Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

mickoski-3

Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти како градинки и училишта кои се ослободуваат од плаќање на комуналии

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде новиот повик за општините, изјави:„Па би требало од февруари, можеби март, зависи од подготовката на општините. Знаете донесовме Закон во Парламентот, измени на Законот за градежно земјиште каде што сите оние објекти, јавни објекти, како што се градинки, училишта и слично, а кој што се сопственост на државата, ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии.Имаше случаи во Скопје да Градот Скопје, знаете таму состојбата каква е, го издолжува периодот, не ги ослободува општините во Скопје од комуналии, па тие не можеле да отпочнат со градба на градинки, училишта и така натаму. И сега со овој Закон и таа пречка е отстранета и веќе очекувам онаму каде што е потребно да се градат градинки, училишта.Знаете наша владина определба е едносменското учење во основните училишта. Тоа ќе значи целодневна, едносменско учење. Тоа ќе значи сигурност за самите родители и поголемо дружење за децата. Поголемо, би рекол другарување, разменување знаења, пријателства стекнување и така натаму. А со тоа значи дека ќе мора да има некакви градежни интервенции во некои училишта, каде што има двосменско работење.Во некои од општините велам, не во сите. И сега ако ние сеуште бевме заложници на однесувањето на Градот Скопје и на поединци таму, тогаш ќе требаше оваа политика која што е додадена вредност за родителите и за децата, да почека, но еве и тоа се надмина и мислам дека добро идат работите.“Тој нагласи дека нема простор да се поднесуваат нови проекти, бидејќи денеска рокот за аплицирање завршува, а општините што аплицирале требало да ги дополнат документите кои недостасуваат:„Не, не може нови проекти, тие што беа, што недостасуваа документи, само требаше да ги дополнат. Новите во февруари или март.“Во однос на тоа дали општините ги дополниле документите, премиерот одговори дека Министерството за локална самоуправа ќе достави информации:„А не знам, не знам треба да видиме. Ќе ни дадат информации од Министерството за локална.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

30102024-Mickoski-1

Мицкоски: Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и ценам дека невладиниот сектор е многу значаен

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека итно треба да се носат одлуки за решавање на многу внатрешни проблеми, наталожени со годините.„За мене претставува секогаш одлична можност, кога нормално распоредот дозволува да бидам дел од вакви настани. Благодарам на поканата на организаторите, благодарам на невладините организации кои што еве наоѓаат време да бидат присутни на еден ваков дијалог во кој што треба заеднички да работиме, а ние како Влада да извлечеме некакви заклучоци кои за нас се важни и врз основа на информациите со кои располагаме, а сугестиите и советите од страна на невладините организации, да носиме поквалитетни одлуки.Никој не се родил учен, сите стекнуваме и го градиме нашиот интелектуален капацитет во животот. Јас сакам секојдневно да учам колку што е можно повеќе, да слушам и нормално врз основа на информациите и аргументите кои што пристигнуваат кај мене, да носиме одлука. Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и тука ценам дека невладиниот сектор е многу значаен.Благодарност до Амбасадата на Швајцарија, која е покровител на вакви настани и што ги помага невладините организации. Очекувам и дека овој дијалог во иднина ќе продолжи и ќе биде уште поуспешен и од овој дијалог резултатот ќе бидат некои нови политики кои што ќе имаат само додадена вредност во квалитетот на животот во нашите граѓани. Така што уште еднаш посакувам да биде успешен настанот. Благодарност до организаторите, до Швајцарската амбасада, и се надевам дека и вие медиумите ќе слушнете ново што ќе биде како што кажав додадена вредност за квалитетот на животот на нашите сограѓаните“, вели Мицкоски.Линк до видео материјал

Македонија | пред 1 година

mickoski-mato-8

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го донесат гасот во државата

„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино, преку градба на когенеративни гасни постројки кои што во текот на зимата кога ни треба ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини коишто денеска користат сосема поинаков енергенс којшто за жал емитува ПМ2,5 и ПМ 10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето.Ние работиме на неколку такви проекти. Токму од овде, одам на состанок во Владата со потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Тоа нема да биде по принципот како до сега, како што беше оној специјален закон, стратешки проект во Парламентот, на одење минатата Влада што го достави по привилегирани цени и така натаму. Сѐ ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кои што моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучоци и со слично. Затоа што цениме дека приватните инвеститори коишто имаат пристап до овој ресурс како што е гасот, можат на многу поедноставен начин и пофлексибилен начин, да го донесат тука, отколку државата. Така што ќе видиме како ќе завршат овие преговори. И ако биде сѐ како што треба, овој процес нема да биде преку ноќ. Но ќе почнеме, здравје Боже, во текот на идната година. Очекувам, во период до три години, сето ова да се заврши“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изградбата на гасни централи со кои ќе се влијае и на намалување на загадување на воздухот.

Македонија | пред 1 година

mickoski-mato-5

(Видео) Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), на новинарско прашање во врска со тоа какви барања имаат турските бизнисмени и со какви проблеми се соочуваат, истакна дека нивните барања се логични и не се надвор од очекувањата.„Логични се барањата, за дел од барањата веќе се работи, веќе се во процес. Генерално дозволи за работа за работници од надвор, дозволи за градење, што се нашите приоритети. Мислам логични барања, не е нешто коешто е надвор од она кое што е логично и како Влада правиме и вложуваме максимални напори сето тоа да биде реализирано и мислам дека дел од тие работи веќе се реализираат.За дел до крајов на годината, така што не беше нешто надвор од очекувањата“.

Македонија | пред 1 година

mickoski-skopje-1

Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи туку против фашистички режим

„Денес сме собрани тука, обединети од длабоката љубов кон нашиот главен град, Скопје. Во предвечерието на 13 ноември, ќе кажам дека тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста на нашиот народ да се бори за слобода и достоинство. На овој ден, Скопје извојува своја победа и таа победа е наша колективна гордост, наша заедничка инспирација“, кажа премиерот Христијан Мицкоски по повод денот на ослободувањето на Скопје.„Овој ден сведочи и за солидарноста која овој град ја носи, но и поривот, длабоката желба и стремежот за слобода. Слободата која денес ја живееме неодминливо беше платена со жртви и човечки страдања, и ние таа ја извојувавме со сопствени сили и наспроти тенденцијата за прекројување на историските читанки и читањето на историјата во зависност од поединечните интереси, вистината е само една, единствена и неделива.Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи, ниту против одредени држави туку против фашистички режим кој беше поразен од Европа и слободарските народи, меѓу кој беше и македонскиот.И затоа Скопје не е само град; тоа е душата на Македонија, срцето на нашата историја и симбол на нашата издржливост.Оваа метропола повеќе пати израснуваше од урнатини, ги минуваше своите нај темни ноќи и се издигна посилна од кога било.И денес, со секој чекор што го правиме, го носиме тој дух на нашите предци, кој нè потсетува дека слободата никогаш не доаѓа лесно и дека за неа треба да се бориме. Нема откажување, нема невозможни работи силата е во вербата во идејата, и степенот на жртва кој може да се поднесе за нивно остварување“, рече Мицкоски.„Сигурно ниту на Методија Андонов Ченто, ниту пак Димитар Влахов или Михајло Апостолски не им било ниту малку лесно да се соочат со најголемата фашистичка сила дотогаш, но тие веруваа во отпорот, веруваа во идеалите и потоа чекореа гордо низ Слободното Скопје.Таа победа беше на нашиот народ и ние сега и сите генерации потоа ,после нас имаат право да се повикуваат на придобивките од таа победа.Денес, кога ја чествуваме слободата на Скопје, ја чествуваме и нашата одговорност кон иднината.Овој празник е завет – завет дека ќе ја чуваме и унапредуваме оваа слобода, дека ќе се грижиме за нашиот град и за нашата татковина.Скопје е нашиот град. Нашиот дом. Градот распослан на Вардар, со скопското кале, старата чаршија, Водно и уште стотици илјадници места од нашата младост, од нашите животи. Град со премногу проблеми, но и град со душа, на градски култни места, паркови, маалски клупи и дружби, на скопските урбани ликови кои ги нема многу но се паметат и чуваат во спомените на скопјани. Град кој не заборавајте дека повеќе пати изникнуваше од пепелта, историјата која покажува дека требаше да биде уништен, за да живее, кој го преживеа жарот на Пиколомини, земјотресот, поплавите, но и град кој го даде Јустинијан, Мајка Тереза, многу познати уметници, музичари. Градот на Леб и сол, Меморија, на Горан Стефановски, Златното Славејче и Александар Џамбазов, стотици други кои се големата приказна, парче душа на овој град. Има и такви кои цртаат замислени граници, подигаат завеси, робуваат на стереотипите, бараат лева и десна страна на градот, но вистинските луѓе во реката Вардар не гледаат граница, туку точка на поврзување. Во Камениот мост не гледаат поделеност, туку точка на заедништво. Затоа што Скопје е едно и единствено кое не познава граници, кои ги надживува стереотипите, поделбите, ја замира омразата, и ја подигнува солидарноста. Во таков град јас израснав и во такви вредности јас верувам. И знам дека душата на градот не зависи од десетина луѓе кои се на позиции и кои го водат градот, туку од стотиците илјади останати кои живеат во него и се дел од нашето Скопје“, изјави премиерот.„Денес Скопје се соочува со бројни предизвици. Градот го води администрација далеку од можноста да одговори на потребите на граѓаните. Во моментите кога во дел од напредните градови во светот имаат подземни железници и метроа кои се движат со повеќе 200 километри на час, во нашето Скопје е привилегија и бинго да ви дојде автобус со задоцнување помало од еден час. Да не говорам за тоа колку се потфрли во воспоставувањето на ред во сообраќајот, или третирањето на отпадот, или проблемот со кучињата скитници, кои неретко на туристите им изгледаат како некоја егзотична епизода на афричка сафари оаза. Навистина не мислам овој мој говор да го претворам во полемика за тоа што му треба на Скопје, или колку им е тешко на скопските градоначалници кога имаат неразумна страна од градот за да одговорат на потребите, и колку многу дадоа за напредокот на општините во состојба кога од другата страна имаат противник, наместо партнер во градот, ниту пак пробувам да се амнестирам за грешката наречена актуелна градоначалничка на Скопје, и колку таа ме чинеше и колку политички куршуми примив и колку ме разочара лично и ги разочара скопјани.Сократ рекол животот без спознание вистински не вреди. Очигледно оваа лекција е научена и сега знам дека на Скопје му треба човек кој ќе обединува и кој има визија. Кој ќе има емпатија и ќе пулсира со градот. Кој ќе умее да ја негува душата на градот и ќе решава проблеми. Не го знам името на нашиот иден кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што тоа е прерано, но го знам карактерот на личноста која ќе ја избереме. На Скопје не му требаат експерименти туку докажани луѓе и Скопје е уморно од големи приказни кои најчесно завршуваат како големи разочарувања.Време е за нова страница, за зафаќање за решавање на клучните проблеми на градот. Загадувањето, организирањето на јавниот превоз, ставањето на ред во урбанизмот, поврзувањето и сообраќајот. На Скопје му е потребно човек кој докажал дека умее да работи, не му треба кадар кој ќе го пробуваме допрва дали ќе му тргне, туку човек кој ќе даде се од себе да ги решава проблемите. Човек со искуство, и реализирана личност. Кој го знае градот, кој има успешен живот. Тука е централната власт да помогне како што и помагаме на многу други општини од различни политички ориентации, кои досега побараа поддршка. Скопје мора да заврти нов лист, и да имаме нов почеток. Мора да обезбедиме механизми идниот градоначалник да го вети и реализира ветеното и од тоа да нема отстапување. Со целата наша помош да изградиме сеопфатна програма која ќе ги реши горливите проблеми на скопјани- урбанизмот, сообраќајот, превозот, истото така и почист воздух. И верувам дека тоа заедно ќе го оствариме“, истакна Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

mickoski-skopje-2

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.„Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-skopje-4

Мицкоски објави системски мерки: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

„Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам како нашиот главен град - градот на слободата, сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно сум разочаран од тоа што се допушти децении и децении ништо да не се преземе за почист воздух. И ве молам да не ја политизираме оваа тема, затоа што тоа е колективен неуспех на сите политички елити досега кои управувале со државата и градот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот говор кој што го одржа по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираат.„Во Скопје доминира чадот и штетните гасови, затоа што на некој со децении му одговара овој начин на затоплување и енергетска зависност од одредени горива од кој дебело профитираат поединци. Во таа насока во голема мера инвестициите во енергетиката треба да се насочат кон енергенси кои не загадуваат“, изјави Мицкоски.Претседателот на Владата, Мицкоски нагласи дека предвидени се низа системски мерки, се со цел намалување на загаденоста на воздухот.„Затоа денес сакам да објавам дека како Влада планираме големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план чиј финиш ќе биде чист воздух и здрава животна средина, но и зголемена енергетска ефикасност. Предвидена е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која треба да обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и тоа ќе обезбеди меѓу другото и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството. Ветувам промени и активно работам тие да се случат што поскоро“, дециден беше Мицкоски.Мицкоски најави строги ограничувања и зголемени контроли кои ќе се вршат кон најголемите индустриски загадувачи и исто така сет на мерки кои ќе овозможат Македонија да биде место каде ќе имаме чиста и здрава околина.Нагласи дека потребно е разбирање од граѓаните како и заедничка сплотеност за решавање на овој проблем, затоа што чистиот воздух ни е потребен на сите и мора да успееме.„Воведуваме строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе ги контролираме најголемите индустриски загадувачи. Обезбедуваме субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Ќе започнеме програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки се само почеток, бидејќи иднината на Скопје и на Македонија е во чистата и здрава околина. За ваквите чекори потребно е разбирање и заеднички напор и само така ќе успееме“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-2

(Видео) Мицкоски: Нова германско холандска инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција објави за нова инвестиција која беше најавена пред неколку недели.„Станува збор за германско холандска инвестиција кој ги потврдува нашите напори за развивање на економијата и иновациите на пазарот.Компанијата Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои што се практично глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа:• Бреинчајлд Продукција и• Бреинчајлд Производство.Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Малку поразлично од тоа што сме до сега навикнати. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2“, изјави Мицкоски.„Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица.Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра или вкупно околу 11.000.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали.Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата.Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.Продолжуваме понатаму да се бориме за секое работно место и за секоја инвестиција која ќе биде поткрепа на економијата“, соопшти Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-14

(Видео) Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството

„Слушнавте и самите од тука се извезува на 9 пазари. Да се заблагодарам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделие, на министерот се разбира којшто е исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите како и впрочем сите земјоделци“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството зошто да не овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска. Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина.Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет“, соопшти Мицкоски

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-22

Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д. За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари, тоа значи вложувања во инфраструктура, автопати, водоводи, канализации.„Што се однесува до капиталните инвестиции, ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции тоа го гледате и во општините тоа го гледаат и на теренско. Скоро бевме тука, како би ја отпочнале реализацијата на проектот за Коридорот 10д којшто автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици милиони евра пенали, поради катастрофалниот договор што го прифатила претходната Влада или второто беше да работиме, да го забрзаме процесот и тој што побргу да се реализира. Ние одлучивме второто да го правиме, бидејќи ја сакам да имаме автопати. Тие се дел од нашата програма и бевме свесни дека мора двапати повеќе со покрупни чекори да работиме за да можеме да ја стигнеме динамиката, за да можеме тоа коешто беше испуштено од претходната Влада го надоместиме.Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се подготвува, за четвртата Требеништа- Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од делницата е во периметарот којшто е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели. Работиме и на тоа, не направивме двапати побрзи чекори, четирипати побрзи направивме. На потегот од Прилеп до Битола од 1.200, 1.300 парцели, 850 веќе се решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, бидејќи на овој потег била линијата на фронтот во минатото. Така што, сите капитални инвестиции се реализираат и за следната година во Буџетот се предвидени околу 50,5 милијарди денари и тука не се предвидени оние трансфери коишто шпекулативно претходната Влада ги пријавуваше како капитални инвестиции. Ќе земат 200 милиона 12, 13, 15 милијарди ќе ги префрлат на некои од јавните претпријатија за да можат да обезбедат ликвидност при тековното работење и тоа го декларираа како капитална инвестиција.Тоа се трансфери, тоа нема никаква врска со капиталните инвестиции и токму од тие причини граѓаните тоа не го чувствуваа во својот стандард. Ние имаме вистински реални капитални инвестиции!Само еден податок ќе ви кажам за да имаме јасна претстава. До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капитални инвестиции беа три спрема еден, 18 милијарди на шест милијарди. Заклучно со месец октомври буџетскиот дефицит е под 24 милијарди. Капиталните инвестиции се околу 19 милијарди тие до крајот на годината би требало да се да се спојат што претставуваше наше основна задача, бидејќи за тоа што се задолжуваме тоа да го вложуваме преку капиталните инвестиции за да имаме додадена, додадена вредност. Отприлика тоа е поврзано со какви ќе бидат нивото на капитални инвестиции за следната година, автопати, водоводи, канализации. Овде во Прилеп тука и градоначалникот веќе се потпишани неколку договори се подготвуваме за следната година за следната година во февруари планираме да го распишеме огласот така што очекувам уште дополнително трипати повеќе и во Прилеп тоа што сме го збореле како опозиција мислам дека беа осум до 8,5 милиона годишно ако не се лажам да бидат веќе во февруари потпишани како, како договори. Плус на овие два и пол, три што веќе се потпишаа“, информираше премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-6

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството. Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и судството сеуште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно погрешно владеење седум годишно“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија која остро реагира дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.

Македонија | пред 1 година

08112024_MICKOSKI-12

Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме

„Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и делегацијата којашто ја сочинуваат членови на мојот кабинет, мојот советник за надворешни работи, амбасадорот Сашо Маркоски, шефот на кабинетот Владимир Нелоски и останатите“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Навистина во текот на денот направивме многу билатерални средби, ги презентиравме нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, она коешто е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат.Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија.Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија.После овој состанок на европската политичка заедница овде во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде.Тоа што е важно е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина.“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 година

mucunski-mickoski

Мицкоски и Муцунски на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за европски прашања, Тимчо Муцунски денсеска учествуваа на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.„Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија“, извести Мицкоски.Премиерот ќе има излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.

Македонија | пред 1 година

06112024-Mickoski-1

Мицкоски: Очекувам до Нова година да биде потпишан договорот за гасниот интерконектор со Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. После настанот одговарајќи на новинарско прашање што планира Владата во сегментот инвестиции во патиштата коишто се добредојдени за економијата, а посочува бизнис секторот како едно од големите ветувања во патната инфраструктура информираше дека се работи секојдневно на реализацијата на капитални инвестиции од овој тип.„Да, затекнавме една летаргична, целосна недисциплина целосна во делот на реализација на овој тип на капитални инвестиции и можете да забележите дека се работи секојдневно се работи и во доцните ноќни часови буквално имаме една прилично амбициозна агенда. Со задоволство можам да кажам дека до крајот на годината патниот правец којшто е дел од Коридорот 8, експресниот пат којшто ги поврзува местата Чатал-Длабочица и Крива Паланка т.е. Страцин-Крива Паланка за оние коишто кој што почесто патуваат кон тој дел на државата ќе биде готов и веднаш почнуваме проектирање за делницата Куманово-Чатал односно Куманово-Страцин и со тоа ќе го затвориме тој потег на експресен пат. Потоа, можам исто така со задоволство да кажам дека делот од Коридорот 8 којшто ги поврзува Кичево со Охрид после седумгодишна летаргија и стагнирање не само што е откочен, туку веќе и некои дванаесетина километри во потегот на местото Песочен се асфалтирани од едната страна на коловозот и очекувам да почетокот на новата туристичка сезона од Арбиново практично до Охрид тој дел да биде пуштен. Со исклучок на неколку километри во делот на село Ботун, бидејќи имаме таму свлечиште коешто треба а биде санирано. Во суштина на 16 свлечишта но, ова некако е најголемо, а очекувам до крајот на 26-та година тоа што го ветивме од Кичево да се поврземе до Охрид комплетно“, изјави премиерот.Премиерот подвлече дека Владата веќе има отпочнато со теренските активности, нагласувајќи дека избрале да работа, а не да водат политика во делот на реализацијата на Коридорот 8.„Видовте дека отпочнавме со теренските активности и избравме да работиме, а не да водиме политика во делот на реализација на Коридорот 8. Патно поврзување помеѓу Гостивар и Буокојчани. Отворен е фронтот некои 12 до 16 километри. Решени имотно-правни односи, со расчистена траса. Се работи на терен. Пред недела две, имавте можности вие односно пред една недела тоа имаа можност медиумите тоа да го видат. Исто така и на патниот правец којшто е дел од Коридорот 10, долж којшто ги поврзува Прилеп и Битола и тука веќе имаме отворен фронт од осум километри, благодарение на Армијата. Деминиран комплетно решен имотно правни односи и веќе се работи ова теренски. Потегот Градско, Градско-Фариш, до Нова година ќе биде пуштен, а потегот Дреново-Фариш има една карпа којашто треба да се отстрани и малце ќе има тука задоцнување. До крај март, април но, очекувам и тој потег да биде да биде завршен. Така што имаме задвижување и реализација на капитални проекти коишто не биле до сега реализирани очекувам првата секција од пругата што е дел од Коридорот 8, Куманово на Куманово- Бељаковце да биде завршена до Нова година. Бељаковце Крива Паланка за жал има доцнење и не знам тука треба малку да видиме што ќе правиме со изведувачите, затоа што тој втор дел ни е битен за да влеземе во третиот дел. Во третиот дел добро е што конечно од страна на нашиот источен сосед имаме желба да се заврши тој потег, тунелот заеднички поврзување со националниот со националната пруга на Бугарија и на тој начин вистински да станеме и патен, односно транспортен и железнички Коридор и или хаб или раскрсница како сакате“, објасни тој.Овој месец завршува и тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. До Нова година како што рече премиерот очекува да се потпише договорот.„Од друга страна до 20 ноември завршува тендерирањето за интерконекторот гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектот да се заврши веќе да работиме на северниот интерконектот со Србија. Така што буквално на сите страни се работи“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски меѓу другото нагласи и дека е започната реализацијата на проектите преку општините, очекува до 15 ноември да се потпишат уште договори за проекти.„Започна оваа реализација на проектите преку општините преку општините таму имаме повеќе од 2,1- 2,2 милијарди денари за патна инфраструктура за општините. Булевари, улици итн. итн. потпишани со општините до овој момент. Очекувам до 15-ти тие што требаше да додадат, да додадат и уште плус, да се потпишат договори. И очекувам новиот тендер на новиот јавен повик февруари-март да биде објавен, да имаме уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура во општините. Така што тоа ни е приоритет и тоа ни е начин како можеме да си ја развиваме државата, нема друг значи тоа е единствениот начин како ќе ја развиваме“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

06112024-Mickoski-1

Платите во основното и во средното образовани ќе бидат повисоки од овој месец, кажа Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти.Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

06112024-Mickoski-2

(Видео) Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

„Најпрвин дозволете ми да изразам моја огромна благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи нашата соработка и нашата комуникација трае од пред неколку години кога како политичка партија бевме во опозиција, еве сега продолжуваме и кога сме столб на Владата и мислам дека за време на овие години секогаш кога и да сме имале состанок со претседателката, но и со соработниците со коишто таа функционира секогаш тоа биле конструктивни средби, средби од коишто произлегле многу идеи, предлози и средби коишто резултираат и со политики, понатаму коишто ние како Влада почнуваме или во периодот којшто следи ќе почнеме и ќе ги водиме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Навистина е импресивен фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто коешто додава вредност во нашата домашна економија.Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20.000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21.000 се вработените во ИКТ индустријата од тоа што можев да го видам, се луѓе коишто останеле тука, дома, во Македонија и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција туку и за својата татковина и тие луѓе лично од мене имаат огромна почит нормално имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда и секогаш луѓето коишто останаа тука и коишто се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките коишто ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите коишто за жал ја напуштија да си се вратат дома и од тука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека тоа Македонија го заслужува.Денеска направивме еден рекапитулар на сето она коишто во минатото го говоревме, нормално добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме ќе ве потсетам пред нешто повеќе од една недела започнавме со оној проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која што нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои се и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги итн. и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата.Дигитализацијата на општеството ја покажавме како наша амбиција со тоа што имаме посебно министерство за дигитална трансформација и навистина министерството работи посветено, за овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува да биде што повеќе достапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема.Така што да заокружам овие средби се за нас од исклучително големо значење. Во периодот кој што следи ќе продолжат. Уште еднаш да искажам моја голема благодарност и до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред и да ја развиваме татковината.“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

16102024-Mickoski-1

Мицкоски со нетрпение очекува подобра соработка со Америка, му честиташе на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до Доналд Трамп за неговата победа на изборите во САД.„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

05112024_Mickoski_Den-na-romskiot-jazik_1

Мицкоски: Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива

„Денес, се собравме заедно за да одбележиме еден важен ден за ромската заедница– Денот на ромскиот јазик, кој секоја година се прославува на 5 ноември. Овој ден претставува можност да се потсетиме на значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ, кои се суштински дел од нашето општество“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Ромскиот јазик е многу повеќе од само средство за комуникација. Тој е симбол на идентификација, на култура и на единството на ромската заедница низ целиот свет. Преку него се пренесуваат приказни, обичаи, песни и танци, кои се одржуваат од генерација на генерација. Јазикот е она што ја врзува една заедница, што и дава чувство на припадност и ја одржува нејзината автентичност.Во последните неколку децении, се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и култура. Сепак, се соочуваме со многу предизвици, бидејќи овој јазик е и понатаму под закана од губење поради асимилацијата и недостатокот на системска поддршка. Затоа, важно е да се потрудиме да ги охрабриме младите Роми да го зборуваат, учат и користат ромскиот јазик во нивните секојдневни животи. Образованието е од клучно значење. Образованието треба да биде достапно и инклузивно за сите, бидејќи само така ќе можеме да изградиме општество кое ги почитува сите култури и различности.Образованието не треба да биде привилегија – тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економската состојба или етничката припадност. Но, за жал, постојат предизвици што спречуваат многу млади да ја добијат оваа шанса. Некои од нив се економските бариери, недостатокот на ресурси и нееднакви можности. Овие предизвици мора да ги надминеме заедно. Наша задача е да изградиме систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите. Токму затоа, инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Со вложување во образованието, ние вложуваме во градење генерации кои ќе бидат подготвени да ги решат проблемите на иднината. Младите кои ќе создаваат иновации, ќе промовираат позитивни промени, практично градат посилно и поодговорно општество“, изјави Мицкоски.„Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Грижата за јазикот е и грижа за иднината на ромската култура и нејзините вредности. Со поддршката на образованието, културните манифестации и меѓународните иницијативи, можеме да бидеме сигурни дека ромскиот јазик ќе продолжи да биде дел од нашето културно богатство.Денес го одбележуваме денот на ромскиот јазик, но истовремено да се потсетиме и на потребата од заедничка работа за поголема инклузија и поддршка на ромската заедница. Сите ние, без разлика на етничката, религиозната или културната припадност, сме дел од една голема заедница – заедницата на човештвото. Само заедно, со меѓусебно почитување и разбирање, можеме да создадеме свет каде што секој јазик, култура и секоја приказна ќе имаат еднакво значење и ќе бидат слушнати и почитувани.Нека овој ден биде инспирација за сите нас да ги почитуваме различностите, да го негуваме јазикот и да се стремиме кон поголема солидарност. Нека ромскиот јазик продолжи да живее и да се развива, носејќи го со себе духот и мудроста на неговиот народ“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sindikat-zdravstveni-rabotnici-1

Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.Како што соопштуваат од Владата, на средбата отворено се разговарало за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза, соопштуваат од Владата.Дијалогот меѓу Владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

SpasovskiPratenicki1-4

Спасовски до Мицкоски: Божиновска ја излажа јавноста за бугарското државјанство, ќе ја разрешите ли?

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.-Сега имаме состојба којашто веројатно е променета, а се однесува на носењето на одлуките при креирањето на владата. Впрочем изелога информации во јавноста дека во владата имаме министер кој се изјаснува дека е со бугарска самосвест, немам ништо против тоа е природно право и секој може тоа да го каже. Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите. Еднаш Божиновска велеше дека нема бугарско државајнство, потоа дека адвокати биле одговорни, за да излезе документ, потпишан од неа дека има бугарска самосвест. Еве го тој документ. Она што сега во јавноста кружи сакам да ве прашам дали ќе се побара одговорност од министерката Сања Божиновска?, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во прашањето упатено до премиерот Мицкоски.Пратеникот Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест.

Македонија | пред 1 година

spasovski-toskovski

Мицкоски ќе бара одговорност од Панче Тошковски, ако министерот не бара одговорност од Спасовски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе бара одговорност од Панче Тошковски, но само ако не бара одговорност од ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, особено за пасошите дадени на нарко картели. Според Мицкоски, жените (службеничките) кои понесоа одговорност, биле само жртва за Спасовски да не ја понесе.„Ќе барам одговорност од Панче Тошковски, ако не бара од вас одговорност за тоа што сте го правеле! Ваша работа е кога ќе дојде Пекер (н.з. дел од нарко клан) и ви побара пасош да го одбиете, а не да му давате во Драчево во 11 часот навечер“, рече МицкоскиТој додаде дека Спасовски не си ја работел својата работа, туку правел злоупотреби.„Ако вие сте постапувале, наместо да давате пасоши на лидери на белосветски нарко картели, ако сте се фокусирале да истражите кој носи јаглен, зошто ЕЛЕМ има најголем број договори во четири очи, тогаш и ќе ви станело јасно зошто имате 18 пратеници, а ако продолжите вака – прашање е дали ќе имате и двоцифрен број на следните избори.

Македонија | пред 1 година

sanja-bozinovska

Мицкоски застана во одбрана на министерката со бугарски документи: Сања е многу поголема Македонка од сите вас заедно

Премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на министеркат за енергетика, Соња Божиновска, која кажа дека не се произнела како Бугарка, а бугарските медиуми објавија нејзина изјава дека токму на тој начин го добила државјнаството. Пратеникот Оливер Спасовски го праша Мицкоски дали ќе бара одговорност од Божиновска бидејќи таа излажала за детали од бугарското државјанство. Премиерот пак, одговори дека треба да е привилегија тоа што таа е дел од власта, а овој дел за него не е важен.„Да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија. Тоа што таа го има на професионален план во енергетиката направено, не можете да го сонувате, а камо ли да го постигнете. Вие можевте барем да кажете - секоја чест за стручноста и личното портфолио. Сега се доведуваме во ситуација да е грев ако сме успешни, да зборуваме работи кои немаат никаква врска со тоа кое го води Сања“, рече Мицкоски.Тој додаде и: „Сања е многу поголема Македонка од сите вас заедно“.

Македонија | пред 1 година

filipce-dokazi

(Видео) Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче на собраниската говорница.Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

Македонија | пред 1 година

31102024_Mickoski

Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото.„Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал.„Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите.„Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати.„Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-1

(Видео) Мицкоски има СМС пораки во кои ДУИ се нуделе да бидат дел од Владата, со помалку функции од тоа што барале ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Блерим Беџети, му посочи дека има СМС пораки со понуди ДУИ да влезат во Владата со уште помалку раководни кадри.Мицкоски понуди да ги покаже пораките, но на ова Беџети не реплицираше.Ваквата понуда од Мицкоски дојде откако претходно Беџети рече дека Владата нема легитимитет кај Албанците. Мицкоски им посочи на ДУИ дека имаат четири години да се реформираат, па да пробаат да се вратат на власт.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања