Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МАКЕДОНИЈА

ohrid-Andrej

За “Гардијан”, Македонија е „дивиот исток”: Кои препораки ги добива светот ако патува кај нас

Британскиот весник „Гардијан“ објави текст за патувањата на Балканот, кој го нарече „Дивиот Исток“. Во текстот беа претставени пет земји и нивните туристички потенцијали. Меѓу нив се најде и Македонија, која ја опишува како планинска, но зелена балканска земја.Текстот на Гардијан го пренесуваме во целост.„Завршивте со Шпанија, Италија и Грција? Овие земји нудат спектакуларни пејзажи, недопрени места за капење, антички градови – и пристапни цени.Црна ГораСо Јадранот на југ и планинските масиви на север, Црна Гора е добро место едноставно да го комбинирате одморот на плажа со поактивен одмор. Плажата е центрирана на средновековниот град Будва, кој има песочен и каменест брег долг 35 километри. Скадарското Езеро, најголемото во јужна Европа, е оддалечено околу еден час возење и е совршено за пловење со чамци меѓу водени лилјани и далматински пеликани.Заливот Бока Котор кој наликува на фјорд, кој е заштитен од УНЕСКО и опкружен со планини, исто така не може да се пропушти. Околу неговото крајбрежје има неколку средновековни градови, бројни цркви и манастири. Туристите можат да го посетат барокниот град Пераст, како и островот Госпа од Шкрпјела. Во градот Котор, 1.355 скалила водат до тврдината Свети Иван, со спектакуларен поглед.Упатувајќи се кон север, знаменитостите вклучуваат мавзолеј на планината на владетелот Петар II Петровиќ Његош од 19 век, потоа Цетиње, поранешната престолнина, и манастирот Острог, кој е изграден во карпа.Тука е и Националниот парк Дурмитор со своите шуми, езера и планини, кои се крајна дестинација за авантура на отворено во Црна Гора. Жабљак, највисокиот град на Балканот (1.456 метри), е исто така добра база. Посетителите можат со зиплајн низ кањонот Тара длабок 1,3 километри, да одат на рафтинг на реката Тара и да пливаат во Црното езеро.КосовоКосово прогласи независност од Србија во 2008 година и останува главно неоткриена туристичка дестинација, можеби сè уште поврзана со едногодишната војна во 1998 година. Но, денес тоа е безбедно место за патување, со малку гужви и ниски цени.Без излез на море Косово се состои од две големи рамнини опкружени со планини со 50 врвови повисоки од 2.000 метри. Ова значи одлично пешачење, јавање и скијање.Со оглед на тоа што нема море, популарно е пливањето во природни базени - слаповите на Мируша имаат кањони, пештери и 13 езера.Приштина, главниот град, и Призрен, вториот град, имаат добар ноќен живот. Ова делумно се должи на фактот што оваа балканска земја ја има најмладата популација во Европа - повеќе од 65 проценти од луѓето се на возраст под 30 години. Овие два града имаат и многу џамии, музеи и споменици.Главните знаменитости вклучуваат четири манастири и цркви под заштита на УНЕСКО - Дечани, Пеќ, Грачаница и Љевиш, потоа светилиштето за мечки, кое е дом на европските кафеави мечки спасени од заробеништво од хуманитарната организација „Четири шепи“ и пештерата Гадиме, полна со кристализирани сталагмити и сталактити.СловенијаСловенија има шармантен главен град - планини, езера и шуми, врвни вина, па дури и мал дел од брегот.Љубљана, компактен главен град, е изграден околу реката Љубљаница, со барокни и хабсбуршки згради на двата брега. Градот има и замок на врвот на ридот, уметнички галерии, театри и музеи (со единствениот целосен скелет на мамут во Европа во Природонаучниот музеј), иконична архитектура од 20 век од Јожа Плечник и пошумениот парк Тиволи.Во северозападниот дел на земјата, главни атракции се спектакуларното езеро Блед и езерото Бохињ. Од другата страна на планините, помалку посетената долина Соча нуди планинарење, рафтинг и кајак во лето, а скијање и сноуборд во зима.Одејќи кон југ, мора да се видат пештерите Постојна и Шкочјан и замокот Предјам, изграден во влезот на пештерата. Пиран е град со разгледници на брегот, со италијанска архитектура која го одразува вековното венецијанско владеење.Источна Словенија е винска земја - живиот Марибор, вториот град, може да се пофали со најстарите лози во светот - и е добар избор за престој на фарма.Птуј, најстариот град во Словенија, е убаво место за еднодневно патување.Босна и ХерцеговинаУште една земја поврзана со војните во 1990-тите, Босна и Херцеговина. Главниот град Сараево е споредуван со Истанбул или Ерусалим, поради неговиот стар град, Башчаршија, полн со чаршии, џамии и ресторани. Но, поновата историја не е заборавена, па можете да ги посетите Историскиот музеј и музејот „Тунел на спасот“, кои ја раскажуваат приказната за четиригодишната опсада во која загинаа 10.000 луѓе во 1990-тите.Мостар, на југ, е втората најголема атракција, познат по својот прекрасен Стар мост - посетителите можат да скокнат од него ако се осмелат.Помалку туристички (и подолг) е мостот Арсланагиќа во прекрасниот град Требиње на крајниот југозапад.Други познати градови се Травник, поранешниот османлиски главен град и Јајце со својот спектакуларен водопад.Рафтингот е популарен од март до октомври; Еден од најдобрите региони за рафтинг е околу градот Бихаќ, погоден за брзаците на реката Уна. Други активни опции вклучуваат повеќедневни пешачење во Националниот парк Сутјеска, ноќевања во планински колиби и 10-дневна планинска велосипедска патека TransDinarica од Мостар до Сараево.Во зима, скијањето е достапно во Бјелашница и Јахорина, јужно од Сараево.МакедонијаМакедонија е планинска, но зелена балканска земја. Иако можеби нема излез на море, таа е благословена со езера, од кои најпознато е Охридското Езеро. Тоа е едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но ги има и Преспанско, Дојранско и повеќе од 50 помали глацијални езера.Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, е најголемата атракција, опкружено со антички манастири, барови на плажа и рибни ресторани. Активностите вклучуваат возење велосипед, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се наоѓаат живописни рибарски села.Скопје, главниот град, е помалку атрактивен, но го задржува својот османлиски центар, плус модерните додатоци како што е Музејот на современа уметност.Националниот парк Маврово, каде се наоѓа и Мавровското езеро, е дом на мечки, волци и рисови, нуди планинарење, возење велосипед, јавање коњи, пливање во лето, а скијање во зима. Тука е и живописниот манастир Св. Јован Бигорски од 11 век. Други национални паркови се Галичица која се наоѓа помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и Пелистер, планина со две езера“, пишува Гардијан.

Магазин | пред 3 години

pasosi-1

Започна проектот за мобилно издавање на патни исправи во Кина

Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава.Од Министерството за надворешни работи информираат дека со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин.Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.

Македонија | пред 3 години

lavrov

MНР реагираше на изјавата на Лавров за Македонија

Во врска со интервјуто на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров во кое се споменува Република Северна Македонија во неприфатлив контекст, реагираа од македонското Министерството за надворешни работи од каде преку соопштение го посочуваат следното:„Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава.Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани.Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи.Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина.Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи.Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови.Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин“, се потенцира во соопштението од страна на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

lavrov

Лавров: Западот прави обид Македонија да стане „инструмент“ во антируската игра

Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир.Рускиот министер за надворешни работи испрати сериозни дипломатски пораки до двете балкански држави кои се зачленија во НАТО Македонија и Црна Гора. Ги нарече инструмент во антируската игра на западот кој премногу ветувал особено на Македонија.-Сега има огромна разлика меѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија, и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ, НАТО. Тоа е обид да ги направат „инструменти“ во антируската игра. Тоа, исто се обидоа да го направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави Сергеј Лавров за „Асоцијација Наше Кино“.-(Државата) стана Северна Македонија за тоа, за да влезе во ЕУ (каде тоа не помина и нема да биде прифатено наскоро иако е решено прашање). Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да потпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, додава рускиот министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

1-5

„Протоколот на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел“, вели Европското движење во Македонија

Европското движење во Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија. Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!),е наведено во соопштението.„Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла“, појаснувааат од Европското движење.„Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура – како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг – и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес“, пишува во реакцијата од Европското движење.Го поздравуваат, како што велат, итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак, додаваат дека Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

cnjreagerhgetehg-197258

„Францускиот предлог не нуди можност за започнување на преговорите со ЕУ“, тврди Морачанин

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за Новатв.мк„Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, додава МорачанинЦелото интервју прочитајте го на novatv.mk.

Македонија | пред 3 години

IO1

НСДП: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка

НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор дискутираше за актуелната политичка состојба во државата, со посебно внимание за билатералниот спор со соседна Република Бугарија и јасно ги утврди ставовите на партијата во врска со билатералниот спор.„За НСДП спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Северна Македонија.Република Северна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив.За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат  нови барања, надвор од преговарачката рамка.Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Северна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Северна Македонија“, велат од НСДП

Македонија | пред 3 години

rtdzrtdzrtdzrdz-347630

(ФОТО) Македонски автомобил падна во море во Грција

Автомобил со скопски регистарски таблички падна вo море во Неа Каликратија, Грција.На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачно, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

borel-2

Борел: Разочаран сум, но се уште има надеж, не знам што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази разочарување што ветото на Бугарија против северна Македонија нема да падне денеска.„Денес моравме да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија. И не можам да го сокријам моето разочарување, што секако е разочарување за многу повеќе луѓе. Се уште има надеж – не знам што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови. Но, работите не одат добро. Ова уште еднаш покажува дека едногласноста е голем проблем во одлучувањето“.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети: До крајот на месецов ќе се најде решение за спорот со Бугарија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.„Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.„Во моментот францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќ деоведе до избувнување секакви искри“, додава Ахмети.

Македонија | пред 3 години

236452684_364139681964655_2526535282062383769_n

Возачите во Србија, Македонија и Албанија наскоро ќе плаќаат патарина со еден уред

Возачите наскоро ќе плаќаат патарина по електронски пат, со еден уред ТАГ, во трите земји – Србија, Македонија и Албанија.Ова треба да биде уште едно олеснување иницирано на последниот самит „Отворен Балкан“ што се одржа на почетокот на јуни во Охрид. Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона, пишува српски Блиц. Отворениот Балкан „електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.„Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута“, бјаснуваат во „Патишта на Србија“.Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.„За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона“, велат во „Патишта на Србија“.Додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите. Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

Македонија | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска

Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.Нема отпосле.Има во секој момент.Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев: Францускиот предлог е мачка во вреќа

„Францускиот предлог, без содржината на патоказот или протоколот споменат во него, е мачка во вреќа“. Ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз.Тој рече дека неколку работи оставиле впечаток во францускиот предлог.„Во целиот предлог единствено што е имплицитно поправено е прашањето за правата на Бугарите во Р. Македонија и промената на македонскиот устав. Односно ова е точката плус 1 од спорните 4 + 1 точки кои остануваат за преговори меѓу Скопје и Софија. Во целата содржина ќе видиме дека нема поими како општа историја, воспитно-образовен процес, архиви на тоталитарните служби во Македонија и ред други прашања кои конкретно беа споменати во условите 4 + 1 поставени од Бугарија“, рече Колев.Тој нагласи дека за него францускиот предлог е мачка во вреќа бидејќи „не може да разбере како бугарските пратеници ќе гласаат за еден документ кога овој документ е упатување на друг документ, чија содржина се уште никој не ја знае“.„Не можам да кажам дали некој се обидува да потпише бланко чек или бел лист без јасна содржина, што утре ќе бидеме крајно изненадени што ќе видиме внатре. Ако работите останат вака, без јасни гаранции за расчистување на контроверзните прашања во историјата, без јасни гаранции за промена на образовниот систем, се надевам дека сфаќате со какви нецивилизирани, нечовечки и неморални избори се соочуваат македонските Бугари. Треба да избереме дали ние и нашите деца сме Бугари или нашите дедовци се Бугари. Се надевам дека бугарското општество ќе сфати за каков вулгарен и нецивилизиран пристап е ова“, предупреди Петар Колев.

Македонија | пред 3 години

25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

„Престанете сами да преговарате и да го криете предлогот, оти не е ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата“, вели Трајковска

Најдобро е само да престанете сами да преговарате и да го криете предлогот/предлозите оти не ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата, а немате никаково право да зборувате и во мое име, а не па да се согласувате за било што, вели новинарката Жанета Трајкоска.„Решението мора да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; МОРА да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот;.... Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти...КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИНедозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговорите (преку Преговарачката рамка)Бугарија мора да се обврзе дека нема дополнително да отвора нови прашањаНе смеат да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту какви и да е дополнителни појаснувања, изјави, итн.Текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.Не смее да се прифати менување на Уставот како услов за почеток и текот на преговорите.Барањата за правична застапеност и јазични права можат да произлегуваат единствено од пописот.Секаква изјава со која Северна Македонија би го негирала постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија би била спротивна на меѓународните принципи на правата на малцинствата и сериозно би го нарушила дигнитетот на државата.Итно спроведување на пресудите на ЕСЧП за македонските организации во Бугарија би бил не само знак на добра волја од страна на Бугарија, туку и извршување на нејзини дамнешни меѓународни обврски.Апсурдно е признавањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија во услови кога Бугарија го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Обидот бугарското барање за промена на Уставот да дојде преку Брисел е спротивен на принципите на ЕУ.Да се спречи злоупотреба на историското минато за етнополитички цели... Антифашистичката димензија на споменичните обележја мора да се зачува, бидејќи е суштински дел од македонската државност.Спречување на говорот на омраза од двете страни гарантирајќи ја слободата на изразувањеРаботата на историска комисија ослободена од диктат и без ограничување со рокови“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

idiot-3

„Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл“, Димитров по францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ.Предлогот на француското претседателство, смета екс министерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

predlog-makedonski-aa

Kако гласи формулацијата за македонски јазик во преговарачката рамка на Македонија

По реакциите во јавноста околу именувањето на македонскиот јазик во предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, со наводи дека стои само придавката „македонски“ и недостига зборот „јазик“, проверката на преговарачките рамки за Хрватска (земја-членка на ЕУ) и за Србија (земја-кандидат) покажува дека нема каква било разлика, односно јазиците на овие земји биле именувани на идентичен начин кога тие ги почнуваа преговорите за членство во ЕУ, пишува 360 степени.Во сите три документи: оној за земјава и документите за Хрватска и за Србија, се користи иста формулација околу именувањето на јазиците. Таа гласи:„Северна Македонија (Хрватска, Србија) ќе треба да изготви превод на acquis на македонски (хравтски, српски) во соодветно време пред пристапувањето и ќе треба да обучат доволен број преведувачи неопходни за соодветно функционирање на институциите на ЕУ во моментот на пристапување“.Еве како гласи формулацијата за македонски јазик во предлог-преговарачката рамка на С. Македонија:фото: Принтскрин/360Eве ја формулацијата за хрватскиот јазик во Преговарачката рамка на Хрватска:фото: Принтскрин/360Eве ја формулацијата за српски јазик во Преговарачката рамка на Србија:фото: Принтскрин/360

Македонија | пред 3 години

oliver-varhei

Kако што Грција и Македонија го надминаа нивниот спор, очекуваме Бугарија да го направи истото, вели Вархеји

Денес како што ја славиме четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, важно е да се нагласи дека како што Грција и Македонија можеа да го надминат нивниот спор и да го решат со заеднички договор, очекуваме Бугарија да ги зајакне нејзините напори и да го направи истото, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео обраќањето на панелот „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува во ОхридВархеји нагласи дека Западен Балкан припаѓа во Европа и лидерите на ЕУ едногласно ја изразија поддршката за европската перспектива на регионот и оти соработка со западнобалканските партнери е геополитички избор на ЕУ.– Ова се тешки времиња за нашите економии, прво се соочуваме со пандемијата со Ковид-19 после се соочивме со руската воена агресија во Украина. Последиците од војната се видливи и пошироко во регионот. Високите цени на енергенсите се предизвици со кои се соочуваме глобално. Ве уверувам дека Западен Балкан останува наш приоритет, ова е причината поради која го вклучивме Западниот Балкан во нашите политики за олеснување на криире со гас и храна. Ќе ја намалиме зависноста од руските фосилни горива, на пример со учество на европската енергетска платформа, исто така го вклучивме Западниот Балкан и за подговеноста за криза со храна, за да координираме за достапноста на храна, истакна Вархеји.Еврокомесарот рече и дека инвестицискиот план за Западен Балкан ќе мобилизира над 30 милијарди евра во следните седум години, со цел, како што рече, за да се зголеми БДП на регионот на два проценти, и ќе се забрза интеграцијата.– Имплеменатацијата на планот е во полн ек, веќе ги подготвивме првите 21 инвестициски планови со вкупна вредност од 3,2 милијарди евра и 1,1 милијарди евра грантови преку ИПА фондови. Веруваме дека со забрзувањето на економскиот инвестициски план се движиме во вистински правец за зајакнување на конективноста за зајакнување на нашите економи позелени и подигитални и така ќе се намали зависноста од руските фосилни горива и ќе се спротивставиме на дезинформациите во регионот. Отвораме можности за младите и жените во општеството за нашите земји и општества да бидат поотпорни, рече Вархеји во видео-обраќањето на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Македонија | пред 3 години

netherlands_-_windmill

Хаг го поддржува почетокот на преговорите со Албанија и Македонија

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и Македонија за ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска.Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија.Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет за Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите.Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.Рут сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што можат за да го одржат стабилен Западен Балкан и да најдат решение за проблемите во регионот, особено во Македонија и Бугарија.

пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

lavrov

Македонија забрани авионот на Лавров да го користи воздушниот простор на земјата

Од Министерството за надворешни работи во Скопје за Радио Слободна Европа (РСЕ) потврдија дека Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград.Барањето на руската амбасада е испратено и покрај тоа што Македонија воведе воздушни санкции кон Русија на 28 февруари, по инвазијата на таа земја врз Украина, која започна на 24 февруари.Лавров заедно со рускиот претседател Владимир Путин е на списокот со санкции во многу западни земји поради инвазијата на Украина. Единствените земји во кои можат да патуваат во Европа се Белорусија, Молдавија, Србија и Босна и Херцеговина.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Бугарија со протестна нота до Македонија заради пожарот во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски по повод пожарот во раните утрински часови на влезната врата на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола.„На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа високи претставници на Република Бугарија. Бугарската страна е убедена дека неславниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија.Министерката Теодора Генчовска денеска и утре престојува во Република Северна Македонија на разговори за евроинтеграциите на нашиот југозападен сосед и во рамки на посетата ќе ја посети Битола за да се запознае со околностите околу инцидентот со Центарот за култура „Ванчо Михајлов“.Министерството за надворешни работи силно ги повикува властите на Република Северна Македонија да преземат решителна акција за итно откривање и гонење на сторителите на подметнувањето пожар и навремено да ја информираат бугарската страна.Бугарската страна ја поздравува брзата реакција на властите во Република Северна Македонија, кои најостро го осудуваат инцидентот и се залагаат за итна истрага и казнување на сторителите“; се вели во соопштението на бугарското МНР.

Македонија | пред 3 години

putin124

Русија планира да воведе визи за „непријателските земји“ како Македонија

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.-Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“ – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија.-САД и нивните сојузници очигледно објавија тотална хибридна војна против Русија – рече тој.Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Морбилите можат да бидат смртоносни, вакцините единствена превенција од заразување

Вакцинирањето против морбили во Македонија започнало во 1972 година, кога е воведена како редовна заштита за децата од 13-месечна возраст. Во 1987 била воведена ревакцина на седум-годишна возраст само со вакцина за морбили, а во 1997 година била воведена ревакцина со МРП. Недоволно заштитени има од сите генерации, меѓунив голем број деца кои воопшто не добиле вакцина. Епидемиолозите коментираат дека се смета оти голем дел од родените пред 1971 години ги прележале овие сипаници и се заштитени.Од малите сипаници има и починати, а меѓу нив деца и бебиња.Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, вели дека малите сипаници може да дадат тешка клиничка слика, како воспаление на белите дробови, воспаление на мозок, тешка дијареа и во одредени случаи и смрт.„Од Центарот за јавно здравје добивме информација за шест заболени лица, од кои три се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а три се на домашно лекување. Од овие, само три се лабараторски потврдени, а во тек се наодите и за другите заболени, но клиничката слика укажува дека станува збор за мали сипаници. Сите деца кои се заразени со оваа болест не биле вакцинирани, а возрасниот пациент е со непознат вакцинален статус“, рече Микиќ за СДК.мк.Се смета дека две дози на вакцина против мали сипаници овозмозуваат висок заштитен ефект кај вакцинираните лица и затоа и Светска здравствена организација препорачува најмалку две дози на вакцина за заштита од заболувањето. Законската и подзаконската регулатива во оваа област во Република Македонија исто така предвидуваат давање на две дози комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и заразни заушки, кај децата на возраст од полни 12 месеци (прва доза) и на 6-годишна возраст (втора доза).Се смета дека вакцинираните лица пред многу години или децении се во поголем ризик да заболат отколку лицата кои примиле една доза вакцина во последните неколку години, бидејки со тек на време можно е да настане т.н. трошење односно намалување на имунитетот, или заштитниот ефект на вакцината.Кога ќе нападнат сипаниците, првите знаци на инфекција обично се висока температура и симптоми на настинка, како течење на носот. По неколку дена се појавува исип, обично прво на лицето и на вратот, а потоа по телото.Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации, па и да бидат фатални кај организми со слаб имунитет. Тие се шират преку директен контакт и по воздух, преку кашлица и кивање. Се сметаат за лесно преносливи. Кај 20 отсто од случаите се случува воспаление на белите дробови, или морбилиозна пневмонија. Ако таа не се лекува навреме, може да се искомплицира и поради друга бактериска инфекција. Морбилите може да предизвикаат морбилиозен енцефалитис, или воспаление на мозокот.Зошто се појавуваат морбили, иако има вакцина?Одговорот е едноставен, бидејќи има родители кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани. Неверојатно, но точно Во последниве години се јавија толку антивакцинациски пропагандисти кои доведоа да родителите имаат страв од вакцинација на своите деца. Се разбира дека тоа анатемизирање на овој процес доведе да Македонија биде вратена наназад во времето место да одиме напред. Но според сето онаа што го докажаа светските студии воопшто нема никаква потреба од стравување од вакцинацискиот процес.Како се препознаваат сипаниците?До пред неколку децении, ова беше многу распространета заразна болест, но сега ретко се гледа. Високата температура, карактеристичниот осип на кожата и карактеристичниот израз на лицето на детето како пластична маска брзо доведуваат до дијагноза. Нормална е консултација со инфектолог и доколку се потребни додатни испитувања, но сепак искуството кажува и обично ја потврдува дијагнозата.Каква е моменталната состојба?Епидемијата во градинката во Радишани минатата недела ги крена на нозе првите луѓе во здравството. Тие итно, за три дена ги прочешлале сите картони во здравствените домови.Во меѓувреме бројката на заразени во Радишани се зголеми за уште едно дете кое било во контакт со некое од болните. Наспроти тоа, отпорот кон вакцини останува речиси ист кај родителите кои досега не ги однеле децата да ја примат дозата. Само 12 од над 60 деца од градинката се вонредно вакцинирани, по епидемијата која зафати 6 деца и еден возрасен.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања