Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Повредени три лица, со возилото излетале од патот

На 23.05.2024 во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К.(43) од Гевгелија излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во Општата болница Велес.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возење без возачка и појас, до мобилен, 106 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

traktor-1

Загина 76-годишен маж: се превртел со тракторот

На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-6640PM

Несреќа во Битола, едно лице со тешки повреди

На 23.05.2024 во 13.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

Малолетник паднал од мотор: Однесен во болница со тешки повреди

На 23.05.2024 во 21.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ кај крстосница со ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Неготино: Се судриле возило „алфа“ и мопед „априлија“

Денеска (23.05.2024) во 01.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ацо Аџи-Илов“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“, управувано од Т.К.(34) од Неготино и мопед „априлија“, управуван од малолетник од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

69-годишник удрил во две паркирани возила, однесен во болница со тешки повреди

На 22.05.2024 во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на ул.„Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(69), удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Т.М., констатирани во Здравствен дом Злетово. По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Сообраќајка во Велес: Повредени три лица

На 22.05.2024 во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес - Езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај с.Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.М.(31) од Велес.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога во Охрид

На 22.05.2024 во 21.20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода А.М.(29) од Куманово.При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец од Куманово

На 22.05.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово.Тој се сомничи дека од две возила во Куманово одзел предмети.Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

106 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Прегазена 75-годишна жена од Велес, однесена во болница

На 21.05.2024 околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(47) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е.(75) од Велес. Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси во Скопје: Пронајдена дрога кај три лица

Денеска (22.05.2024) во 03.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 21.05.2024 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 21.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле од слобода Ф.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

292127166_1096556854611496_2050995272505431155_n

Приведен ирски државјанин, илегално поминал граница

На 21.05.2024 околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за с.Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Ф.Ф.Ј.(36) од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

139 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Мотоциклист удрил во паркирано возило: Однесен во болница со тешки повреди

На 20.05.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

271748580_5215006485190570_5317248260376993533_n

Несреќа во кичевско: Загина 32-годишен маж, сопатникот со повреди

На 20.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси во Центар и Ѓорче Петров: Пронајдена дрога кај две лица

Денеска (21.05.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(49) од с.Бунарџик, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 20.05.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(18) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Српски државјанин со возилото излетал од патот: Однесен во болница со тешки повреди

На 20.05.2024 во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-28-at-09.16.47

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп.Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.Увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

Македонија | пред 1 година

IMG_4050

Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

„Проверете. Размислете. Пријавете.“ Кампањата ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца.Министерството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца.За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа, Европскиот центар за исчезнати деца почна со кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“. Оваа иницијатива, насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор“ што да прават во случај на исчезнато дете.Кампањата ќе почне заеднички во 16 земји, од министерствата за внатрешни работи, националните полиции и водечките непрофитни организации посветени на заштита на децата. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните итно.Годишно, илјадници семејства ширум светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете. Во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.Препознавајќи ја оваа потреба, Амбер Алерт Европа соработуваше со експерти од областа на исчезнати личности за да ја развие кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“.„Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“ е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации,“ вели Френк Хоен, претседател и основач на Амбер Алерт Европа. „Нашата цел е да го подобриме времето на реакција и да ги зголемиме шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски.“Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате“ ќе биде споделена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешката Република, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Република Северна Македонија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Гостивар: Тешко повреден мотоциклист и неговиот сопатник

На 19.05.2024 во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „137 “ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од М.Н.С.(56) од Гостивар и мотоцикл „бенели“, управуван од Д.С.(37) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.С. и неговиот сопатник Б.Е.(38), констатирани во Ургентен центар во Гостивар.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

Прегазен велосипедист во Скопје, однесен во болница

На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен 36-годишен крадец од Охрид

На 19.05.2024 во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид.Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи.Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени крадци од Прилеп, физички нападнале полициски службеник

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп.Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп. Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања