Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗРАЕЛ

netanjahu

Нетанјаху: Се надевам дека Трамп создава услови за договор со Иран без воена ескалација

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп создава предуслови за постигнување договор со Иран, со кој би се избегнала воена интервенција.Нетанјаху, кој вчера разговараше со Трамп во Вашингтон, нагласи дека секој можен договор со Иран „мора да ги содржи елементите што се од витално значење за Израел“. Според него, тоа подразбира запирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и сузбивање на дејствувањето на посредничките структури што Техеран ги поддржува во регионот.Ова беше седма средба меѓу Трамп и Нетанјаху откако американскиот претседател повторно ја презеде функцијата. Разговорот се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми. Трамп ја оцени средбата како „многу добра“, но посочи дека не биле донесени суштински одлуки.Американскиот претседател претходно се закани со можни напади врз Иран доколку не се постигне договор, додека Техеран возврати дека во таков случај ќе следи одмазда, што ги засили стравувањата од поширок регионален конфликт. Трамп во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за безбеден Израел, долгогодишен сојузник на Соединетите Американски Држави и еден од најострите противници на Иран.„Мислам дека условите што тој ги создава, во комбинација со фактот дека тие сигурно разбираат дека минатиот пат направија грешка што не постигнаа договор, можат да создадат околности за добар договор“, изјави Нетанјаху.Тој нагласи дека со САД споделува „многу блиска и искрена врска“ и дека разговорите се фокусирале на повеќе прашања, но пред сè на преговорите со Иран. Според него, Трамп сакал директно да го слушне неговото мислење.Нетанјаху се осврна и на неодамнешниот дванаесетдневен судир меѓу Израел и Иран, кој кулминираше со американски воздушни напади врз ирански нуклеарни објекти, посочувајќи дека иранската страна веќе знае „со кого има работа“. Трамп претходно изјави дека верува оти Иран сака договор.Иранските власти соопштија дека се подготвени да разговараат за ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, но ја отфрлија можноста тоа прашање да се поврзе со ракетната програма.Нетанјаху додаде дека на средбата се разговарало и за состојбата во Газа, каде што е на сила кревко примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас, како и за пошироките регионални прашања. „Тоа беше уште еден разговор со голем пријател на Државата Израел, каков што никогаш досега не сме имале“, изјави израелскиот премиер.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Израелска авиокомпанија може да биде казнета за високи цени на билетите

Израелското тело за заштита на конкуренцијата соопшти денес дека планира да го казни националниот авио-превозник El Al Израел ерлајнс со 121 милион шекели (околу 36 милиони евра) поради, како што е наведено, високи и неправедни цени на авио-карти за време на војната во Појасот Газа.Предложената казна претставува максимален износ дозволен според законот. Антимонополската агенција наведе дека го анализирала периодот од 7 октомври 2023 година до мај 2024 година и утврдила дека El Al Израел ерлајнс имал монополска позиција на 38 од 53 линии што ги извршувал, вклучувајќи летови за Њујорк, Лондон, Париз, Бангкок и други градови во САД, Европа и Азија.Утврдено е дека цените на картите пораснале во просек за 16 отсто, а на поединечни линии и до 31 отсто.Од компанијата El Al Израел ерлајнс соопштиле дека „категорички ги отфрлаат“ тврдењата дека за време на војната наплаќале премногу скапи карти.

Свет | пред 1 месец

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Најмалку 32 лица загинаа во низа израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти денеска палестинската агенција за цивилна заштита. Портпаролот Махмуд Басал рече дека во нападот врз полициската станица во округот Шеик Радван на северот на Газа загинале 14 лица, додека уште седум цивили биле убиени на југот на Појасот Газа кога бил погоден шатор каде биле сместени раселени лица.Палестинските власти ги оцениле овие напади како најтешки од стапувањето во сила на втората фаза на примирјето, договорена во октомври минатата година преку посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.Израелската армија соопшти дека целта на нападите била неутрализирање на команданти и инфраструктура на Хамас и Исламски џихад, вклучувајќи складишта со оружје, простории за ракување со оружје и две лансирни рампи.Откако примирјето стапи на сила, двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово кршење, а нападите во последните 24 часа дополнително ги заострија тензиите во регионот.

Свет | пред 1 месец

izrael-vojska

САД одобрија продажба на оружје за Израел вредна 6,7 милијарди долари

Американската влада одобри продажба на оружје за Израел во вредност од речиси 6,7 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA). Пакетот опфаќа борбени хеликоптери, оклопни возила и придружна воена опрема, со што се зајакнува долгогодишната воена соработка меѓу двете земји.Според официјалните податоци, договорот вклучува набавка на 30 борбени хеликоптери „Апачи“ со придружна опрема, во вредност од нешто помалку од 3,8 милијарди долари. Дополнително, Израел ќе купи 3.250 лесни тактички возила „Joint Light Tactical Vehicle“ за околу 1,98 милијарди долари, опрема за оклопни транспортери вредна приближно 740 милиони долари, како и лесни повеќенаменски хеликоптери во износ од околу 150 милиони долари.Соединетите Американски Држави се најголем воен сојузник на Израел и главен снабдувач со оружје, а оваа одлука дополнително ја потврдува таа стратешка врска.Покрај Израел, Стејт департментот одобри и продажба на оружје за Саудиска Арабија, која ќе набави 730 ракети за противвоздушниот одбранбен систем „Патриот“ и придружна опрема, во вкупна вредност од околу девет милијарди долари. Американскиот Конгрес веќе е официјално известен за овие договори.Одлуките за продажба на оружје доаѓаат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели неколкупати упати остри предупредувања кон Иран, вклучително и закани со воени акции, паралелно со зголемување на американското воено присуство во регионот.Овие потези се оценуваат како дел од пошироката стратегија на Вашингтон за зајакнување на своите сојузници и одржување на безбедносната рамнотежа во нестабилниот регион.

Свет | пред 1 месец

Iran

Иран го погуби обвинетиот за шпионажа за Израел

Иранскиот правосуден портал Мизан денес соопшти дека Хамидреза Сабет Есмаелипур е погубен поради шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.„Хамидреза Сабет Есмаелипур е обесен за злосторства шпионажа и пренесување доверливи документи и информации на непријателска разузнавачка служба, откако беа спроведени сите правни процедури“, наведува порталот Мизан.Есмаелипур беше уапсен на 29 април 2025 година, а неговата пресуда ја потврди и Врховниот суд на Иран. Ова е едно од повеќето погубувања на лица обвинети за соработка со Мосад, кои значително се зголемија по конфликтите меѓу Иран и Израел минатата година.

Свет | пред 2 месеци

netanjahu

Нетанјаху двапати го одби Трамп

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху двапати го одбил барањето на Белата куќа да му дозволи на претседателот на Израел, Исак Херцог, да седи на бината за време на Светскиот економски форум во Давос, јавува израелскиот Канал 12, повикувајќи се на дипломатски извори.Според информациите, американската администрација побарала Херцог да присуствува на церемонијата за основање на таканаречениот „Одбор за мир“, на која бил поканет и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сепак, Нетанјаху го одбил предлогот, нагласувајќи дека поканата за учество на церемонијата била упатена исклучиво до него.И покрај поканата, израелскиот премиер не се појави на Светскиот економски форум. Причина за тоа, според изворите, е предупредувањето од Швајцарија, која е членка на Меѓународниот кривичен суд, дека ќе постапи по евентуален налог за апсење доколку Нетанјаху слета на нејзина територија.Од кабинетот на претседателот Исак Херцог одбија да го коментираат извештајот на Канал 12.

Свет | пред 2 месеци

netanjahu

Нетанјаху го прифати повикот на Трамп за Одборот за мир за Газа

Израел и Азербејџан потврдија дека го добиле и го прифатиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат на Одборот за мир за Газа, соопштија денеска официјални претставници на двете земји.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати повикот на Трамп да се приклучи на оваа иницијатива, која, според најавите, би можела да биде проширена и за решавање на други меѓународни конфликти, објави кабинетот на Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.И Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека земјата го прифатила повикот на Трамп за приклучување кон Одборот за мир.„Азербејџан, како и секогаш, е подготвен активно да придонесе за меѓународната соработка, мирот и стабилноста“, се наведува во соопштението.Азербејџан и Ерменија речиси четири децении беа во конфликт околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, а минатиот август постигнаа мировен договор со посредство на Соединетите Американски Држави, по средба со Трамп во Белата куќа.Вчера, кон Одборот за мир на Трамп се приклучи и ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryheebdnlv33pm1QuYftR

Израел предупредува: Иран планира атентат врз Ал-Шараа

Израелската воена разузнавачка служба предупреди дека Иран планира атентат врз привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шараа, додека сириските и израелските официјални лица се подготвуваат за продолжување на преговорите посредувани од САД во Париз, со цел постигнување безбедносен договор.Според оценката на израелската војска, ал-Шараа се соочува со закани од Иран и други непријателски актери. Израелските одбранбени официјални лица веруваат дека Техеран го гледа ал-Шараа како фактор што ја слабее неговата мрежа на влијание во регионот.Сириските власти засега не се јавиле со официјален одговор на оценката на израелската разузнавачка служба. Сепак, Министерството за внатрешни работи на Сирија ги негираше претходните гласини за наводен обид за атентат врз ал-Шараа, оценувајќи ги како „целосно неточни“ и предупредувајќи за лажни документи што им се припишуваат на официјални извори.Ал-Шараа претходно преживеа повеќе обиди за атентат од моментот кога ја симна од власт долгогодишниот диктатор Башар ал-Асад, предизвикувајќи колапс на режимот во Дамаск. Во ноември 2025 година, сириските власти спречија два одделни обида за атентат од страна на групата Исламска држава. Американскиот емисар Том Барак исто така предупреди за ризиците по животот на ал-Шараа поради неговото сѐ поблиско приближување кон Западот.Во меѓувреме, ал-Шараа беше виден во јавноста во центарот на Дамаск во понеделникот навечер, купувајќи во локални продавници во населбата Мазех, користејќи новите сириски банкноти, што се толкува како сигнал дека е жив и здрав.

Свет | пред 2 месеци

erdogan-3

Ердоган: Она што го направи „фараонот“ Нетанјаху нема да остане неказнето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во понеделник ќе има телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.„Во понеделник ќе имаме уште еден разговор со американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Ердоган, нагласувајќи дека повикот ќе се одржи во попладневните часови.Голем собир на мостот во ИстанбулГоворејќи за масовната поддршка што турската јавност ѝ ја даде на Палестина за Нова година, Ердоган порача дека големото собирање на мостот Галата во Истанбул претставува историски момент, покажувајќи дека Палестина не е сама.„Она што го направи човекот наречен фараон, Бенјамин Нетанјаху, нема да остане неказнето, бидејќи врз себе го навлече проклетството на безброј потчинети луѓе, од млади до стари“, изјави Ердоган.Осудувајќи ги израелските постапки во Газа и влошувањето на хуманитарната состојба таму, турскиот претседател повтори дека страдањето на децата во Газа, кои живеат во импровизирани шатори среде ветер и дожд, нема да остане без одговор и дека Нетанјаху нема да избега од одговорност.

Свет | пред 2 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел забрани работа на 37 странски невладини организации во Газа

Од 1 јануари, на 37 меѓународни невладини организации повеќе нема да им важат дозволите за работа на територијата на Газа и Западниот Брег. Израелското Министерство за дијаспора соопшти дека организациите не ги исполниле новововедениот пакет на строги регистрациски правила, кои стапија на сила на 1 март годинава.Според објавите, засегнатите организации не доставиле целосни податоци за тоа кој работи за нив, како се финансираат и на кој начин ги спроведуваат активностите. Израелските прописи бараат да се поднесе детална документација – од структури и програми, до комплетни списоци на странски и палестински вработени, заедно со нивните пасоши и лични документи, објавува „Тајмс оф Израел“.Со ова, почнува 2026 година со нов, значително построг режим на работа за меѓународните организации во палестинските територии, што би можело сериозно да влијае врз нивната натамошна активност и присуство на терен.

Свет | пред 2 месеци

erdogan-3

Ердоган: Израел со своите потези сe повеќе го дестабилизира регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека Израел сè повеќе работи на дестабилизација на регионот, наведувајќи ја како пример одлуката на Тел Авив да го признае отцепениот Сомалиленд. Ердоган ова го истакнал во телефонски разговор со кувајтскиот престолонаследник, шеикот Сабах Халед Ал-Сабах, нагласувајќи дека мора да се поддржи територијалниот интегритет на Сомалија, пишува Анадолу агенција.За време на разговорот, во кој биле опфатени билатерални, регионални и глобални прашања, Ердоган истакнал дека Турција работи на зајакнување на врските со Кувајт во сите области. Тој додал дека очекува соработката меѓу двете земји да продолжи да се развива. Турскиот претседател изразил надеж дека обновата на Газа ќе започне по постигнување траен прекин на огнот и воспоставување мир. Во тој процес, како што рекол, соработката меѓу Турција и Кувајт ќе биде од големо значење.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycerb2fe0p2f5bYs3c2Y

Израел одобри 19 нови населби на Западниот Брег

Велика Британија, Канада, Германија и низа други земји во средата ја осудија одлуката на Израел за одобрување на 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека овој потег го крши меѓународното право и ризикува да поттикне понатамошна нестабилност. Во заеднички апел, тие ја повикаа израелската влада да ја поништи одлуката.Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет, покрај Велика Британија, Канада и Германија, ја осудија и Белгија, Данска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Шпанија. „Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука, како и проширувањето на населбите“, се наведува во заедничката изјава објавена од Велика Британија.„Потсетуваме дека ваквите еднострани дејствија, како дел од поширокото интензивирање на политиката на населување на Западниот Брег, не само што го кршат меѓународното право, туку и ризикуваат да поттикнат нестабилност“, се додава во изјавата.

Свет | пред 3 месеци

media-library3vu8qkuicvbvdR556ES

САД воведуваат санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд поради Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД воведуваат санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС), затоа што, како што рече, се насочиле против Израел, со што бројот на високи судски функционери под американски санкции се зголеми на 11.„Денеска воведувам санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Гоча Лордкипанидзе од Грузија и Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, согласно Извршната уредба 14203“, изјави Рубио во соопштение, повикувајќи се на уредбата што претседателот Доналд Трамп ја потпиша во февруари, со која се предвидуваат санкции против МКС.„Овие лица директно се вклучија во напорите на МКС да истражува, апси, притвора или кривично гони израелски државјани без согласност на Израел“, додаде тој.Санкции поради одбивање на израелските приговориРубио во соопштението се осврна на учеството на судиите во гласањето за отфрлање на еден од неколкуте израелски правни приговори против истрагата на МКС за водењето на војната во Газа, донесена претходно оваа недела.Именуваните судии беа дел од панелот што одби да ја поништи одлуката на понискиот суд, според која истрагата на обвинителството за наводните злосторства во негова надлежност може да ги опфати и настаните по нападот на милитантната палестинска група Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.МКС соопшти дека го осудува новиот круг американски санкции, што претставува веќе четврти сет мерки оваа година. „Овие санкции се флагрантен напад врз независноста на непристрасна судска институција“, се наведува во соопштението на МКС, додавајќи дека мерките го доведуваат во опасност меѓународниот правен поредок.Односот на САД и Израел кон МКССоединетите Американски Држави и Израел не се членки на МКС, но палестинските територии беа примени како држава членка во 2015 година. Минатата година МКС издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи користење на гладта како оружје на војна, извршени во Газа.Американските санкции воведени во февруари опфаќаат замрзнување на имотот во САД на лицата на списокот со санкции, како и забрана за влез во САД за нив и за членовите на нивните семејства.

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Израел се дели: да служат ли Хасидите во војска?

Израел се соочува со сериозна политичка и општествена криза поради најавените промени во регрутацијата на ултраортодоксните Евреи (Хареди), кои со децении уживаат изземање од задолжителната воена служба. По повеќе од две години војна, јавноста драстично го смени ставот: расте притисокот и од световните и од дел од религиозните Евреи оваа заедница конечно да биде опфатена со регрутацијата.Законот што се разгледува во Кнесетот ја укинува долгогодишната привилегија што му овозможуваше на околу 60.000 Хареди мажи да не служат во војска под изговор „целодневно верско образование“. Иако изминатата година биле испратени околу 24.000 повици за регрутација, одѕивот бил минимален – едвај 1.200 лица. Прашањето излезе на улиците: низ Ерусалим се одржаа масовни протести, а забележани се и напади врз Хареди политичари.Ултраортодоксната заедница смета дека од нив се бара да изберат меѓу верата и државата. „Нашата војска е изучувањето на Тората“, велат нивните водачи, уверени дека молитвата ја штити земјата исто колку и оружјето. Но, во остатокот од Израел расте чувството дека товарот не е праведно распределен, особено по огромниот број загуби во текот на конфликтот.Премиерот Бенјамин Нетанјаху е под силен политички притисок. Хареди-партиите се столб на неговата коалиција и инсистираат изземањето да продолжи. Законот што го предложи предвидува регрутација на само 10.000 студенти во две години – бројка што критичарите ја сметаат премала и козметичка. Опозицијата го нарече законот „срамота“ и „предавство“, а дури и дел од неговите сојузници предупредуваат дека со ова се загрозува иднината на државата.Прашањето сега го дели Израел по најдлабоката линија: дали еднаквоста пред државата важи за сите, или верската традиција има предност? Се работи за конфликт што ги погодува темелите на националниот идентитет – дали Израел е пред сè модерна држава со обврски за сите, или земја која над сè го штити својот религиозен континуитет.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Министерот Кац под оган: „Не е тероризам“ – бунт во Кнесетот поради нападите врз Палестинци

Израелскиот министер за одбрана Исраел Кац предизвика сериозни контроверзии со изјава дека нападите на израелски доселеници врз Палестинци на Западниот Брег не претставуваат тероризам, туку „само нарушување на јавниот ред и мир“. Спорната квалификација била дадена на затворена седница на Комисијата за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, во период кога насилството во окупираните територии е во пораст, пишува The Times of Israel.Неговиот став предизвика бурна реакција кај пратениците од центристичката партија Yesh Atid, Елазар Стерн и Рам Бен-Барак, кои остро се спротивставиле, истакнувајќи дека сторителите се „еврејски терористи“ и дека таквите напади мора јасно да се дефинираат како тероризам.Последните недели донесоа драматичен раст на насилството од страна на доселеници, што ги натера безбедносните служби да го зголемат притисокот врз оваа појава. Опозициските пратеници извршиле притисок врз Кац повторно да воведе административен притвор за осомничени евреи – мерка што дозволува задржување без обвинение од безбедносни причини. Министерот неодамна објави дека таа политика повеќе нема да се применува врз еврејски напаѓачи, но останува во сила за Палестинците.Кац тврди дека постои јасна разлика меѓу „опасно насилство“ и дела што спаѓаат под нарушување на јавниот ред. Според него, насилството од страна на доселеници е од вториот вид и ниту една безбедносна служба – вклучително и Шин Бет – не го квалификува како тероризам.Но ова е во спротивност со последните потези на полицијата, која оваа недела најави кривични пријави за тероризам против двајца еврејски осомничени.Еден од нив, уапсен на 9 ноември, треба да биде обвинет откако беше снимен како брутално удира палестинска жена со палка за време на бербата на маслинки. Вториот осомничен е приведен под сомнение дека учествувал во палење имот при насилен упад на доселеници во градовите меѓу Тулкарем и Наблус.Ескалацијата на нападите, различните дефиниции на институциите и контрадикторните политички пораки отвораат сериозни прашања за пристапот на Израел кон насилството на Западниот Брег – прашање што сè почесто предизвикува меѓународна загриженост.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvbeiv6jv3o2seOiV3dF

Хамас призна: десетици борци заглавени во тунели – бара притисок врз Израел

Палестинското движење Хамас првпат јавно призна дека дел од неговите борци се заробени во подземната тунелска мрежа во Појасот Газа. Во изјава до медиумите, организацијата побара од земјите-посредници да извршат притисок врз Израел за да им овозможи на заробените борци безбедно да ги напуштат тунелите.Барањето доаѓа откако израелската војска минатата недела соопшти дека убила повеќе од 20 припадници на Хамас кои се обиделе да избегаат од „подземната терористичка инфраструктура“, а привела уште осум.„Го сметаме Израел целосно одговорен за животите на нашите борци и ги повикуваме посредниците веднаш да дејствуваат за да обезбедат нашите синови да се вратат дома“, се наведува во соопштението на Хамас.Израелските медиуми со недели објавуваат дека помеѓу 100 и 200 борци на Хамас се заробени во тунелите под градот Рафах, во делот од Појасот Газа што е под израелска воена контрола.Според договорот за прекин на огнот што стапи во сила на 10 октомври, постигнат со посредство на САД, израелската армија треба да се повлече зад т.н. „жолта линија“, која го означува подрачјето под израелска контрола.Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во ноември, на конференција во Мајами, неформално спомна „200 борци заробени во Рафах“, алудирајќи дека нивната судбина може да биде „тест“ за тоа како двете страни го спроведуваат примирјето.Но Израел засега ја исклучува можноста за каква било форма на безбеден премин за борците на Хамас. Портпарол на израелската влада за АФП изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „нема да дозволи безбеден коридор за 200 терористи на Хамас“, повторувајќи дека целта на Израел останува „демонтирање на воените капацитети на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа“.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryudphlkid6mnl8J2NURt

Израел ги засили нападите врз јужен Либан

Израелската војска денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што беше убиена најмалку една личност. Израел речиси секојдневно го напаѓа регионот, тврдејќи дека сака да го спречи повторното воено јакнење на Хезболах. Организацијата вели дека ги исполнила условите од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекла силите северно од реката Литани, но одбива целосно да се разоружа. Спроведувањето на договорот е отежнато поради тензии, израелски операции и внатрешни политички проблеми во Либан.Според договорот постигнат со посредство на САД и Франција, либанонската армија треба да го заплени сето недозволено оружје јужно од Литани, но Либан тврди дека Израел го прекршува договорот со тоа што и понатаму држи позиции на југот.Денес Израел предупреди на социјалните мрежи за нови цели и нападна четири села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи. Претходно, една личност загина во напад врз селото Ал-Тири. Израелската војска тврди дека убила припадник на Хезболах.Во вторник, Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишната војна, убивајќи 13 лица во палестинскиот камп Аин ал-Хилве. Израел тврди дека Хамас го користи кампот за напади, но Хамас го негира тоа и вели дека меѓу убиените нема нивни членови.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryniipdf3a92b2aRuYjn6

Израел го прекрши прекинот на огнот во Газа 282 пати, убиени се стотици цивили.

Месец дена по прогласувањето на прекинот на огнот во Газа, Израел го прекрши речиси секојдневно со напади во кои загинаа стотици луѓе, пишува „Ал Џезира“. Владината канцеларија за медиуми во Газа извести дека од 10 октомври до 10 ноември Израел го прекршил прекинот на огнот најмалку 282 пати, вклучувајќи воздушни и артилериски напади, пукање кон цивили и уништување на приватна имот.Услови на прекинот на огнотСАД на 29 септември предложија 20-точковен план за завршување на војната, пристап на хуманитарна помош и повлекување на израелските сили. Договорот вклучува прекин на непријателствата, укинување на блокадата на помошта, ослободување на заробеници и повлекување на израелските сили до „жолтата линија“. Договорот беше потпишан на 13 октомври, но Израел и Хамас не присуствуваа, што доведе до сомнежи за неговата изводливост.Напади и жртвиСпоред Ал Џезира, Израел ја нападнал Газa во 25 од последните 31 ден од прекинот на огнот. Од 10 октомври, загинале најмалку 242 Палестинци, повредени се 622, а најсмртоносни денови биле 19 и 29 октомври. До 10 ноември 2025, според палестинското Министерство за здравство, загинале најмалку 69.179 лица, вклучувајќи 20.179 деца, а повредени се 170.693.Помош и блокадиИако договорот предвидуваше „целосна помош веднаш“, во Газа стигнува само дел од потребната храна, додека Израел блокирал основни прехранбени производи и дозволува увоз на нехранлива стока како грицки и безалкохолни пијалоци.Размена на заробеници и телаХамас ослободи 20 израелски заробеници во замена за палестински затвореници, а Израел врати 300 палестински тела, многу од нив со траги на тортура.Меѓународно правоПрекршувањето на прекинот на огнот претставува кршење на политичкиот договор, но не секогаш и на меѓународното право, освен ако договорот не е обврзувачки.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.16

Израел: „Нема да има турски војници во Газа“ – Тел Авив ја одби можноста за турско учество во меѓународните сили

Портпаролката на израелската влада Шош Бедросијан денеска категорично ја отфрли можноста турски војници да бидат дел од меѓународните стабилизациски сили кои би ја презеле контролата врз Газа по повлекувањето на израелската војска.„На терен нема да има турски војници,“ изјави Бедросијан, одговарајќи на новинарско прашање за можноста Анкара да има воено присуство во појасот Газа.Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на двегодишниот конфликт во палестинската енклава предвидува формирање привремени меѓународни стабилизациски сили, кои би ја презеле одговорноста за безбедноста и воспоставување ред во Газа.Иако силите сè уште не се формирани, неколку држави бараат нивниот мандат да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН.Американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, претходно месецов на безбедносна конференција во Манама изјави дека Турција ќе биде дел од тие меѓународни сили, додека потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, нагласи дека Анкара ќе има „конструктивна улога“, но дека Вашингтон нема да му наметнува ништо на Израел кога станува збор за присуство на странски сили на негово тло.Со оваа изјава, Израел јасно става до знаење дека одбива било какво турско воено присуство во Газа, и покрај тоа што Турција претходно изрази подготвеност да учествува во меѓународни мировни мисии на Блискиот Исток.

Свет | пред 4 месеци

gaza44

Нови израелски напади во Газа: над 90 загинати, меѓу нив и деца

Повеќе од 90 Палестинци, меѓу кои најмалку 35 деца, загинаа во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа, иако на сила е спогодба за прекин на огнот, јавуваат палестински медицински извори, пренесува агенцијата Anadolu.Според извештаите, израелската армија убила 31 лице на северот, 42 во централниот дел и 18 на југот на Газа, додека десетици цивили се ранети. Агенцијата Wafa јавува дека меѓу погодените се куќи, шатори што служеле како засолништа за раселените, како и болница во рамките на т.н. „жолта линија“ – зона до која израелските сили се повлекле според спогодбата за примирје.На северот, во Беит Лахија, израелските сили погодиле училиште претворено во засолниште, при што загинале три лица, а неколкумина се ранети. Во избегличкиот камп Шати, гранатирани биле две куќи во населбата Ал-Наср, при што загинале осум лица.Во средата наутро израелски проектил погодил џамија во населбата Сабра, каде се засолнувале раселени лица. Според сведоци, таму загинале најмалку две лица, а десетина се ранети. Во населбата Зајтун, мајка и дете загинале во друг воздушен напад.Во централниот дел на Газа, четири лица биле убиени откако израелски напад погодил шатор во Деир ал-Балах, додека шестмина загинале во бомбардирање на училиште и куќа во кампот Бурејџ.Во кампот Нусејрат петмина биле убиени при напад на повеќе домови, а во друг напад во истиот камп загинале девет лица, меѓу кои четири деца.На југот на Газа, во областа Ал-Маваси кај Кан Јунис, израелски напад погодил шатори во кои биле сместени раселени семејства, при што загинале осум лица, меѓу нив тројца деца.Палестинските здравствени служби предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи многу ранети се во критична состојба, а потрагата по исчезнатите под урнатините сè уште трае.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Ја запрев војната во Газа, Нетанјаху ќе се бореше со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го спречил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната во Газа, тврдејќи дека без неговиот притисок конфликтот би траел со години. Во интервју за магазинот Тајм, Трамп рече дека Нетанјаху бил решен да ја продолжи војната без ограничувања, но тој успеал да го убеди да ја прифати неговата мировна иницијатива. „Тој би продолжил, можело да трае со години, но јас го запрев и сите се обединија кога го направив тоа“, изјави Трамп.Американскиот претседател откри дека го предупредил израелскиот премиер со зборовите: „Биби, не можеш да се бориш против целиот свет. Можеш да водиш одделни битки, но целиот свет е против тебе“. Тој го опиша израелскиот напад врз преговарачи на Хамас во Катар како „ужасен“ и „тактичка грешка“, но додаде дека токму тој инцидент бил еден од клучните моменти што довеле до обединување на страните и до постигнување на прекин на огнот.Трамп нагласи дека неговата администрација успеала да воспостави рамнотежа меѓу дипломатски дијалог и притисок кон блиските сојузници, што, според него, било пресудно за спроведување на неговиот мировен план. Тој исто така потенцира дека американската политика останува јасна во однос на анексијата на Западниот Брег: „Тоа нема да се случи, бидејќи им дадов збор на арапските држави. Израел би ја изгубил целата поддршка на САД доколку се одлучи за тоа“, изјави Трамп.Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој престојуваше во Израел во обид да го зајакне мировниот процес, остро ги осуди предлозите на израелските десничарски пратеници за анексија на Западниот Брег, нарекувајќи ги „глупав политички трик“ и „навреда“.На изјавите на Трамп реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека Израел е суверена држава која сама ги носи своите безбедносни одлуки. „Една недела велат дека Израел ги контролира САД, следната дека САД го контролира Израел. Тоа се бесмислици. Имаме партнерство и заеднички вредности и цели“, изјави Нетанјаху.Изјавите на Трамп доаѓаат во чувствителен момент за регионот, во време кога и покрај објавениот прекин на огнот, тензиите меѓу Израел и Хамас сè уште се високи, а меѓународната заедница внимателно ги следи потезите на Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 5 месеци

netanjahu

Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори.Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори.Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година.Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на чело на израелска влада – вкупно повеќе од 18 години, со прекини, од 1996 година.

Свет | пред 5 месеци

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Хамас во вторникот врати уште четири тела на израелски заложници како дел од мировниот договор постигнат минатата недела, откако Израел се закани дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа поради наводно прекршување на договорот од страна на милитантната група, јави Ројтерс.Израелската армија соопшти дека добила четири ковчези преку Меѓународниот Црвен крст на договорен пункт во северна Газа. Ковчезите, во придружба на војската, биле пренесени преку границата и се испратени на форензичка идентификација.Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, на Фејсбук напиша дека „моментално се надгледува спроведувањето на договорот за предавање на телата, како дел од мировниот план за прекин на војната во Газа“.Израелските власти соопштија дека поради непочитување на договорот од страна на Хамас, почнувајќи од денеска ќе дозволат само половина од претходно договорените хуманитарни камиони да влезат во Газа. Исто така, е одложено отворањето на јужниот премин кон Египет, кој требаше да овозможи евакуација на ранетите.

Свет | пред 5 месеци

media-librarysl47erbhktib6ZA9dWo

Прегратки и солзи, последните заложници на Хамас се со семејствата

По точно 738 денови заробеништва, Хамас повеќе не држи заложници. Денеска се ослободени последните живи, како дел од мировниот план за Газа.Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие моменти се појавија и на социјалните мрежи.Мајката на 25 годишен заложник, Ејнав Зангаукер, кој беше ослободен во претходните мировни договори со Хамас, денеска за Тајмс ов Израел изјави:„Сите доаѓате дома – сите! „Војната заврши.“Во следните часови се очекува ослободување и на 250 палестински затвореници и 1.700 лица, кои ги држи Израел, а меѓу нив има и 22 деца.Според израелските медиуми, затворениците се подготвуваат за напуштање на затворот Офер, лоциран на окупираниот Западен Брег.Списокот на ослободените затвореници беше објавен од израелското Министерство за правда во петокот.Во него не се вклучени седумте високи палестински функционери, меѓу кои Марван Баргути и Ахмад Саадат, кои Хамас ги бараше како дел од размената.Десетици семејства од утринските часови се пред затворот да ги пречекаат своите блиски. Според планот, околу 100 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, други ќе бидат депортирани во Газа или Египет, а мал дел ќе биде ослободен во Источен Ерусалим.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrieav61lsa849CmO5O4

(ВИДЕО) Ослободен израелско-српскиот државјанин Алон Охел

Меѓу последните ослободени заложници на Хамас е и израелско-српскиот државјанин Алон Охел. По проверката на контролниот пункт, тој со останатите кои беа во двегодишно заробеништво ќе бидат повторно обединети со своите семејства во базата Реим.На Твитер е објавено и видео на кое Алон е насмен и изгледа добро додека разговара со жена војник.Семејството го чека Алон во базата Реим, а по првите снимки и фотографии од нивниот син, тие не го криеја своето воодушевување. „Сега го видовме Алон, изгледа неверојатно, стои на свои нозе“, рече неговата мајка Едит Охел. Првата група заложници беше ослободена околу 7 часот утрово како дел од мировниот договор меѓу Израел и Хамас.Според извештаите, меѓу ослободените седуммина беа Алон Охел, близнаците Гали и Зив Берман, Матан Ангрест, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања