Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Приведен битолчанец поради кражба

На 29.05.2024 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(22) од Битола.Тој се сомничи дека на 28.05.2024 околу 20.30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени две лица од Струмица: Пронајдени стебла канабис, дигитални ваги и дробилка

На 28.05.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода П.К.(36) и К.К.(40), двајцата од Струмица. При претрес во домот во с.Банско, во кој привремено престојува П.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Додека, при претрес во нивниот дом во Струмица, извршен исто така со судска наредба, а во кој бил затекнат К.К., биле пронајдени одземени марихуана, две дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана, воздушна пушка „Гамо“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен 23-годишен бегалец од Кичево

На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“.Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Скопјанец од Ѓорче Петров пријавен за исчезнат

На 27.05.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Т.М.М.(54) од Скопје пријавила дека од населба Ѓорче Петров се оддалечил С.Р.(13) од Скопје, на кој таа му е законски старател.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Доставувач ограбен среде Скопје: го нападнале со остар предмет и му земале пари и чанта

На 27.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-7130PM

Во адвокатска канцеларија е натепана жена

На 27.05.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.10 часот на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер И.К.(45) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Затвореник во штипскиот затвор се заканувал на вработен

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.Н.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.На 23.04.2024, пријавениот кој е осуденик во Казнено - поправната установа Штип, упатувал закани на М.С. од Штип, вработен во установата.

Македонија | пред 1 година

tepack

Турци нападнале скопјанец во Чаир, имале нерасчистени сметки

На 27.05.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, Р.А.(42) од Скопје пријавил дека на 26.05.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на Чаир, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, бил физички нападнат од Х.М., МН. од Република Турција и Т.Н..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-3720PM

Скопјанец тешко повреден од струен удар, однесен во Градска болница

На 27.05.2024 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека, при извршување работни задачи за приватна фирма во трафостаница на подрачје на Гази Баба, С.М.(56) од Скопје се здобил со струен удар и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

пред 1 година

DSC_0718

Апсење на малолетник во Карпош: ќе го гонат според Закон за оружје

На 27.05.2024 во 20.50 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од с.Сарај, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсени четири лица во Скопје: Најмладата има 19 години

Денеска (28.05.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (28.05.2024) во 00.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(25) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.05.2024 во 16.00 часот на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.05.2024 во 16.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.С.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-6640PM

Несреќа во Делчево: Еден маж загина, другиот со тешки повреди

На 27.05.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(76) од с.Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(33) од Делчево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Удрен велосипедист во Скопје: Однесен во болница со тешки повреди

На 27.05.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

43-годишник со возилото прегазил маж, па излетал од патот

На 27.05.2024 во 07.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „сеат леон“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од Пробиштип, удрило во И.К.(41) од Штип, кој извршувал работни задачи на патот, а потоа излетало од коловозот.Во несреќата, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

135 сообраќајни санкции во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Две лица загинати: Со возилото излетале од патот и паднале во река

На 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од с.Коњух кон с.Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во р.Крива река.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од с.Марино. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога во Центар и Драчево

На 26.05.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 26.05.2024 во 12.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Ш.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Возење без возачка и појас, минување на црвено, казни за 100 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден (26.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на моторцикли.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Велешанец упднал во дом на сограѓанин, го натепал и му го зел телефонот

На 26.05.2024 во 00.05 час во казино во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од Т.Н.(51) од Велес, според која Г.Ш. дошол во неговиот дом и по кратка расправија физички го нападнал и му го одземал мобилниот телефон.Покрај ова, при преглед кај Г.Ш. извршен од полициски службеници, била пронајдена и одземена марихуана.Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Апсење на граничниот премин Богородица

На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.И.Ф.(47) од Египет, со привремен престој во Република Грција, кој управувал патничко возило „киа“ со грчки национални ознаки.Имено, при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната возачка дозвола издадена од Египет била фалсификувана.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Девет успсени откако полицијата упадна во ресторани во Скопје

На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти.При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.

Македонија | пред 1 година

DSC_4040

77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на Тетово

На 24.05.2024 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле санкционирани вкупно 77 пречекорувања на брзината надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-37), од кои 5 возачи (ТЕ-2 и ГВ-3) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 26 (Те-13 и ГВ-13) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното. При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17).На 24.05.2024 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 27 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-11 и ГВ-16). При контролата, исто така биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. За прекршоците изготвени се предвидените поднесоци.СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да внимаваат кај престигнуваат и да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, затоа што престигнувањето и брзината и во текот на оваа година се најчеста причина за сообраќајни незгоди.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Приведен криминалец баран со потерница

На 24.05.2024 во 20.35 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате во гостиварски Сенокос го привеле Б.А.(45) од истото село, кој би баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од три години. Б.А. е спроведен во КПУ- Идризово во Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

11-годишно момче се лизнало од справи за вежбање: Однесено во болница, констатирани скршеници на ребра

Вчера во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди.По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање.

Македонија | пред 1 година

IMG_4089

Девет лица уапсени во Скопје, на повеќе локации: најмладите имаат по 22 години

Денеска (24.05.2024) во 00.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (24.05.2024) во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(31) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (24.05.2024) во 00.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.05.2024 во 23.50 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Х.Ф.(29) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (24.05.2024) во 04.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.05.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.05.2024 во 20.15 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ж.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања