичари корумпирани и по власт аздисани, не се свесни и затоа намерно ги прават овие грешки. Дел се и од незнаење, а дел се и од кариеристички причини и од аздисаност за власт, привилегии и народни пари. Ниту еден државник кој има елементарно познавање за антропологијата на македонскиот ген и идентитет нема на крај на памет да му падне да преговара на оваа тема, а камоли да седи таму на маса, да се смее и да потпишува договори. Сега не се свесни, имаат обезбедувања привилегии и така натаму, но кога ќе ја изгубат власта и ќе ги напуштат кабинетите, ќе се соочат со гневот на народот на улица, ако останат тука, ако не избегаат, и ќе бидат свесни и ќе речат -ах да можам да го вратам времето назад, не би ја направил таа грешка , но ќе биде доцна.За каков реципроцитет во протоколот зборуваме кога Бугарија и вечерта пред меѓувладината седница ни испрати документ со кој не го признава македонскиот јазик?–Никаков реципроцитет, Бугарија сама кажува дека не го признава јазикот, а ние го признаваме бугарскиот јазик. Бугарија дава изјави дека за нив македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот и тоа го оправдуваат на некој хегемонистички начин но би рекол, но тоа е нивната политика и тоа не треба да нè изненадува, тие си имаат стратегија, си имаат план и гледаме дека тоа си го исполнуваат.Проблемот е што кај нас има отсуство на државотворен капацитет, кај нашите политичари. Па дури и Бујар Османи си го исполнува тоа што си го има зацртано, а тоа е Албанија да ги почне преговорите и да оди напред. Јас се чудам на Димитар Ковачевски и на останатите министри во Влада, за кои повторно ќе кажам, аздисаноста по пари, тендерите, криминалот им се заеднички именител и подготвени се преку сè да поминат за тоа да го сочуваат. Национално тотално исплакнати ликови, тие не може да бидат државници и не може да ја водат државата напред и можат само дополнително да го компликуваат процесот и да стагнира државата како што стагнира, бидејќи ние не ги почнуваме преговорите, па дури и на нив.Ние преговорите ќе ги почнеме и ќе ја усвоиме преговарачката рамка тогаш кога ќе го смениме Уставот.Во тек се консултации дали може да се распише референдум, имате ли план Б ако не се спроведе оваа инцијатива?-Консултациите траат и ќе траат дали референдумот ќе биде консултативен, задолжителен, кога да се одржи, дали со оваа влада или со некоја друга демократска влада, ќе треба да ја анализираме оваа идеја за да ја бетонираме заедно со граѓаните нашата позиција околу сево ова што ни се случува. Но да бидам уште попрецизен, сите овие процеси, билатералниот договор и протоколот, промената на Уставот, усвојувањето на преговарачката рамка се сами по себе некако различни но поврзани. Преговарачката рамка не може да биде усвоена без да се случат уставните измени, а ако не се случат уставните измени, тогаш Бугарија нема ништо, ние не преговараме, не отвораме кластери, но и Бугарија нема ништо, и затоа браникот на Уставот се пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски пратеници. И тука граѓаните треба да се сигурни.Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас.Зошто власта и опозицијата функционираат како најлути непријатели и не успеваат да изградат позиција на конструктивни политички опоненти, барем за националните прашања?-Јас понудив и работни тимови и се повлеков од барањето за предвремени избори, само за да кажат НЕ, бевме проактивни, имавме иницијатива, од другата страна имаше или молк или брутално одбивање. Затоа мислам дека е подобро власта да одговори на ова прашање.Го обвинувате ДУИ за предизвикување трајна штета во односите меѓу Македонците и Албанците. Доколку утре победите на избори, а во албанскиот блок ДУИ освои најмногу пратеници, ќе коалицирате ли со Ахмети по принципот победник со победник?-Ние сега зборуваме дали ќе го имаме условот Бадинтер или нема да го имаме. Доколку условно, ДУИ е политичката партија, којашто убедливо ќе победи, и нема никакви поинакви можности да се надомести условот Бадинтер, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и тука немаме никаква дилема, и на тој начин ќе го сочуваме идентитетот, но ќе побараме од ДУИ да се коригира во своите постапки затоа што јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ, ќе има повеќе од 61 пратеник, односно ќе имаме самите мнозинство. Но ако имаме друга можност, сценарио кое јас го посакувам, со албанските опозициски партии и други политички партии, тогаш ДУИ редно време е после повеќе години на власт да замине во опозиција.Освен струјата и бензинот, деновиве се најавуваат повисоки цени и на комуналиите… граѓаните живеат во страв како ќе се живее од есен, и со колкави сметки за струја ќе ја презимат зимата. Каков Ви е Вашиот план за борба против сиромаштијата што го најавивте?-Цената на електричната енергија на берзите драматично расте, а бидејќи Македонија е увозно зависна земја од електрична енергија, не произведува доволно, а не произведува доволно затоа што овие кои треба да произведуваат крадат. Пред неколку месеци понудив Македонија да разговара под итно со Унгарија или со Австрија и да влезе во некое внатрешно портфолио за произведување на гас и на струја и на топлина, и тој гас да се складира без разлика дали во Австрија, дали во Унгарија. Тогаш не знам дали не ме разбраа, бидејќи немаше одговор на тој предлог, а гледам денеска тоа го прави соседна Србија. Ако тоа тогаш го направеа, колку-толку ќе ја амортизиравме состојбата со електричната енергија. Исто така, предложив да се закупат капацитети, уште пред неколку месеци за производство на електрична енергија, нуклеарката ПАКОС можеше 10-15 % од таму да закупиме – ние сме енергетски супер поврзани со соседна Србија, а тие се поврзани со Унгарија и можевме на многу поедноставен начин да добиеме енергенс. Можеше да се закупат капацитети на пченка, пченица, но и тоа не се направи бидејќи сега гледаме дека ни се потребни за да презимиме зимата. Јас предлагав тогаш, но пак ќе кажам или не разбраа или ме игнорираа, и сега доаѓа август, а после август-септември и не знам кога ќе се подготвуваат за есента и зимата. Ако се носат одлуки во 5 до 12, тие одлуки ќе чинат многу пари, а тие пари ги немаме, бидејќи ќе треба да ги позајмиме или ќе треба да трошиме државни резерви, така што ја доведоа државата во некоја прилично хаотична ситуација со неодговорното однесување, и да бидам до крај искрен, не гледам капацитет во овој министерски кабинет на Ковачевски. Ние понудивме – ако тоа го направевме во март или во април, ние немаше сега да се секираме како ќе ја дочекаме грејната сезона во октомври, ноември, декември и цела зима, но сега треба да сме загрижени затоа што јас ве уверувам дека цената на берзите од декември ќе биде околу 1000 евра, а од 1 јануари ќе имаме нова регулирана цена за домаќинствата која што ќе биде коригирана нагоре, и ковид-пандемијата си го прави своето, и сè на сè влегуваме во еден тотален државен хаос. И не сум оптимист, ние понудивме излез, неколку варијанти и бевме одбиени.Помина и првата меѓувладина седница, за која велите дека беше само фотосесија. Беше ли тоа само наша жртва за Албанија да ги почне преговорите, а ние и натаму да останеме во предворјето на Брисел сè до отворање на Уставот?Точно е, зошто еве не отворија кластер, зошто не ја усвоивме преговарачката рамка, па да речеме еве ќе преговараме под овие услови. Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка.Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за?Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето на Телма праша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.Тој изјави дека оваа еуфорија утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот.„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава“, вели Димитров.Кажа дека од бугарската страна не само што не зборуваат за Македонци во Бугарија, тие не зборуваат за Македонци во Македонија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ посочи дека Македонија забрзано ќе чекори на патот кон ЕУ. Скринингот почнува веднаш, додаде тој.„С. Македонија е партнер од доверба. За првпат ја применуваме ревидираната методологија, целосно, со новите пристапни преговори. Нашата порака денес за граѓаните од С. Македонија е јасна, ве сакаме во ЕУ. Тука не постојат сомнежи. Денес праќаме и моќна порака и надвор од него. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да се забрза процесот на преговори со ЕУ. Уште попладнево ќе почнеме со скининг на законодавството на ЕУ. Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Македонија ќе можеме да работиме брзо и ефективно во текот на преговорите“, рече Вархеји.„Премиере знам дека не беше лесно, но го избравте најдемократскиот процес, го прашавте Собранието, а тоа кажа многу јасно. Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза. Европа донесе исто така одлука и се согласи со вашето Собрание. Ова ни се моментите кои се потреби, кои ќе ја порменат и унапредат Европа. Сакаме да продлжите да комуницирате со сите во С. Македонија, потребни ни се да работат за земјата, за тоа С. Македонија да стане земја членка“, додаде Вархеји.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Уставните измени мора да се случат. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, се обрати до опозицијата, која е децидна дека нема да гласа за промена на Уставот, да докажат дека се посветени да се случи членството на Македонија во Европската Унија.„Во врска со уставните измени, мислам дека е јасно дека тие мора да се случат. Постои јасна посветеност, не само од Владата туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и Собранието јасно покажа дека се подготвени за вакво нешто“, кажа Вархеји.Тој изрази надеж дека и опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои кажаа дека нема да гласаат уставни измени, а без кои нема мнозинство, ќе се вклучат во работата за европска иднина.„Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно во земјата. Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности. Но се надевам дека со оваа одлука денес, можеме да свртиме нова страна и да работиме, С. Македонија да стане земја членка. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата. Ајде да го докажеме тоа“, додаде Вархеји.Во врска со извештаите кои се бараат со францускиот предлог, а се однесуваат на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, Вархеји даде свое објаснување.„Извештаите на Комисијата се годишна активност. И можеби медиумите не го откриле тоа, но известуваме за овие прашања, добрососедските односи, со сите земји кои пристапуваат. Самото посебе, известувањето постои за да ги презентира фактите, не само за земјите членки туку и јавноста“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

52225442737_c075284a9f_c

„Честитки до граѓаните, нашата земја е Европа во мало“, рече Ковачевски говорејќи за компромисите

Премиерот Димитар Ковачевски честиташе на граѓаните на Македонија, на кои им порача дека овој ден, кој го нарече историски, е нивни ден. Кажа дека донесени се тешки одлуки, патриотски одлуки, за да се отпочнат преговорите.„Им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија, тие се најзаслужни за овој ден. Тие не се предадоа пред ниту еден предизвик, пред планини тешки отстапки и компромиси, за да го исполнат својот сон, припадност во ЕУ. По 17 години и тешки компромиси, се отвора приемот на Македонија кон ЕУ. Првиот чекор е направен. Денес почнуваме ново поглавје во македонската историја“, кажа Ковачевски.Според него, залагањето за просперитетот на државата е најголем патриотизам.„Зачуван е македонскиот јазик, ЕУ не прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик. Ова е обезбедено засекогаш, не се преговара за ова, ниту ќе се преговара. Сите ќе излеземе посилни и постабилни“, додаде Ковачевски.Според него, помошта која ЕУ ќе ја обезбеди, ќе овозможи македонските граѓани да добијат европска поддршка.„Со верба во себе, предците, посебноста, ја движиме државата напред. Градиме европско општество. Нашата држава е Европа во мало“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

19072022_PVRSM_Brisel_4

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Првата меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија изјави дека во овој голем ден за Република Северна Македонија е вграден трудот на голем број лидери на земјата, но и трудот и работата на сите граѓани.,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите.Ова е резултат и на големата одлука што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донесоа во изминатите денови каде што многу јасно кажавме дека ние сме држава која што е Европа во мало и која што цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа во ЕУ. Овој голем ден го започнавме со заедничка прес-конференција и состанок со претседателката на ЕУ, со премиерот на Албанија на чиишто граѓани исто така сакам да им го честитам почетокот на преговорите со ЕУ и со чешкиот премиер кој и претседава со ЕУ. Сакам да им се заблагодарам на францускиот претседател Макрон, на германскиот канцелар Шолц и на сите други претседатели и премиери на 27-те земји членки на ЕУ за што денес Република Северна Македонија ги започнува преговорите со ЕУ”, изјави Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-09.45.57

(ВО ЖИВО) Прва меѓувладина конференција во Брисел

Прва меѓувладина конференција во Брисел. Претставници на Македонија и Албанија се присутни на конференцијата.Следете во живо:

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-09.11.42

Прво обраќање на Ковачевски од Брисел: Ова ќе биде исориски ден, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите

Премиерот Димитар Ковачевски очекува Македонија да биде пример за најбрза интеграција на државата во ЕУ. Тој рече: „ова ќе биде историски и добар ден, кој ќе обезбеди европска иднина“.„Нивната заложба беше клучна во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство. Верувам дека овој нов почеток ќе значи просперитет и напредок. Кога има напредок во една земја, тоа значи поттик и за другите соседи. Како што и досега сме работеле за граѓани, така продолжуваме. На тој начин работиме и за нас самите и за забрзување на процесот за пристап до ЕУ. Огромно е задоволеството што по 17 години чекање, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите, отвораме нови перспективи за државата и полека но сигурно се приклучуваме кон еропското семејство“, рече Ковачевски.Според него, ова е прв чекор за влез во ЕУ, како и нов почеток за регионот.

Македонија | пред 3 години

DSC_0610

Според Протоколот идеите на АСНОМ се злосторнички а Македонија треба да биде бугарска колонија, тврди Левица

„На 17-ти јули 2022 година, потпишан е протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана врз основа на членот 12 од понижувачкиот т.н „договор на пријателство“ меѓу Македонија и Бугарија. Од изворот на политичкото бунило се пои со одново обмислена реалност, во која одново живеат мрачни сили на црна идеологија - на насилство, грабеж и помор за племенитите идеи на единство и слобода на балканските народи. Поданичката и предавничка власт, ја исполни својата суштина и конечно ја стави македонската идеја на отстрел пред бугарските фашистички цели. Политички, нашиот државен врв прифаќа подредување и политичка доминација на внатрешните работи на Македонија од страна на друга држава!“, вели Левица.Од партијата додаваат:Историски, изминатите децении на демонизирање на повоениот режим и рехабилитацијата на криминалната историја на фашизмот, сега, за официјална Софија се целисходни за конечна ампутација на асномскиот карактер на нашата државност - кој е незаменлив!Цивилизациски, ова е недозволиво - идеите на домашните колаборатори и предавници од Втората светска војна, кои Народно-ослободителната револуција имала за цел да ги сотре, скриени од последиците во други земји, преживела. Откако сме во западна прегратка, тие се сега повторно тука, и сакаат да се пресметаат со нашата антифашистичка историја - која е врежан доказ во македонскиот народен гениј и споменик за грозната природа на бугарскиот фашизам!Македонската и југословенската држава, по Втората светска војна припаѓа на оние кои својата слобода ја платиле со лична жртва и покрај загубите, го победиле ѕверството на сојузниците на оската Берлин-Рим. На тие луѓе, бугарските фашистички окупатори сакале да им ја одземат земјата и идентитетот, да им ги убијат најблиските и разделат семејствата.Сега, материјалните спомени на тие македонски партизани ќе станат предмет на прогон за нео-фашистите од дома - слуги на туѓи дворови. Слободната македонската држава од минатото, која рамо до рамо се постави со победниците од војната, ќе стане злосторничка, а сега - слободоумните Македонци ќе бидат злосторници кога ќе се повикаат на идеите од АСНОМ.На нашата победа и на АСНОМ им претходи бугарска инвазија, окупација и анексирање на Македонија. Кога бугарските великодржавни апетити со помош на домашните врховисти ќе успеат да ја надминат пречката на АСНОМ - тоа означува регресија во околностите од пред оваа историска разврска. Околности кои се идентични на оние кои се наметнуваат сега. За нивната понатамошна интерпретација можеме да се повикаме на историска рамка која ќе ни ги даде одговорите - за како ќе треба да ја интерпретираме сопствената и старословенската историја со бугарски предзнак, како ќе го дефинираме сопствениот јазик и како ќе се чуствуваме и доживуваме.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

Нема промена на Устав без промена на преговарачка рамка, тврди Мицкоски

Протоколот е дипломатски нокаут капитулација, ја отвори вратата за преговори Албанија, а ја подзатвори за Македонија, бидејќи како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот. А тоа дека нема да се случи е гарант ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно пратеничката група бидејќи власта нема две третини во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Гази Баба.Мицкоски истакна дека за Македонија да ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно Преамбулата, а потоа според документот Заеднички став на ЕУ ќе биде свикана меѓувладина и ќе биде усвоена предлог преговарачката рамка, но Уставот нема да се промени затоа што ВМРО-ДПМНЕ го гарантира тоа и бара измени во преговарачката рамка.- Дека нема да биде сменет Уставот бројни бројноста на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се 44 пратеници плус пратеници од опозицијата, кои се противат на ова. Така што владата во овој момент нема две третини што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка и неусвоена. За да биде усвоена ние бараме измени во членот 5 алинеја 4 каде што таа се повикува на билатералниот договор и Протоколот кој што го потпиша Бујар Османи и протоколите кои ќе ги потпише, потенцираше Мицкоски.Мицкоски посочи дека лага е на СДСМ и ДУИ дека се гласало за модифициран предлог, бидејќи нивните пратеници не знаеја што гласаат затоа што Протоколот кој е составен дел од последниот предлог не им беше даден за да прочитаат.Мицкоски уште еднаш повтори дека во суштина станува збор за дипломатска капитулација и нокаут и отворена врата за преговори на Албанија и подзатворена за Македонија.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„За што Мицкоски бара референдум?“, пратеник од СДСМ го кажа ставот на власта

Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, смета дека ако се организира референдум од опозицијата, тој ќе биде против македонски јазик во ЕУ. Според него, Мицкоски тоне и сака да ги повлече граѓаните.„Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и Левица паднаа во вода. Затоа што не се менува ниту идентитетот, не се преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот ниту за историско -образовните и културните посебности, а и историските прашања не се дел од преговорите со ЕУ. Повеќе од две недели ги лажеа граѓаните, ги хушкаа и предизвикуваа да прават тензии и немири со цел да нема почеток на преговори со ЕУ со единствена цел борба за власт, без никаква реформа во нивната партија, со криминална матрица каква што беа и сеуште се. Јас ќе поставам едно реторичко прашање, за што Мицкоски бара референдум? Пред неколку денови Собранието донесе заклучоци со кои се задолжува Владата, оваа и секоја идна, да во текот на преговорите со ЕУ нема да смее да преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, а билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка. Дали ова им смета на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски? Дали се против на она што го донесовме како заклучоци во Собранието со што ја обврзуваме Владата?“, вели Коциќ.

Македонија | пред 3 години

mickoski-5

„Македонија ќе исполнува бугарски желби, за Албанија да почне преговори со ЕУ“

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека протоколот со кој Македонија ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава. Според него, тој е дипломатски нокаут и капитулација. Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.„Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема 2/3 власта во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

zaharieva-bickosvki

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, историјата е во преговарачката рамка, вели Захариева

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.„Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка“, посочи Захариева.Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.„Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат“, рече Захариева.За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан '45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-4

Утре почнуваат преговорите за членство во Европската унија, вели ДУИ

„Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, велат од партијата на Али Ахмети.Тие додаваат:Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Северна Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани.Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди.ДУИ смета дека Собранието и Владата на Република Северна Македонија постапиле правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, во кој случај почнуваат преговорите, како и идентитетот, јазикот и културата на Македонците. се зачувани и потврдени.Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање небезбедни ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел партиска корист, но граѓаните се оградија од овие изолирачки сценарија и деструктивни со неучеството во протестите против ЕУ.Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.--

Македонија | пред 3 години

protesti-sobranie-5

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава.„Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ.Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски.Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ.Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски.Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ.Долу влада, УА за предавниците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-17-at-10.29.57

Анализа: Мнозинство пратеници од Македонците не дале поддршка за францускиот предлог, загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани

Поранешниот пратеник Илија Димовски, смета дека е загрозена уставната еднаквост на граѓаните. Тој објави бројки, колку пратеници кои гласале „за“ се Македонци, Турци, Албанци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи.Неговата анализа во целост:Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните......🟥🟥🟥 Бројки: 🟥🟥🟥➡️ Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија:- 80 се Македонци- 32 се Албанци- 02 се Труци- 02 се Срби- 02 се Бошњаци- 01 е Ром- 01 е Влав➡️ Од 80 пратеници Македонци:- 32 гласале ЗА- 48 не гласале➡️ Од 32 пратеници Албанци:- 30 гласале ЗА- 02 не гласале➡️ 0д 02 пратеници Турци:- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Срби- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Бошњаци- 02 гласале ЗА➡️ Од 01 пратеник Ром- 01 гласал ЗА➡️ Од 01 пратеник Влав- 01 гласал ЗА.....🟥🟥🟥 Факти: 🟥🟥🟥➡️ Мнозинството пратеници кои гласале ЗА не се Македонци, од 68 само 32.➡️ Мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка на одлуката, од 80, дури 48.➡️ Одлуката која се однесува на македонските културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики нема поддршка (ниту формална) од македонскиот народ......🟥🟥🟥 Заклучоци: 🟥🟥🟥➡️ Загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани.➡️ Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право.➡️ Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

„За СДС беше јасно, а опозицијата племе од Африка ли застапуваше во парламентот? Бојкот за мене значи дека се предаваш“, вели бизнисмен за Собранието

„За СДС беше јасно како ќе прават. Без памет и подводливи од меѓународната, која претходно е добро обработена од Бугарија. На протести одев самостојно (непартиски) и гледав да се дистанцирам од В/Д. Оваа партија не се огради и не се извини за дејанијата од нивното претходно раководство и тоа е погубно за партијата. Нивните шанси за власт во такви услови се речиси никакви. Освен Груевски, пак гледаме исти ликови од минатото. Па сите овие ликови заедно не можат да се мерат со знаењето, лидерството и енергијата на Груевски“, вели визнисменот Венко Глигоров.Неговиот статус во целост:„За друго сакам да пишам. Не можам да го сокријам разочарувањето од оваа партија во последните денови, а посебно на Седницата во Собранието. Имаа аргументи, народот беше во линија со нивните стравови и барања. И според мене, се посрамотија.Наместо да ги остават пратениците од власта да влезат уште подлабоко во калта, да не кажам лајната, да ги остават да зборат, овие правеа галама, па вувузели, свирки и други инструменти. Доволно беше само да се галами на говорот на Премиерот. Па племе од Африка ли застапувате во парламентот бе? На улица ли сте? Несфатливо.Пратениците од опозицијата имаа убави поенти во своите говори, убаво издвоени сомнежи и ризици, Дафина и Николовски беа одлични. И што се деси? Наместо да придобијат нови пратеници, тие го нападнаа Трајанов од владејачкото мнозинство. Со АА ја растурија коалицијата. И најважното: наместо да гласаат Против, тие излегоа од салата и не гласаа!!!??? Дупло несфатливо.Да трубиш #НЕ секој ден и кога ќе треба да гласаш, да ‘избегаш’ - јас тоа не го поддржувам. Можеби имаат партиски пресметки што јас не ги знам, ама такво нешто не поддржувам и не мислам дека треба да биде одлика на модерна партија што се стреми кон европеизација. Бојкот за мене е кукавичлук. Бојкот за мене значи дека се предаваш. Ќе остане резултатот дека речиси максимален број на пратеници гласале потврдно, а другите ‘не стигнале да гласаат заради снегот’.И сега, кој е планот? Не треба да имате нотарски изјави за пратениците, о вие челници на партијата. Со тоа не не’ правите да бидеме посмирени. Напротив. Треба да имате здрава мисла, храбро да се борите со глас во собранието и пишани зборови. Да лобирате кај вашите сестрински партии, а не да ќутите и да климате со глава. Постојано да барате поддршка поединечно кај другите пратеници од партиите. Да признаете јавно дека криминално сте ја воделе државата во претходниот мандат.Мислев(ме) дека нотарски изјави и уцени беа дел од минатото на оваа партија. Ништо нема да одбраните со ваквите чекори, а и власт тешко да освоите така. Ако пратениците ви се поткупливи, ќе си гласаат За промени во Уставот и слободно ќе си излезат од Собранието (веројатно со многу други поголеми и поатрактивни бенефити).Борбата продолжува. СДС не ја доби битката. Бугарија ја доби оваа битка. Не смееме да попуштиме. Ќе се бориме кој како знае и умее додека ја отстраниме опасноста за Македонија. Европеизација #ДА, бугаризација #НЕ“.

Коментари | пред 3 години

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

ДУИ го правда гласањето за францускиот предлог

Демократската унија за интеграција ги поздравува непосредните позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука во корист на францускиот предлог одобрен од Собранието на Северна Македонија, со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унијата.Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценеа храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, останаа изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не станаа плен на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што требаше да ја вратат земјата назад по сите тие жртви и заеднички достигнувања и да ја изградат нејзината стратешка ориентација. .Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат про-евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување на евроатлантскиот курс на земјата.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски по гласањето во Собрание: Сега ќе бидеме деблокирани

Претседателот Стево Пендаровски смета дека собраниската одлука ќе биде деблокада на пристапувањето кон ЕУ.„Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата.Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес.Сега е потребно и ЕУ да испорача, без одложување“, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

51826955305_3d3a744773_c

Полицијата обезбеди мир во институциите, честитам за дијалогот во Собранието, вели Спасовски

„Дозволете да упатам честитки за дијалогот и одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на европскиот пат на нашата држава“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Тој додава:Во оваа прилика дозволете во свое име и во име на раководството на МВР да се заблагодарам и да оддадам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста и посветеноста во вршењето на своите професионални должности при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите.Би сакал да истакнам дека севкупниот процес на дијалог и консултации помина во демократска атмосфера, со заштитено уставно загарантираното право на јавен собир (протест) на граѓаните. Но, не можам, а да не споменам дека во текот на овие протести, за жал, беа повредени 54 полициски службеници, од кои 11 потешко, а 2 со сериозни повреди и сето ова во период од 9 дена протестирање.Притоа би потсетил и на фактот дека за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, а на мое огромно задоволство не е повреден ниту еден граѓанин.Морам да истакнам дека не е добро ниту еден полициски службеник да биде повреден и затоа беше од огромна важност организаторите на протестите да се однесуваат одговорно. Токму затоа секојдневно апелиравме за практикување на мирен протест.Посебна благодарност до граѓаните кои покажаа свесност и зрелост да разберат дека одговорноста е заедничка и не дозволија да потпаднат под нечии сценарија за остварување на политички цели.МВР останува во служба на граѓаните!

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Никој не гласаше против францускиот предлог, а мнозинството си го изгласа со 68 гласа „за“

Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ковачевски: Заклучоците на Собранието го штитат македонскиот јазик и идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека заклучоците кои ги изгласа Собранието ќе бидат основата за преговорите и евроинтеграциските процеси.,,Целта на тие заклучоци е токму заштитата на македонскиот јазик и идентитет. И не само оваа Влада туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик.Истото тоа се однесува и на мултилатералните документи кои што Република Северна Македонија ќе треба да ги потпишува, првиот кој што ќе треба да биде потпишан е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик”, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Она што денес го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава.Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет.Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ.Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните.Стоп за предавствата, долу за предавниците.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

Во 12 пред Собрание ќе се случува народ, Левица: Последен ден на расправа е, насилнички ќе се турка

Улицата пред Собрание е блокирана, а протестите продолжуваат од 12 часот.Повик на социјалните мрежи објави Левица.Тие велат: „Денес е последниот ден од собраниската расправа, на која михајловистичката СДС и амнестираната ДУИ се обидуваат насилнички да го протуркаат ,,францускиот предлог" на ЕУ за бугаризација на Македонија“.„Како што заеднички и обединето протестиравме изминативе две недели, ве повикуваме на последниот ден, во што поголем број, во 12 часот пред Собранието на Република Македонија. Македонија е заробена од окупациона влада, која нема слух за 75% од граѓаните кои се изјаснаа против францускиот предлог.Затоа ве повикуваме во што поголем број пред Собранието - за предавничките пратеници од власта да го слушнат вашиот глас, додека внатре бесрамно ја негираат волјата на мнозинството македонски народ. Ве повикуваме за гласно НЕ против врховизмот на власта - додека квинслишките СДС и ДУИ ги бранат шовинистичките позиции на Бугарија. Ве повикуваме за гласно НЕ против бришењето на АСНОМ, за гласно НЕ против фуснота на македонскиот јазик, за гласно НЕ за ревидирани учебници под диктат на Бугарија.Конечно, хибридниот режим денес нека го слушне крикот на отпорот на народот. Се гледаме во 12:00!“, напишаа Левица.

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа.Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања