Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел нема намера да запре со воената операција против Иран. За време на состанокот со претставници на здравствениот систем, тој упати остра порака, нагласувајќи дека досегашните напади веќе нанеле катастрофални штети врз иранската воена структура.Нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските. Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата, но на крајот на краиштата, тоа зависи од нив“, изјави Нетанјаху.Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако израелската воздушна одбрана пресретна иранска ракета над Тел Авив, додека втора падна во морето во близина на градот, што дополнително ги зоври тензиите во регионот.

Свет | пред 3 седмици

romanija

Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана

Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО.За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил противвоздушната и противракетната одбрана, и дека системот „Патриот“ моментално се наоѓа во Малатија и се подготвува за оперативна готовност со цел да ја поддржи заштитата на турскиот воздушен простор.Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Иран не треба да презема понатамошни „провокативни чекори“ откако балистичка ракета навлезе во турскиот воздушен простор.Неговите изјави, пренесени од државната агенција „Анадолу“, следеа по соопштението на турското Министерство за одбрана дека балистичката ракета испукана од Иран навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде неутрализирана од средствата на НАТО во источниот Медитеран.Иран подоцна негираше дека испукал ракета кон Турција. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, сугерираше дека станува збор за „операција под лажно знаме“, но не обвини ниту една конкретна земја.

Свет | пред 3 седмици

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иранскиот министер за надворешни работи: Преговорите со САД повеќе не се опција

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави во понеделникот дека преговорите со Соединетите Американски Држави повеќе не се можна опција, откако САД и Израел започнаа воена операција против Иран. Во интервју за Пи-Би-Ес њузхаур, Аракчи рече дека не мисли оти разговорите со Американците „повеќе би биле на нашата агенда“.Изјавите на Аракчи доаѓаат кратко по именувањето на новиот врховен лидер на Иран. Мојтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, во неделата беше именуван за негов наследник, повеќе од една недела откако неговиот татко беше убиен во израелски напад.Аракчи рече дека е „прерано“ Мојтаба Хамнеи, кој сè уште јавно не се огласил во новата улога, да коментира за можни разговори со САД.Сите ги очекуваме неговите говори и коментари, кои ќе следуваат. Но не мислам дека прашањето за разговори или повторни преговори со Американците ќе биде на маса, бидејќи имаме многу горчливо искуство со нив“, појасни тој.Американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација даваше различни и понекогаш противречни објаснувања за војната, минатата недела побара „безусловна капитулација“ од Иран. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит во петокот изјави дека тоа ќе се постигне кога Трамп ќе утврди дека Иран „повеќе не претставува закана за Соединетите Американски Држави“.Трамп и пред именувањето го отфрли изборот на синот на Хамнеи како „неприфатлив“, додавајќи дека би сакал да види „некој што ќе му донесе мир на Иран“. Во понеделникот за Ен-Би-Си неговиот избор го нарече „голема грешка“, а подоцна за Си-Би-Ес њуз изјави дека имал некој друг на ум за таа улога, без да наведе детали.Аракчи, од друга страна, порача дека именувањето на Мојтаба Хамнеи испраќа порака за „континуитет и истовремено одредена стабилност“. Иранскиот министер потсети на минатогодишните преговори за иранската нуклеарна програма, кои му претходеа на американското бомбардирање на три нуклеарни постројки во јуни.Трамп тогаш ги оправда нападите со тврдењето дека Иран „ја отфрлил секоја можност да се откаже од своите нуклеарни амбиции“. Аракчи истакна дека за време на последната рунда преговори во февруари Американците ветиле дека „немаат намера да нападнат“, но сепак го сториле тоа.На прашањето дали Иран може да ја искористи зависноста на светот од нафта за да изврши притисок врз САД и Израел да ги запрат нападите, Аракчи одговори негативно.Тоа не е наша вина. Тоа не е наш план“, рече Аракчи. „Транспортот на нафта е забавен или запрен не поради нас, туку поради нападите и агресијата на Израелците и Американците. Тие го направија целиот регион небезбеден.Тој објасни дека поради тоа нафтените танкери „се плашат“ да поминуваат низ Ормутскиот Теснец, клучен поморски пат за снабдување со енергија.Ние не го затворивме тој теснец. Не ги спречуваме да пловат низ него“, додаде тој, нагласувајќи дека американско-израелските напади имаат последици за целата меѓународна заедница.Иран, исто така, изврши напади врз нафтени постројки во други земји од Заливот, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Кувајт. Аракчи ги оправда тие напади со самоодбрана, нарекувајќи ја американско-израелската операција „акт на агресија што е апсолутно незаконски“.Веќе ги предупредивме сите во регионот дека, ако САД нè нападнат, ќе мораме да ги нападнеме нивните бази, постројки и имот во регионот, бидејќи не можеме да стигнеме до американската територија. Предупредивме дека како резултат на тоа војната ќе се прошири на целиот регион“, рече тој. „Ова е последица на американската агресија. Ние не сме одговорни за тоа“, заклучи Аракчи.

Свет | пред 3 седмици

benzine

Војната не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, вели францускиот премиер

Војната на Блискиот Исток не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, изјави францускиот премиер Себастијан Лекорни.Лекорни во објава на Твитер (X) најави „вонреден план со 500 проверки“ на бензинските станици меѓу понеделник и среда, со цел да се спречат злоупотреби и зголемување на цените на горивото на пумпите, пренесува „Фигаро“.Во следните три дена ќе бидат спроведени онолку проверки колку што вообичаено се вршат во период од шест месеци.Владата во петокот соопшти дека SP95-E10, најчесто користениот бензин во Франција, поскапел за 10 центи во споредба со претходната недела, пред почетокот на војната на Блискиот Исток.Тоа значи дека цената за полнење резервоар од 50 литри во мал автомобил се зголемила за околу пет евра. Зголемувањето на цената на дизелот е уште поизразено: во петокот се продавал во просек по 1,98 евра за литар, во споредба со околу 1,72 евра на 27 февруари, што претставува зголемување од 26 центи, односно 15 проценти.Неколку политички партии, меѓу кои Националниот собир и Непокорна Франција, изразија загриженост во последните денови поради растот на цените.Марин Ле Пен, лидерка на парламентарната група на Националниот собир, во средата предложи намалување на данокот на горивата за да се надомести поскапувањето. Нејзината партија веќе неколку години повикува на намалување на ДДВ за горива, мазут и гас од 20 на 5,5 проценти.Претседателот на Националниот собир, Џордан Бардела, исто така во понеделникот повика на намалување на ДДВ и акцизите на нафтените деривати „во случај на нагло зголемување на цените“.Претседателот на Финансискиот одбор на Народното собрание, Ерик Кокерел од Непокорна Франција, ја повика владата да „разгледа замрзнување на цените на бензинот“ и, „доколку ситуацијата потрае“, да направи „прилагодување“ на акцизите.Од друга страна, министерката за енергетика Мод Брежон оцени дека е незамисливо да се намалат ДДВ и TICPE (домашниот данок на нафтени деривати), бидејќи тоа би создало буџетски дефицит од речиси 20 милијарди евра.

Свет | пред 3 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По интервјуто за Си-Би-Ес њуз, во кое Трамп изјави: „Мислам дека војната речиси се приближува кон крај“, цената на суровата нафта Брент падна на 90 долари за барел, што е за 30 долари помалку во споредба со претходната ноќ.Тој исто така изјави дека Иран „нема морнарица, нема комуникации“, како и дека „нема ни воздухопловство“, истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се далеку пред првичната проценка според која војувањето требало да трае од четири до пет недели. Трамп додаде и дека се разгледува можноста САД да преземат контрола врз Oрмутскиот Теснец, клучен за глобалното снабдување со нафта и гас, кој во голема мера го блокира Иран.Подоцна во понеделникот, на својата платформа Трут соушал, Трамп напиша дека Соединетите Американски Држави, доколку Иран преземе чекори со кои ќе го запре протокот на нафта низ Oрмутскиот Теснец, ќе „удрат дваесет пати посилно отколку досега“.Стравот од нарушување на снабдувањето во понеделникот наутро ја подигна цената на суровата нафта Брент над 120 долари за барел, што е највисоко ниво од 2022 година. Сепак, сегашната цена и натаму е повисока од онаа пред почетокот на конфликтот, кога Брент се тргуваше по околу 70 долари за барел.

Свет | пред 3 седмици

media-library3u6620i3vspoauMEofG

(Видео) Трамп го обвини Иран за нападот, па се повлече: „Не знам доволно“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае доволно“ за нападот врз иранско основно училиште, за кој Иран тврди дека во него загинале повеќе од 160 деца, но дека е „подготвен да живее“ со наодите од американската истрага за тој инцидент.Видео-снимка од блиска зграда, направена за време на нападот на Соединетите Американски Држави во таа област, а која ја објавија ирански медиуми, покажува како ракета од американско производство „tomahavk“ погодува зграда покрај женско училиште, изјавија експерти за Еј-Би-Си њуз.Трамп навести дека е можно да станува збор за „tomahavk“ што го истрелал Иран, наведувајќи дека тоа оружје се произведува во САД, но дека се продава и на други земји.Но тоа во моментов се истражува. Едноставно не знам доволно за тоа. Мислам дека ми беше кажано дека е под истрага. Но ‘tomahavk’ ракети користат и други, како што знаете. Бројни други нации имаат ‘tomahavk’. Ги купуваат од нас. Но секако, што и да покаже извештајот, подготвен сум да живеам со тој извештај“, рече Трамп.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во неделата, во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си, ја отфрли изјавата на Трамп дека Иран стои зад нападот врз основното училиште за девојчиња.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп за Иран: „Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го искористеа“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се осврна на Иран, тврдејќи дека Техеран би употребил нуклеарно оружје доколку го поседувал, во контекст на најновата ескалација и нападите насочени кон иранските воени капацитети.Во настап на Флорида, Трамп порача дека акцијата на САД била „краткорочен излет“ со цел, како што рече, да се „ослободат од злото“, додавајќи дека Вашингтон е решен да постигне „конечна победа“ и да ја прекине, според негови зборови, долготрајната закана. Тој оцени дека Соединетите Држави располагаат со војска „како никој друг“ и дека светот, како што тврди, ја почитува Америка повеќе од кога било.Трамп нагласи дека „нуклеарната закана“ од Иран е уништена и го опиша тоа како голем успех, тврдејќи дека целта е исполнување на „воениот“ план. Во истиот тон, изнесе и серија тврдења за, како што рече, драматично намалени ирански способности, посочувајќи дека се уништени делови од морнарицата, беспилотните летала и производствените капацитети поврзани со нив, како и значаен дел од ракетниот потенцијал.Во делот за безбедносните ризици, американскиот претседател рече дека Иран „сигурно“ би ги нападнал САД, Израел и други земји од Блискиот Исток доколку не бил изведен, како што го нарече, превентивен удар. „Да имаа нуклеарно оружје, ќе го искористеа“, изјави тој.Трамп се наврати и на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020 година, опишувајќи го како човек што, според него, бил „способен“, но и „насилен“ и „злобен“. Притоа повтори дека светот ќе биде поинаков и дека „злите режими“ повеќе нема да им се закануваат на другите.Покрај безбедносните пораки, тој ја спомена и енергетската тема, наведувајќи дека САД имаат „доволно гас и нафта“, а како нов партнер ја посочи Венецуела. Во ист контекст најави и дека „наскоро“ планира посета на Кина, додавајќи дека прашањето за снабдувањето со нафта има глобални последици.Трамп потврди и дека имал „добар разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, при што темите биле Украина и Блискиот Исток. Според него, на Путин му рекол дека може да биде од помош „ако ја заврши војната во Украина“.Во завршницата, американскиот претседател се осврна и на Ормускиот теснец, истакнувајќи дека неговото одржување отворен е особено важно за глобалните пазари, а посебно за земјите што значително зависат од нафта што минува по таа рута.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран ќе нè нападнеше за една недела, 100%

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планирал напад врз Соединетите Американски Држави во рок од една недела, тврдејќи дека таков напад бил речиси сигурен.Говорејќи пред републикански поддржувачи, Трамп рече дека Иран располагал со голем број ракети и дека планирал напади не само врз САД, туку и врз целиот Блиски Исток и Израел.„Во рок од една недела ќе нè нападнеа. Сто проценти. Имаа многу ракети, многу повеќе отколку што некој мислеше, и планираа да нè нападнат. Но планираа да го нападнат и целиот Блиски Исток и Израел. А доколку имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа против Израел“, изјави Трамп.Тој додаде дека во текот на конфликтот досега биле потопени 46 ирански бродови. Според него, кога слушнал дека иранските бродови се со висок квалитет, прашал зошто САД едноставно не ги запленат.„Ми рекоа дека е позабавно да се потопат“, рече Трамп.Американскиот претседател изјави и дека постои неизвесност околу тоа кој ќе го води Иран по убиството на врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иако неговиот син Моџтаба Хамнеи беше именуван за нов врховен лидер, Трамп тврди дека ситуацијата во земјата е нестабилна.„Нивните терористички лидери исчезнаа или ги бројат последните минути пред да исчезнат. А сега никој нема поим кои луѓе ќе ја водат таа земја“, изјави Трамп.

Свет | пред 3 седмици

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со Иран.Тој навел дека руската страна предложила дипломатски пристап што би вклучувал контакти со лидерите на земјите од Персискиот Залив, иранскиот претседател и други државници со цел што побрзо смирување на кризата.Во текот на разговорот, Трамп ја изложил својата проценка за развојот на ситуацијата во контекст на американско-израелската воена операција против Иран. Според Кремљ, двајцата лидери размениле „многу содржајни и корисни“ ставови за можните чекори кон деескалација.Освен за Иран, Трамп и Путин разговарале и за војната во Украина. Американскиот претседател изразил интерес конфликтот да заврши со брз прекин на огнот и долгорочно политичко решение.На разговорот била отворена и темата за Венецуела, особено во контекст на состојбата на глобалниот пазар на нафта и енергетските последици од кризата на Блискиот Исток.Според Ушаков, разговорот би можел да има практично значење за понатамошната соработка меѓу Москва и Вашингтон во низа меѓународни прашања, а двајцата лидери изразиле подготвеност ваквите контакти да продолжат и во иднина.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп отвора нова опција: САД размислуваат да го контролираат Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон размислува за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола над Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп рече дека теснецот во моментот е отворен за пловидба, но дека Белата куќа ја разгледува опцијата да воспостави контрола над овој стратешки морски премин.„Ормускиот теснец во моментов е отворен, но размислуваме за тоа да го преземеме. Можеме таму да направиме многу“, изјави Трамп.Ормускиот теснец претставува една од најкритичните светски енергетски рути, низ која поминува приближно една петтина од глобалните испораки на нафта.Иран засега не го затворил преминот, но претходно предупреди дека ќе отвори оган кон сите американски или израелски танкери кои би се обиделе да поминат низ теснецот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarymstm78tlq3m6bG6m2Fg

(Видео) Британски авиони соборија дронови над Блискиот Исток

Британски борбени авиони во текот на ноќта собориле беспилотно летало во одбрана на Јордан, а пресретнале и уште еден дрон кој летал кон Бахреин, соопшти британското Министерство за одбрана.Според официјалните информации од Лондон, операцијата е дел од пошироки активности за заштита на сојузниците во регионот и на британските воени бази.Истовремено, Велика Британија започнала и одбранбени летови во поддршка на Обединетите Арапски Емирати. Овие активности се дел од поширокото распоредување дополнителни британски воени сили на Блискиот Исток и во источниот Медитеран.Британското Министерство за одбрана соопшти и дека дополнителни хеликоптери од типот „вајлдкет“ пристигнале на Кипар, откако британската воздухопловна база на островот минатата недела била цел на напад со дрон.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Ако Иран се обиде со „трикови“, тоа ќе биде крај на таа земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран, која влезе во десеттиот ден, би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави се „далеку пред планот“. Во телефонско интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека според него конфликтот е „речиси завршен“, што е спротивно на претходните процени од Белата куќа дека операцијата може да трае повеќе од еден месец.Тој изнесе и свое видување за состојбата на иранските вооружени сили, тврдејќи дека Иран претрпел сериозни воени загуби.„Мислам дека војната практично е готова. Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на остатоци. Дроновите им се уништуваат насекаде, вклучително и во нивните погони за производство. Кога ќе погледнете, ништо не им остана. Во воена смисла, ништо“, изјави Трамп.На прашањето дали војната би можела наскоро да заврши, американскиот претседател одговори потврдно, нагласувајќи дека токму тоа е неговата главна цел.„Далеку сме пред планот. Не знам, ќе видиме. Размислувам за крајот на војната – јас и никој друг“, рече Трамп.Тој испрати и остра порака до Техеран, предупредувајќи дека секој нов потег од страна на Иран би можел да има сериозни последици.„Испалија сè што имаа. Подобро е да не се обидуваат со никакви трикови, затоа што тоа ќе биде крај на таа земја. Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и тоа име повеќе нема да го слушнете“, изјави Трамп.Американскиот претседател додаде дека САД размислуваат и за можноста да го преземат Ормускиот теснец, наведувајќи дека таму би можеле „многу да направат“. На прашањето дали има на ум нов лидер за Иран, Трамп кусо одговори дека има, но одби да открие повеќе детали.Тој најави и дека наскоро ќе одржи прес-конференција на која се очекува да изнесе дополнителни информации за развојот на конфликтот.

Свет | пред 3 седмици

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

Аналитичарка предупредува: Нејасните цели на САД во војната со Иран ја прават ситуацијата поопасна

Сè поголема неизвесност постои околу вистинските цели на Соединетите Американски Држави во конфликтот со Иран, што ја прави ситуацијата уште поопасна, предупредува Филис Бенис, ко-директорка на Проектот за нов интернационализам при Институтот за политички студии.Говорејќи за текот на конфликтот, Бенис оцени дека може да се препознаат тактиките на американската администрација, но дека не е јасно која е нејзината конечна стратегија и што точно сака да постигне Вашингтон.Според неа, американските претставници споменуваат неколку можни цели, меѓу кои уништување на иранската морнарица или неутрализирање на ракетните капацитети на Иран, што би ѝ овозможило на администрацијата да прогласи успех и да го заврши конфликтот.Сепак, Бенис предупредува дека отсуството на јасно дефинирана цел ја прави ситуацијата уште поризична.„Недостигот на јасна цел ја прави оваа ситуација поопасна, особено за Иран“, изјави таа.

Свет | пред 3 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Иран направи голема грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, во интервју за „Њујорк пост“.Во разговорот за таблоидот, Трамп ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во иранскиот подземен објект за збогатување ураниум во близина на Исфахан. Тој додаде дека е „прерано да се зборува“ за можноста за заплена на иранска нафта, но нагласи дека таков чекор не е исклучен.„Сè уште немаме донесено никакви одлуки за иранскиот лидер. Не сме ни блиску до донесување каква било одлука“, изјави Трамп.Американскиот претседател претходно предупреди дека „новиот лидер нема долго да трае“ доколку не добие одобрување од САД и Израел, односно ако не биде оценет како погоден за соработка. Израел, пак, веќе порача дека секој новоизбран лидер на Иран може да биде потенцијална цел за ликвидација.На прашањето за неговите планови во врска со помладиот Хамнеи, Трамп одговори: „Нема да ви кажам. Не сум задоволен од него.“Во изјава за NBC, тој додаде дека Иран направил „голема грешка“ со изборот на новиот врховен лидер.Педесет и шестгодишниот Мојтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран за време на викендот и е трет човек на таа функција од Исламската револуција во 1979 година. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја извршуваше функцијата 37 години.Според иранските власти, Али Хамнеи загинал на 28 февруари кога неговата резиденција во Техеран била погодена во заеднички американско-израелски воздушен напад. Во нападот, како што наведуваат, биле убиени и сопругата на Мојтаба Хамнеи, неговата мајка и еден од неговите синови.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Нов бран напади: Израелската армија соопшти дека уништила цели поврзани со иранската влада

Израелската армија соопшти дека извршила нов бран воздушни напади врз повеќе локации во Иран, при што биле погодени десетици цели поврзани со иранската влада.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, израелската војска наведе дека меѓу погодените цели се наоѓал и штаб за беспилотни летала на Корпусот на чуварите на Исламската револуција.Според тврдењата на израелската армија, од тој објект претходно биле лансирани беспилотни летала кон Израел, а во него се наоѓале и дополнителни дронови подготвени за употреба.Во нападите биле погодени и неколку складишта за беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана, соопшти израелската војска.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydpkdt0eoafi20p8eFnz

(Видео) „Белингкет“: Снимка покажува дека американски „томахавк“ погодил објект до училиште во Иран

Истражувачката група „Белингкет“ објави анализа на нова снимка која, според нивните наоди, прикажува американски крстосувачки проектил „томахавк“ како на 28 февруари погодува објект на Корпусот на чуварите на Исламската револуција во иранскиот град Минаб. Снимката, која првично ја објави новинската агенција „Мехр“, е геолокализирана од истражувачите на „Белингкет“ и претставува прв визуелен доказ за нападот на таа локација.На видеото се гледа ударот на проектилот, по што се издига густ чад во непосредна близина на женско училиште. Според извештаи на ирански извори, во нападот загинале 175 лица, меѓу кои и голем број девојчиња.Анализата на снимката ја доведува во прашање изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдеше дека училиштето било погодено од ирански проектил. На видеото, според „Белингкет“, јасно се препознава проектил „томахавк“, а познато е дека вакво оружје поседуваат само Соединетите Американски Држави. Нема информации дека Израел располага со ваков тип крстосувачки проектили.Истражувачите извршиле геолокациска анализа на видеото и ја утврдиле приближната зона на ударот. Во рамки на тој периметар се наоѓаат клиника, училиште и други оштетени објекти. Дополнителна анализа на сателитски снимки од компанијата „Планет лабс“ покажала дека во таа област се оштетени само два објекта.Едниот од нив е медицинска клиника, додека вториот објект, кој според анализата изгледа како складиште или бункер покриен со земја, се поврзува со Корпусот на чуварите на Исламската револуција. Токму тој објект, според истражувањето на „Белингкет“, бил целта на нападот што се гледа на објавената снимка.

Свет | пред 3 седмици

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Иран: Не сакаме да им наштетиме на обичните Американци

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран не сака да им наштети на обичните граѓани на Соединетите Американски Држави, обвинувајќи ги Израел и американските власти за економските последици од војната.Во објава на социјалната мрежа Икс, Арагчи порача дека мнозинството Американци не ја поддржуваат вмешаноста на нивната земја во странски војни.„Иран не сака да им наштети на обичните Американци кои во големо мнозинство гласаа за прекин на учеството во скапи странски војни“, напиша Арагчи.Тој додаде дека одговорноста за растот на цените на горивата, поскапувањето на станбените кредити и падот на пензиските фондови, според него, целосно ја носат Израел и „неговите послушници во Вашингтон“.

Свет | пред 3 седмици

gaza

Планот на Трамп за мир во Газа ставен на чекање по нападите врз Иран

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа е ставен на чекање поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на три извори директно вклучени во преговорите.Според нив, новонастанатата ситуација го доведува во прашање спроведувањето на мировната иницијатива на Трамп за регионот, позната како „Одбор за мир“, која американскиот претседател неодамна ја претстави како клучна цел на својата надворешна политика.Застојот доаѓа помалку од еден месец откако Трамп обезбеди милијарди долари финансиска помош за Газа од арапските држави, кои сега се соочуваат со ирански напади и растечка ескалација на конфликтот во Персискиот Залив.Експертите предупредуваат дека новата безбедносна ситуација може да ја доведе во прашање поддршката за оваа иницијатива.Заха Хасан од Карнегиевата фондација за меѓународен мир во Вашингтон изјави дека арапските земји, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои претходно ветија финансиска поддршка за „Одборот за мир“, сега можеби ќе го преиспитаат своето учество.„Тие веројатно се прашуваат дали ова навистина е добро потрошен новец“, изјави Хасан.

Свет | пред 3 седмици

izrael-napadnat

Напад врз срцето на Израел: Аларми одекнуваат во регионот каде живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци.Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.Станува збор за исклучително стратешка област во Израел, каде живеат околу 44 проценти од населението.Во овој регион се наоѓаат и клучни државни и воени институции, меѓу кои меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, неколку воени бази, Министерството за одбрана, како и седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад.Израелските власти засега не објавиле официјални детали за нападите, бидејќи информациите сè уште не се одобрени за објавување од воената цензура.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Напади врз постројки за вода во Блискиот Исток – нова опасна фаза на војната

Нападите врз постројки за десалинизација на вода се појавија како нова и опасна појава во војната на Блискиот Исток, предупредуваат експертите, бидејќи станува збор за инфраструктура од која зависат милиони луѓе.Иран ги обвини Соединетите Американски Држави дека поставиле опасен преседан со нападот врз постројка за десалинизација на островот Кешм, која обезбедува вода за пиење за околу 30 села.Во меѓувреме, Бахреин соопшти дека ирански дрон оштетил постројка за десалинизација на вода, обвинувајќи го Техеран дека „случајно“ таргетира цивилна инфраструктура.Иако ваквите напади засега се ограничени, експертите предупредуваат дека нападите врз водните системи можат драматично да ја ескалираат војната.„Првата страна која ќе се осмели да нападне вода ќе предизвика војна многу поголема од онаа што ја гледаме денес“, изјави економистката за водни ресурси Естер Крозе-Делбур.Постројките за десалинизација се клучни за опстанокот на многу земји во регионот. Според извештај од Францускиот институт за меѓународни односи од 2022 година, десалинизираната вода обезбедува 42 проценти од водата за пиење во Обединетите Арапски Емирати, 70 проценти во Саудиска Арабија, 86 проценти во Оман и дури 90 проценти во Кувајт.„Таму без десалинизирана вода нема ништо“, предупреди Крозе-Делбур.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Белата куќа: Растот на цените на нафтата е привремен

Белата куќа соопшти дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на енергетските пазари, откако цените на нафтата нагло пораснаа поради војната со Иран.Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, изјави дека администрацијата е во постојана координација со надлежните институции.„Белата куќа е во постојана координација со релевантните агенции по ова важно прашање, кое е врвен приоритет за претседателот“, изјави Роџерс.Таа додаде дека Трамп и неговиот енергетски тим уште пред почетокот на нападите врз Иран имале подготвен план за стабилизација на енергетските пазари.„Претседателот и неговиот енергетски тим имаат силен план за одржување на стабилноста на енергетските пазари и ќе продолжат да ги разгледуваат сите кредибилни опции“, рече Роџерс.Портпаролката ја повтори и оценката на Трамп дека растот на цените на нафтата е привремен.Според него, цените значително ќе паднат откако ќе бидат постигнати целите на воената операција.

Свет | пред 3 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Енергетска тревога: Г7 расправа за пуштање нафтени резерви поради војната со Иран

Министрите за финансии на земјите од Г7 одржаа итен онлајн состанок поради силниот раст на цените на нафтата, кои надминаа 119 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот со Иран.На состанокот се разговарало за влијанието на војната врз глобалните пазари и можните мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергенси.Јапонската министерка за финансии Сатсуки Катајама изјави дека Меѓународната агенција за енергија предложила координирано ослободување на дел од стратешките нафтени резерви.„Меѓународната агенција за енергија ги повика сите земји координирано да пуштат дел од своите нафтени резерви“, рече Катајама на брифинг со новинарите.Според неа, на состанокот министрите разговарале за последиците од конфликтот во Иран врз енергетските пазари, откако цената на нафтата во понеделникот надмина 119 долари за барел.Аналитичарите предупредуваат дека натамошната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите и да предизвика нови економски потреси на глобално ниво.

Свет | пред 3 седмици

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

НАТО потврди: Пресретнат проектил насочен кон Турција

НАТО потврди дека пресретнал проектил кој бил насочен кон Турција, соопшти портпаролката на Алијансата Алисон Харт.Таа информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, користејќи го официјалното име на државата – Туркије.„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

САД ја открија целта на операцијата против Иран

Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната воена операција против Иран има за цел да ја ослабне способноста на Техеран да претставува закана за регионот и глобалната безбедност.Во изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио се наведува дека операцијата е насочена кон клучни воени капацитети на Иран.Еден американски официјален претставник ја опиша операцијата како напад врз, како што рече, „Иран – водечка држава во светот по киднапирања и земање заложници“.„Застанете на момент и упатете мисли и молитви кон храбрите Американци. Сите сме восхитени од нивната служба“, изјави Рубио, пофалувајќи ги американските сили кои учествуваат во мисијата.Според него, главните цели на операцијата се уништување на иранските капацитети за лансирање ракети, елиминирање на фабриките во кои се произведуваат ракетите, како и напади врз поморските сили на Иран.Американските власти додаваат дека операцијата е насочена кон спротивставување на заканата што, според нив, иранското клерикално раководство ја претставува за Блискиот Исток и за пошироката меѓународна заедница.

Свет | пред 3 седмици

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Пентагон: Ова не е рамноправна борба, кампањата против Иран оди според планот

Американските и израелските напади врз Иран влегуваат во втората недела, а операцијата што Пентагон ја нарекува „Епски бес“ досега опфатила повеќе од 3.000 цели на иранска територија, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во интервју за Си-Би-Ес њуз.Според него, во операцијата учествуваат повеќе од 50.000 американски војници, а кампањата се одвива според планот.„Многу сме на добар пат. Јас вчера бев во Централната команда. Операцијата се спроведува според планот“, изјави Хегсет.Тој нагласи дека конфликтот не е рамноправен и дека американските и израелските сили имаат значителна воена предност.„Нашите способности се далеку посилни од иранските. Кога ќе ги споите нашите воздухопловни сили со израелските, станува збор за две од најмоќните воздушни сили во светот“, рече американскиот министер за одбрана.Хегсет додаде дека дел од кампањата со конвенционално оружје, вклучително и тешки бомби од 200, 500 и 1.000 килограми, допрва треба да започне.Според него, целта на операцијата е целосно да се неутрализираат воените капацитети на Иран.„Се бориме за победа. Ние ги поставуваме условите. Ќе знаеме дека целта е постигната кога противникот повеќе нема да биде борбено способен“, рече Хегсет.Во интервјуто тој потврди дека во моментов нема американски копнени сили во Иран, но не ја исклучи таа можност.„Би било неразумно да не ја задржиме таа опција. Задржуваме право на сите можности“, изјави министерот.Според американски извори, Русија наводно му доставува разузнавачки информации на Иран за американските позиции и движења, но Хегсет рече дека американската војска е целосно свесна за тие активности.Во меѓувреме, во конфликтот веќе има жртви и на двете страни. Шест американски резервисти беа убиени во ирански напад со дрон врз база во Кувајт, додека според активисти за човекови права, во Иран досега загинале повеќе од 1.600 луѓе.Хегсет изјави дека американските власти истражуваат и напад во кој беше погодено училиште на југот од Иран, но нагласи дека американската војска „никогаш не таргетира цивили“.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања