Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗРАЕЛ

izrael-napadnat

Нов ирански напад врз Израел, сирени низ целата земја

Во тек е нов ирански напад врз Израел, јавуваат израелски медиуми. Според информациите што ги пренесува Kanal 12, нападот се одвива во неколку бранови, при што се активирани широки зони на предупредување низ целата земја.Сирените за воздушна опасност се огласиле од северните до јужните делови на Израел, а граѓаните се повикани да побараат засолниште.Засега нема официјални извештаи за жртви или за поголема материјална штета, но надлежните служби остануваат во состојба на висока подготвеност додека трае нападот.Ова е уште една ескалација во тековниот конфликт, кој последните денови се карактеризира со интензивна размена на ракетни и воздушни удари меѓу двете страни.Повеќе информации наскоро.

Свет | пред 4 седмици

Iran

Иранскиот ајатолах Ширази прогласи џихад против САД и Израел

Иранскиот ајатолах Насер Макарем Ширази прогласи џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, известуваат иранските медиуми, во време на драматична ескалација на судирите на Блискиот Исток.Според достапните информации, еден од највлијателните шиитски верски авторитети во Иран упати порака во која повикува на „свет отпор“ против, како што наведе, „агресијата и криминалните напади“ на САД и Израел врз иранските цели. Неговата изјава доаѓа по интензивирањето на воздушните напади и меѓусебните закани, кои го доведоа регионот на работ на поширок конфликт.Макарем Ширази, кој важи за еден од највисоките верски авторитети во Ком, и има големо влијание меѓу верниците, претходно имал остри ставови кон Вашингтон и Тел Авив, но сега, според иранските извори, ја подигнал реториката на највисоко ниво, користејќи го терминoт „џихад“, кој во овој контекст означува верска обврска за одбрана на земјата и исламот.Ескалација на судирите Иран – САД – ИзраелНајновата криза избувна по серија напади врз воени и инфраструктурни цели во Иран, за кои Техеран ги обвинува Соединетите Американски Држави и Израел. Иранските власти тврдат дека станува збор за директна агресија и кршење на меѓународното право, додека Вашингтон и Тел Авив наведуваат дека акциите се насочени кон спречување на безбедносни закани и дестабилизација на регионот.Иран повеќепати предупреди дека на секој напад ќе одговори „одлучно и без ограничувања“. Прогласувањето џихад од страна на еден од највлијателните ајатоласи дополнително ја зголемува тензијата и испраќа силна порака внатре во Исламската Република, но и низ целиот шиитски свет.

Свет | пред 4 седмици

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

Русија бара од Америка и Израел да ја прекинат агресијата врз Иран

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија бара од Соединетите Американски Држави и Израел да ги прекинат агресивните дејства против Иран.Небензја на итната седница на Советот за безбедност на ОН за Иран, која беше свикана на барање на Русија и Кина, рече дека Русија смета дека ударите на САД и Израел врз Иран претставуваат „нож во грб“ и „вистинско предавство на дипломатијата“, бидејќи се изведени во време кога Техеран покажувал подготвеност за дипломатски преговори со Вашингтон, пренесува Спутник.Тој изјави дека Иран доследно соопштувал дека нема планови за создавање нуклеарно оружје и дека ги исполнува обврските во таа област, додавајќи дека ескалацијата околу Иран ја загрозува нуклеарната и радиолошката безбедност.Небензја наведе дека Русија ги смета за неосновани обидите на Западот да ја оправда „агресијата“ на САД и Израел против Иран, како и изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дека нападот бил изведен за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.Според неговите зборови, Русија повеќепати добивала сигнали дека Израел наводно не е заинтересиран за воена конфронтација со Иран, но дека сегашните активности на САД и Израел ризикуваат да доведат до хуманитарна и економска катастрофа. Небензја додаде дека Русија очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, јасно да го осуди американскиот напад врз Иран.Во обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН тој рече и дека Русија со „особена болка“ ја примила веста за ударот врз училиште во Иран и дека презема неопходни мерки за безбедноста на руските државјани во Иран.Дејствата на САД и Израел ги оцени како неиспровоциран акт на вооружена агресија и кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, како и дека воените акции се насочени кон отстранување на држава која е „незгодна за Западот“.САД и Израел го нападнаа Иран рано вчера наутро во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.Иран потоа започна масовни одмазднички удари врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryf12uaa9i96u2b2ze2jA

По наводната ликвидација на Хаменеи: Дали Израел го преобликува Блискиот Исток?

Во изминатите две години, Израел повеќепати ја демонстрираше способноста да ги досегне и елиминира своите најжестоки противници, со и без директна помош од Соединетите Американски Држави.Од експлозивни уреди до прецизни ракети и бомби за пробивање бункери, израелските операции доведоа до ликвидација или сериозно ослабување на раководствата на Хамас во Газа, Хезболах во Либан, Хутите во Јемен и, според израелските тврдења, врвот на власта во Иран.Она што Техеран го нарекува „Оска на отпорот“, а Израел „Оска на злото“, претрпе сериозни удари. Во меѓувреме, поранешниот сириски лидер Башар ал-Асад се наоѓа во егзил во Москва.За Израел, евентуалната ликвидација на ајатолахот Али Хаменеи би претставувала кулминација на оваа кампања – отстранување на клучната фигура на регионалната антиизраелска алијанса.Израелските власти веруваат дека ја преобликувале геополитичката карта на Блискиот Исток. Воено и стратешки, земјата ретко кога изгледала посилна.Но иднината останува неизвесна. Иран, како голема и историски горда нација, влегува во период на потенцијална внатрешна нестабилност. Социјалните мрежи пренесуваат мешавина од еуфорија и тага, што укажува на длабока поларизација во општеството.Историјата покажува дека елиминацијата на непријателот е само првиот чекор. Управувањето со последиците и спречувањето хаос е далеку посложена задача. Блискиот Исток влегува во нова фаза, чиј исход засега е невозможно со сигурност да се предвиди.

Свет | пред 4 седмици

media-library8rfh3ncfrsdedITe4Q0

(Видео) Тел Авив во пламен по иранската одмазда

Тел Авив беше погоден од нов бран ракетни напади во рамки на иранската одмазда по американско-израелските удари врз Иран.Според првичните информации од израелските служби за итна помош, повеќе објекти во градот се зафатени од пожар, а над делови од метрополата се издига густ чад. Сирените за воздушна опасност одекнуваа низ градот, додека противракетниот систем Железна купола се обидуваше да пресретне дел од проектилите.Нападот претставува најнова фаза во ескалацијата меѓу Иран, од една страна, и Израел и Соединетите Американски Држави, од друга, со зголемен ризик конфликтот да се прошири на поширокиот регион на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf12uaa9i96u2b2ze2jA

Нетанјаху: „Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив“

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во обраќање до иранскиот народ изјави дека постојат „многу знаци“ кои покажуваат врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, повеќе не е жив, но за тоа не понуди докази.Нетанјаху ги повика Иранците масовно да излезат на улиците, оценувајќи дека имаат „прилика каква што се случува еднаш во генерација“ да го соборат режимот.„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата. Време е да се обедините во историска мисија“, порача тој, додавајќи дека израелските удари ќе им помогнат да се „ослободат од тиранијата“.Израелскиот премиер најави дека операцијата ќе продолжи онолку долго колку што е потребно и повика на трпение, оценувајќи дека војната на крај ќе доведе до „вистински мир“.Од друга страна, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека врховниот лидер и претседателот се живи и безбедни, по информациите за напад врз комплекс во Техеран.„Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот, додавајќи дека дел од иранските команданти загинале, но дека вооружените сили преземаат неопходни мерки за одбрана на земјата.Претходно, иранскиот министер за надворешни работи за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си њуз изјави дека, според неговите информации, Хаменеи е жив.

Свет | пред 1 месец

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

ИДФ најави напад врз воена инфраструктура во индустриска зона

Израелски одбранбени сили издадоа итно предупредување за евакуација во индустриска зона во регионот Исфахан во Иран, најавувајќи дека следува напад врз воена инфраструктура.Во објава на социјалната мрежа Икс, на персиски јазик, ИДФ ги повика сите лица кои се наоѓаат во индустриската зона „Г“ во регионот Исфахан веднаш да ја напуштат областа, наведувајќи дека „за неколку минути израелската војска ќе нападне воена инфраструктура во оваа зона“. Со предупредувањето беше објавена и карта со означено подрачје и повторен апел за итна евакуација.Дополнително, ИДФ ги повика жителите на селото Мазраех да останат во своите домови до утринските часови и по нападот да избегнуваат приближување кон индустриската зона.Засега нема официјални информации од иранска страна за евентуални последици од најавениот напад.

Свет | пред 1 месец

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Свет | пред 1 месец

media-library4qhum85p2t5a1ZLreaW

(Видео) Израел објави снимка: 200 борбени авиони ја извршија најголемата воздушна операција

Околу 200 израелски борбени авиони извршија најголема воздушна операција во историјата на израелските воздухопловни сили, напаѓајќи ракетни и противвоздушни системи во западниот и централниот дел на Иран, изјави портпаролот на израелската војска.Портпаролот објасни дека операцијата ја воделa воената разузнавачка служба и воздухопловните сили. Според неговите зборови, биле фрлени стотици муниции врз речиси 500 цели, меѓу кои имало и лансери на ракети.Тој нагласи дека целта на нападот била да се прошири воздушната супериорност на Израел над Иран и да се нанесе штета на клучните офанзивни капацитети, вклучувајќи и лансирни места на западот на земјата.Како една од погодените цели, портпаролот го наведе Тебриз, каде што единица за ракети планирала да лансира десетици проектили кон Израел.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

(Видео) Израелски проектил погоди училиште , најмалку 53 загинати

Најмалку 53 лица, меѓу кои и ученици, загинаа, а 63 се повредени во напад на основно училиште за девојчиња во градот Минaб на југот на Иран. Според иранската државна радиотелевизија IRIB, која се повикува на локален функционер од провинцијата Hormozgan, училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, јавува агенцијата Anadolija (AA).Нападот се случи како дел од поширока воена операција иницирана од САД и Израел, со цел отстранување на заканите што ги претставува иранскиот режим. Во одделни видео пораки, американскиот претседател Donald Trump и израелскиот премиер Benjamin Netanyahu наговестија поддршка за промена на власта во Техеран.Иран го осуди нападот како кршење на суверенитетот, најави одговор и започна контранапади. Ескалацијата се случува во чувствителен момент, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранскиот нуклеарен програм, со последен круг разговори одржан во Женева оваа недела.

Свет | пред 1 месец

media-library9f401ov1hbbf0jsie3i

Израел ги затвори училиштата и забрани собирања поради нападите од Иран

Израел забрани јавни собири, затвори училишта и работни места, а пациентите во болниците ги премести во подземни објекти, откако Иран лансираше проектили кон земјата како одмазда за заедничкиот американско-израелски напад.Министерот за одбрана, прогласи вонредна состојба низ целата земја и ја предупреди јавноста за иранските напади со проектили и беспилотни летала. Војската ги повика граѓаните да се придржуваат кон вонредните упатства и повика десетици илјади резервисти на служба за обезбедување на копнените граници. Полицијата предупреди против непотребни патувања за да се овозможи непречено движење на возилата на итните служби и безбедносните сили.Израелските безбедносни сили соопштија дека нападите врз Иран ќе траат „колку што е потребно“, со цел да се осигура дека иранскиот режим не може да ја загрози стабилноста на регионот и меѓународната стабилност. Паралелно со воздушните напади, системите за противвоздушна одбрана идентификуваат и пресретнуваат закани испукани од Иран кон Израел.Некои Израелци се чувствуваа безбедно благодарение на софистицираниот противвоздушен систем и излегоа на плажа во Тел Авив, изразувајќи поддршка за операцијата против Иран. По првиот ирански одговор, се забележани мал број повреди и штети, а граѓаните имаат пристап до засолништа по предупредувањата од националниот систем за рано известување.Израел ја затвори воздушната зона за цивилни летови, но копнените граници со Египет и Јордан останаа отворени. Американското амбасадорство во Ерусалим им препорача на своите службеници да се засолнат или да ја напуштат земјата доколку сакаат.Во медицинскиот центар Sheba Medical Center персоналот ги премести одделите под земја како дел од подготовките за евентуален напад.

Свет | пред 1 месец

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Израелски претставник: Нападите биле насочени кон иранското раководство

Израелски претставник изјави за Ројтерс дека утринските заеднички напади на САД и Израел биле насочени кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, како и кон иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според истиот извор, засега не е јасно каков е исходот од нападите. Од иранска страна нема нови официјални информации за состојбата на Хаменеи и Пезешкијан.Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на ирански функционер, дека Хаменеи не се наоѓал во Техеран во моментот на нападите и бил префрлен на безбедна локација.

Свет | пред 1 месец

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иранското Врховно советодавно тело најави „разорен одговор“ за САД и Израел

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили ќе дадат „разорен одговор“ на американските и израелските напади.Во соопштението, објавено од полуслужбената агенција Мехр, се наведува дека „непријателот верува дека отпорниот ирански народ ќе се предаде на нивните ситни барања со вакви кукавички потези“.„Вооружените сили на Исламската Република Иран започнаа разорен одговор на нивните злонамерни постапки и ќе продолжат редовно да го информираат драгиот народ“, стои во соопштението.Изјавата доаѓа во услови на сериозна ескалација на безбедносната состојба на Блискиот Исток по заедничките напади на САД и Израел врз ирански цели.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Дипломатија или ескалација – спротивставени пораки по ударите врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката американско-израелска операција против Иран, која започна денес, „ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“, објави Ројтерс.„Дојде време сите сегменти на иранското општество да се ослободат од тиранијата на режимот и да создадат слободен и мирен Иран“, се наведува во изјавата на Нетанјаху. Тој ги повика и израелските граѓани да се „обединат“ со цел да ја гарантираат „вечноста на Израел“, пренесе британскиот весник Телеграф.Развојот на настаните добива дополнителна тежина ако се има предвид дека само неколку часа пред почетокот на нападите, Оман соопшти дека Иран се согласил да не складира збогатен ураниум. Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад Ал Бусаиди, го нарече ова „значаен пробив“, по посредувањето во третата рунда индиректни разговори меѓу САД и Иран.„Најважното достигнување е договорот дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарни материјали со кои ќе може да направи бомба“, изјави Ал Бусаиди, додавајќи дека, доколку целта е трајно да се осигури дека Иран нема да има нуклеарно оружје, тој проблем, според него, бил решен преку постигнатиот договор.Оманскиот дипломат оцени дека сите отворени прашања меѓу Иран и САД можат да се решат „на мирен и сеопфатен начин“ во рок од неколку месеци. „Мировен договор е во наша моќ, ако ѝ дадеме на дипломатијата простор што ѝ е потребен“, нагласи тој.Контрастот меѓу изјавите за дипломатски напредок и започнатите воени операции дополнително ја продлабочува неизвесноста околу идниот тек на кризата и можноста за политичко решение на долгогодишниот нуклеарен спор.

Свет | пред 1 месец

mnr-5-1

МНР апелира: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека поради влошената безбедносна состојба во Израел, упатува апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.Истовремено, Министерството препорачува сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.Од Министерството ги потсетуваат државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса telaviv@mfa.gov.mk.Дополнително, на располагање е и дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.Министерството соопштува дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни случувања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Израел активира одбранбени системи по детектирање ирански ракети

Израелската армија соопшти дека нејзините системи детектирале ирански ракети на пат кон територијата на Израел, по што биле активирани одбранбените системи за пресретнување на заканите.Според медиумските извештаи, на мобилните телефони на граѓаните биле испратени итни известувања за детектирано лансирање ракети, со повик за засолнување и почитување на безбедносните упатства.Претходно беше соопштено дека се забрануваат активности како работа на образовните институции, одржување јавни собири и одење на работните места, освен за одредени клучни сектори од витално значење.Во меѓувреме, Израел го затвори својот воздушен простор, како дел од безбедносните мерки во услови на зголемена закана и можен понатамошен развој на конфликтот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

(Видео) Експлозии во Техеран, објавени први снимки

Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен судир и дополнително намалувајќи ги изгледите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор меѓу Техеран и западните земји, пренесуваат светските агенции.Нападот следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следува нова акција доколку Иран продолжи со развојот на нуклеарната и балистичката ракетна програма.„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран со цел да ги отстрани заканите по државата Израел“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.Во Техеран во саботата се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат иранските медиуми, кои известуваат и за два густи облака чад. Според британската агенција Ројтерс, операцијата во Иран била координирана со САД, повикувајќи се на неименуван израелски одбранбен претставник. Тој навел дека акцијата била планирана со месеци, а одлуката за точниот датум била донесена пред неколку недели.Ројтерс пренесува и дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, не се наоѓа во Техеран и дека бил преместен на безбедна локација. Во главниот град на Иран, според медиумските извештаи, мобилните телефонски врски се во прекин, а интернет-сообраќајот функционира ограничено.Во меѓувреме, Израел го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, а истата мерка ја презеде и Техеран. Новата ескалација доаѓа по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следи напад доколку Иран не се откаже од нуклеарните и балистичките програми, што дополнително ја продлабочува нестабилноста во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-library9arb689eolvd77EsFTi

САД го нападна Иран заедно со Израел

Израел утринава покрена, како што ја нарече, „превентивна операција“ против Иран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека во целата земја е прогласена вонредна состојба поради очекувана иранска одмазда со беспилотни летала и балистички проектили.Израелската влада соопшти дека одлуката за воведување вонредна состојба е донесена како превентивна мерка, во услови на зголемени безбедносни закани и можност од директен одговор од Техеран.Во главниот град на Иран, Техеран, утринава се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат ирански медиуми. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.Според информациите што ги објави The New York Times, САД и Израел заеднички извеле напади врз цели во Иран. Официјална потврда од американските власти за обемот и карактерот на операцијата засега нема, но ситуацијата предизвика сериозна загриженост во меѓународната јавност.Во видеообраќање, американскиот претседател Donald Trump изјави дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и да продолжи со развој на далекусежни проектили кои, според него, можат да ги загрозат европските сојузници на САД, американските сили распоредени во странство, па дури и американската територија.Трамп нагласи дека САД спроведуваат „масивна операција“ со цел да ја спречат, како што ја опиша, „радикалната диктатура“ да ѝ се заканува на Америка.Ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран отвора сериозни прашања за стабилноста на Блискиот Исток и можните последици по глобалната безбедност, во услови кога меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение.

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Државниот секретар на САД патува во Израел за разговори за Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе допатува во Израел за три дена на кратка посетa, посветена на прашањето на Иран, додека САД и натаму ја држат отворена заканата за можна воена интервенција против Техеран.Според Томми Пигот, заменик-портпарол на Стејт Департмент, Рубио ќе „разговара за низа регионални приоритети, особено за Иран, Либан и тековните напори за спроведување на мировниот план од 20 точки на претседателот Трамп за Газа“. Првично планираното патување за утре е одложено за понеделник, а ниту еден новинар акредитиран при Стејт Департмент нема да може да го следи, што е исклучително ретко.Во меѓувреме, САД ја препорачаа на есенцијалното персонал на амбасадата во Ерусалим да ја напушти земјата. Кина, исто така, ги повика своите граѓани да го напуштат Иран „што е можно поскоро“ поради „значително зголемување на надворешните безбедносни ризици“, додека британското Министерство за надворешни работи нареди своето дипломатско персоналo да ја напушти земјата.Овие информации доаѓаат еден ден по третата рунда преговори во Женева меѓу Иран и САД, под посредство на Оман, која се смета за една од последните можности за избегнување војна по најголемото распоредување на американски војски на Блискиот исток во последните неколку децении.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjgu0icdc64rl4OSG8PF

САД евакуираат дел од персоналот од амбасадата во Израел поради тензии со Иран

Американскиот Стејт департмент започна евакуација на „неоперативниот“ персонал од амбасадата на САД во Израел и членовите на нивните семејства поради зголемени безбедносни ризици поврзани со растечките тензии со Иран.Според извештајот, потегот се смета за сигнал дека можна американско-израелска воена операција против Иран би можела да започне наскоро. Во таков случај, Иран би можел да изврши ракетни напади врз Израел и американски цели во регионот. Претходно оваа недела САД евакуираа и дел од персоналот од амбасадата во Бејрут.Стејт департментот ги повика американските државјани да размислат за напуштање на Израел додека сè уште има комерцијални летови. Евакуацијата не се однесува на дипломатите и персоналот задолжен за безбедносни и конзуларни активности, а амбасадата продолжува со работа.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претпочита дипломатско решение со Иран, но нагласи дека САД се подготвуваат и за можен воен судир. Во меѓувреме, иранските власти предупредија дека секоја американска акција ќе предизвика широка ескалација и дека американските интереси во регионот ќе бидат цел на нивните ракети.Поради зголемените тензии, повеќе земји, меѓу кои Канада, Кина и Австралија, ги повикаа своите граѓани да го напуштат регионот или да избегнуваат патувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd5d5kpe765pvbrT4mC3

Израелски компании развиле алатки за следење возила преку Bluetooth

Израелски компании користат напредни кибернетички алатки за пристап до дигиталните системи на автомобилите со цел следење на патниците и движењето на возилата, објави израелскиот весник Haaretz. Според истрагата, најмалку три компании управуваат со систем наречен CARINT (Car Intelligence), кој користи податоци од поврзани возила за цели на надзор.Во извештајот се наведува дека овие алатки овозможуваат споредување на податоци со цел, меѓу десетици илјади автомобили на патиштата, да се идентификува лице од разузнавачки интерес. Една од компаниите, Toka, развила алатка што може да пристапи до микрофоните и камерите во автомобилите за прибирање информации. Компанијата ја основале поранешниот израелски премиер Ехуд Барак и поранешниот началник на воената кибернетичка служба, бригадниот генерал Јарон Розен.Според наводите, алатката овозможува пристап до мултимедијалните системи во возилото, прецизно утврдување на локацијата и следење на движењето, како и далечинско активирање на микрофонот на системот за телефонски разговори без раце, со што може да се прислушуваат разговори во автомобилот.Друга компанија, Rayzone, развила систем за надзор базиран на комерцијално достапни податоци од рекламирање, без директно хакирање на уредите. Нивниот систем CARINT, кој се продава преку подружницата TA9, ги интегрира податоците од автомобилите и нуди, како што се наведува, „целосна разузнавачка покриеност“ на целта.Во анализата се посочува дека технологијата овозможува следење преку SIM-картички вградени во возилата, како и надзор на безжичните и Bluetooth-комуникации. Податоците дополнително се споредуваат со снимки од сообраќајни камери за идентификација на регистарските таблички.Трета компанија, Ateros, преку сестринската компанија Netline, користи алатки што се поврзуваат со владини системи за идентификација на регистарски ознаки и нивно споредување со податоци од мобилни комуникации. Нивниот производ Onyx собира податоци од возила поврзани на интернет, а како дел од системот се користат и сензори во гумите. Секоја гума има единствен идентификатор што испраќа податоци за притисок до централниот компјутер на автомобилот, создавајќи специфичен „дигитален отпечаток“ за идентификација на возилото.Според извештајот, ваквите технологии претставуваат дел од поширок тренд на „спојување“ на податоци со помош на вештачка интелигенција, со цел поефикасна анализа и следење.Во текстот се наведува и дека кибернетичката подружница на Israel Aerospace Industries, компанијата Elta, наводно развива сличен производ, но од компанијата одбиле да ги коментираат овие информации.Експертите предупредуваат дека современите автомобили стануваат „компјутери на тркала“, со десетици дигитални системи зависни од интернет и мобилна конекција. Иако ваквата поврзаност го подобрува корисничкото искуство, истовремено отвора сериозни прашања за приватноста и безбедноста на податоците.

Свет | пред 1 месец

media-librarype28b7h9anpveJEzfaC

Израел до Хамас: Разоружување или војна

Израел денеска соопшти дека ќе ѝ даде рок од 60 дена на палестинската група Хамас целосно да се разоружа, заканувајќи се со продолжување на воените операции доколку барањето не биде исполнето.Израелскиот секретар на кабинетот, Јоси Фукс, на конференција во Ерусалим изјави дека Хамас ќе мора да го предаде целото оружје, вклучително и пушките. Според него, рокот од 60 дена бил побаран од американската администрација, што израелската страна го почитува.Фукс не прецизираше кога точно би започнал ултиматумот, но посочи дека тоа би можело да се совпадне со состанокот на Мировниот одбор на американскиот претседател Доналд Трамп, закажан за 19 февруари. Тој нагласи дека доколку процесот успее, тоа ќе биде позитивен исход, но во спротивно Израелските одбранбени сили ќе мора да ја „завршат мисијата“.Хамас и Вашингтон засега не ги коментираа израелските наводи.Во меѓувреме, договорот за прекин на огнот, поддржан од Соединетите Американски Држави, е во сила во Газа од 10 октомври, со што беше запрена двегодишната војна што Израел ја води од октомври 2023 година. Во тој период загинале повеќе од 72.000 луѓе, главно жени и деца, а над 171.000 биле ранети.Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од стапувањето во сила на примирјето израелските сили извршиле стотици прекршувања со гранатирање и употреба на огнено оружје, при што биле убиени 603 Палестинци, а 1.618 лица биле повредени.Втората фаза од договорот започна во средината на јануари и предвидува одредби што се однесуваат на разоружување на Хамас и други палестински фракции во Појасот Газа.Хамас ги отфрли повиците за предавање на оружјето, предлагајќи наместо тоа негово складирање или замрзнување, нагласувајќи дека станува збор за движење на отпор против Израел, кој Обединетите нации го сметаат за окупациска сила на палестинските територии.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Сомнителен коверт пронајден во канцеларијата на Нетанјаху

Сомнителен коверт е пронајден во канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, јави денеска „Тајмс оф Израел“.Според информации од Одделот за безбедност и итни случаи при Канцеларијата на премиерот, ковертот го откриле службениците за обезбедување во канцеларијата на премиерот.Со ковертот било постапено според предвидениот протокол.Канцеларијата на премиерот истакнува дека немало никаква опасност за вработените.

Свет | пред 1 месец

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Најмалку девет лица загинаа во денешните воздушни напади на израелската војска врз северниот и јужниот дел од Појасот Газа, соопштија палестински претставници од цивилната заштита и здравствените служби, додека израелската страна ги опиша акциите како одговор на наводно кршење на примирјето од страна на Хамас.Според медицински извори, четири лица биле убиени во напад врз камп со шатори во кој биле сместени раселени семејства, додека во друг напад во Кан Јунис, на југот од Газа, загинале уште пет лица.Израелски воен претставник изјави дека во последните часови Израелските одбранбени сили започнале напади како одговор на, како што рече, „очигледно кршење на договорот за прекин на огнот од страна на Хамас“ во областа Беит Ханун. Според него, вооружени лица се појавиле од тунели источно од таканаречената „жолта линија“, која претставува разграничување на зоните утврдени со договорот.Официјалниот претставник ги оцени нападите како „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, тврдејќи дека Хамас извршил повеќе прекршувања на примирјето од октомври наваму, вклучително и распоредување на вооружени лица во чувствителната зона на разграничување.„Преминувањето на жолтата линија во близина на трупите на Израелските одбранбени сили, додека се вооружени, претставува експлицитно кршење на примирјето и укажува на систематско нарушување на договорот со намера да им се нанесе штета на израелските војници“, изјави израелскиот претставник.Израел и Хамас во изминатиот период повеќепати меѓусебно се обвинуваа за прекршување на договорот за прекин на огнот, кој е клучен дел од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа.Израелската војска соопшти дека идентификувала вооружени лица во близина на свои позиции во северниот дел на Појасот Газа и дека продолжува со уништување на подземни тунели во согласност со договорот. Во едeн од нападите биле елиминирани двајца вооружени лица, а според израелската војска, можно е да имало и дополнителни жртви меѓу милитантите.Министерството за здравство во Газа објави дека од почетокот на примирјето, во израелски напади загинале најмалку 600 Палестинци, додека Израел соопшти дека во истиот период милитанти од Газа убиле четворица израелски војници.

Свет | пред 1 месец

media-librarysi71so1rlpubbwLPoMw

Се доближува првиот состанок на Одборот за мир на Трамп, ќе присуствува и Израел

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ќе учествува на првиот официјален состанок на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија два израелски официјални извори.Американски функционер за Reuters изјави дека на состанокот во Вашингтон Трамп ќе ги објави плановите за обнова на Газа, вредни неколку милијарди долари, како и детални стратегии за распоредување на стабилизациски сили во палестинската енклава. На состанокот се очекува да присуствуваат претставници од најмалку 20 земји, вклучувајќи и државници, а формирањето на комитетот е поддржано со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации како дел од планот на Трамп за завршување на конфликтот во Газа. Додека регионалните земји како Египет, Турција, Саудиска Арабија и Катар, како и големи развивачки земји како Индонезија, се приклучиле на комитетот, западните глобални сили и традиционалните сојузници на САД се повнимателни.Американските официјални лица истакнаа дека состанокот ќе се фокусира на Газа, разурната од двегодишната војна. Примирјето помеѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас стапи на сила во октомври минатата година. Од тогаш загинаа над 590 Палестинци, главно цивили, како и четворица израелски војници.Двете страни една на друга се обвинуваат за прекршување на примирјето, и покрај инсистирањето на администрацијата на Трамп дека договорот треба да продолжи според планираното.Американските извори наведуваат дека Трамп ќе објави дека неколку земји планираат да испратат неколку илјади војници како дел од стабилизациските сили кои треба да пристигнат во Газа во следните месеци.Групата Хамас досега одбива да се вооружи, а Израел најави дека ќе ја принуди на разоружување ако тоа не го стори доброволно.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања