Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФР

Mickoski-01.06

„Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата“, смета СДСМ

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка.Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија.Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации.Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во ант

Македонија | пред 3 години

EU-1

Јазикот бетон? ЕК не дава детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс

Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел.Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор.-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“.

Македонија | пред 3 години

6

Денес и утре се клучните денови, порача Апасиев и додаде: Не е време за дебати, туку за протести!

Булеварот Илинденска е блокиран. Пред Владата се кампува. Протестите продолжуваат и вечерва, а најавено е радикализирање од страна на Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник во Собранието. Тој на социјалните мрежи упати и нова порака.„Не е време за дебати, туку за протести!“, порача Апасиев.Според него, денес и утре се клучните денови.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Максим му порача на Бујар: Секој стап има два краја

Во своето гостување на Сител ТВ во Тема на денот, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.– Денеска прочитав еден текст, вели, како тоа баш Албанец во овој тежок момент дојде и тоа лекар по професија за да го решава овој проблем. Па можеби и затоа свесно е донесен, бидеќи не ја разбира работата. Имате дипломати од кариера, врвни дипломати кои се исклучени целосно од решавање на овој процес кои никогаш не би дозволиле да се случуваат вакви преседани какви што ни се случуваат. Османи нека се занимава со неговата примарна работа, да не употребува ваква реторика бидејќи секој стап има два краја. Македонскиот народ иако е трпелив секогаш во клучните моменти знаел да покаже интегритет и да го брани тоа што е негово, истакна Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

Дека ова е последен предлог е евтино заплашување, со сила убавина не бива, порача Димитров

Ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров даде краток коментар за тезите “ова е последен предлог” и “секој следен предлог ќе биде само полош” кои инаку се заемно исклучиви. Тој вели: “Ако е последен, не може да има следен предлог нели?”.Тој додава:“Со политика на очај, паника и успех-по-секоја-цена сигурно ќе биде полош, иако искрено за тоа ќе треба голема креативност, бидејќи сегашниов не е компромис туку целосен пораз. Тешко е да се замисли полош предлог.Дека бил последен е евтино заплашување, бидејќи сосема е легитимно да кажеме: Драги европски пријатели, три години ве слушаме дека и вашата црвена линија е да не се дозволи билатерализација на пристапниот процес. Таков став имаа и нашите американски пријатели. Во новата методологија напишавте “сите да се воздржат од злоупотреба на нерешени прашања во пристапниот процес.” Од една заедница на вредности, која во Лисабонскиот договор се заложила дека ќе ја негува културната и јазична разноликост на континентот, очекуваме да не’ разбере и да не толерира негирање на македонскиот јазик од една своја земја членка и да не одобрува наметнување на историски наратив со присила. Како што беа можни претходните балансирани предлози, германскиот и португалскиот, за некое време, ќе бидат можни и други балансирани предлози.Се разбира, Бугарија ќе продолжи да биде клучен фактор и затоа ни треба целосна ревизија на билатералните односи. Ветото не може да се наградува со постојани концесии. Ова сегашново “решение”, иако на прв поглед победничко за Софија, всушност ја засилува уцената и навредата, што ќе продуцира само антагонизам, гнев и омраза, а тоа нема да може да се спречи преку “дисциплински мерки”. Наместо пријателство и блискост, ќе носи отпор и се’ поголемо оддалечување.За вистинско зближување меѓу двете држави и меѓу македонскиот и бугарскиот народ, ќе треба заемна почит и прифаќање. Со сила убавина не бидува, туку со препознавање и разбирање на клучните грижи на соседот. Ниту еден договор што не стои на овие нозе, што не е вистински компромис, не може да продуцира ништо добро, ниту пак ќе заживее”.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

Мицкоски и Апасиев заедно против ЕУ, смета власта

„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев заедно делуваат против ЕУ и заедно хистерично шират невистини“, смета СДСМ.Од партијата додаваат:Исто како што лажеа за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои.Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.Она што е најважно, во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.Македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-00.09.01

(ВИДЕО) Владата блокирана со шатори и автомибили, протестите се радикализираат

Протестите пред Владата се радикализираат. По вториот ден протестирање, демонстратите поставија и шатори на Илинденска. Булеварот е целосно блокиран и со автомобили. Ова следува откако по два дена пораки, премиерот и министрите не го отфрлија францускиот предлог. Пред Владата стои и озвучувањето, кое претходно беше отстранувано па враќано.За да се каже „не“ на францускиот предлог, ќе се кампува деноноќно. Демонстрантите седат и изразуваат револт. Се планира ова да продолжи се додека Владата не го отфрли предлогот, кој за илјадници граѓани е штетен, го урнисува идентитетот и јазикот.

Македонија | пред 3 години

02102021_PVRSM_Zaev_poseta-na-manifestacija-vo-Kocani_2

Заев се огласи за францускиот предлог

“Најважното прашање, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно”, напиша поранешниот премиер Зоран Заев.Тој додава:Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е Западен Балкан. Затоа, и ние од македонската страна и колегите од бугарската страна, заедно мораме да работиме да ги затвориме отворените прашања.При тоа многу е важно целосно да се сочува националното достоинство на двете страни во разговорите. Пријателството се создава и гради кога две страни водат меѓусебно грижа еден за друг при решавање на отворените прашања.Македонската страна има политичари за кои сум сигурен дека ќе преземат гаранции и обврски низ тие разговори во иднина целосно достоинствено и конструктивно да ги застапуваат нашите национални интереси.Добрите односи со сите наши соседи го јакнат Западен Балкан, а соработката нѐ прави сериозен фактор како регион пред цела Европа и пред Светот. Видовме дека низ пријателство и добрососедство се решаваат и прашања кои со децении, но и векови биле отворени и нерешени како што е напредокот што го постигнавме со Договорот од Преспа, членството во НАТО, но и остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква - Охридска Архиепископија. И во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија ќе добиеме уште една идентитетска победа на Македонизмот.Кога се во прашање темите поврзани со недискриминација и отстранување говор на омраза, важно е да знаеме дека тие се однесуваат на сите заедници во нашето мултикултурно општество и во тоа воопшто не гледам проблем, напротив сметам дека можеме уште многу да подобруваме и без ЕУ тоа да го бара од нас, за да тежнееме кон поуспешно ЕДНО И ЕДНАКВО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ. На тоа поле и до сега многу постигнавме и без ЕУ тоа да го бара од нас. За мултикултурниот соживот и за градењето едно и еднакво општество за сите ние сме веќе пример и во регионот и во Европа и треба да продолжиме да ги развиваме таквите политики, да останеме лидери во тоа поле, бидејќи тоа носи само добро за нашиот народ и за сите народи на Балканот.Кога се во прашање исполнувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција, уверен сум дека за нас е многу подобро да седиме на маса во европските институции и ние да бидеме тие кои на својот македонски јазик ќе бараме целосно исполнување на двата договори во кои никако не се спори туку се потврдува и македонскиот јазик и македонскиот народ. Сведоци сме дека Европа покажува разбирање за Македонизмот и за историското наше право на самоопределување.Имајќи предвид дека ова не е последниот предизвик пред нашето зачленување во ЕУ и дека не чекаат затворања на многу преговарачки поглавја, сметам дека за нас е многу важно во овој момент што Бугарија потврдува дека нови билатерални проблеми нема да отвора во иднина и што прифаќа да биде посветена заедно да градиме пријателство и добрососедство. Преку пријателство и добрососедство и најсложените проблеми полесно се решаваа. Спротивно, кога има непријателска атмосфера бројот на проблемите само се зголемува.Друг суштински дел од францускиот предлог е внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тоа е чекор која треба да го направиме и со кој никако нема да се наштети ниту на државата, ниту на општеството ниту на било која од заедниците во нашата земја. Ние во нашиот Устав веќе имаме седум етнички заедници. Со уставни измени ќе бидат 10 етнички заедници. Само од инат, заради лоша намера или заради личен политички профит некој може да биде против внесувањето три нови етнички заедници во Уставот. Противењето на мултикултурализмот е противење на европската интеграција на нашата татковина.Припадниците на трите етнички заедници, иако се значително помалкубројни, сепак се еднакви граѓани на Северна Македонија кои се родени и живеат тука заедно со сите нас и имаат право на самоопределување, нешто на што се гордееме како држава која го почитува тоа право. Тој предизвик треба да се прифати и да го продолжиме патот кон полноправно членство во ЕУ.Очекувам конструктивни консултации и поддршка на овој предлог од секој еден одговорен политичар и граѓанин во земјава. Овој предлог веќе е поддржан од цела Европа, а нам искуството не учи дека секој нов предлог веројатно ќе биде потежок за прифаќање. Ако сме искрено за членство во ЕУ, тогаш мегданот е сега, сега тоа треба да го покажеме на дело и час поскоро да го завршиме овој процес. А, знаат ама баш сите, нашиот македонски народ никогаш не добил ништо со лесно, за својата државна и духовна независност се борел и се изборил со паметни и мудри одлуки. Да бидеме паметни и мудри и да продолжиме да чекориме напред како Македонци со признаен македонски јазик и идентитет, со своја македонска држава интегрирана во евроатлантските сојузи како стратешка определба на целиот наш народ, на сите етнички заедници.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-03-at-21.14.51

„Ќе се радикализираат протестите од утре, а вторник е клучниот ден“

Пратеникот и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев од протестот пред Влада ЗА „Инфомакс“ посочи дека од утре ќе има пожестоки протести. Според него, комплетно ќе се заобиколи Собранието и ќе има обид за потпишување на францускиот предлог. Апасиев посочува: „Гневот тука е многу поголем“.„Можеме да продолжиме со маршеви, може со блокади, сите аргументи се на наша страна. Мислам дека има време да се консолидираме. Јас сум оптимист, од утре ќе биде пожестоко“, кажа Апасиев.Тој додаде: „Даваме се од себе, дајте и вие. Не може само Левица да клепи, бујрум на протести да го одбраниме тоа што е наше“.„Жалосно е овој гнев на народот да не го капитализираме со победа. Вторник е клучниот ден. Власта е комплетно делигитимирана, нема суштествена поткрепа. Ние како сила во налет ако дозволиме да го изврши последното предавство, треба да се распуштиме“, додаде тој.Тој најави радикализирање.„Треба конкретни чекори, во конкретни времиња, за да има успех. Нема здрав човек кој ги поддржува. Мислам дека гадно ќе завршат. Ќе си лежат затвор квалитетно. Ќе гледаме да лежат 300 години затвор, за сето ова што го приредија годиниве“, посочува Апасиев.Според него, нема да се купуваат пратеници. Апасиев смета дека Павле Трајанов се уште стои на ставот дека е против францускиот предлог.Фото: принтскрин од Инфомакс.мк

Македонија | пред 3 години

1

„Нашиот јазик, идентитетот и историјата ќе ги браниме, нема да дозволиме да се изживуваат со нас“

На денешниот протест против прифаќање на францускиот предлог под мотото „Ултиматум-Не благодарам“ пред Владата на Република Македонија се обрати новинарот Драган Милосављевиќ.Тој пред присутните рече дека Бугарите со Македонците се изживуваат само затоа што за сите векови Македонците не им направиле ништо и биле фер соседи, а сега се во име на европските вредности сакаат да не направат да прифатиме нешто што не сме.„Го слушнав претседателот Пендаровски пред два три часа и прв пат отворено рече дека Бугарија две години се изживува со нас. Од целото говорење негово само тоа беше точно. Бугарија се изживува со нас. Зашто се изживува? Затоа што сме соседи, затоа што сме добри и мирни, затоа што сме фер, затоа што за сите овие векови додека живееме заедно не сме им направиле ништо лошо, ништо погрешно, а се изживуваат со нас, не малтретираат, не тероризираат. Зашто? Затоа што не прифаќаме да бидеме нешто што тие сакаат да бидеме. Тоа Чешка не и го прави на Словачка. Тоа Германија не им го прави на Франција, Холандија и на Белгија, тоа нас ни го прават во име на европските вредности. Кој европски вредности? Не може човек ништо да чувствува освен гнев, лутина и бес кога се обидуваат да направат од нас Бугари на сила и да бидеме нивна колонија“, рече Милосављевиќ.Тој исто така рече дека пред да се потпише штетниот договор за добрососедство, со ваквите прашања се расправаа небитни ликови на Бугарската политичка сцена, а после потпишувањето десеткратно се зголемија изживувањата врз Македонија и тоа го прават бугарскиот претседател и премиер.Вели Стево Пендаровски тоа немало врска со договорот за добрососедство и пријателство. Па ако нема врска зошто тогаш во овие последни години откако беше потпишан тој договор за добрососедство десеткратно се зголемија нивните изживувања и малтретирања? Порано тоа го правеа некои небитни ликови на нивната политичка сцена, некои маргиналци, а сега тоа го прави нивниот претседател, нивниот премиер, нивните пратеници и нивните амбасадори, нивната академија на науки и уметности“, истакна Милосављевиќ.„И сега ве молам од овде. Ве молам, ве убедувам да не попуштаме и да го браниме тоа што е наше, нашиот јазик, нашиот идентитет и нашата историја. Наши се тоа е, ќе ги браниме. Но, да ви го кажам ова. Јас можам да ве молам, но има некој што не моли има некој што не убедува, тоа е татковината, а таа наредува“, рече Милосављевиќ.Тој порача дека граѓаните ќе останат посветени во одбраната на националните и државните интереси.

Македонија | пред 3 години

3

Јаневски: Лажат дека не преговараат за јазикот и идентитетот, да не им дозволиме да не обезименат

Се собираме да кажеме не за ваков предлог кој трагично не погубува за век и веков. Или ќе не има или воопшто ќе не нема. Тоа што сакам да го кажам е за една лага која со денови ни ја протнуваат, а тоа е го заштитиле македонскиот јазик, дека бил бетониран, изјави новинарот Дарко Јаневски на денешниот протест „Ултиматум НЕ благодарам“ потенцирајќи власта манипулира со народот додека во исто време преговара за јазикот и идентитетот.- Денеска го слушавме Ковачевски со истата лага, а ако се сеќавате истата лага ја кажуваа кога го потпишаа Преспанскиот договор и викаа дека македонскиот јазик и идентитет се бетонирани и денеска расправаат за тој бетон. Во исто време не лажеа дека договорот што го потпишаа Заев и Борисов мора да го спроведеме, а во него клучна точка е македонскиот јазик, рече Јаневски.Тој посочи дека втората лага која се обидуваат да ја протнат е дека ја исфрлиле историјата од преговарачката рамка со ЕУ, и тоа е повторно лага затоа што има комисија која преговара за тоа и веќе ги испреговараа Цар Самоил, Кирил и Методиј, а сега им останаа Гоце, Даме и сите херои од химната, строфа која ја избегнуваат за после да се вадат дека згрешиле.- Велеа дека идентитетот ни е бетон, а тој идентитет прво го претворија во три коси црти, и не сметаат за коси црти, а не Македонци, а Макрон не нарече Северномакедонци. Ако тоа не е така како што тврдат, тогаш за што преговараат? Дали за патот до Софија? Не, туку преговараат како да не залажат за да не видиме дека не поништуваат. Оваа држава со нив чекор по чекор се распаѓа, изјави Јаневски.Јаневски во врска со зборовите на Османи дека ако сега не сме прифателе илјадници деца ќе заминеле, изјави дека помалку од два милиони испаднавме затоа што илјадници деца заминаа, а тие крадеа и ги полнеа џебовите.- Да не им верувате на нивните лаги, ве замолувам како што вчера и денес излеговме во масовен број тоа да го правиме и понатаму за да не им дозволиме да не обезименат, потенцираше Јаневски.

Македонија | пред 3 години

2

По протестот: „СДСМ.... Вашето време истече, вие сте најслабата карика“, напиша Јоци

„СДСМ немаат капацитет да ја разберат сериозноста на историскиот момент, а уште помалку се на ниво на задача - немаат слика во моментов во нивните глави дека со секој нов ден ескалира гневот кај народот и дека ќе летаат!“, вели политикологот Јорданка Ивановска-Јоци.Таа додава:„Очигледно е дека нивните ,,тајни полиции" не им ги дале потребните инфа за опасноста од народно востание.Немаат поим од социјална психологија и психологија на толпа, затоа и си ги преџвакуваат изјавите, си пишуваат колумнички, квазианализи и бедни статуси кои допираат едваај стотина луѓе. Не гледаат дека снежната топка се тркала и ќе удри право на Илинденска.СДСМ, во најголем дел, отсекогаш се потпирале на олигархиски кругови - сељачиштата внатре од олигарси учеа прво како да држат лажица и вилушка, а потоа и како да одат, да се шишаат, како да врзат три реченици.. ...со други зборови они во најголем дел се целосно општествено нефокусирани, нивниот фокус отсекогаш бил од лична природа -,,кога ќе пораснам, сакам да бидам Хари".Нивните квази-социјалдемократски врхушки за тоа време немаа/т допир со работничката класа, со обичниот човек кој јаде бурек и јогурт, со друг кој виси на скеле на 40 степени или со изнамачени жени кои работат трета смена во фабрика.Поради сето ова, тоа е партија во најголем дел, која се бави секогаш сама се себе, си ги мерат суетите, кешот, колите, становите, плацевите, си подметнуваат сопки, си вадат афери и редовно се кодошат и се местат по медиуми - кај ,,свои" новинари, а и по амбасади.Затоа и немаат време да видат што им се случува пред носот - НАРОД.Тоа што вие читате дека некој е против Заев, му вади афери, не значи и дека е против Рада.Тоа што Оливер е уште министер, а Мухамед во куќен притвор, а Рашковски по маркети, значи дека уште прописно не се исчистиле меѓу себе.СДСМ.... Вашето време истече, вие сте најслабата карика.

Коментари | пред 3 години

10

Студент на протестот: „Треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ дека уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине“

Ние младите секогаш и сме биле и носители на промените во Македонија, ние сме тие кои ќе го носат бајракот на слободата затоа што ова свето парче земја е наш дом, нашата татковина, наш аманет и наша последна тврдина за која треба да се бориме, изјави студентот Младен Јаневски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.Јаневски додаде дека нашата Македонија потребно е да ја направиме едно подобро место за живеење.Тој додаде дека ние младите апсолутно никогаш нема да бидеме бледи посматрачи на уништувањето на Македонија и тоа треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ„Низ историјата, Македонците се бореле многу. Се бореле за да го дигнат својот глас, за да кажат дека постоиме и дека овдека се наоѓа еден народ кој е пиреј и не го ништи ниту една војска. Уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине овој пат. Ние Македонците сме губеле битки но никогаш не сме губеле војни“, рече Јаневски.Јаневски посочи дека токму затоа денес ќе добијат уште едно големо НЕ, затоа што ниту јас ниту вие ниту нашите предци не се бореле за понижена, уништена, омаловажувана Македонија. Ова е свето парче земја.

Македонија | пред 3 години

7-2

Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека актуелниот претседател Пендаровски греши.Неговата објава ви ја пренесуваме во целостПендаровски греши!Греши во клучен историски момент!Еве зошто:▪︎Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани.Со францускиот предлог - тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.”Немам што да додадам на одговорот на Едвард.▪︎ Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите.Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.”Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.”Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик?Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови.▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал МакронОва беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме.Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки).-▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на УставотДали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка?Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот.Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор.▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес.Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО:“ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација.Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите.Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи?▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија.Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние).Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска?Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји.И конечно:▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми.Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-15.37.11

„Ако Ковачевски го одбие овој предлог, јас ќе се повлечам од барањето за предвремени избори“, вели Мицкоски

„Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори“, ова го изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.„Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.Христијан Мицкоски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.

Македонија | пред 3 години

Foto-1

ВО ЖИВО: Пендаровски за францускиот предлог

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

Foto-4

„Предлогот за мене е прифатлив“, вели Пендаровски

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.„Не верувам дека е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста дека е ова судбинска дилема и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинирала судбината на идните генерации граѓани.Со одлуката да го прифатиме модификувааниот француски предлог би донеле одлука да ги отвориме преговорите, а знаете дека тие траат со години. Одлуката нема да биде историски триумф ниту историски дебакл.Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив. Со предлогот ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отварање на преговорите. Овозможува скрининг процес и ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет.Засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку деталиОд позиција на човек кој имал средби со врвни европски политичари ве уверувам дека во моите разговори, немам добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација. Нивниот интерес е економскиот. Не гледам дека нивниот интерес е да менуваат ничија етничка карта.Со овој предлог остануваме на европскиот колосек. Но до овој момент не губиме ништо. Сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог меѓу нас.Поддршката за ЕУ паѓа поради условувањата. Најголем генератор за овој проблем е Брисел.Инсистирам да започнеме национална дебата за тоа кој ќе биде нашиот став во однос на сите овие иницијативи и прашања со кој може да биде преуредена политичката архитектура“, вели Пендаровски

Македонија | пред 3 години

8

Побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажеме Ултиматум - НЕ БЛАГОДАРАМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот собир закажан за 19 часот пред платото на Владата.„Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси.Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата.Побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажеме Ултиматум - НЕ БЛАГОДАРАМ“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

1-5

„Протоколот на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел“, вели Европското движење во Македонија

Европското движење во Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија. Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!),е наведено во соопштението.„Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла“, појаснувааат од Европското движење.„Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура – како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг – и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес“, пишува во реакцијата од Европското движење.Го поздравуваат, како што велат, итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак, додаваат дека Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Владата на Ковачевски предвидува Предлог кој целосно ги опфаќа бугарските барања, вели Ковачки

Власта ја лажеше македонската јавност во врска со Предлогот за отпочнување на преговорите со ЕУ. Владата на Ковачевски лажеше затоа што со овој предлог прават трајна штета на македонските национални и државни интереси, кои водат или кон вечно преговарање или кон асимилација, промена на учебниците, промена на историските читанки за лица и настани од македонската историја и директно задирање во идентитетските прашања, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ„Со еден збор, владата на Ковачевски предвидува Предлог кој целосно ги опфаќа бугарските барања.Ковачевски и Владата го лажеа народот и кога говореа дека наводно одбиле првичен предлог, за потоа да излезе на виделина дека новиот предлог е ист и со козметички и семантички несуштински измени.Вистината е дека прифаќаат предлог кој во себе содржи механизми кои на Бугарија и овозможуваат целосен диктат на процесот во кој или ќе ги прифаќаме нивните барања или ќе добиваме континуирано вето.Тоа е втората лага на Ковачевски и неговата Влада.Тие тврдат дека во рамката за почеток на преговори не се опфатени т.н. историски прашања, но во суштина истата таа рамка содржи Годишен извештај или Протокол кој треба да го цени официјална Софија и од чија содржина зависи напредокот на Македонија.Е токму тука во овој годишен извештај ќе се проценува реализацијата на членот 12 од договорот со Бугарија од 2017 година и во кој извештај таксативно и прецизно бугарската страна бара конкретни промени на учебници за лица и настани, споменици и т.н.Така на пример, со точен рок се обврзува македонската страна да направи промена на лекции во учебникот за 7 одделение по географија, во учебникот по историја за Цар Самоил, а во некоја наредна фаза и промена на учебниците кои се однесуваат на Илинденското востание, Гоце Делчев, Сандански, Груев и сите видни револуционери и историски настани.Ова е диктатот кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати за да обезбеди сликање кое треба да биде новото селфи од авиончето, бидејќи вистинскиот почеток на преговори би следел после менувањето на македонскиот Устав.Тука е третата лага на Ковачевски и неговата Влада.Суштинското отворање на пристапниот процес е условен од промена на Уставот, за кој прво истата таа власт тврдеше дека ќе се случи на крајот пред самото членство, за сега да го направи на самиот почеток, без никакви гаранции од нови условувања и понижувања.Попатно, не помалку важно ќе биде оценувањето на говорот на омраза кој ќе се разгледува и оценува во рамки на Годишните извештаи кое е со широк опфат и овозможува селективно толкување од страна на Бугарија.Ете заради ваквите ултиматуми и понижувања велиме не благодарам.Заради ваквите лаги на власта на Ковачевски народот масовно излезе и вечерва ќе излезе, гласно и јасно кажа НЕ на асимилацијата на рати која ни се подготвува со овој предлог.И токму затоа граѓаните ќе продолжат и денес со својот мирен и достоинствен протест и денес во 19 часот пред платото на Владата.Македонија кажува НЕ на асимилацијата, НЕ на бугаризацијата!новото виткање на кичма кое го подготвуваат Ковачевски и Османи не смее да помине!Се гледаме пред Влада во 19:00 часот“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија, вели Левица

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, вели Левица.„Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” - што директно алудира на спорниот Протокол.Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали - со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филнот Трето Полувреме, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ - ДО КРАЈ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Ковачевски на маса со Мицкоски

Во рамки на широката консултација претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, 3 јули 2022 година, во 15:00 часот, во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство каде премиерот Ковачевски веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.Фото и видео инсерти од средбата ќе бидат дистрибуирани од прес службата на Владата на Република Северна Македонија, а по завршувањето на средбата, планирана е изјава за медиуми на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

OMD

„Францускиот предлог е тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити“, тврди Обединета Македонска Дијаспора

Обединетата Македонска Дијаспора испрати соопштение до јавноста по повод францускиот предлог и даде силна поддршка до македонскиот народ кој протестира.Соопштението ви го пренесуваме интегрално во продолжение:„Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на Македонците надвор од Македонија, силно ги поддржува ставовите на мнозинството на граѓаните во Република Македонија и бара од Владата на Ковачевски веднаш да го одбие францускиот предлог кој е тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити.Францускиот предлог вметнува билатерален спор во преговорите за влез во ЕУ. Македонија не смее да дозволи Бугарија да успее во нивното историско негирање и ревизионизам.Истовремено, остро ја осудуваме изјавата на Бујар Османи дека доколку Македонија не го прифати францускиот предлог ќе има меѓуетнички тензии – заплашувањето на народот на никому не му е од корист. ОМД го потсетува Османи дека Македонија е НАТО членка и нејзините територијални граници се загарантирани со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Македонија во мај 2008 година.Францускиот предлог не дава никакви гаранции дека македонскиот јазик е чист и дека ќе стане официјален јазик на Европската Унија кога Македонија ќе стане полноправна земја членка. Предлогот само нотира дека ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик – тука нема погрешно протолкување – ова не е изјава на признавање.Со многукратното спомнување на членот 12 од Договорот за Добрососедство со Бугарија, францускиот предлог ги вметнува бугарските услови за идентитетот, јазикот и историјата кој се изгласани со резолуција од мнозинството на Бугарското Собрание. Во истото тоа собрание на земја членка на Европската Унија, на 24ти јуни, триесетина бугарски пратеници гордо истакнуваа натписи со “Македонија е Бугарија.”Францускиот предлог ја менува преговарачката рамка и додава дополнителни услови. За Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ се додава условот дека мора Бугарите, кој според последниот попис во Македонија се 3,504 на број (еднакво на статистичка грешка), да се додадат во Уставот на Република Македонија, без било каков реципроцитет. Со овој потег, Владата на Македонија ги загрозува правата на Македонците во Бугарија кој немаат никакви права во таканаречената европска држава Бугарија.Францускиот предлог е кристално јасен. Човек не треба да е експерт за меѓународно право за да сфати дека Македонија пак мора да плати висока цена за да ги отпочне пристапните преговори, што не е никаква гаранција за идно членство во ЕУ.Со прифаќање на францускиот предлог, Македонија ќе си отвори дополнителни проблеми. Најголемиот проблем е тоа што Бугарија, како и Грција со неуставниот Преспански Договор, ќе ги диктираат условите, идентитетот, јазикот, и историјата на македонскиот народ и нација.Упатуваме и јасна порака до опозицијата: да не ви се случи реприза на 2018 година кога 8 пратеници гласаа за промена на уставното име на Република Македонија. Ако Владата мисли да го усвои францускиот предлог, веднаш излегувајте од Собранието за да се оневозможат било какви уставни промени за што е потребно 2/3 мнозинство (80 пратеници).Народот го кажа своето со овие масовни протести. Да се почитува гласот на народот, да се почитуваат комитите, партизаните и сите оние кои имаат дадено жртва за нашата Македонија. Доста е од компромиси, потчинетост и самонепочитување. Време е Македонија да се посвети на зајакнување на македонштината. “

пред 3 години

Slika-1

Европско движење на РСМ: Чуствувајќи ја загриженоста на граѓаните, чувствуваме резерви кон францускиот предлог

„Европското движење во РС Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија“, велат од Европското движење на РСМ.Тие додаваат:„Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!).Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла.Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања.  Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура - како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна - за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг - и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес.Го поздравуваме итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

VL1

НСДП изгради став за францускиот предлог

„Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Северна Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот“, велат од НСДП.Тие додаваат:„Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побара: „Коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја“.За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат “францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското Собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина.За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог““.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања