Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МАКЕДОНИЈА

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Во објава на социјалните мрежи, министерот Александар Николоски истакна дека денешниот бизнис форум во Будимпешта е значаен чекор за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Унгарија. Тој посочи дека новите деловни можности, инвестиции и воспоставената авиолинија Скопје – Будимпешта ќе ја зајакнат билатералната соработка на сите нивоа.„Денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Бесар Дурмиши и претставници на институции од економскиот ресор на Владата како и компании од Македонија присуствувавме на бизнис форумот што се одржува во Будимпешта. Форумот има за цел зајакнување на економската соработка и нови бизнис можности за нашите компании.Македонија и Унгарија бележат одлични економски и пријателски односи, денешниот форум само ќе поттикне директна комуникација и поврзување меѓу институциите од двете земји и компаниите, ќе отвори нови можности за инвестиции, трговија и заеднички проекти.Економските врски, претставуваат клучна алка во зајакнувањето на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и во таа насока остануваме силно посветени на создавање поволна деловна клима, услови за нови инвестиции и развој на долгорочни партнерства.Воспоставување на новата авиолинија Скопје - Будимпешта која започна да оперира од денеска и која е дел од пакетот на нови линии отворени преку финансиската поддршка на Владата и Министерството за транспорт, дополнително ќе ја зајакне соработката во економијата, образованието, туризмот и полесна комуникација меѓу двата народи.Со Унгарија бележиме традиционално пријателство кое претставува силна основа и значаен поттик за натамошно зголемување на билатералната соработка на сите нивоа“, вели Николоски.

Македонија | пред 4 часа

media-libraryid2nkn9987eib45jnNi

Меланија Трамп сакала да го употреби името Македонија, но Грците ја коригирале

Kaко што пренесуваат грчките медиуми, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала.Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во САД, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот и презел соодветни дипломатски чекори за да не се случи тоа, пренесува Greek reporter.„Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историскиот и географски грчки регион, неговата употреба како име за странска држава претставува чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes од Преспанскиот договор, соседната држава мора да се именува како „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти“, пишува порталот.Како одговор, грчките дипломати стапиле во контакт со надлежните институции за да обезбедат официјалните записи и идните комуникации да ја користат точната терминологија.„Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија“, објави грчкиот портал.На самитот во Вашингтон што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, учествува и сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска. Како што соопштија од владината прес-служба, сопругата на премиерот остварила краток разговор и разменла мислења и со Меланија Трамп и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз на гостувањето во Копенхаген, откако Данска славеше убедливо со 4:0, решавајќи го натпреварот во второто полувреме.Иако нашата селекција отпатува со амбиција за позитивен резултат, на теренот тоа не се реализираше. Натпреварот донесе разочарување и за селекторот Гоце Седлоски, кој имаше неуспешно деби на клупата.Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа во поседот и шансите. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, мрежата остана мирна до паузата.Сликата целосно се промени по одморот. Данска поведе само четири минути по стартот на второто полувреме, кога по лоша реакција во одбраната, Дамсгард ја искористи ситуацијата и ја смести топката во голот.Набргу потоа следеше и втор удар. Дамсгард асистираше, а Исаксен прецизно реализираше за 2:0. Македонија не успеа да се консолидира, па истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 3:0.Конечните 4:0 беа поставени по корнер на Ериксен, кога Норгард најдобро се снајде во мешаницата пред голот и ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.Со овој убедлив пораз, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство. Следниот натпревар против Република Ирска ќе биде без резултатско значење, но ќе претставува можност за поправка на впечатокот.

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонецот Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти полицијата во Лесковац.Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.Возачот е обвинет за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти.Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда кои шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

Македонија | пред 4 дена

media-librarynihoti7fm85b7PnUdcB

Македонија и Турција договараат дигитализација на културното наследство и развој на креативните индустрии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој престојува во дводневна работна посета на Република Турција, вчера во Анкара оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион.Љутков и Ерсој ја нагласија подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти, вклучително и дигитализација на културното наследство, развој на креативните индустрии, копродукции, како и унапредување на културниот туризам.Министрите разговараа за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.Соговорниците се договорија во периодот што следува да работат на конкретни заеднички проекти, со цел дополнително зацврстување на пријателството и партнерството меѓу двете земји.На крајот од средбата, Љутков упати отворена покана до својот колега, министерот Ерсој, наскоро да ја посети Македонија.

Македонија | пред 6 дена

1-5

„Да не дозволиме на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање“, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија, и апелираше да не се дозволи ова прашање да се користи како алатка во предизборната кампања во Бугарија.„Со господинот Вајц случајно бевме во истиот воздухоплов којшто се обраќаше на линија Брисел-Виена. Инаку имавме состанок и се што се случуваше јас го антиципирав на тој состанок и му предочив на Вајц дека ќе се случува.Целта е да бидеме влечени во предизборната кампања во Бугарија на оваа тема. Затоа ве молам да не дозволиме да дадеме алиби на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање. Едноставно замолувам да го игнорираме сето тоа, а ние како влада разговараме со нашите пријатели во Брисел, се разбира, аргументираме, се бориме, така што во овој момент, ќе повторам, не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, коишто припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид нашата држава да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот.„Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, поднесе предлог за амандман на својот последен извештај, со кој го доведува во прашање вториот протокол кон Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој самата ЕУ го посочи како дел од Преговорната рамка. Со амандманот 108, Вајц предлага текстот на идната резолуција да биде напишан така што Европскиот парламент ‘ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување’“.Текст што звучи безопасно сам по себе, но зошто е пречка? Протоколот експлицитно наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја завршува фазата на отворање преговори, ќе се одржи дури откако Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав. Протоколот беше усвоен во рамките на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, одржан во Софија на 17 јули 2022 година.Целта на овој текст е да се започнат преговори за пристапување на Северна Македонија без Скопјe да ги исполни своите обврски и пред Бугарите да бидат вклучени во нивниот основен закон. Не може, а да не предизвика загриженост тоа што барањето на Томас Вајц целосно одговара на политиката на северно македонскиот премиер, како и на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, коментира во анализата БГНЕС.Медиумот притоа потсетува дека минатата година, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е поврзана со поранешниот премиер Никола Груевски, покрена постапка за оспорување на вториот протокол.„Нејзината жалба беше прифатена на разгледување од страна на Уставниот суд на Северна Македонија во краток рок. Поповска тврди дека протоколот е во спротивност со Уставот, има неточна правна форма и влијае на прашања поврзани со идентитетот. Сепак, судот не се изјасни за него ни половина година подоцна. Тука се поставува разумното прашање дали известувачот на ЕП сака правната служба на Советот да донесе одлука наместо Уставниот суд во Скопје, така што евентуалната поволна оценка во корист на Северна Македонија би се претставила како ‘европска’ одлука, а не како обид на земја-кандидат да ги заобиколи условите“, пишува БГНЕС.БГНЕС, исто така, потсетува на ставовите на Македонија во врска со процесот на подготовка на минатогодишниот извештај за Северна Македонија, повторно напишан од Томас Вајц, од кој стана јасно дека македонскиот премиер однапред имал доверливи внатрешни информации во реално време за текстовите во документот. Во својот извештај оваа година, Вајц го повторува својот повик „за зајакнување на способноста на ЕУ да дејствува преку воведување делумно гласање со квалификувано мнозинство во областите поврзани со процесот на пристапување, вклучително и со укинување на барањето за едногласност во средните фази од процесот на проширување за одлуки за отворање и затворање на поединечни преговарачки групи и поглавја…“Но, она што многу ги иритира во Софија е амандманот 214, во кој известувачот ја нагласува „обврската на сите земји-членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, како и земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки, брзо да ги спроведат преостанатите пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП)“, додавајќи дека сите законски измени мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди, препораките на Венецијанската комисија и Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ).„Загриженоста на Вајц за спроведувањето на пресудите на ЕКЧП е пофална, но ваквите формулации немаат место во документ чија единствена функција е да ја утврди подготвеноста на Скопје да биде дел од демократските европски држави. На сите им е јасно дека иако земјите-членки не се експлицитно споменати, текстот на Предлогот 214 јасно се однесува на Бугарија и групата случаи на ОМО ‘Илинден’ во ЕСЧП. Неприфатливо е известувач на Европскиот парламент да наметнува обврски на земја-членка или да ја оценува во рамките на извештај за земја-кандидат. Овие текстови се целосно во согласност со реториката на Скопје, со која Вајц ги доведува во прашање веќе договорените елементи на преговарачката рамка, а од друга страна, Северна Македонија не ги почитува препораките на Венецијанската комисија и ЕКРИ“, коментира БГНЕС.Според медиумот, обидот да се заобиколи едногласноста при донесувањето одлуки во врска со процесот на преговори со земја-кандидат, која со години одбива да се придржува до Преговарачката рамка усвоена од неа, е целосно неприфатлив.„Кога Томас Вајц го подготвуваше минатогодишниот извештај за Северна Македонија, ниту еден претставник на Бугарија во европските институции не презеде одговорност за вклучување на формулацијата ‘македонски идентитет и јазик’ во неговата конечна верзија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), за што Европскиот парламент нема надлежност да се изјаснува. Требаше да се гласа на пленарна седница за текстовите излобирани од Скопје да бидат отстранети од резолуцијата. Овој пат, согласувањето со опцијата за ‘компромис’ или целосното повлекување од амандманите отвора врата за непредвидливи и неконтролирани последици, смета БГНЕС.Затоа, медиумот ги повикува бугарските европратеници да не станат соучесници во напорите на Скопје да не ги исполни своите меѓународни обврски „и да ги префрли последиците од сопствената неспособност врз Софија“. Изборната кампања во Бугарија не ги ослободува бугарските европратеници од политичка одговорност, пишува БГНЕС.

Македонија | пред 1 седмица

DSC_0109

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекува животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години.Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, додека најмал родов јаз има во Холандија – 2,8 години.Според поатоците на Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).За жените, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 години во 2024 година, додека за мажите бил 78,9 години.На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години.Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североизточен (75,4 години). Другите 2 беа Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓароржаг во Унгарија (75,1 години).Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање за жените во ЕУ достигна 84,1 години (зголемување за 0,1 година во споредба со 2023 година), додека за мажите беше 78,9 години (+0,2 години). Ова укажува дека се очекува жените да живеат 5,2 години подолго од мажите.Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ. Во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, по што следуваат Литванија (8,6 години) и Естонија (8,4 години). Најмали родови јазови има во Холандија (2,8 години), Шведска (3,1 година) и Ирска (3,4 години).Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Северна Македонија за 2024 година, додека според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години.Очекуваната должина на животот при раѓање бележи раст од 1,3 години, споредено со периодот 2021-2023 година кога изнесувал 75,32 години и 2,2 години споредено со периодот 2020-2022 година.Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години. 

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg7nvdb6p6g4e1ZP9Tjs

Пленковиќ по средбата со Мицкоски: Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.Пленковиќ на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.Мило ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива - напиша Пленковиќ.Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

49-годишен македонски државјанин е фатен во Грција како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час на автопат каде ограничувањето е 110 километри на час.Според грчките медиуми, инцидентот се случил на автопатот Солун-Евзони, на патот што води кон граничниот премин кон Македонија. Возачот се движел со двојно поголема брзина од дозволената, што ја класифицира постапката како сериозно прекршување на сообраќајните правила.Од Државната телевизија ЕРТ соопштија дека на мотоциклистот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.Генералната регионална полициска дирекција на Македонија објави и фотографии на социјалните мрежи, прикажувајќи го радарот што ја регистрирал брзината, како и самиот мотоцикл на уапсениот.Инцидентот го истакнува значењето на придржување кон ограничувањата на брзината, особено на автопатите каде сообраќајот е интензивен и опасен.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryruib61v27knl2ia6VUx

109 македонски државјани евакуирани со трет организиран лет од Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера информираше дека успешно е евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот ИстокВечерва на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот.Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.Безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.

Македонија | пред 2 седмици

ohridsko-ezero

Од 17 март нов директен лет меѓу Охрид и Братислава

 Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава.Од Амбасадата посочуваат дека директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.Воедно, се додава во објавата, новата авио-линија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.Воведувањето на новата авио-линија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава Ивета Хрицова на средба во Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

voz

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија станува реалност до 2030 година

На 4 март 2026 година, во Министерството за транспорт и врски на Република Бугарија, амбасадорката на Северна Македонија, Агнеза Руси Поповска, оствари средба со бугарскиот министер Корман Исмаилов. На средбата беа разменети информации за текот на реализацијата на инфраструктурните проекти долж коридорот 8, при што двете страни ја потврдија посветеноста за воспоставување на железничка врска меѓу Северна Македонија и Бугарија, како стратешки проект, до крајот на оваа декада.Соговорниците го поздравија ратификувањето од страна на парламентите на двете земји на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој се смета за клучен чекор што овозможува реално започнување на активностите. Следната фаза предвидува формирање на Заеднички комитет, предводен од заменик-министрите за транспорт, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идното работење на објектот.Воедно, беше истакната конструктивната соработка меѓу ресорните институции на Северна Македонија и Бугарија, како важен предуслов за непречено спроведување на проектот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymd7am7jdkk7eehxhSPW

Србија ја смести Хрватска како незбезбедна за патување, Македонија останува безбедна

Министерството за надворешни работи на Република Србија апелираше до сите граѓани кои планираат патување во странство однапред да добијат детални информации за безбедносната состојба во земјите на дестинација или транзит.За да се избегнат непријатности и потенцијални ризици, ажуриран семафор - совет за патување е достапен на официјалната веб-страница на Министерството.Според степенот на безбедност, сите земји се класифицирани во четири категории со кодови на бои, од зелена, што означува низок ризик, до црвена, што претставува сериозно предупредување за патниците.Целта на овие препораки е, како што е наведено, граѓаните да бидат навремено информирани за сите предизвици, без разлика дали станува збор за политичка нестабилност, здравствени ризици или општа безбедност.Властите нагласуваат дека проценката на безбедносните ризици редовно се ажурира во согласност со случувањата на глобално ниво и советуваат проверката да се изврши непосредно пред заминување.Србија ја смести Хрватска како незбедбедна земја за патување, односно, на граѓаните им се препорачува да патуваат само ако мораат.додека Албанија е дозволена за патување, но со дополнителни мерки на претпазливост. Бугарија е безбедна исто како и Грција. Според семафорот, безбедни се и САД и Турција. Патување не се препорачува во Израел. Според проценките на српското министерство, Македонија е безбедна за патување.

Свет | пред 3 седмици

mnr-696x316

Денес ќе се евакуираат македонските државјани од Израел, во следните денови започнува евакуацијата од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт преку Саудиска Арабија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.„Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел.Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ. Министерството останува во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање“, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfptj8pcjs80s1AaZxQs

Вкупно 632 македонски државјани побарале евакуација, бројката во Абу Даби континуирано се зголемува

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека заклучно со денес, вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.„Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројката во Абу Даби континуирано се зголемува и во моментов изнесува околу 477 лица.Во однос на македонските државјани во Израел, бројката останува непроменета. За дел од нив (вкупно 6 лица), со посредство на Министерството е завршена евакуацијата и тие одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да заминат кон Скопје. Останатите шест лица, кои изразиле подготвеност за евакуација, во текот на денот ќе бидаѕ транспортирани по копнен пат од Израел во Египет, со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва. Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје.Во делот на македонските државјани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби, во координација со надлежните институции, е во фаза на финализирање на техничките и логистичките детали за организација на чартер-летови. Целта на Министерството е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да обезбеди неколку чартер-летови за евакуација на пријавените лица.Истовремено, нашите дкп-а прават и посебен план за евакуација на граѓаните кои се во Бахраин и Кувајт.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да контактираат со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС бројот на Министерството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Македонија на листата на земји каде може да се „купи“ државјанство со инвестиција

Порталот „International Living“ објави анализа за земјите во светот каде странци можат да добијат државјанство, односно пасош, преку инвестиција, а на листата се споменува и Македонија.Станува збор за таканаречени програми „државјанство преку инвестиција“ (Citizenship by Investment – CBI), кои им овозможуваат на странски државјани да станат граѓани на одредена земја доколку инвестираат средства или донираат во економијата на таа држава.Според анализата, интересот за вакви програми значително се зголемил во последните години, особено кај богатите поединци кои бараат „план Б“ – можност за слободно патување, преселување или заштита од политички и економски ризици.Авторите објаснуваат дека за да се добие пасош од друга држава, најпрво мора да се стекне државјанство. Иако повеќето држави не ја поддржуваат продажбата на државјанство, одредени земји сепак нудат вакви програми како начин за привлекување инвестиции.Првата ваква програма била воведена во 1984 година во карипската држава Сент Китс и Невис, по што слични шеми почнале да применуваат и други земји, главно како начин за обезбедување приходи без зголемување на даноците.Денес, пазарот на „пасоши преку инвестиција“ е глобална индустрија вредна милијарди долари, а најчести причини за интерес се поголема слобода на патување, безбедност и можност за диверзификација на имотот.Во анализата се наведува дека овие програми обично бараат инвестиција во недвижности, бизнис или директна донација во државен фонд, а повеќето земји спроведуваат строги проверки за потеклото на средствата на апликантите.

Магазин | пред 3 седмици

avion

Србија евакуираше граѓани од Израел, меѓу нив и Македонци

Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници ноќеска слета во Белград, откако претходно полетал од египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик, каде биле пренесени луѓе евакуирани од Израел поради безбедносната состојба во регионот.Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле извлечени од подрачјата погодени од воените операции.Државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи Дамјан Јовиќ изјави дека државата има обврска да се грижи за своите граѓани во сите околности, поради што бил организиран евакуацискиот лет за луѓето кои се нашле во воената зона.Тој нагласи дека, иако станува збор за хуманитарна операција, со оваа акција Србија испраќа порака за солидарност и соработка со соседните држави, бидејќи во евакуацијата биле вклучени и нивни граѓани.Евакуацијата била организирана така што луѓето прво биле извлечени од Израел и пренесени до Египет, а потоа со авион биле транспортирани во Белград.Министерството за надворешни работи на Србија најави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и, доколку е потребно, ќе организира нови евакуации на граѓани од регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-library6a4o7esrff7525UIBLc

Белгија ја разгледува и Македонија за трансфер на затвореници: Над 600 затвореници спијат на под, Брисел бара затворски капацитети во странство

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји во кои би можеле да префрлат дел од затворениците поради сериозната пренатрупаност на затворските капацитети, јавуваат медиумите повикувајќи се на Бугарската телеграфска агенција.По прелиминарните разговори со Албанија и Косово, на списокот се додадени и Македонија, Естонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Литванија. Станува збор за можност за трансфер на осудени лица, пред сѐ странски државјани, во објекти надвор од Белгија.Според официјалните податоци, повеќе од 600 затвореници во Белгија спијат на под поради недостиг од простор. Во земјата во моментов има околу 13.000 затворени лица, иако официјалниот капацитет на затворите изнесува 11.000 места. Од вкупниот број, 4.400 се лица со нерегулиран престој.Белгиската влада нагласува дека ќе разгледува договори за трансфер само доколку се обезбедат пристојни услови за издржување на казната и целосно почитување на човековите права. Во извештаите се наведуваат и потенцијални проблеми во некои од земјите што се разгледуваат, вклучително и недостиг од основни услови, несоодветно греење и ограничено време што затворениците го поминуваат надвор од ќелиите.Министерката за азил и миграција, Анлин Ван Босујт, во интервју за Еуроњуз во Брисел изјави дека Белгија ја разгледува „секоја можна опција“, вклучително и изнајмување затворски капацитети во странство за странски државјани осудени за кривични дела.Таа неодамна ги посетила Албанија и Косово за да ги испита можностите за ваква соработка, како дел од поширок пакет антимиграциски мерки што ги подготвува белгиската влада.

Македонија | пред 4 седмици

media-library82d3iife582qbXD4lG4

(Видео) Нема зошто да се грижиме во моментов, имаме резерви и систем за рано предупредување, рече Сиљановска по Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Совет за безбедност на Македонија соопшти дека институциите располагаат со информации за растечкиот број македонски државјани кои се наоѓаат во регионот погоден од безбедносната криза и дека тие се во постојан контакт со надлежните органи.Таа истакна дека, по апелот на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, граѓаните се јавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и се регистрираат со цел да бидат евидентирани за евентуална евакуација. Формираниот кризен центар во рамки на Министерството, како што нагласи, е во континуиран контакт со сите пријавени лица.Претседателката посочи дека главната причина за загриженоста кај граѓаните е затвореното воздушно пространство во дел од земјите во регионот, што го отежнува нивното враќање. Во одредени случаи, како што наведе, се разгледувале и алтернативни решенија, вклучително и бродски превоз, но и тие можности во моментов се ограничени. Сепак, според неа, сите македонски државјани се згрижени, безбедни и во постојана комуникација со Министерството, кое работи на изнаоѓање најбрзо и најсоодветно решение за оние кои сакаат да се вратат во земјата.Во однос на внатрешната безбедност, Сиљановска-Давкова изјави дека врз основа на податоците од Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и од Началникот на Генералштабот, состојбата може да се оцени како стабилна и безбедна. Таа нагласи дека во моментов нема закани по внатрешната безбедност, ниту индиции за нестабилност.Претседателката информира дека постои функционален систем за рано предупредување, заснован на координација меѓу сите надлежни институции, кои постојано ги следат и анализираат воените и безбедносните случувања во регионот. Редовно се врши проценка на ризиците, а институциите остануваат обврзани да продолжат со ваквиот пристап.Таа додаде дека земјата е во координација со партнерите од регионот, како и со сојузниците во рамки на НАТО, нагласувајќи дека регионалните информации ќе бидат споделени на соодветните форуми.Освен безбедносниот аспект, на седницата биле разгледани и можните економски импликации, вклучително и прашањето на снабдување со енергенси. Претседателката посочи дека интерконекторот со Грција е во функција, а законските обврски за резерви на нафта од 40 до 90 дена се исполнети. Врз основа на презентираните податоци, таа изрази уверување дека во моментов нема причини за дополнителна загриженост.

Настани | пред 4 седмици

media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

По иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува дека е против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа.Одлуката беше усвоенана седница на Советот, откако советниците од Македонска алијанса за европска интеграција побараа точката да биде ставена на дневен ред. Како што наведоа, иницијативата произлегува од загриженост за можните еколошки последици, влијанието врз туризмот и долгорочниот развој на регионот.На денешната пресконференција, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај беше прашан дали на денешните средби ги начнале овие теми за последните случувања во Пустец и дали конкретно имале некаква консултација со Македонците во Албанија во насока на овие случувања таму.„Ние ги третираме малцинствата  со посебен закон и им се заштитени сите права што им следуваат со него“, рече Бегај додавајќи дека тоа што ќе се гради таму камп за мигранти не значи неоходно и дека ќе бидат сместувани. Според него кампот е дел од договорот со ФРОНТЕКС за обезбедување на капацитети при евентуален мигрантски наплив, но дека Албанија прави се да спречи доаѓање на илегални мигранти во земјата.„Се работи за прашање во надлежност на албанската влада. Се разбира, јас третирајќи ја Албанија како демократска држава, очекувам исто така да ги консултира граѓаните, но исто така со хомологот, да ја информира нашата влада евентуално за решенијата или за проблемите со кои се соочуваат. Не се работи за претседателска надлежност, меѓутоа токму како што рече претседателот Бегај, во духот на почитувањето на правата на малцинствата, во духот на почитувањето на демократските начела, во духот се разбира на почитувањето и на правата на локалната самоуправа, очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение“, изјави Сиљановска

Македонија | пред 1 месец

media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

Детали како марихуаната спакувана во над 200 кутии стигнала од Македонија до Србија

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во неутврден период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година, се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана. Секој од членовите на групата имал јасно определена улога при преземање, држење и пренесување на наркотичната дрога марихуана, заради нејзина понатамошна неовластена продажба. Двајца од осомничените, за кои српското обвинителство за организиран криминал води постапка, заеднички и по претходен договор со првоосомничениот во овој предмет кој е сопственик на правно лице од Скопје, како и со други неидентификувани лица, организирале набавка на наркотична дрога марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Република Северна Македонија до Република Србија со товарни возила, заради натамошна продажба.Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација.Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со ПМВ, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.На 14.01.2026 година, во 03:41 часот, товарното моторно возило се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk7figlkgcm3jfKa8txv

Муцунски телефонски и честиташе на новата бугарска министерка за надворешни работи, иницирана билатерална средба

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Македонија | пред 1 месец

makedonija-sad

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави: „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ. Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија. Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе  е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања