Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

По повод 17 Март - Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денес беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности.Станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно - луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат човечки животи.Признанија им беа доделени на: Анита Велкова, Горан Јанев, Стефан Георгиевски, Моника Палоска и Марко Дабески.Посебна благодарница му беше доделена на Владимир Блажески за значајниот јубилеј - 50 дарувања крв, како редок и вреден пример за посветеност и хуманост. Во рамки на настанот, признание за поддршка на хуманитарните активности беше доделено на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како и на Драган Трпески, вработен во Општината.Градоначалникот Стојкоски во своето обраќање посочи:„Хуманоста не се докажува со зборови, туку со дела. Денес оддаваме признание на луѓе кои без двоумење даваат дел од себе за некој друг да има утре. Тоа е вредност што не може да се измери, но може да се почувствува во секој спасен живот. Нашата обврска како институција е да ги поддржиме и да создадеме услови оваа хуманост да продолжи да живее и да се пренесува.“Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи што го зајакнуваат чувството на заедништво и солидарност во општеството.

Скопје | пред 4 дена

media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост.Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.„Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува“, посочи Стојкоски.Соработката помеѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со што се воспоставува континуирано партнерство насочено кон обезбедување стручна и институционална поддршка.Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryk0nscrmdlvhn6HRf0aW

Градоначалникот Стојкоски на средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари работна средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, која се одвиваше во срдечна, конструктивна и пријателска атмосфера.На средбата се разговараше за унапредување на соработката на локално ниво, со посебен акцент на економскиот развој, привлекувањето инвестиции и поддршката на локалните иницијативи.Стојкоски ги презентираше клучните приоритети на општината, предизвиците со кои се соочува, како и тековните капитални проекти што директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности во повеќе области.Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер, како и отворање нови можности за соработка во насока на одржлив развој и унапредување на локалната заедница.Општина Ѓорче Петров останува посветена на градење силни меѓународни партнерства кои придонесуваат за локален развој и подобра иднина за сите граѓани.

Скопје | пред 1 седмица

media-library2e1d6tmoj5co0AfwE86

Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на стратешки проекти насочени кон одржлив развој, енергетска ефикасност и модерно управување со јавните ресурси.Денес беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за поставување на кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2.1 MW, која ќе биде инсталирана на кровните површини на основните училишта на територија на општината.Со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што се прави значаен чекор кон енергетска независност и користење на обновливи извори на енергија.Проектот се реализира без финансиски импликации врз буџетот на општината, а според предвидените параметри, општината ќе остварува најмалку 6 милиони денари годишен приход, што ќе овозможи дополнителни инвестиции во инфраструктура, образование и проекти во интерес на граѓаните.Поставувањето на фотоволтаичните системи ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија, зголемување на енергетската ефикасност и значајна заштита на животната средина, преку производство на чиста енергија.Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров поставува нов стандард во примената на современи и одговорни политики во локалната самоуправа, истовремено создавајќи пример што може да го следат и други општини во државата.Општината останува посветена на реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за заедницата и придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl29gek641uq3e6HJQXj

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров Општина Ѓорче Петров се стекна со „CAF Effective User Label“ - престижна европска ознака која ја потврдува успешната примена на високи стандарди за управување со квалитет во јавната администрација.Со добивањето на ова признание, Општина Ѓорче Петров станува првата општина во Република Македонија што успешно го поминала процесот на независна надворешна евалуација и го добила овој реномиран сертификат за институционална извонредност.„Овој значаен институционален исчекор е резултат на системска и професионална посветеност на општинската администрација, како и на јасната определба за континуирано унапредување на управувањето, зајакнување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните“ - рече градоначалникот Александар Стојкоски на настанот по повод доделување на признанието.Ова признание, додаде Стојкоски, претставува потврда за системскиот пристап во работата на општината и за заложбата за развој на современа, транспарентна и ефикасна локална администрација во интерес на граѓаните.CAF моделот претставува современа европска рамка за управување со квалитет во јавниот сектор, чија примена придонесува кон поефикасна и поодговорна администрација, подобри организациски процеси и услуги ориентирани кон потребите на граѓаните.Општина Ѓорче Петров го имплементираше првиот CAF циклус во 2016 година, а со вториот циклус реализиран во 2024 година го потврди континуитетот.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryf20updb2mhpm8IMfvRJ

Нов асфалт до и околу црквата „Св.Архангел“ во Ново Село, Ѓорче Петров

Завршени се градежните работи за асфалтирање на улици во делот до и околу црквата „Св. Архангел“ во Ново Село во Општина Ѓорче Петров, со што се подобрува локалната инфраструктура и пристапот за жителите во оваа населба.Во рамки на проектот, асфалтирани се седум краци со вкупна должина од околу два километри нов асфалт. Со реализацијата на овој зафат, првпат се уредува поголем дел од овој простор, кој претходно беше со неуредена и каллива подлога.Со новата инфраструктура се овозможува подобар пристап до домовите на жителите, побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот, како и поквалитетни услови за живот во овој дел од населбата.Активностите за подобрување на локалната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на условите за живот на граѓаните“, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarydteft49nofkfdBPoCVg

Ѓорче Петров - прва општина со обука за претприемништво за наставници од основните училишта

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на дводневна обука за претприемништво, наменета за наставници од сите основни училишта на територијата на општината, со што се прави значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и развој на современи вештини кај учениците.Преку оваа обука, наставниците се стекнуваат со знаења и практични алатки од областа на претприемништвото, финансиската писменост, циркуларната економија, дигитализацијата, користењето компјутери, екологијата и други современи теми кои се важни за развојот на младите генерации.Обуката се реализира во рамки на соработката со здружението „Џуниор Ачивмент Македонија“, со што официјално започнуваат активностите на здружението во сите основни училишта во општината. Со ова, Ѓорче Петров станува првата локална самоуправа во која програмата започнува да се спроведува и во основните училишта, што претставува значаен чекор напред кон модерно, практично и квалитетно образование. На овој начин, општината активно придонесува кон развој на претприемничкиот дух кај учениците уште од најрана возраст, поттикнувајќи ги да размислуваат креативно, да развиваат иновативни идеи и да се подготвуваат за успешни идни кариери.По завршувањето на обуката, предвидено е организирање на голем натпревар во кој ќе учествуваат ученици од основните училишта од Општина Ѓорче Петров, каде ќе имаат можност да ги претстават своите идеи и проекти од областа на претприемништвото.Соработката е воспоставена врз основа на Меморандум за соработка, претходно потпишан помеѓу Општина Ѓорче Петров и „Џуниор Ачивмент Македонија“.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarylu7f0efiakqg68Pan3s

Нови компјутери за учениците во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет.Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците.Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење.Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни понатаму, изјави Стојкоски.Од Општината информираат дека до крајот на годината сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат современи кабинети по информатика, како дел од континуираните активности за подобрување на образовната инфраструктура.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryhcqa6vb3aiel6iDi12S

Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров

Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план.Грижата за јавниот простор не е еднократна активност, туку долгорочна и системска обврска кон сите граѓани, велат од Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryhfnpbail7fbuaein54w

Целосно реконструирани ученичките тоалети во ООУ „Ѓорче Петров“

Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров завршена е целосна реконструкција и реновирање на ученичките тоалети, со што значително се подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето.Реконструкцијата опфати нов и функционален распоред, прилагоден на потребите на сите ученици, вклучително и на учениците со попречености.Во рамки на зафатот, реализирани се еден тоалет за лица со попречености, едно трокадеро, 4 женски кабини (2 стандардни и 2 прилагодени за помали деца), 3 машки кабини (2 стандардни и 1 прилагодена за помали деца), 4 писоари (2 на стандардна висина и 2 пониски за помали деца) и по 3 умивалници во машкиот и женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со попречености.Со оваа инвестиција се создадени подобри, побезбедни и похигиенски услови за учениците, како и современ санитарен простор што одговара на нивните реални потреби.Вложувањето во училишната инфраструктура претставува вложување во здравјето и безбедноста на учениците. Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи со активности насочени кон подобрување на условите за настава и престој во училиштето“, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryfo9ea24f6rbv8i3LlYi

Општина Ѓорче Петров ќе ги субвенционира дел од трошоците за полагање возачки испит

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров денеска објави дека советот донел одлука да субвенционите дел од трошоците за полагање на возачки испит. Според информациите, оваа одлука ќе ги опфати младите лица на возраст од 18 до 25 години.„Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестира во младите.Обезбедуваме субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит - Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години.Ова не е само финансиска поддршка.Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина.Исполнуваме ветувањеДаваме конкретна помошСоздаваме можностиВо време кога секој трошок е значаен, Општината застанува рамо до рамо со младите.Продолжуваме со политики што носат реална поддршка и вистинска грижа.Ѓорче Петров инвестира во својата иднина - во младите“, се вели во објавата на градоначалникот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryu3adq1h6t2okeavmpG3

Промоција на текбол во Ѓорче Петров - нов јавен простор за младите

Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини.„Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.Текболот како иновативен и динамичен спорт станува се попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата.Поставувањето на текбол масите е реализирано во партнерство со организацијата Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија“, велат од Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 месец

pozar-1

Непознато лице фрлало запалени шишиња кон куќа во Ѓорче Петров

Во раните утрински часови на 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Ѓорче Петров непознато лице фрлило две стаклени шишиња со непозната течност кон семејната куќа, кои претходно биле запалени.Според пријавата, едното стаклено шише паднало во дворното место, во близина на паркирано товарно возило, додека второто завршило на терасата од куќата, при што предизвикало пожар. Огнот бил навреме изгаснат од членовите на семејството, со што била спречена поголема материјална штета.Во настанот нема повредени лица. На местото бил извршен увид, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за идентификување на сторителот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Ноќен инцидент во Ѓорче Петров: непознат фрлил запалени шишиња кон семејна куќа

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека на 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров непознато лице фрлило две стаклени шишиња со непозната течност кон семејната куќа, кои претходно биле запалени.Според пријавата, едното стаклено шише паднало во дворното место во близина на паркирано товарно возило, додека второто завршило на терасата од куќата, при што предизвикало пожар. Пожарот бил изгаснат од членови на семејството, а повредени лица нема.Од полицијата информираат дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryg6bihnhkpdsfb4dFitH

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање.,,Сакам уште една работа да одговорам околу неговата „чесност“. Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме приказни за тоа колку власта била нечестна, иако 7 години беа на власт, трипати ни го чешлаа секој денар и видоа дека нема ништо. Но, ајде да зборуваме за нивната чесност. Се сеќавате ли дека Венко Филипче заборави да пријави дека во Бугарија има фирма? Се сеќавате ли дека фирми кои работеа во РЕК префрлаа пари во Бугарија на други фирми блиски до струмичкото лоби и до братот на поранешниот премиер?“, запраша Мицкоски. Претседателот Мицкоски потсети и на ковид вакцините, кои претходната влада ги имаше набавено преку фирми од, како што вели тој, втора рака, и кои беа тројно поскапи од оригиналните цени.,,Се сеќавате ли дека набавуваше вакцини против ковид од Кина по ултра дебели провизии, преку фирми втора рака, по трипати повисока цена од оригиналната? Се сеќавате ли дека монтажната зграда која му изгoре на Филипче се градеше без одобрение, а тој нè убедуваше дека „кабелот е крив“? За сите овие работи Филипче треба да одговара. Но, кога ќе се покрене тоа прашање — молк. Зошто?“, рече Мицкоски и додаде:,,Затоа што над 80 кривични пријави и случаи, за кои имаше и јавно објавени гласови и пријави во обвинителството, се ставени во фиока. Зошто? Затоа што таму 7 години се редеа послушни партиски кадри. Седум години имаа енормни скокови во кариерата луѓе блиски до струмичкиот клан и до Венко. Затоа СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ. А кривичните пријави кои ги поднесовме се длабоко ставени во фиока и заклучени. Клучот е кај Венко“.Мицкоски истакна дека судството во земјава мора да биде независно и мора да има правда за сите, а додаде и дека по локалните избори следуваат промени затоа што судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги.,,Затоа, по овие избори, лично ќе се позанимавам со ова. Затоа што судството мора да биде независно и да има правда за сите. Знам дека таму не се собрани само интересите на СДСМ, туку и на ДУИ и на сите криминалци заедно. И нека се лутат колку сакаат, но ќе кажам: не само што не ги заслужуваат платите, туку и тие им се превисоки за таа неработа. Се разбира, има исклучоци, но сите други ја прават сликата јасна — ќе има промени и одговорност во судството и обвинителството. Македонија мора да успее и да победи. Затоа овие избори се важни. Да испратиме порака дека доаѓа крај на лицемерието, крај на криминалот и дека народот е посилен од ова сидро кое ја влече државата надолу. Затоа ќе победиме и ќе работиме за заедничка иднина“, заклучи Мицкоски.

Скопје | пред 5 месеци

media-library5t0deiaatc1l9Wpsmox

„Ѓорче Петров е држава во град, срцето на Скопје бие најсилно кај нас“, вели Стојкоски

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, се огласи по завршувањето на втората вечер од манифестацијата „Октомбарфест“.„Ѓорче Петров е држава во град! Покажавме и докажуваме дека срцето на Скопје бие најсилно кај нас. Благодарам на сите за убавите моменти и добрата дружба. Продолжуваме уште појако и подобро“, порача Стојкоски.Фестивалот „Октомбарфест“, привлече голем број посетители и жители на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 6 месеци

dzonson

Поранешен началник во МВР ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави носителот на советничката листа – Дејан Трајковски, познат меѓу ѓорчевци како Џонсон.„Чест ми е да ви го претставам носителот на победничката листа на советници на СДСМ во Ѓорче Петров, Дејан Трајковски - Џонсон. Дејан или попознат меѓу ѓорчевци како Џонсон, е пензиониран началник на сообраќајната полиција во МВР со долгогодишно искуство во безбедноста во сообраќајот. Познат е по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги слуша и решава проблемите на граѓаните“, напиша Ацевски.Тој додаде дека заедно со Џонсон и кандидатите на советничката листа ќе работат чесно, одговорно и посветено за подобар живот во општината. „Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење“, истакна Ацевски.

Скопје | пред 6 месеци

stojkoski-aleksandar-52

Ѓорче Петров има најголем историски развоен подем во послдниве четири години, рече Стојкоски најавувајќи големи проекти

Актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, на отчетен настан пред граѓаните истакна дека општината во последните четири години доживеала историски најголем развоен подем.„Да се биде на чело на една општина како Ѓорче Петров, која во последниве години го доживува најголемиот подем во своето постоење, е огромна чест, одговорност и привилегија. Нашата заедничка приказна е приказна за труд, чесност и дела што оставаат трајна вредност“, рече Стојкоски.Тој посочи дека се реализирани 150 нови и реконструирани улици во вредност од 142 милиони денари, со план за дополнителни 100 улици до крајот на мандатот. Меѓу проектите што ги издвојува се новата спортска сала во Хром, осум спортски терени со модерна подлога, нова општинска зграда, реконструкцијата на улицата Радушка, нова детска градинка во Стопански двор, како и изградба на пречистителна станица и колектор во Орман.„За четири години целосно ги отплативме наследените 4 милиони евра долг и вложивме 300 милиони денари во капитални проекти, што е повеќе од било кога досега. Тројно го зголемивме буџетот, а тоа значи повеќе пари назад кај граѓаните – во образование, социјална заштита, спорт, култура и поддршка за ранливи категории“, нагласи градоначалникот.Стојкоски најави дека во наредниот мандат ќе се работи на изградба на нови детски градинки, проширување на училиштата, нови улици и модерна инфраструктура, истакнувајќи дека Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива како „дом на сите негови жители“.

Скопје | пред 7 месеци

stojkoski-nikistani

Нов асфалт и инфраструктура во село Никиштани, Ѓорче Петров нема заборавени места, вели Стојкоски

Општина Ѓорче Петров започна со градежни активности во селото Никиштани, каде што ќе се изградат нови асфалтни површини на две улици со вкупна големина од 1.500 квадратни метри.Градоначалникот Александар Стојкоски денеска беше во посета на месното население и најави дека за прв пат општината интервенира на дел од главната улица што ја поврзува џамијата со центарот на селото, а која ќе обезбеди и подобра поврзаност со локалните патишта.„Најголемиот инвестиционен проект за Никиштани е реконструкцијата на главниот пат што го поврзува селото Орман со Никиштани. Тој ќе добие целосно нов лик, ќе биде проширен, ќе се изгради пешачка патека и ќе се постави ново улично осветлување,“ изјави Стојкоски.Со оваа инвестиција, како што нагласуваат од Општината, се потврдува заложбата за рамномерен развој и вложување во сите населени места на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

IMG_8388

Четвртооделенците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во посета на општина Ѓорче Петров – Практично запознавање со работата на локалната самоуправа и градоначалникот

Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денес ја посетија Општина Ѓорче Петров. Заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, учениците како „општински советници“ на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти.Малите „советници“ учествуваа во дебата, поставувајќи интересни прашања како: „Кој одлучува за изградба на нови паркови и игралишта?“ и „Како се избира што е најважно за граѓаните?“. Градоначалникот ги охрабри да размислуваат како вистински советници, објаснувајќи им ги чекорите од идеја до реализација, со посебен акцент на тимската работа и важноста на мислењето на граѓаните.„Вработените од различни одделенија во Општината ги запознаа децата со нивната работа. Учениците беа поделени во помали групи и посетија одделенија како урбанизам, финансии и служби за јавни услуги. Таму добија можност да видат како се водат проекти, како се комуницира со граѓаните и како се обезбедуваат важни услуги за општината.Покрај учењето, атмосферата беше исполнета со искрени насмевки, ведрина и енергија. Децата внесоа посебна топлина во општинската зграда, а нивната љубопитност и ентузијазам беа инспирација за сите.На крајот, учениците добија задача да предложат сопствена идеја за подобрување на нивната населба. Оваа активност не само што им овозможи да ја разберат улогата на локалната власт, туку и ги поттикна да размислуваат креативно и критички за својата заедница.Општина Ѓорче Петров со радост ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи, кои ја инспирираат идната генерација да биде активен и одговорен дел од општеството“, соопшти општината Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

80-godini-slobodno-Gjorce-1

Одбележани 80 години од ослободување на Ѓорче Петров

Со положување цвеќе од страна на бројни делегации на Спомен-плочата на паднатите борци во НОБ, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа 14 Ноември, денот кога општината беше ослободена во антифашистичка борба.Општинската делегација беше предводена од градоначалникот Александар Стојкоски кој во обраќање пред присутните рече дека 14 ноември е датум кој ја врежал слободата длабоко во историјата на ова место.- Овој ден не е само историски настан, туку и сведоштво за неуморната борба, пожртвуваноста и храброста на сите оние кои се изборија за својата земја, за својот дом, за својата иднина. Никогаш не смееме да заборавиме дека слободата и државата тешко се стекнуваат, но вечно се бранат и чуваат со нашите дела кои се темелат на спомените на хероите и поуките кои ни ги дава историјата, како и на секојдневно вложениот труд – рече Стојкоски.Затоа, додаде, одбележувањето на осум децении од ослободувањето на Ѓорче Петров го чествуваме како благодарност кон оние кои ги дале животите за денес ние да живееме во мир. Но, како што потенцираше Стојкоски, истовремено и како обврска на модерното време кое бара нови херои што ќе одговорат на новите предизвици, кои нудат храбри и одржливи решенија.- Денес, вистинските вредности се видливи и тие се препознаени од ѓорчепетровци, кои секојдневно се сведоци на нови и нови дела, кои се прават за заедничкото добро на сите. Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на општина Ѓорче Петров! Секогаш да се потсетуваме на денешниов ден и да го негуваме духот на слободата и единството што не обединува. Да живее слободно Ѓорче, вечна да е Република Македонија – подвлече Стојкоски во обраќањето.Ослободувањето на Ѓорче Петров, ден по ослободувањето на Скопје е пример за непокор и за големата жртва која македонските партизани ја дадоа за да го ослободат секое делче од нашата земја.

Скопје | пред 1 година

mickoski-gjorce

(Видео) Мицкоски: Започна изградба на детска градинка во Општина Ѓорче Петров, како Влада ќе подржуваме изградба на вакви инвестиции

„Секогаш кога ќе се почнуваат вака убави работи, секогаш за мене претставува тоа посебен ден и посебен момент и чест да бидам дел од сето тоа. Овде во Општина Ѓорче Петров веќе во неколку наврати во последниве недели отпочнуваме вакви активност, капитални објекти, како што и оваа детска градинка. Тука нема да се застане, ќе се продолжи во периодот којшто следи“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Дозволете ми оваа прилика да ја искористам да му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, се разбира администрацијата во Општината без која можеби и сето ова и не би било така како што е сега, бидејќи тоа и многу важно во овој процес.Исто така би сакал да им честитам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Ѓорче Петров, на членовите на Владата коишто овозможуваат овие проекти заедно со Општината да бидат реалност.И се разбира да им посакам на граѓаните уште еден ваков набргу објект овдека да никне, да има повеќе дечиња и да можеме да се радуваме на повеќе вакви објекти, на повеќе дечиња да ги користат тие објекти.Така што еве навистина посебен момент и нека и за дарлија и нека има што е можно повеќе вакви објекти. А за техничките детали не би зборувал, тоа го кажа веќе градоначалникот за да не се повторуваме. Нека има што повеќе дечиња, нека има што повеќе вакви објекти, ние како Влада ќе работиме да овие објекти станат реалност“, изјави Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

OCR-Leunovo-2023-04130

Трка за најсилните – „OCR Кучково 2024“

На 27 октомври 2024 година, во село Кучково, Општина Ѓорче Петров (кај Крстот), ќе се одржи четвртата трка со препреки во Македонија, организирана од страна на Спортското здружение Отаку. Оваа трка е уникатно искуство за сите натпреварувачи, кои ќе можат да ја тестираат физичката и психичката подготвеност соочувајќи се со повеќе предизвици долж патеката.Предизвикот во село Кучково е трчање во должина од 13 километри по планинска патека совладувајќи 18 интензивни препреки. Секој учесник треба да поминете низ кал, да се искачи на стрмнини, да се прекачува преку високи ѕидови, да се натпреварува во различни активности, како што се носење товар, ползење и фрлање копје.Оваа трка е предизвик, но истовремено претставува и трка за самонадминување.Трката со препреки (OCR) има цел да промовира спорт и рекреација, притоа промовирајќи ги и природните убавини и вредности во Македонија.По завршувањето на трката, ќе се одржи церемонија за наградување на најдобрите во категориите: мажи, жени и тимови.Општина Ѓорче Петров ги поканува сите љубители на спортот, авантурата и природата во недела во 11 часот кај Крстот во село Кучково да ги бодрат натпреварувачите и да уживаат во единствената трка со препреки.

Спорт | пред 1 година

ulici-gorce-petrov-2

Инфраструктурна револуција: Ѓорче без кал се остварува, велат од општината

Општина Ѓорче Петров успешно реализира уште една започната реконструкција со вкупно нови 5,322 квадратни метри коловоз.Во рамки на проектот, завршени се следните инфраструктурни чекори:- Улицата „Исаија Мажовски“ (Хром): 3,122 квадратни метри нов коловоз,- Улици во Стопански Двор и Волково: 2,300 квадратни метри нови улици, вклучувајќи:- Улица 51 (Стопански Двор)- Улица 31 (Волково)- Улица 49 (Волково)„Со завршувањето на овие проекти, значително го подобруваме квалитетот на животот на нашите граѓани и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.Започнати се работите и на пешачката улица во населба Александрија, а во Волково се поставува нова канализациона мрежа на улица „35“, што ќе обезбеди подобри услови за живот.„Со секој нов асфалтиран метар, работиме за побезбедна и подобра иднина за сите нас“, додаде Стојкоски.Овие проекти не само што ја подобруваат инфраструктурата, туку и квалитетот на животот во нашата заедница. Заедно, создаваме современо и урбано Ѓорче Петров, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања